Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.675
    Пол:
    Женски
    Немав појам дека мажите можат да бидат толку себични при развод.Двајца купувале стан и жената нашла дечко ,и овој нејзиниот автоматски мисли дека она згресила многу па треба да му го поклони својот дел,тукутака за џабе.Можеби не била добра сопруга ,ама мајка на децата останува секако,лудаков се сака да и земе.Нек одат под кирија со деца и торбичка партали,она што стварала цел живот не се важи.Не го сака и јасно му кажува ,се е отворено и на тацна.Ме стресе помисла дека при развод се вадат прљави алишта,и тоа од некој што глуми верник и оди во црква.Можеби тоа е најопасна врста на луге,оние што се трускаат на крст и кандило и се моралисти.
     
    На GirlLove и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. Sweety pie

    Sweety pie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2025
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Не можам повеќе најреално
     
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.904
    Допаѓања:
    8.817
    Пол:
    Машки
    Што е толку маката па суицидни мисли да имаш? ;(
     
  4. МикиМаусовка

    МикиМаусовка Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2024
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Разговарај со некој близок или со нас, води дневник, слушај музика за вакви случаи, мора некако да се издуваш што се вели, ништо не е вечно, се ќе помине. :l:
     
    На Sweety pie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    Душо мила, прифати што и да те снашло. Најди болката да ја канализираш преку нешто што те исполнува. Велат, болката раѓа инспирација, но за уметност, за повеќе љубов не за себе уништување.

    Се ќе помине. Биди со добри луѓе околу тебе, овде пиши се што те мачи, слободно можеш и во лична порака.

    Се ќе биде добро :f:

    Како што на болните им треба доктор така и на овој вид "побожни" им треба духовна помош па затоа се Бога го прозиваат. А душата нечиста трула. Убаво е да можеш на време да ги препознаеш и да бегаш.
     
    Последна измена од модератор: 5 декември 2025
    На Pebeka, Лејди Гага, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Matea^_^

    Matea^_^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Се чуствувам отепано, уморно... Се изморив.. секој нов ден нова борба, борба за која знам само јас, со која само јас се борам.
    И да никогаш ништо не е како што изгледа.
    Надворешно.. млада, успешна, секој ден излезена, дечко, работа од соништата, секогаш среќна, секогаш насмевната итн...
    Реалноста, внатрешноста се обратно, борба секој ден, желба за работа 0, желба за мешање со луѓе 0... Внатрешно се само насмевнта не.
    Но, свесна сум дека ако правам она што сакам тогаш ќе западнам многу подлабоко.
    Баш тоа што мора да излезеш, мора да отидеш на работа, мора да излезеш со друштво пошто немаш храброст да кажеш зошто не сакаш да излезеш, насмевка бидејќи не сакаш прашања од типот што ти е, нешто ти се случува, нашминкана бидејќи не сакаш да слушаш како си бледа.. е баш тоа ме држи.
    Желба за пронаоѓање вистински психолог не ми била никогаш поголема, се надевам ќе соберам храброст и ќе отидам.

    Еден совет до сите други кои што можеби се борат со нешто слично или исто, не ги гледајте другите. Гледаме среќни, успешни и си размислуваме ах зошто не можам да сум како нив, па пропаѓаме уште повеќе. Не верувајте на надворешниот изглед. Бидете си свои, храбри за себе, борци за себе, и вие во нечии очи сте: ах како не сум и јас вака. Некогаш тоа што ни предвидува пробелм, некогаш тоа МОРА, е она што ни е потребно за да не западниме повеќе.
     
    На eliesaab, anggell и Sweety pie им се допаѓа ова.
  7. Sweety pie

    Sweety pie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2025
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Реално па и не мора баш се да правиш.
    Зошто не се однесуваш кон себе,како кон некого што го сакаш.
    Не можеме од денес за утре да смениме се,но од секој пораз што сум го доживеала, извлеков една поука.
    Да не правам нешто што не сакам,и да не ми биде срам да кажам дека едноставно не ми се прави тоа.
     
    На Трагедијаупмм, Panda00, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    12.708
    @Matea^_^ Најдоброто нешто што можеш да го направиш е да престанеш да се бориш против себе и наместо тоа, да започнеш да се слушаш себеси.

    Острани го лажниот притисок кој самата си го наметнуваш. Сосема во ред е да не излезеш со пријателите кога не ти се излегува или да не се нашминкаш, ако не сакаш.

    Тоа не е откажување, туку превенирање поголем колапс, burnout или навлегување во функционална депресија.

    Телото и умот ти кажуваат дека си изморена, дека мора нешто од корен да решиш, послушај ги.

    Започни со мали чекори - Најпрво отвори се на личноста која ја сметаш за најблиска, спомна имаш дечко или пак пример, на некој друг, родител, брат/сестра и сл.

    Сосема нормално е да кажеш некому, ете, "Не се чувствувам добро" и да побараш првична помош и поддршка, а и блиските не можат да нè поддржат, ако не знаат дека ни е лошо.

