Многу те разбирам дека секој твој проблем личи најголем и дека секоја планина си има своја тежина меѓутоа немој никогаш да ги потценуваш и чувствата на другите. Ако девојката не се жали постојано дека е анксиозна, депресивна, не значи дека не е, и не знаеш што точно и се врти во глава. Мислам најдобронамерно го кажувам ова зошто многу лошо звучи кога ќе го прочиташ од страна, дека ти ја имаш најтешката работа, дека ти си секогаш омаловажувана, тажна и не знам што а на сите други животот им е перфектен, ама не е така верувај ми. Пробај да го насочиш малку фокусот на тоа дека си благодарна дека имаш работа, луѓе не можат со месеци работа да најдат и посакуваат да се на твое место. Биди благодарна што имаш родители живи здрави, сестра/брат чинам имаш, биди благодарна што си способна за работа. Пробај малку енергијата да ја насочуваш кон она што го имаш, а не кон она што го немаш и полека полека ќе се оправаш со анксиозноста. Не е здраво во секој поглед со секого да се мериш или натпреваруваш за тоа ти да испаднеш поанксиозна или подепресивна, стварно нема поента. Те молам не го сфаќај ова како да те напаѓам, само реално ја согледувам ситуацијата и сметам дека мораш малку да почнеш позитивно да размислуваш, апчиња нема да помогнат ако не се смени цел мајндсет.
Пробај после 2 месеци поднеси пак, пишува нешто како ако во 2 месеци немаш приход поголем ти следува бесплатно, ти ќе немаш најверојатно дека не си вработена и не ставај многу пари на сметка..
За да имаш здраватвено од новата фирма треба да земеш прва плата од нив. А првиот месец одкако ке почнеш нема да имаш додека да земеш плата. Освен ако не си плаќаш сама.
A за што се пријавуваме во труд за вработување тогаш? Работа не ни бараат. Здравствено не покриваат. Можи сум грешка ама според ситуацијава испаѓа дека треба социјално да земам. Спрема некаква си бројка не ми следува ништо оти се смета дека имам доволно пари а само јас си знам како ми беше цела година. Не знам што да кажам повеќе стварно... Инаку самостојно ќе работам.
Во тој случај ако е твоја фирма сама си ги плаќаш придонесите на која сума ке одчучиш. Минимална ти е ~26000 и на таа сума плаќаш +13000 придонеси. Ако си фриленсер ке треба да се распрашаш сега имаше и за нив некое даночење знам Мицковски збореше.
Епа и за таму е исто. Само распрашај се по луѓе што веќе работат така. За почеток ке мораш сама да си плаќаш здравствено(заради приходите минатата година). А за пензиско си одвојуваш во приватните фондови си уплаќаш кога ке си во можност и колку ке си. Со среќа
Не знам дали сум burned out, brainwashed, woke, или шо друго, ама веќе пар години толку ми е гајле за било шо, и толку не праам компромиси и само си исполнувам мои кејфови, што веќе као да немам никакви специјални амбиции, блиски пријатели, посебен обрт на пари, ништо, само постојам, ама не во негативна смисла, никогаш не сум се осеќала волку лесно, ама понекад си помислувам дали сум будала, дали нешто не гледам, па во иднина дали ќе се каам што не сум го 'трошела' ова време подобро? Можеби ќе посакам да сум правела повеќе пари, пошо ако не сеа, кога? Може ќе посакам да сум запознавала што е можно повеќе луѓе, за да имам барем еден човек сличен во карактер и размислување во животов? Може ќе посакам да сум патувала повеќе? Не можам да видам подобро, едноставно само ми се седи во природа, ми се игра со детето, и ми се читаат книги. Ова ли е тоа зона на комфорт шо го викаат? И дали е лоша по животот?
Според мене си го имаш најдено внатрешниот мир и она што навистина го сакаш. Јас во последно време исто така како тебе се чувствувам, дека сум “изгубила” луѓе, дека не излегувам доволно, дека не правам нешта доволно меѓутоа јас не се ни чувствувам дека сакам да излегувам секој викенд, да одам на журки, да одам во кафичи, не ми претставува веќе никакво задоволство. Викенд сакам да одам во природа со дм и кучето, да дишам чист воздух, да си уживам и да си читам книги, ништо повеќе од тоа не ми причинува некое преголемо задоволство, и сметам дека е тоа внатрешниот мир. Не знам дали утре или за 10 години ќе се каам дека може не сум правела повеќе ама сега во моментов исто како тебе се чувствувам, и мислам најбитно е душата да си ја храниме само со убави работи. Парите одат и доаѓаат, еден ден ќе зимаш повеќе друг ден помалку, така што ни тие не се некој причинител за среќа.
Работата е што не се осеќам како да губам нешто, дури и за пријателите шо цел живот ми биле пријатели, ама сме се отуѓиле и сеа ретко се гледаме, и не ги ни осеќам блиски. Им посакувам сè најдобро, ама не ми е гајле што веќе не сме блиски, ете вака најискрено. И не можам да се натерам да ми е гајле скоро за ништо... па си помислувам сум си го испрала сама себе мозокот или шо е работата? Не можам со никој нешто посебно да се поврзам, не памтам кога последен пат во животов иам правено интересен муабет, па муабетењето со било кој брзо ми здосадува (нејќам да сум арогантна, ама така се осеќам, јбг), не ми се ни прави муабет, а не па ли да излезам во кафуле. Дури ни за пари не ми е гајле, или за купување нешто, ништо не ме привлекува, како ништо да не ми треба? Освен киндлот и точакот, од материјални ствари. Работата ми изгледа како игра, доаѓам на работа, и ја играм играта за да еднаш месечно добијам пари. Не гледам поента посебна. Немам желба нити идеја за што би работела. Копам во себе и не можам да најдам желба.
@MissChievous Според мене, Ова што го опишуваш не ми личи на комфорт зона или баш внатрешен мир, туку повеќе на минимална поврзаност кон сè, што е различно. Односно, повеќе ми звучи на low desire state што може да премине во внатрешен мир или функционална депресија, во зависност од тоа како следно би продолжиле да се одвиваат работите. Може да настанало од долг период на стрес или burnout, суптилна депресија без класична тага или да си во привремена фаза на detachment, дека ти треба одмор. Комфорт зоната и здравиот внатрешен мир, покрај поедноставен живот, пак значат да имаш нешто што ти буди интерес, spark, способност емотивно да се поврзеш барем со неколку луѓе, промената на средина или нова активност, пак да будат нешто во тебе, а не да ти биде рамна линија
Јас сум во слична зен фаза да речам кон енлајнтмент идам полека но сигурно. jokes aside веќе одреден период имам некоја хармонична неутралност, и сум разсмислувала тоа што спомена и Полиинкогнито на кој спектар е таа индиферентност дали блиску до функционална депресија или пак мир. Судејќи по сопствените чувства и состојба на духот повеќе сум во некој мирен стејт оф мајнд, ја гледам пошироката слика и се ми изгледа полесно и некако go with the flow.. Кој знае што ми е.