Не ми било вака порано тажно, осамено, празно.. напротив секогаш позитивно и весело ама тоа порано баш порано беше.. никако да излезам од ова сивило а си давам кураж и има денови кога ми е ок, па после пак исто. Катастрофа
Понекогаш најтешката загуба не е само кога некој ќе почине, туку кога некој присутен ќе си замине од твојот живот токму тогаш кога најмногу ти требал. Боли кога ќе сфатиш дека си бил тука за некого во неговите најтешки денови, а кога ќе паднеш ти ги снемува околу тебе и останува само тишина
Сите си имаат некој...кој дечко,сопруг,маж,жена ,девојка,деца.Јас немам никој до себе одамна. Мачката дури ми бега кога сакам да ја милувам .Од што било и што би било не се живее,боли луѓе .Тоа е се што ќе добијам и викам фала и на тоа од животот,барем некогаш сум имала некого до себе.
Некогаш е подобро да си сам, од колку во лош брак, или лоша врска, верувај све е со причина, те чува Господ за убаво нешто, а не за лоши работи.
Дур го читав твојот пост ми текна на една изрека:,, За секое тенџерче се наоѓа капаче. '' Така и во твојот случај. Другарки нешто имаш? Или член на фамилија со коишто имаш муабет. Те разбирам дека си очајна, се чувствуваш ужасно и сакаш да си најдеш некој со кого ќе можеш да рачунаш на иднина и да створиш фамилија Само треба да го најдеш вистинскиот. Најди некое хоби кое те интересира, потруди се повеќе да комуницираш со луѓе, да бидеш отворена за нови познанства. Вистинската личност ќе се појави кога ќе дојде вистинското времети посакувам многу среќа
Размислувај вака. Подобро е да бидеш сама отколку со погрешен човек. Ти биди добра и фокусирај се малку на себе. Пренасочи си ги мислите на нешто позитивно, нешто што те смее. И мачката те осеќа, заради тоа е таква. Што е твое, ќе си дојде.
Осамениот живот не е секогаш избор, а не е ниту секогаш казна.Понекогаш осаменоста е само фаза во која човек се наоѓа себеси.Има денови кога тишината ти прија, кога си мирен со себе и не ти треба никој за да се чувствуваш целосно.Но има и такви денови кога тишината станува ужасно тешка и неподнослива… Луѓето често мислат дека ако си сам, значи дека си тажен или нешто не е во ред со тебе.А вистината е дека можеш да бидеш опкружен со многу луѓе и пак да се чувствуваш осамено,лично го имам почуствувано тоа чувство да сум во соба полна со луѓе а длобоко во себе осеќам празнина…Осаменоста не е во бројот на луѓе околу нас,туку во тоа дали некој не разбира. Животот во самотија те учи многу,да се слушаш себеси пред се,да ги прифатиш своите мисли и да станеш посилен.Но исто така те потсетува колку малку е потребно за човек да биде среќен,некогаш е доволно еден искрен разговор,една порака да знаеш дека некој мисли на тебе. Не мислам дека осаменоста е лоша,но верувам дека човек не е создаден цел живот да го помине сам.Секој заслужува барем една личност пред која ќе може да биде свој, без маски и без објаснувања и со која ќе може искрено да разговара на сите теми.Можеби најважното е да научиме да бидеме добро сами со себе да се сакаме сами себе,а потоа да дозволиме некој да ни се приближи.Се во свое време.
Дојдов во период каде што немам никој. Ниту дечко, ниту другарки, ниту фамилија. Премногу сум осамена, го изгубив човекот кој ми заменуваше 10 пријателства, а со тоа и другарките ме разочараа и си го покажаа вистинското лице. Не осеќам конекција со никого. Со никого не можам да се поврзам, освен што се уште сум многу поврзана за него иако не сме заедно. Верувам дека се се случува со причина и дека Господ има план за мене. Ама моментално сум во таква некоја длабока дупка од која не можам да искочам. Тотално сум препуштена сама на себе и немам на кој да се обратам. А, искрено не ни сакам. Сфатив дека сум имала големи очекувања од луѓето и затоа сите ме разочарале. Барем што сфатив од сето ова, колку и да ме боли и да сум осамена и празна, радо би вака него со луѓе околу мене што не ми одговараат.