    Take it easy on yourself, за сè има решение :f:
     
    На KiT, Трагедијаупмм, Panda00 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Matea^_^

    Matea^_^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам ❤️❤️


    Но некогаш не можеш да правиш се што сакаш.
    За жал колку и да ме оптоварува работата психички јас не можам да ја напуштам.. зависам од тие пари.
    За не излегувањето... Јас не сакам да излезам не еден или два дена јас тоа го сакам 1 месец пример, а тоа не е нормално.
    Ако некој (пример јас хаха) направам тоа што сакам, напуштам работа, не излегувам... Јас ќе се затворам дома а тоа ќе ме одведе до многу полоша состојба најверојатно.
     
    Последна измена: 1 декември 2025
    На Sweety pie и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.946
    Допаѓања:
    10.455
    Пол:
    Женски
    Зошто во животот се има почеток и крај?Мене тоа многу ме мачи секојдневно
     
    На KiT и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  11. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    2.271
    Пол:
    Машки
    Сосема природна појава, и мене некогаш ова ме мачи, ама си велам ајде доста, живеј го сега животот има време за тие мисли уште долго време.
     
    На hermosa, JasBee11 и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    1.575
    Пол:
    Женски
    Исто како сама себе да се читам..
    Те разбирам, многу добро знам како ти е. Има периоди кога не ми е до ништо, ништо не ми се прави, нигде не ми се иде и не ми се гледа со никој, и едвај успевам да се натерам на секојдневни активности.
    Сосема е во ред да се осеќаш така, и покрај тоа што имаш сѐ и ,,совршен" живот. Луѓе сме, сите чувства и емоции се валидни. Дозволи си да бидеш и тажна, и уморна, и лута, не ги отфрлај и не ги потиснувај емоциите.
    Верувај дека ќе ти олесни кога ќе споделиш со блиска личност, исто како што сподели тука, така и на некој близок кажи му како се осеќаш, тие што вистински те ценат, ќе те разберат и ќе ти бидат поддршка.
    Во ред е да не ти се искача, да се затвараш дома никако, ама дозволи си некогаш и да се одмориш и да си одвоиш време за себе, каде што ќе правиш тоа што ти сакаш, а не тоа што другите сакаат.
    Мене другарките ме разбираат кога не ми е до искачање и не си го сфаќаат тоа лично, не ми вршат притисок, така да, верувам дека и тебе ќе те разберат.
    Само разговарај, сподели, искажи си ја маката, не е страшно и не е срамота. Некогаш луѓето не можат ни да замислат со што се соочуваме, баш ради тоа што надворешно изгледаме среќни и исполнети.
    Мене ми е многу тешко да се отворам и да кажам што ме мачи, ама сум сфатила дека затварањето не е решение.
    Ти најдобро си знаеш што те мачи, ама најчесто доживуваме некој ,,burn out" кога предолго сме им угодувале само на другите, а сме се запоставиле себеси, својот живот, своите желби и потреби. Размисли, кога последен пат си направила нешто за себе, нешто што тебе те прави среќна.
    Почни да го правиш тоа почесто,
    не дозволувај да се изгубиш себеси. :f::hug:
     
    На Vodolija89❣️, Matea^_^, Eunoia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден на работа ми соопштија дека договорот нема да ми се продолжи...На проба бев ставена. И тоа ненадејно, без никакво предупредување. Причините ми ги кажаа!

    Тажна сум, повредена и гневна;(Конечно мислев дека ќе најдам работа.Ама се трудам да останам позитивна и да не се нервирам.
     
    На lovely91, GirlLove, FlirtBerry и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Sweety pie

    Sweety pie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2025
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Гледај на работата од позитивна страна.
    Поточно тие губат работник,а некој друг ке добие.
     
    На Panda00, GirlLove, FlirtBerry и 2 други им се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.934
    Допаѓања:
    18.065
    Треба да славиш во меана за ова за инат, си се слободила, Господ те чувал.

    Ќе имаш шанси. И тие не се свесни што изгубија.
     
    На Burevesnik, lovely91, Лејди Гага и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Се давав 100 % секој ден во оваа професија. Не бев мрзлива! Само треба да видам како понатаму со апликации. Се плашам дека на следното работно место ќе ми се случи истото :(

    Тие си имаат свои причини да не ми го продолжат договорот, дека едноставно не ме бива....
     
    На Sweety pie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.213
    Допаѓања:
    17.542
    Пол:
    Женски
    Не им верувај во причините, тие тоа сакаат да им веруваш дека не те бива, а уствари врска нема, секако дека те бива, ама сакаат да најдат некој свој ваљда, не верувај во тоа што ти го кажуваат, труди се да си покажеш на себеси дека те бива.
     
    На Трагедијаупмм, lovely91, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Секако дека се трудам максимално што можам:l:Како мислиш сакаат да најдат некој свој? Не те разбирам.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.213
    Допаѓања:
    17.542
    Пол:
    Женски
    Некој друг да вработат, причината им е безврска, сите таа причина ќе ја најдат како изговор.
     
    На GirlLove и Лејди Гага им се допаѓа ова.
  20. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Може и тоа да е, незнам. Ама со оглед на тоа дека многу малце луѓе им се на полно работно време таму, не ја исклучувам опцијата. И работата беше напорна и тешка.

    Уште еден месец сум таму и ќе си идам. И ќе си работам за себе:l:
    Ама уште неможам да најдам нешто ново:(се надевам дека ќе најдам во најскоро време. Ќе се молам на Бога сила да ми даде :inlove:
     
    На Mumoftwo30 и GirlLove им се допаѓа ова.