Се надевам искрено и јас. ти благодарам за советот Ти благодарам. Ќе видам што можам да направам во врска со тоаи ќе пишам за скоро Апсолутно си во право, ова е многу тешка работа и исцрпува. Колегите што се помлади имаат part time job, и јас сакам со стари лица да работам меѓутоа во друга област. Сега кога те прочитав мислам дека си во право во тоа дека и годините имаат врска, скоро сите колеги се постари од 40 години што работат full time.
Да ти кажам искрено не, бидејќи имав прв братучед хендикепиран, па никој не му беше гајле за него од останатите братучеди, фамилија, слично. Додека јас си живеев убаво со него. Значи од мала сум видела вакви работи и можеби сум сватила дека има секакви луѓе важно е ние со кого бираме да се дружиме. Кога подобро ќе размислам на таквите луѓе и повеќе им фали отколку на лицата со било каков хендикеп.
Моментално сум на боледување, пошто имав во понеделникот болки во грбот. Ама од понеделник пак ќе идам на работа, подобра сумИ психички се одморив. Само што малку ми е страв да идам на работа ради една колешкапред една недела работев со нејзе цела недела, за секоја грешка што ќе ја направев ме критикуваше со груб и доминантен тон, нон стоп провоцираше како да сакаше намерно да се испокара со мене, ќе почне да се дере. На почеток беше фина и муабетџика, но подоцна сфатив дека нешто си има жената.... Не си брза доволно, како може кај мене да функционира кај тебе не, ти вака ти така...Па те ќе биде фина, па пак ќе стане непријатна и дрска. Цела недела така ми беше, со триста сили одев. Немав никаква можност да се дистанцирам. Ме контролира за као демек,, да не правам грешки'' и ме набљудува.Многупати се обидував да зборувам со нејзе, меѓутоа ништо не помогна. Таа не сака да прифати дека има проблем и кога ќе и речам не сака да прифати! Морав и тон да и повишам затоа што на глава ми се качи, тоа краткотрајно помогна ама пак си е истата! И со пациентите е таква. И со другите соработници, буквално ја избегаваат. Една колешка примети како она се понаша спрема мене. Ми кажа дека соработката со нејзе била неподнослива и нон стоп имале караници! Претходно, пробав и со еден друг колега да зборам ми вика као ,, изголтај, ќути си, тоа е така. Мора да го прифатиш'' а и тој имаше една караница со неа. И така останав сама со тоа, се додека другата колешка не виде! Едно младо девојче имаме на волонтарна година се плаши од нејзе буквално, многу грубо се испонаша демек зошто седнало девојчето, Зошто не работи? А од 7 саат е на нога, јас втора смена бев со нејзе. И јас видовза жал неможев ништо да и кажам, и пациентите се плашат од нејзе, им се дере многу, груба е вербално. Веќе незнам како да постапам. Страв ми е дека ако кажам нешто ќе почне да ме шиканира. Што да направам за да стане работната атмосфера издржлива?
Што е таа таму? Дали е на некоја раководна позиција можеби? Не знам другите дали се запознаени со нејзиниов однос.. Не може вака да се понаша некој со вработени, не знам како издржувате ваква тортура. Ко што те сфатив во странска земја работиш, зар се толерира вакво нешто, посебно тоа што рече и со пациенти е грубо и дрска. Страшно. Да пробате повеќе колеги заедно да реагирате кај претпоставен, не знам, ама не е здраво во токсична средина да работиш, ете зашто на психа лошо ти влијаело, прво самата природа на тој вид работа, ама и односот од дотичната.. Благо кажано ужас.
Да, работам во Германија. Дотичната ми е иначе колешка, среќа не е на раководна позиција ама така се понаша, сите ги командува како ќе и текне, негувателка на стари и има околу 45 години, може и повеќе. И јас незнам зошто мора вакво однесување да се толерира... Ќе зборам со другарата колешка да одиме заедно кај шефицата. Мислам дека и другите ја знаат каква е, ама си ќутат и трпат. Неможе вака да се истура на пациенти, жал ми е и за нив што мораат да го трпат нејзиното однесување Страв ми е од нејзе
Види, нема потреба сепак од страв, сфаќам арогантно, дрско и доминантно жениште била, но нема потреба. Треба да се пожалите, да сте сложни, да го решите ова, зашто нема смисла ради една исфрустрирана глупача, сите нерви да кинат.
Ти благодарам многу и апсолутно си во правоСтварно мислам дека е добро да се пожалиме кај шефицата, таа е многу добра жена и сигурна сум дека ќе ни помогне, ми треба само храброст, бидејќи не сакам да се влоши ситуацијата. Туку напротив Стварно не вреди нерви да се кинат, меѓутоа неможев да издржам со нејзе една недела буквално нервите ми ги искина, психички ме отера у три п*зде материне!! И другите исто(да ми прости народов)
На работа а и општо во животот никој не смее никого да малтретира, лични фрустрации на лекар се лечат, додека во твојов случај штом не можеш лично со неа да се разбереш ја пријавуваш на одговорно лице, групно е веќе уште подобро и така ако не се реши на уште повисоко ниво жалба. Само смирено и не земај за себе.