Не знам како да опишам, но имам константни потреби да бидам на дистанца од блиски луѓе (семејство/блиски роднини) и како стварно да сакам да сум сама. Во ново место живеам и некако осеќам дека сакам да почнам многу работи од почеток и како конечно да почнав да се пронаоѓам. Дури и кога комуницирам со некој од нив некако ми ствара нервоза и осеќам како енергија која ме задушува. Знам дека некои би рекле дека не е во ред можеби тоа, дека има некој кој сака да ме слушни, се грижи за мене итн…но јас стварно сакам само да бидам на рает…како да му се пренеси тоа без никој да биди навреден, повреден итн…
Едноставно отворено кажи дека сакаш малку помалку да се слушате, гледате ете како изговор може да биде новото место и адаптација на истото како ти е потребна повеќе енергија и слично. Напомени дека не е ништо лично односно дека малку бараш простор за себе. Ова е се сосема нормално!
Во последно време се чувствувам како ептен да сум во некоја дупка западната. Правам се' најнормално меѓутоа некако не можам да си најдам радост и убавина како порано што сум можела, и цело време се грижам за нешто, за иднината, за работата, за шта би било кад би било. Пробувам постојано да сум малку попозитивна дека треба да се радувам и на малите нешта, храна во фрижидер, книгите што си ги читам, добра работа итн, меѓутоа како во некој зачаран круг сум западната и не знам како да излезам.
Како се ближи пораѓајот а царски ќе бидам се повеќе се плашам од тоа дека ќе бидам будна и ќе слушам се што се случува. (Бременоста ми е премногу турбулетна).
Толку ли е тешко да си човек? Да пробаш да сослушаш некого, да разбереш. Да помогнеш и кога никој не побарал помош. Да насмевнеш некого, наместо да му упатуваш само презриви и лути погледи. Нели ви здосади за сѐ само рачка да барате за караница? Нели ви фали мир, спокој, тишина... Да си тука присутен во моментов и смирено да дишеш, бар еднаш да не мислиш што би се случило за една недела или наредниот месец... Ми смета оваа напнатост постојано дома.. Како да се гушам, се плашам дека и јас ќе станам како вас еден ден.. Бесчувствителни, себични и сите слични особини кои ги поседувате. Сакам мир и во главата и во срцето.. Еден чекор ми фале за тој мир, само уште храброста која одамна се обидувам да ја соберам, ми ја нема се уште....
Ми треба стручна помош од некој психолог, психијатар. Имав многу тешка година, многу... Што за пари, што за работа... околу мене само тешки болести. Скроз се изреметив, јас не се препознавам. Поминав многу испитувања, за 4 месеци - 5 крвни слики, 4 еха на абомен, колоноскопија, гастроскопија, гинеколог. Ми се уврте во главата дека сум болна од карцином. Неможев да спијам, страшни хорор сонови, само мртви сонувам. Јас сум весела по природа, секогаш расположена, ова сега е страшно, мртва. Ве молам да ми посочите некој стручен за разговор, затоа што никој не ме сфаќа во каква состојба сум.
Многу често имам mental breakdowns, губам контрола врз себе, не можам да се контролирам што зборувам, таков наплив на нервоза осеќам ми доаѓа да искршам се околу мене, да мавам и уште многу работи за кои во моментот сум свесна но не можам да ги исконтролирам. Најчесто доаѓа од некоја банална работа што обично не би ме изнервирала но во моментот е тригер за уште милион други.
Го знаете оној момент кога сакате да се вклопите да бидете како нив за да бидете прифатени нели.. а од друга страна знаете дека тоа не сте вие дека не можете да бидете дрски, арогантни, подмолни, завидни и дволични за да бидете интересни. Тоа не сте вие знам дека е голем јазот но не може и не треба човек да пробува да биде нешто што не е.
Мислам дека нервозиве ти се од нешто друго, подлабоко, во минатото што си искусила и оставило (траен) белег на тебе. Има нешто во тебе што треба да го исфрлиш. Нешто те кочи. Можеби си имала некакво лошо искуство во минатото.