Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Настрана коментарите безвезни за мажачка, не ми се верува дека во државава никој ништо не е заинтересиран да дознае и да се информира, здравственото осигурување е задолжително! Не е твој личен избор дали сакаш да го имаш или не, мора да се плаќа (д асе двои од бруто плата или дополнително да се плаќа) и прагот над кој е задолжително да се плаќа здравствено осигурување постои откако постои векот и светот, на тој начин купуваш лекови со партиципација и користиш услуги здравствени за 50, 100, 200 денари кои инаку би чинеле многу многу повеќе. Ќе ти се смее адвокат ако му кажеш дека сакаш да се "буниш" пошто сметаш дека ти не треба да плаќаш осигурување. Сите сакате нешто од државата, не ви чини кога нема, сакате да има, но не сакате вие да плаќате. Стварно не знам што друго да кажам, задолжително здравствено осигурување значи тоа што пишува дека значи, задолжително. Не ти треба стручно мислење, ти треба контакт со реалноста.
    пс. Ако со фирленсер, тогаш ќе мораш да плаќа здравствено осигурување, ќе си го провериш праговите за приходи месечни во Фонд и тие ќе ти пресметаат колку ќе плаќаш.
     
    На bookslover, LadyD, Hoping и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Следува бесплатно здравствено осигурување за сите невработени лица по автоматизам одма откако стануваат невработени, но ако се надмине прагот на приходи, тогаш мора да се плаќа, делумно или целосно, зависи од приходите.
     
    На Mumoftwo30 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.800
    Допаѓања:
    24.293
    Пол:
    Машки

    Биди реална.. бесплатно освен за на матичен да појдиш, шо е друго?
     
    На JasBee11 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.675
    Пол:
    Женски
    Повеќето термини кај специјалисти каде што кошта 750 ден. а ти плаќаш само 50 ден. партиципација.
    Испитувања на микробиологија исто само партиципација ситно.
     
    На eliesaab, sj *O*, bookslover и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Moon&me

    Moon&me Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    192
    Лековите како ќе ги зимаш кога не можат да се препишат на рецепта?
    Не секој може да си дозволи да плаќа лекови на приватно,и така цените им се "умри боже"
     
    На sj *O*, bookslover, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Еве јас за жал имав во овие години две интервенции, на Клиника, хируршки. Едната на пластика, за која приватни клиники ми бараа илјада евра (цена со попуст во иМбокс), на Клиника платив јебени 120 денари, со две преврски, бидејќи беше амбулантски Другата на абдомен, приватни да не кажам колку бараа поарно, на Клиника платив 2700 денари мислам со болнички денови. Извини, мене ми се чини едноставно неспоредливо. Не е така за сѐ и з асите лекови и интервенции, но кај нас и не е така лошо ако споредам со Италија на пример. И пак ова ништо не е битно, битно е дека за здравствен фонд треба да сакаат сите да плаќаат (плус е задолжително) и да бидат свесни дека ова што се случува со здравството во моментов е затоа што многумина си ја игнорираат или одбегнуваат ова давачка, значи како ќе се полни буџет? Никако, ќе станува полошо, сѐ ќе се приватизира, бизниси ќе цветаат, приватни осиурителни компании ќе тријат раце и ќе не убедуваат дека приватно е поарно.
     
    На eliesaab, Hoping, bookslover и 4 други им се допаѓа ова.
  7. StefCek

    StefCek Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2026
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Машки
    Сакам да правам хируршки зафат на клиника.Па, малце ми е шубе на Клиника.
    Дали се е во ред после интервенцијата?Воспаленија, инфекции, немаше ништо?
    Прашувам, бидејќи сакам да правам интервенција на интимен дел, па не би сакал да се влоши состојбата.Бидејќи воопшто не беше ок докторот, во однос на преглед, не ни спомна нареден преглед за контрола.
     
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.596
    Допаѓања:
    8.824
    Пол:
    Женски
    Леле аман кој век е. Јас имам 2 пораѓаи (од кои 1 царски - операција со спинална анестезија), 1 интервенција на максилофацијална хирургија, плус гинеколошка интервенција под целосна анестезија во последниве години. Значи никаков проблем не сум имала со инфекција, во салите се одржува ниво на хигиена. Докторите се такви, недостапни, ама кога ќе дојде време за операција, се работи. Не смее државна клиника да си дозволи пропусти од тој тип, за државно одма избива скандал.
     
    На Mumoftwo30, Angie1432 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  9. StefCek

    StefCek Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2026
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Машки
    Во Македонија уште сме во 19ти век.Не сум правел хируршка интервенција и прв пат ми е и затоа и прашав.
    Што слушав на вести и читам по весници(и на соц. мрежи) на некоја жена при пораѓај и извадиле органи, трет им умрел.Многу млади новороденчиња умираат.
    Почина и Панчо од ДНК, велеа немало добра хигиена на клиниката.
    И, секако језа ќе те фати.
    Избива, ама не би сакал јас да бидам жртвата.Затоа и прашав.
     
