Имам еден таков член на семејство што е во состојба сите да нѐ испоумре за тој да живее. Родителите на таа личност не ѝ поставиле граница кога требало, а воедно личноста е и природно надарена да биде ѓубре и цел живот гледаме резулат на тоа попуштање, пошто нели, попаметниот попушта (со нервите). Гледам да бидам на дистанца колку што можам но личноста секогаш некако успева да се смеша во односите и да направи потполен хаос со кавги, обвинувања, мешање и правење срања на место кај што апсолутно нема право да се меша. Родителите ја толерираат во стилот ,,таква ни сѐ погодила, родители сме, ќе трпиме”, ама лошото е што и јас го влечам секогаш подебелиот крај и немам како да пресечам комуникација во потполност, како што тоа би го направила кога би бил во прашање некој што не е крвно сродство. Значи на кратко, животот ни го уништува на тројца директно и на уште на неколку индиректно, а ние буквално нема што да направиме затоа што ова е максимум дистанцирање што може да се направи. Во меѓувреме како и секој човек имам сопствени трауми, стравови и анксиозност што си земаат данок, па ова само ми ја влошува ситуацијата. Еве толку години поминаа и јас немам решение до денешен ден. Најтрагичното е што кога и да се разговара за таа личност, на луѓето им е чудно за тоа каков нелогичен однос имаме, затоа што на прсти се бројат луѓето што се запознаени со вистинската ситуација и луѓето имаат сосема поинаква слика, а јас не можам и не сакам да им објаснам бидејќи се срамам. Така што претпоставувам луѓето се прашуваат кој проблем го имам јас и веројатно изгледам како ненормална во очите на другите.
Не е битно што мислат другите и како те гледаат тебе. За прекинување однос со некого кој се меша каде што не му е местото, постои " no contact", а ако не може тоа, лугето кои си имаат работа со нарцисоидно пореметени личности применуваат " gray stone", прочитај онлајн за што се работи. Инаку не постои особа освен сопствено дете ( макар и тоа е дискутабилно) со која не може да се прекине контакт. Може... макар брат сестра татко мајка сопруг сопруга братучеди тетки стрини. Со сите може, ако се сака. Кој сака нека си толерира, зошто би морала ти да толерираш не сфаќам. Дете не е твое, значи остави родители нека си трпат што сакаат. За другите : перманентен одјебитис. И незамарање со болестите на другите.
Прекини секаков контакт со таа личност - многу ти е гајле што ќе ти речат родителите или роднините. Доволно е да кажеш дека не сакаш да имаш контакт, не мора да се објаснуваш зошто и како. Не си должна ти некого да толерираш само затоа што ти е ,, роднини".
Јас повеќе да глумам адвокат и да си ја уништувам психата за некој што никогаш искрено не те прашал како си не планирам. Не можам повеќе правете што знаете и како мислите, мене не ме мешајте и не барајте да бирам страна, бидејќи ниту на едниот ниту на другиот постапките не ви се океј. Ама ќе се научам да кажам НЕ, не можам да живеам онака како некој зацртал. Ќе остварам она што имам ветено и зацртано и тоа е тоа, после што подалеку ќе си стојам. Џабе успех и се во животот, кога за се ми е станато сѐ едно. Ракета да кажат утре дека ќе падне нека падне со задоволство ќе ја чекам.
Се чуствувам толку осамено.. како на никој да не му е баш грижа за мене.. благодарна сум за тие 2-3 другарки што ги имам, и за најблиската фамилија, иако дел е во странство. Ама едноставно немам со кога да зборувам.. треба доста "напор" да вложам за да се договорам за викенд, и некако се чуствувам патетично како само јас да иницирам. Откако раскинав со дечко ми се чуствувам како да сум сама на овој свет. Имам работа која не ме исполнува и заглавена сум во истата рутина, не запознавам многу нови луѓе ама и не знам каде да отидат а да запознаам. Истоштена сум.
Каде да разговарам за да си ја олеснам душата? Ми се случи нешто и ми треба да разговарам со некого. Фала богу имам со кого меѓутоа не сакам да ги секирам бидејќи е ова мој пат и моја одговорност, но ми треба искусен во ова. Не знам дали би одбрала психолог бидејќи не е нешто што се развлекува туку е моментална состојба и морам да реагирам брзо,а и да е разговор... Идеја некоја?