Не знам како да си помогнам на себе си и да се отргнам од сите лоши мисли!! Периодов само лоши дијагнози, смрт на блиски и ми се уврте во глава дека имам рак.... само си наоѓам симптоми, одам по лекари.... Ќе помине таа фаза, ќе гледам вести, си правам филмови ќе има војна, а имам станбен кредит, ќе ми го земат станот, децата ќе ми останат на улица.... Од една ведра, позитивна жена, станав параноична, живеам во волшебен круг на стресови кои сама ги креирам. Како да си помогнам....
Чекај малку. И мене периодов ми е хаос од вести за смрт на некои личности, ама кога ќе видиш тоа е животот. Убава мисла, убав збор - што за себе, што кон други. Ако застанеш и мислиш во длабочина, верувај дека само полошо си правиш. Еве, деновиве намерно и свесно се преморувам само и само за да не застанам и да не си направам полошо сценарио од мислите. Да, не ми се допаѓаат воопшто лоши вести, но нема како да се изолираш од нив. Впушти се со сè што носи жовотот; добро и лошо нека помине низ тебе, па и да ги осетиш сите добри и лоши емоции. Нема друг начин.
Не ми се оди на свадба,зашто мислам дека сум дебела,секогаш бев слаба,и првпат ке ја видам невеста и младоженец ,ама покана имам.Се осеќам грозно и работа ми треба.Обично не сум ваква,ама тоа ОЧАЈОТ вака ми збори.Мерак немам да се средувам и облекувам,ме мрзи.
Знам дека ти е тешко сега и дека очајот зборува погласно од тебе, но немој да му дозволиш да те убеди дека не вредиш. Свадбата може да биде убав начин да се излезе малку, да се смее човек и да се сети дека животот има убави моменти, дури и кога не ни е до тоа. Не е важно каква е убавината однадвор — вистинската убавина секогаш се гледа во очите, во насмевката и во тоа како зрачиш кога си присутна. Не мора да се средуваш совршено, не мора да глумиш расположение — само оди, бидејќи заслужуваш да бидеш дел од убав момент. А и никој не те гледа низ очите со кои ти самата се гледаш — ние сите сме многу понежни кон другите отколку кон себе. Верувај ми, и ова чувство ќе помине. Ова не си ти — ова е само еден тежок ден.
Пробувам да се разберам самиот ама не можам мн се трудам да сум добар човек тоа ме прави среќен ама тоа го правам за да бидам сакам почитуван утре некој мене да ми помогне што е нели погрешно ама како да очекувам помош од некој ако не помогнам а да помогаш и да очекуваш за возврат не е ок нели треба да помагаме без услов исто мн нервоза ми се собира не се карам трпам секогаш и дома и надвор ама веќе не можам потсвесно може помагам зошто ми треба љубов зарем да не помогнам за да не очекувам помош за возврат како да не очекувам кога очекувам кога ми треба мене помош од некој на кој сум помагал ако не добијам се љутам ама не се карам Дали ја грешно размислувам не знам дали вака се осеќам дека сум емотивно душевно депресивно паднат? Па ми треба внимание
Постои една стара мудрост: „Не секогаш ќе жнееш таму каде што си сеел.“ И навистина е така. Затоа, пред сè, треба да бидеш горд на тоа што во тебе постои желба да помагаш. Тоа е преубава особина и ретко се среќава. Кога ќе видиш дека некого си олеснил, дека си му донел радост или мир — тоа само по себе е богатство, без да очекуваш нешто за возврат. А и вистината е дека не секој човек знае да врати или да биде тука кога ти треба. Некогаш е поради карактер, некогаш поради животни околности. И тоа е во ред — ако не може еден, ќе може друг. Секогаш има некој. На крајот, верувам дека сите сме тука еден за друг, на различен начин и во различно време. И баш тоа нè прави човечни.
Луѓе барам совет од вас. До пред 5 години пиев Елицеа 5мг поради панични напади. Јуни месец годинава ми се вратија анксиозноста и паничните напади а притоа бев бремена 8 месец. Издржав некако лежејќи цело време дома и откако се породив веднаш почнав да пијам Елицеа 15мг наутро и Заласта од 5мг (1/4) навечер. Тоа секако со консултации со психијатарот што ме води веќе со години. Сега веќе сум добра и јас и бебето. Ама имам мака,свекрва ми е болна од рак(во доцен стадиум). Многу често имам напливи на тахикардија и вознемиреност кога ја гледам и многу сум исплашена дека ќе ми се влоши состојбата и дека нема да можам да се грижам за бебето. Маж ми секако е тука. Ама јас многу ја сакам неа и не можам да поднесам и да замислам дека утре ќе ја нема....докторот ми рече дека тоа можеби ми било тригер што ми се врати состојбата (бидејќи тој период дознав за нејзината болест). Повремено пијам Аклонил 1/2 таблетка и ме смирува. Како да си помогнам во ситуацијава? Не сакам да пијам седативи....
Ако можеш, дистанцирај се од неа на одреден период, но извести го за тоа и маж ти и кажи му ја целата ситуација.