Имам другарка, ми се жали била депресивна и анксиозна. А само шета, по деловни ручеци, спојува празници, шета со друштво. Ела мене прашај ме како ми е. Што не можам да спојам нити еден празник, со 2ра смена , 3 години. Ми се жали и и реков да побара психолог и и кажав не ми е добро, и дека има и полошо. И ми се налути бре. Море, ко ќе не можиш да одмориш ко човек и да не моеш раат да дишеш и спиеш , со панични напади, и припаѓања...секој ден се повеќе уморна Тогаш да ми кажеш депресивна и анксиозна си.
Извини, но со право ти се налутила. Сепак ти не си она. Не си ѝ во мислите, па да знаеш сигурно. Исто и она не може да биде сигурна за тебе. Анксиозноста и депресијата не се лесно видливи кај сите и не се јавуваат во иста форма. Јас се смеам со другарките и пред други изгледам смирена, но само стручни лица ме приметуваат дека не се осеќам ок. И на форумов можеш да прочиташ членки кои шетаат некаде со други луѓе, но сепак се активни во такви теми. На сите ни е лесна навика да кажеме дека има и полошо, но тоа не е секогаш добро да се каже. Остави ја да олади малку, па пробај да средиш. Ако сакаш да добиваш поддршка, и ти мораш да ја даваш.
Од неа не ја добивам. Еднаш кога планинаревме и паднав, ми се потсмевна и ме праша дали треба да ми подаде рака. После ми се потсмеваше оти бавно сум планинарела...
Треба да поразговарате отворено. Можеби и двете не сте свесни како и колку влијаат зборовите од едната на другата. Ако може да се санира тоа, ок. Ако не може, секоја на своја страна и готово.
Ау што прочитав. Не знам како ќе го сфатиш ова, најискрено ти кажувам очајно ти треба објективност во животот. Работиш втора смена на работно место со минимална одговорност, голема работа. Има луѓе што работат цел живот трети смени, што рмбаат по две-три работи, што работат со ниво на стрес што не можеш ни да го замислиш. Има луѓе што имаат биполарни растројства, со шизофренија и психози кои кога имаат епизода цела нивна фамилија не може да спие зашо може да се самоубијат. Глеаш колку многу полоши работи има? Многу си себична и мислиш дека твоите проблеми се најголеми, ги минимализираш туѓите проблеми и ги осудуваш сите, додека очекуваш сите да се врткаат околу тебе ако заплачеш во текот на денот. Таа твоја другарка може минува низ пекол и кога очекува поддршка, ти одиш и и' кажуваш дека тебе ти е полошо. Кажала шала дека си спора на планина, вау какво исмевање. Преиспитај си ги постапките.
@GirlLove не можиш да прајш gatekeeping на нешто шо можи да го има друг, притоа да има поинаква манифестација. Еве спомна шетање, јас во метро после аеродром седам и гуглам зошто не поминав на пасошка (терминал за од ЕУ кон ЕУ летови беше, непотребно е врвење два пати пасошка и ја добив та информација навремено) и имам неколку сати meltdown место тие неколку сати да ги користам квалитетно. Ама "возо излета од шините" и немаше назад. Јас во глата стигнав до како ќе ми забранат ЕУ влез и нема да можам да одам Лидл Грција. Патем, и бензо бев пијана зошто се плашам од летови. Не беше "на голо". И сега треба да игнорирам моите, многу реални, проблеми зошто некој има поинаква манифестација на истата состојба, па дури и полоша манифестација? Помалку е валидно? Мора дома да седам за да е валидна состојбата? Мора викенд да не можам да спојам за да е валидна состојбата? Да не се сфатиме грешно, то се реални предизвици шо отежнуваат состојба како анксиозност. Ама е многу tone deaf да се невалидизираат туѓи искуства зошто "нашето е полошо". Јас разбирам дека кога имаме проблем, и на некој му е "полесно" да осетиме непријатност, чак и љубомора особено кога таа особа во наши очи има далеку подобар живот. Разбирам зошто сум го осетила ова. Ама и натаму не можиме да препишуваме туѓи чувства и искуства, одговорни сме само за нашите искуства и чувства и најдобро знајме само за истите. А, за некој друг? Само е претпоставка шо не е за добро на никој ако ја извлечиме. Поентата ми е, двете имате различна манифестација на ист проблем, и кога зборате имате различни очекувања зошто различно го доживувате. И то креира јаз меѓу двете за кој треба ептен отворено да искомуницирате и размените информации за каков конкретен проблем имате и како се манифестира, кои се разликите, шо е заедничко и најважното - шо можи да напрајте за да си бидите меѓусебна поддршка. Пошто животот е круг, треба да можите да идентификувате кога е нешто "не толку длабоко" и кога е нешто сериозно за кое треба адресирање и поддршка. Со среќа.