Апсолутно сум за психолог. Или сподели со непознат (на пр. од форумов), ама чисто за да срочиш и напишеш што те мачи (емоциите ставени “на хартија” ни помагаат да ја согледаме подобро ситуацијата) и да видиш мислење како некој гледа на проблемот од друга страна. Но, со резерва. Затоа што, сепак не знаеш кој стои позади никот.
Секогаш можеш на форумов да пишеш, дали јавно или на некој што ќе се понуди за разговор во приватна порака.
секому можеш да му пишеш ако сака да те сослуша. Алободно можеш и во соодветна тема,за тоа сме тука. Доколку сакаш приватно еве пиши ми што можам ќе ти помогнам
Vaka dajte mi predlog kolku bi zimala neguvatelka doma da gi cuva decata posle gradinka dodeka si dojdam od rabota. Samo Tri saata na den
Вчера се прели чашата. Односно, одамна беше прелиена, ама јас не сакав да верувам во тоа, постојано "прелиеното" го "бришев" со сунѓерче само и само за да не стане голема. Лошо е кога немаш никого во животот. Јас имам, ама како да ги немам. Ги имам само на зборови. И многј е лошо да растеш во токсично семејство, во кое сите се себични и секој само на себе мисли. Ме излудува фактот што сум попуштала премногу, што сум давала премногу на лица кои не заслужуваат тотално ништо. Никогаш нема да си простам што бев таква будала. Сигурна сум дека на било кој од форумов да му тропнам на врата ќе ми отвори, отколку да тропнам на вратата на "моите". Да во наводници, бидејќи одамна не ги чувствувам како мои. Бидејќи одамна го докажаа токму спротивното. И боли ова, премногу боли за некој со кој имате иста крв вака да ти се понаша. Посакувам да не се родев у такво токсично семејство. Посакувам да не ми отворевте такви рани кои не знам дали воопшшто некогаш ќе зараснат. Посакувам и покрај сè, да не чувствувам вина, да не мислам дека некоја моја постапка ве оттргнала од мене, да не ве бранам и кога воопшто не сте за бранење. Имам кажано во друга тема дека подолго време не сме се виделе, вистина беше тоа, ама ете решив уште една шанса да дадам, уште еднаш да замижам пред вас, бидејќи не можам да ве избришам и покрај се што направивте. Ама узалуд било.. Многу шанси имавте ама секогаш докажувавте дека сте идиоти. А јас јште поголема глупача, шо упорно ве трпев. Да бевте на мое место, јас така да ви се понашав, одамна немаше да постојам за вас. Ама ако, верувам во карма. Сакам само еден ден да ви текне дека раце у оган ставав за вас, ама не ви беше доволно, не знаевте да цените.
Ne se nerviraj zaludno e veruj, mora nekoj da bide sebicen so misli samo na sebe i jas iam takvi vo familijata ti go kazuam od iskustvo. No veruj deka ako gi ignoriras i se otrgnes toa ti e polovina zdravje. Najdi si stan kade so ke zivees sama i nikoj nema da ti preci mirot ima cena ama e skapocen poise ke te cenat ako stois na svoi nozi bez niv.
Излегов од најголемата депресија во моментот кога престанав да чувам у себе доста работи и излегов од плакар пред одбран круг на луѓе, истите оние пред кои и денес се отварам, брукам, плачам и се смеам. Потесното и поширокото семејство ми е составено од бумери, нивните потомства се слични, немаат отворен светоглед, капацитет за расудување, советување и реално согледување на проблеми, пред нив сум затворена книга.
Себичните не ценат ама баш ништо околу себе, дури ни сами себе. Тоа е пореметување, и да треба да си подалеку од тие личности за свое добро!
ќе дојде тој ден верувај. Тогаш ќе осетат. Тогаш и ќе ги потсетиш. Тогаш и ќе им плеснеш во лице. А сега само речи им фала ви за сета грижа за мене Господ да ви возврати со арно и затвори ја вратата однадвор. Не барај правда меѓу луѓето,кармара и Бог ќе ја спроведат таа правда. Нема секој човек чуство човечност хумност емпатија. Ова само нека ти биде една колема лекција каква ти треба да бидеш и каква ти не треба да бидеш.