Панични напади не се лечат со игнорирање на проблемот туку со соочување. @katerina.femina И јас сметам дека треба да поминуваш убаво време со неа штом велиш дека многу ти значи. Сигурно би ти помогнало да зборуваш со психолог. Членката погоре ти даде добар совет.
Јас не сакам да се дистанцирам од неа. Потребна сум и. Моментално се грижам за бебето и за поголемата ќерка. Огромна подршка имам од сопругот. Заедно учествуваме во секојдневните активности (доручек,ручек,пресоблекувања,заспивања,училиште,домашни задачи..). Се почнува кога тој заминува на работа и дома остануваме ние трите и свекрва ми. Живееме во иста куќа,на различни спратови. Таа моментално е добра,прима терапија,ама има осцилации,моменти кога и се влошува состојбата,плаче,не може добро да се движи...јас многу се вознемирувам и се плашам да не тој момент е нејзин последен... се плашам и од тоа како ќе се справам со ќерките во таа ситуација,да не ми се слоши.. Сопругот мора на работа,а мене секој ден ми е борба. И тој сето ова го знае,ама не може да ми помогне и тој се мачи...(фала ви на советите)
Толку бедно не сум се почувствувала одамна. Си ветив самата себеси дека овој пат нема да попуштам зошто поради тоа мое попуштање дојдов до овој степен.
Почнав суицидалните мисли да ги преобразувам во план.. Најдов место, начин и алатка. Веќе месеци уназад размислувам за нештово.. Знам дека немам храброст да го направам, но не можам веќе да го издржам товаров, ни психолог ни ништо не ми помага, пре невина сум за ова да го доживувам, ништо не згрешив… само сакав да си се искажам некаде да ми олесни
@Maelina Немој! Што и да е, ќе биде подобро со текот на времето, не се откажувај од себеси туку така Ако можеш, раскажи што е проблемот и тука, можеби вака колективна поддршка подобро ќе ти дојде Понекогаш проблемите од субјективна перспектива изгледаат преголеми и нерешливи, но не е така верувај
Немој те молам,од секој проблем има излез. Да ти ја раскажам мојата историја ,можам најпродаван бестселер да напишам,и пак не се откажав,крената ми е главата горе.
Немој, не вреди што и да е.. Понекогаш изгледа како да нема излез ама има. Не постои ниту еден проблем што нема решение. Ако не ти помага психологот пробај со некој близок да разговараш.
Многу тешки денови сум имала, претешки.. каде и мене не ми се живеело. Ама нешто ме терало да одам и напред без откажување. Сега со години сум среќна, исполнета, но многу поразлично гледам на животот. Не вреди, што и да е! Ќе си речеш јака сум, ќе го поминам ова! Животот знае да е период суров, ама има и доаѓаат и убави денови Пиши ми ако сакаш
Те молам не се повлекувај во тишина. Можеш да ми пишеш и лична порака кога сакаш — тука сум за тебе. Секој човек е важен, и ти си важна. Сè што сега изгледа како крај, со време и поддршка може да се преброди. Не си сама во ова.
Имав одмор две недели и неделава пак почнав. И кажав на шефицата. И она видела колку е саат. Зборувала со нејзе. Ја предупредила и таа си ги увидела грешките. Јас бев скептичнаНеделата кадешто бев на боледување шиканирала друга колешка што си даде отказ. Па и таа ми се пожали. Денеска работевме со нејзе, јас и еден на обука, не цело време за среќа. Пофина беше денескаиако неможам да и простам што така се понашаше спрема мене и другите колеги. Мое мислење : Жената е чудна
Реално не, затвореноста не помага да се реши проблем. Само е товар што сам си го носиш. Но ако немаш прав човек за разговор и подршка, искажувањето на внатрешните борби може да ти донесе дополнителни проблеми. Лично многу сакам да разговарам слободно со блиски пријатели и фамилија. Но го немам тој луксуз. Се прашувам дали јас лошо комуницирам или тие погрешно ме филтрираат. Комуникацијата со родителите ми е најповршна можна и тоа ми е голем недостаток во животот. Сум компензирала со 'oversharing' кон други личности кои или не ме ни слушале или ми покажале дека не треба да се отварам. Засега секој пат кога сум се отворила искрено, испаднало нож свртен кон себе. Така да, колку и да ми е тешко, сопствените камења ќе си ги носам јас. Тоа си носи свои последици, но ќе се справам. Во младоста имав многу депресивни епизоди, со сериозен период кога единствено што сакав е да ме нема. Фала му на Бога што се извлеков од тоа дно, сега се сакам себе си и ништо не ми е поважно од љубовта кон себе. Ова е некое мое мислење на темата. А конкретно дојдов да се олеснам за следново: Ме повредува и непријатно ме изненадува кога блиска личност ќе ми каже дека сум пресметлива/со задни намери. Разбирам дека така може да делува понекогаш, но на некој кој не ме познава. Ми се случило неколку пати да ми го кажат тоа и срцето ми се стега секој пат. Ако толку не го познаваш мојот процес на размислување и делување, испрати се од мојот близок круг. Најмногу боли од родител, но тоа е. Се во животот си носи своја лекција. Едно по едно, се осеќам се по осамена. Пресензиривна личност сум, а воедно и ладна и дистанцирана. Животот ми е борба меѓу тие два екстреми. Некогаш ми е нормално, некогаш ми е заморно. И така. Благодарам за просторот да се искажам
Леле луѓе ви благодарам многу, не очекував таква поддршка, пишав само некаде да си се искажам пошто немам на кој. Нормално дека сите си имаме свои проблеми, многу пати сум дошла до раб на откажување но ме спасила надежта дека утре ќе биде подобро, но со секое утре е сѐ полошо и полошо, па тие ужасни мисли ми се зачестуваат. Последниве месеци многу планови имам кројано, пронајдов каде ја чува татко ми пушката заклучена, пронајдов јаже и добро место за тоа, меѓутоа ете сум сеуште тука и се вложувам со полна пареа во животов настрана од сите тие мисли и планови. Можеби нема да го направам, но лошо е кога немаш на кого да се искажеш и сите само ти се ситат на маката, морав гласно да го напишам тука, жива среќа што постои форумов и што постоите вие во него. Ви посакувам сѐ најдобро на сите.
Јас на вас ви зборам и ве подржувам...но веке подолго време имам голем проблем што ме мачи....и најискрено последните два дена почнаа суицидни мисли да ми се врткаат по главата ....
Никако со суицидни мисли. Што и да било, ќе се среди. Разведри се малку. Излези од дома, разговарај со некој близок. Немој со такви помисли.