[ Работиш втора смена на работно место со минимална одговорност, голема работа. Е за ова не се согласувам. Секоја раб си има тежина. Мојата лесна, м? Брао бе. Иначе. Јас кога бев во паника и се јавив и ја прашав што да правам, буквално бев укочена од страв, ми рече земи такси и оди во Јане. А, таа си седеше дома. Си има и др другарки, што ги прај богињи во мои очи, нека му се јави нив. Па,не можам да трпам јас жалење насекое, и тоа се шо и кажувам за моето здравје е пренесувано.
Оваа не ти е пријателка само познаничка. Не би се замарала јас понатака со вакви личности. Гледај си работа и свој живот, дали притоа тоа е лесно, тешко секој за себе си знае!
Сама не сакаш со години да си помогнеш, очекуваш друг да те спаси. Кога цврсто си ги гушкаш своите психолошки состојби, не сакаш ни да ги пуштиш. Имам впечаток дека сакаш да си жртва и луѓето да те сожалуваат. Кога не го добиваш тој третман, другиот веднаш е монструм во твоите очи. Имам во околина многу слична прилика да го гледам сето ова во живо. Исцрпувачко е. Се чувствувам депресивна и изнемоштена после разговор. Порано бев повеќе вклучена, помагав, но кога гледам дека личноста наместо да си помага сама себе, сака да те повлече и тебе со неа, интеракцијата ми е сведена на минимум. Штом ќе почне да се жали, гледам да сменам тема. Ти го кажувам ова, за да видиш како тоа изгледа од друга страна. Многу треба да работиш на себе. А гледам дека и со години луѓето истото ти го велат, ти ќе лајкнеш и пак си продолжуваш во својот свет каде чекаш некој супер херој да те спаси, уствари така ќе треба да ти заврши приказната на жртва и да превземеш одговорност. Навистина има многу полошо и од моето и од твоето. Тебе ти фали благодарност. Да ја практикуваш. Дека си здрава, дека имаш работа, дека заработуваш, твоите родители се живи, имаш сестра, имаш чинам и внуче. Имаш куп работи што треба да си речеш, чекај, не сум јас осакатена, имам многу повеќе од некои други. Знам дека во своја кожа е најтешко да бидеш, знам дека во тие моменти што и да ти каже човек, нема ништо да ти смени. Но, ти мораш да работиш на промена на карактер. Особено алијас жртва. Пишував и во другата тема. Лесно е анксиозното растројство и паничните напади да ги напуштиш. Ако цврсто си решена дека сакаш да бидеш најдобра верзија за себе. Инаку цел живот ќе викаш дека нема лек. Знам дека ништо нема да ти смени постов и дека пак ќе прочитам друг, како некој ти згрешил што ти ги игнорирал симптомите. Но, кога толку често симптоми имаш, зарем до сега сама не сфати дека ништо не ти е?
