Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    Само опуштено.
    Биди тоа што си.

    Со среќа :*:
     
    На МикиМаусовка му/ѝ се допаѓа ова.
  2. МикиМаусовка

    МикиМаусовка Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2024
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Благодарам (fingers)
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Никој не беше тука освен јас и она. Саботата дур јас се грижев за пациентка што не може сама скроз да се пресоблекува, колешката ми вика хитно да дојдам со таков тон арогантен, не те ни погледнува како на дугме да сум. На врата не ми ни кажа што е само рече да дојдам. Јас се исплашив мислев којзнае што е.

    Признавам дека и нервозно и реагирав бидејќи ме контролираше цело време што правам и ми се мешаше во работата...
    Причината некои алишта не биле здиплени. Океј прифаќам во иднина ќе пазам алиштата да бидат здиплени. И реков не сега имам пациентка, да завршам. Брзо завршив и после се соочив со тоа дека сум безобразна ,, Како така ми викаш не, јас сум тука шефица, не ти! '' ;(Па што е толку лошо што сум кажала не? Ве молам да ми каже некој. Толку многу се налути што ме испрати порано дома.

    На пат буквално плачев, се тресев цела, мислев дека ќе паднам, се трудам да не си зимам толку при срце и да останам смирена, ама оваа ситуација ме извади од такт.

    Сега имам пак одмор:l:ќе си бидам раат
     
    Последна измена: 18 декември 2025
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    Зарем не доби отказ од кај оваа досадна шефица?

    Јас мислам дека можеби има некоја позадина на овој тригер. Сметам дека многу ја гледаш ситуацијава како драма особено на работа. Сакам да кажам не треба да се потресуваш само смирено да и одговориш. И секако веднаш на секое пријави ја кај надлежен, мора да има повисок од неа.

    Зошто плачеш и се тресеш накај дома, тоа не ми е јасно, како реагираш на нештата мора да се најде начин да го подобриш. Едноставно постави си граници и кажи и ги. Ако ги премине не да се трескаш. Ќе и одговориш смирено ама децидно, отсечно и ќе ја пријавуваш на секое. Но, секоја грешка ете лошо диплење и слично признај ја и кажи дека ќе се трудиш подобро. Но да плачеш и се трескаш не гледам причина. Не си 24 часа на работа. Гледај позитивно на се. Кога така се понаша едноставно биди мотивирана дома кога ќе дојдеш да си бараш нова работа а не да плачеш. Научи се да заобиколуваш вакви ситуации и истите да ти бидат мотивација за подобра ти!

    Само смирено и со повеќе самодоверба!
     
    На GirlLove, eliesaab, christinnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Да, добив отказ но уште еден месец сум таму. Затоа што и претходно се има вака однесувано, да ме става под притисок и да ме контролира, и кај надлежната ја пријавив, ништо. На моменти и смирено реагирам. И да си ја вршам работата. Едвај чекам да си отидам од таму!;(


    За работа напишав апликација и чекам одговор.
     
  6. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    Ништо, месецот мора да се истрпи. Ама па и без тоа ти го прекинаа договорот, предлагам, ограничи контакт со шефицата на само неопходното, фокусирај се на своите задачи, кога ќе те напне пак и ќе ти е преку глава, запиши се во едно тефтерче за случката или телефон, и штом најдеш време пак пожали се од неа. Цело време вака. И ти малку забиберувај и го денот.

    Важно кога ќе излезеш од таму гледај напред насмеана, дека ќе дојде нова подобра работа.
     
    На eliesaab и Лејди Гага им се допаѓа ова.
  7. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    На минимум ни е контактот, површен, само неопходното го збориме. Ова со пишувањето е предобра идеја, тоа ми е како терапија :)Сакам конечно да најдам работа што ќе ме исполнува :l:дај боже сите да имаат добро работно место.
     