  10. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.596
    Допаѓања:
    8.824
    Пол:
    Женски
    Панчо на клиника не беше, туку во Систина. Језа фаќа да, ама јас имам ужасни муабети слушано и за приватни болници од луѓе, па не излегло ништо во јавност. Друга работа е, и да одиш на приватно, ако им се чиниш ризичен, ќе те пратат на клиника. А за едноставни интервенции со мал ризик, секаде ќе ти направат. Си има фалинки и на клиника, не викам не, ама ете мое искуство од неколку интервенции/ операции со сечење да речам, сум немала проблем. А во чекалните и во амбулантите е гнаса жива, ако гледаш така, ама во сала е друго.
     
    На eliesaab и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Не знам што да ти одговорам, може има некоја посоодветна тема за ова прашање. Ќе си консултираш повеќе доктори и ќе прашаш сѐ што те интересира. Разни состојби, разни сценарија, може и дома од ништо да ти се слоши, може и со најдобриот доктор и услови нешто да тргне наопаку. Не ти треба таков мајндсет ако одиш на интервенција.
     
    На JasBee11, Stark и Cherry333 им се допаѓа ова.
  12. StefCek

    StefCek Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2026
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Машки
    Ќе се консултирам.Не знам што да кажам.Ама сепак, фала ти.
     
    На JasBee11 и Abel им се допаѓа ова.
  13. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.220
    Допаѓања:
    5.085
    Пол:
    Машки
    Ми треба еден добар тренинг и кардио и тежински и калестентик... И ми се игра кошарка и тенис. Сакам и да трчам да си го срушам рекордот.
    И само секаде ми излегува како некој тренира нешто и тоа често ми излегуваат и екстремни спортови и добивам желба се да пробам..
    Не можам само да шетам и ништо забавно да не правам.. Ми се здосади, не сум јас за да седам на едно место долго..
    Се враќам јас од утре на тренинг, ако умрам барем ќе умрам среќен, правејќи нешто што ме исполнува.:smoke:
    Утре има во 6 да станам и да одам да трчам. :toivo:
    Толку ми е досадно што во ден по 3-4 пати бришам прашина и пак немам што да правам дома .. Ако излезам некаде тоа се 2-3 часа само и никако не поминува денот што и да правам..
     
    На Mumoftwo30, JasBee11 и pinklipstick им се допаѓа ова.
  14. Moon&me

    Moon&me Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    192
    Имам едно кутре и цело време ги влече кондурите на комшиите.
    Значи не сме заградени ни јас,ни тие и надвор имаат 400 врсти на кондури бидејќи се повеќечлено семејство и веќе не знам што да правам.
    Не можам и не сакам да го држам на ланец секој ден....
    Значи претходниот месец дадовме пари за патики на едното дете,оти партал му беа направени од кучето.
    Сега комшивкава пак ми се жали
    Ќе скренам
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.187
    Допаѓања:
    14.802
    Пол:
    Женски
    Заградете си дворот и решен проблем.
     
    На JasBee11 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  16. Moon&me

    Moon&me Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    192
    Нема проблем
    Да ти пуштам во лп трансакциска сметка? :D
     
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    9.404
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да се лутиш на коментарот, во право е членката, а уште повеќе во право е комшиката.
    Твоето куче им прави штета и ти си одговорна за него и да го решиш проблемот.
    Дали ќе заградиш двор, дали ќе заградиш простор кај што ќе биде кучето, дали ќе си го чуваш на балкон или дома, твој избор. Ама сепак си одговорна да си го решиш проблемот, а не по штета на другите.
     
    На Mumoftwo30, JasBee11, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Moon&me

    Moon&me Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    192
    Не се лутам на коментарот,како проценивте? :)
    Ќе биде решено секако,ама не се решава СЕ во еден ден,треба време и малку баланс,бидејќи многу пати биле балансирани од наша страна кога и тие земаа куче на почетокот :)
    Ама тоа не е тема на муабетот
    Ќе се среди за брзо,и рает ќе сум :)
     
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.187
    Допаѓања:
    14.802
    Пол:
    Женски
    A како мислиш поинаку да го решиш проблемот?
    Нешто најефтино ставете, и мене секој ден да ми доага куче на комшијата и јас ќе се лутам, ама ај ти си знаеш може ќе најдеш друго решение :smirk:
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.959
    Допаѓања:
    8.871
    Пол:
    Машки
    Знаеш од што точно умре Панчо во Систина?
    Има муабети што се зборат низ народот...