И двете само се жалите и се натпреварувате на која и е полошо.. Едноставно ако не ти се допаѓа некој не се дружи со него.. Никој не ти забранил и ти да шеташ, слободно излези некогаш од зоната на комфорот. Мора да се бориш против анксиозноста, а не да очекуваш сите да те сожалуваат.. Не е и твоето најлошо, за секој неговите проблеми му се најголеми.. И никој со сила не те тера 3 години да работиш нешто што не го сакаш.. Најди друга работа.. А тоа со планинарењето, не си ставај се при срце, сигурно било шала.. Смешно е кога некој ќе се сопне и падне, и јас имам паднато и ми било смешно и сум прифаќам шали на моја сметка, некогаш треба да се насмееш.. Сигурно е тешко ама не можеш само да се предадеш, стани ако не можеш повеќе од мали работи почни, избриши прашина, изџогирај, вежбај можеш и 10 мин, не и дозволувај на депресијата да те контролира... Јогата доста смирува почни да тренираш јога.. Прави нешто што те прави среќна, излези на кафе и зборувај за други теми не за анксиозност, не за работа, нешто сосема трето..
Леле само и се ставате на девојчето, многу мразам вакво групно спротиставување кон едно лице. Темава треба да биде без цитирање, нека и се олесни душата нека си каже што сака. Ја читам пишува и во темана за анксиозност и депресија, и вие не сте и неа во кожа, нема секој иста перцепција низ нејзината призма така гледа ајде уште потешко да и направиме да и биде ако не. бтв не го ни прочитав постот што и да пишала нека.
Критиките се со добра намера. Со години го пишува истото. Не е за мерење на кој/а му/ѝ е полошо. Ако се прави така, само од овде можам да се сетам на дузина членки со поголеми проблеми од нејзините, па камо ли луѓе од надвор... Не бива со „така е, седи си“. Тапшање по рамо нема да ѝ помогне. Ако сака да ѝ биде подобро, мора да мрдне од точката во која е заглавена. Не се живее со покажување прст кон другите, мора да се работи и на себе.
Сè е избор. Па дури избор е на што ќе се налутиш, навредиш, сам бираш дали нешто е навредливо или не е, сам бираш дали ќе те допрат туѓи зборови и постапки, сам бираш како се поставуваш према другите, према себе, према предизвиците. Има луѓе цел ден, цел живот, бараат начин како да бидат вознемирени. На крајот од денот, избор е. Исто така, избор е дали ќе бараш внимание од други. Има луѓе цел ден, цел живот чекаат на туѓа реакција. Ко малине деца, ќе падне и чека да види мајка му како ќе изреагира. Цел живот копнее по туѓа реакција. Цел живот прави работи за да извлече реакција. Цел живот кој што мисли, кој што кажал, кој како постапил, куку леле, вакви биле луѓето, онакви биле... водат инает сами со себе, цел животен век. Или ќе научиш да живееш живот за себе или ќе умреш живеејќи за други.
Епа не ви се добри критиките ниту ефикасни вие ја напаѓате, демек ќе и се смени перцепцијата преку ноќ од вашите критики само полошо може да направите да се чувствува. https://www.verywellmind.com/worst-things-to-say-to-someone-who-is-depressed-1066982
И она некогаш не е фер кон луѓето. Но, таков е животот. Никој не се опоравува ако го слуша само тоа што сака да го слуша. И кај стручни лица кога се оди, не се добива одма браво. Туку, после првиот напреден чекор.
Секој треба да се бори, не може да се предаде на депресијата... Никој со лоша намера не ја критикува, може и не е најдобриот начин, ама кога некој може и не баш свесно прави грешка во ред е да го опоменеш.. И мора да промени нешто, од кај ќе почне не знам, нека се консултира со стручни лица, ама мора и сама малку не може се психологот или некој друг.. Глупа споредба може е, ама кога правев операција на колено, после тоа имав физикална што ми беше смрт, беа болки што не се трпат на таа физикална, ги мразев терапертите кои работеа со мене, ми доаѓаше да се откажам и не одам на терапии.. Ама да не го истрпев сето тоа и да се откажев, да не се борев, може цел живот инвалид ќе останев..
Како се справувате со осаменост т.е. дали воопшто имате моменти кога се осеќате осамено? Ме интересира ова, затоа што сакам да знам до кој степен е нормално да се чувствувам осамено, дали е нешто низ кои проаѓаме повеќето или моето искуство е поуникатно и треба да поработам на тоа.