    На GirlLove и JasBee11 им се допаѓа ова.
  8. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Денеска разговарав и избегава да ми каже , мажот не е причина фин е , всушност него му реков го прашав прво ми рече не знам стварно ,а тој доста работи така да не верувам дека тој се замара , нема врска ,малце ми е криво што сега идат празници и и е роденден ,ама нема ништо да земам и дефинитивно ја изгубив сестра ми , кога не ми збори тоа е , нема ниту јас да зборам . Јас мислев само другарки се оддалечуваат од другарки кога ќе најдат дечко , сега почнаа и сестрите ,жално ама тоа е , без обѕир што имаме свои животи мислам треба секој со сестра да има муабет , ете јас ја немав таа среќа
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    Јас сепак мислам да и дадеш шанса, ете земи и нешто за роденден, и прашај ја зошто не разговарате, што е проблемот. Пробај да дојдеш до одговор, па потоа донеси дефинитивна одлука. Ајде нека биде љубов прво па и последно ако треба :hug:
     
    На eliesaab и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.032
    Допаѓања:
    184.762
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека немам против религии, напротив интересни ми се за длабење и споредба и да видам шо е мотиватор за различни луѓе. Еден од интересите ми е конкретна религија, и иако не сакам партнер кој би бил религиозен (сметам дека нема да сме компатибилни), имам многу религиозни луѓе околу мене и пробвам да се радвам со нив на секој празник, особено тие шо не се во религијата во која ме растеле (тие знам кога се и традиции, за другите не знам).

    Ама идам од таква (поширока) фамилија шо разубедва, шо бара потчин, па забелешка дека не си станал во Недела за в црква, дека не носиш крст, зошто не постиш и работи шо уште како дете ми створале анксиозност - како сме живееле во последните денови и се било готово, дека имало един начин да се спаси душата и не, не, не мора да си добар чоек. Само верник оти другото иди по дифолт. И ова го велам вака, иако сметаат дека се добри луѓе и дека религијата ги прај добри луѓе, ама се добри луѓе за себе и за никој друг. Илузија. Без трошка грижа за некој друг, со многу осуда, со фрлање прв камен и не вртење образ, без обзир за чувства и различни искуства, и притисоци сите да бидат како тебе зошто различното е „грев“. Во моја книга ова не е знак на љубов, почит и добар чоек. Впрочем, ова е нешто шо го гледам кај сите кои идентитетот си го засноваат на религија, место на основна човечност. Цел живот сум се борела со анксиозност која ми била створена ради притисоци околу религијата, онаму кај шо многу го наоѓаат мирот (и ако не најдиш мир, која е поентата?). Кај шо јас морам да прам ритуалчиња да се смирвам, и пак и пак да не можам. Кога прв пат се одделвав од религијата имав буквално мелтдаунс зошто реалноста во која растев се разнишуваше и ова значеше дека јас ќе бидам казнета, дека јас сум лоша, јас сум невредна, срам за семејството, за црквата, лош чоек шо не можи да биди добар зошто то шо ме прај добра се прашвав дали е вистина.

    И после се наоѓам како одбегнувам дел од фамилија зошто прај да се осеќам како шо се осеќам денес (денес бев изложена) и пак се враќам во тие моменти кај шо бев повредена, кај шо бев анксиозна и пак сум, па и нервозна и место да сум заштитена зошто дете, бев нахнадно шутната. И лани кога се ојде упм во животов, мајка ми со сила ме однесе в црква. И толку многу се налутив таму. А-у. Лута. Лута зошто ако има нешто горе - то е нештото шо напрај да ми е вака. Искушение my ass. И следната Недела одбив да одам. И неделата после то одбив да одам. И веќе се откажа. Ја оставав „да ме прај салата“ и да ме мачка, и да ми дава да пијам работи зошто јас разбирам шо осеќаат сите, пошто некогаш сум осеќала и јас. Ама се осеќам како никој никогаш да немаше обзир шо осеќам и јас.

    Јас вервам во енергии и некогаш се осеќам како баба Ванѓа (фала ментална болест), и секогаш најголема болка ми е дека било каква наклонетост кон „судбина“ ми дава ваква „алергична реакција“.

    Ете така да извам од мене то шо денес ми предизвика силна анксиозна реакција. И можда треба пак да го обработам ова.

    Се шо сакам е да се радвам со сите ко ќе се радват и да тажам со сите кога тажат. Не мора да е толку длабоко (и за мене).
     
    На GirlLove, diskreten32, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.213
    Допаѓања:
    17.542
    Пол:
    Женски
    Нема да ми олесни и да пишам тука, знам.
    Неизвесноста ме убива... седам и чекам, секоја секунда... Се скренав од мисливе!
     
