Многу често. Ги земам во превид и осаменост како сам дома и осаменост кога си во група луѓе и слушаш муабети од кој се чудиш "зошто само јас размислувам поинаку" За справување, си наоѓам занимација. Пример читање форум
Чувствувам осаменост кога сум дел од средини и луѓе со кои немам вистинска поврзаност. Порано многу често, денес поретко, пошто не се движам у такви кругови.
Се чувствувам осамено и "назад" кога гледам како луѓето го постигнуваат она што мене не ми е постигнато уште. За момент се прашувам дали правам нешто погрешно, но се трудам да запомнам дека сечиј пат е различен. Има разлика меѓу сам и осамен секако, јас голем дел од времето сум сама и плус од дома работам.. но си наоѓам различни занимации кои ме исполнуваат, како цртање. Не можеме да дозволиме среќата да ни зависи само од други луѓе. А поосамено не сум се осеќала никогаш отколку во погрешна група луѓе каде не можам да бидам своја или знам дека не ме прифаќаат каква што сум.
Сосема е нормално да се чувствуваш осамено, дури и кога си опкружен/а со луѓе кои ги сакаш/те сакаат и свесен/на си за нивното присуство. Не дозволувај да се претвори во нешто хронично. Јас (може дека постара ) имам моменти на тајм лапсови, изразена носталгија и нормално "жед" за луѓето кои не се дел од мојот живот, од разни причини, не нужно само поради смрт. Но носталгијата ја сфаќам како присуство (на спомени), а не отсуство на нешто, и гледам да не прејде во чувство на осаменост и постојан ламент дека нешто не ми е убаво, не ми е погодено. Доста патувам, живеам сама, работам онлајн и тоа дополнително ми активира некои "чувства", особено што не сум баш тип за виртуелни комуникации. Битно е да освестиш дека е нормално да бидеш и сам и осамен, подобро тоа отколку во лошо друштво. И многу помага квалитетно да си го организираш времето, кога си во фаза на "досада" едноставно праиме overthinking. И секако одмага фактот дека многу луѓе се навикнати секога да живеат "во друштво", буквално за до продавница мора со некого. Тоа можеби не не "тренира" доволно за периодите на осаменост.
Јас многу уживам да сум сама, не е до тоа, ама во исто време ко да немам развиено object permanence за луѓе. Ако поради ХУ причини не се гледам или често слушам со своите пријатели, се осеќам како да сум изолирана, сама, напуштена. Што е логично глупо, неколку дена се во прашање, пример, ама главата ми прави да е поинаку. Па и она overthinкување зошто некој од пријателите не ми пишува доволно често (имам доста другарства на далечина моментално), зошто ми прават вака, зошто така... и тоа ме прави да сум осамена, се додека не се дружиме во живо повторно и јас се враќам во нормала. Затоа ми влага во очи твојата реченица, дека не треба да ни зависи среќата од другите, баш имам некоја кочница тука.
Те сфаќам навистина за ова, и јас имам пријателства на далечина. И со некои кои ги сметам поблиски не ни пишуваме секој ден, иако би сакала почесто... на пример ќе им кажам дека сум тука да се видиме ако можат некогаш ќе испадни нешто но некогаш навистина мислам како да не сум воопшто приоритет. И во тие моменти се чувсвувам осамено, но кога ќе се видиме баш како што рече се враќам во нормала и мислам дека сѐ е океј и јас премногу овертинкам. Можеби ете adult friendships во голем дел вака функционираат. Се дружам повеќе со тие што ми се во близина, некако тие повеќе знаат што ми се дешава. Но на крај сите си се враќаме во својот bubble и својот свет. Клучно мислам дека е да најдиш нешто во кое доволно ќе уживаш што вакви мисли нема да ти преокупираат многу голем дел од времето. Би дала и совет да разговараш за ова со тие пријатели, но ни самата ја немам отворено таа тема со моите..
Осаменоста за мене доби нов и тежок облик од коа се породив. Претходно немав проблем со тоа, но сега ми паѓа многу тешко, особено во релации со најблиската фамилија и членови на семејството со кои не можам да одбегнам средби, а се покажа дека не ми се воопшто блиски. Тоа резултира со се поголема повлеченост во себе и асоцијалност. Товар ми е и што не можам да ги процесирам емоциите во реално време туку треба да чекам соодветна прилика. Знам дека е лошо. Знам дека имам проблем. Во моментов немам сила да се справувам со тоа, а и не сакам. За тие шо ги сметав блиски, душата ја давав. Ми вратија сите со минус 200 посто внимание. Фала многу, поздрав и пријатно. Муабетите од форумов ми се друштво, насмевката на детето ми дава сила и сопствената цврстина. Ќе бидам добра, сега не сум. П.с. уживам да сум сама, не барам ништо од никого, само во моментите кога бев најранлива не само што не добив љубов и грам грижа, туку напротив, негација. Ако. Сега се гради нова јас, нова ера, само во неа нема место за такви ликови.