  12. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    4.784
    Пол:
    Машки
    Не чекај, што и да е, ако треба да дојде ќе дојде.. Колку повеќе чекаш и мислиш, дупло повеќе ќе чекаш и мислиш.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    1.575
    Пол:
    Женски
    Најголема лага е дека времето лечи сѐ!

    Не лечи ништо, само се учиш да живееш со тоа што ти се случило, учиш да го прифатиш тоа и да се помириш со ситуацијата.

    Болката за член од фамилија никогаш не поминува, никогаш не забораваш..
    Колку години и да поминат, исто боли.
    Секогаш боли тоа празно столче на масата..
    Едниот на небото, другиот далеку од дома.. Ништо не е присутно колку нивното отсуство.

    А на Бадник, Божиќ и Велигден како болката и копнежот да се уште поголеми.
    Колку и да е сѐ убаво, колку и да си постигнал во животот, ги нема саканите да ја споделиш среќата со нив, заедно да се радувате.

    Боли суровата вистина, фактот дека никогаш нема да биде исто без нив, никогаш ниту еден празник нема да биде ист како кога бев дете, кога бевме сите заедно.

    Колку време и да си поминал со саканите, никогаш не е доволно..
    Се надевам дека е негде на подобро место, дека нѐ чува сите од горе.

    Среќни празници на сите православни христијани, нека ни е за многу години.
    Сакајте се, чувајте се еден со друг! :l: IMG_4769.jpeg
     
    На Buttermilk, Afrodita*, NewGirl и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Ме расплака..
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    15.716
    Јас исто така сум го доживеала тоа да ми почине близок, моите родители… И знам колку сѐ боли кога празниците доаѓаат и нема со кого да ги споделиш. Болката никогаш не исчезнува, само учиш да живееш со неа. Секое празно место на масата потсетува на нивното отсуство и колку многу ги сакаш. Но, важно е да го чуваме споменот на нив и љубовта што ни ја дале, да ја делиме со оние што сѐ уште се со нас. Тие секогаш ќе бидат дел од нас, во нашите мисли и срца. Љубовта и споменот за нив нека ги направат овие денови полесни. :l:
    Мора да бидеме добро за нив, јас верувам дека се тука ...
     
    На Afrodita*, st-el, hermosa и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    1.575
    Пол:
    Женски
    Бог да ги прости, лесна им земја.. :l:

    Точно така, саканите никогаш не умираат, живеат сѐ додека ги спомнуваме и се сеќаваме на нив.

    Мора да останеме силни и да се бориме, затоа што и они би сакале да нѐ видат дека сме среќни и дека сме успеале.
    Верувам дека нѐ гледаат и нѐ чуваат од некое подобро место од ова. :f::hug:
     
    На Afrodita*, Амаја, st-el и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    15.716
    Затоа не тагувај премногу... Баба ми бог да ја прости ми кажуваше ја сонувала мајка ми како и вика да не плаче по дедо ми, тој само што почина, и рекла не плачи ти кога плачеш тој со нозете е во вода, сакала да каже нема мир се грижи, затоа ти викам, и јас верувам во тоа можеби така ми е полесно па затоа
     
    На st-el, GirlLove, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    3.827
    Пол:
    Женски
    Мојот татко почина баш на денешен ден...
    Со кнедла ги спремам празниците.


    9...
    И времето не излечи ништо...
    Постојат настани кога позади насмевката блескаат солзи во очите...
    Солзи на кои не смеам да им дозволам да побегнат.
    Постојат мигови кога се прашувам како би изгледал околу твоите внуци. Мигови кога се прашувам дали си горд на нас ,дали навистина можеш да не видиш и чуваш од некаде таму.
    Има денови кога ,,Hurt " од Агилера ми е на репит и да сакам да заѕвонам но знам дека не можеш да се јавиш...
    Знам дека ако беше тука некои работи нема да беа како што се ,знам дека немаше да дозволиш многу работи да ни се случат. Но тоа е што е ... дали се навикнав ,не воопшто.
    Уште на памет ти го знам бројот ,но знам дека нема да си таму.
    Боли и тоа што те нема а боли и тоа каква станав јас откако почина... засекогаш ќе недостигаш !
     
    На Buttermilk, MeowMeow, NewGirl и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    431
    Пол:
    Женски
    :hug:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    :l::hug:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.