@Srckata28 јас имам две состојби: кога имам хипер-социјализација шо носи до престимулација, па после то одам во втората состојба кај шо сама се изолирам за да се дестимулирам. И тука почнува да ме јади FOMO. Додатно, работам во башка смена од моите пријатели шо ми се во градот зошто сите се до 11/12 вечер на работа и после то излегват да свртат кругче. Јас работам на утро и ако излезам на полноќ да свртам едно кругче прелесно ќе ме најди 2 и сабајле нема да можам ни да станам. И јас сум осамена. Јас сакам да завршам на работа и да имам со кој да одам на кафе или да пешачам или театар/кино. Повремено одбирам да одам покасно на работа за пред работа да излезам и да се социјализирам. Имам пријателства на далечина и колку и да сум престимулирана периодов и да неќам да одам Скопје, I miss them so fucking much. Да живеев таму ќе сакав само да лежиме на трева едни покрај други и ништо да не прајме. Или да прајме movie night. Во престимулирани периоди (период во кој сум сега) сакам такво дружење без зборање и со физичка близина, ама немам можност шо ме носи до изолација и ко ќе се изолирам почнувам да осеќам осаменост и полека ментално да паѓам и после пак врти кругот и влегвам пак во хипер-социјализација. И ако не беше доволно јасно, не се справувам. Вака функционирам:
@Srckata28 сум била во слична ситуација и исто ко @Amellie13 често сум завршувала извисувана од другарки, па кога биле слободни и немале со кого, јас сум била план Ш. Често сум била осамена, имало родендени, празници кога не сум славела зошто сум била сама. Ми било тешко. Ама поради сето тоа еден ден решив да ги отстранам лажните пријатели, ми беше многу полесно отпосле. Се повлеков во себе, не дека не, ама знаев на што сум иако имаше моменти кога анализирав. Постепено научив да уживам сама во деновите кога не сум со мојот партнер, да не чекам некој да се сети на мене и да ме побара. Порано бев иницијатор, сега воопшто не.
Да, ти се жали само затоа што сака внимание и сака тие да ја жалиш Мислам дека премногу си егоцентрична и не сакаш да прифатиш дека психичките болести се дел од човековата природа. Мислиш дека само тебе ти е најлошо. Анксиозноста и депресијата се тешки состојби коишто неможат на око да се видат. Да, тие можат нормално да се дружат со луѓе, да излегуваат и да земаат лекови. Депресијата не е само леле колку му е лошо... Тоа е комплексна состојба. Неможам да разберам која е потребната вака да зборуваш за другарка ти која што и таа со има свои проблеми и цело време мора тебе да те прашува како ти е? Или не зафркаваш сите нас овдека? Како би се осеќам некој вака да ти каже ,, И мене не ми е добро, побарај со психолог и не се жали''. Убаво ќе ти биде? Размисли уште два пати пред да кажеш нешто. И не туку се жали како мало дете што ти се налутила, туку да седнеш и да размислиш.
Секогаш разговарам со неа по телефон, и сум била поддршка и давала совети, меѓусебно разговараме. Не сум до толку немпатична.
Здраво, Јас не знам каде да се обратам за помош. Дадов отказ од работа. Денеска одам во ФЗОМ да го средам здравственото осигурување, за да ме вратат и да ми речат дека поради надминување на остварениот годишен приход мене НЕ МИ СЛЕДУВА осигурување од државата односно дека треба да плаќам приватно !!????!?! Одам кај матичната да го разговарам ова, и сестрата ми вели "ами мажи се и ќе бидиш осигурана под маж ти" и се смее (не сум мажена иначе и сега не е тоа тема на муабет)....значи јас останувам БЕЗ здравствено осигурување и треба да размислам 5 пати пред да направам било што!!! А каде е тука државата?! Ова е малтене катастрофа. Само Господ на помош отсега...не знам дали сум разочарана, гневна или да се плашам за сопствениот живот... А во меѓувреме дали некој/а се нашла во ваква ситуација? Ми треба совет. Планирам да разговарам со мојот адвокат, иако ми беше речено дека ќе биде за џабе, но ако има тука и некој правник сакам да слушнам стручно мислење.
Не може да те заведат под завод како некој што бара работа и така си осигурана.. Знам вака што се осигурани и некои што немаат ден работен стаж..
Наводно не бидејќи мојот годишен приход лани ја надминал сумата. Ај оди објасни...јас не можам да сфатам
Мислам дека има опција да си го плаќаш осигурувањето ,требало во ФЗО да ти објасни таа. Ама како работат, решение за породилно не можам да си најдам од таму еве година ќе помине
Епа за тоа и зборам. 2600 да плаќам секој месец на државата ...мислам....една Германија нуди бесплатно здравство...Словенија....итн...а ова на што личи
Не сум знаел дека постои ова.. Штом има закон џабе ќе си даваш пари за адвокат, државата смета дека има доволно средства за да плаќаш 2600 месечно..
Ова е оддамна вака. Ако си имала остварено приход над таа некоја сума се смета дека имаш доволно пари да си плаќаш здравствено. Џабе ќе одиш со адвокати повеќе пари за тоа ќе дадеш. Подобро давај си ги парите и имај си здравствено, мислам дека после 6 месеци ако не си осигурана или не те пријави фирма тогаш може да ти следува бесплатно здравствено.