Не е сатори, кај мене е gradual не е наеднаш. А сакaш да кажеш дека кај женски поретко се случува? why?
Абе како ќе трчаш со скршено ребро? Мораш да мируваш, не си прави дополнително глупости на телото, нека заздрави какошто треба па ќе трчаш.
Леле Лимонче немој, јас па сум ти ставила лајк Не сум дочитала, тоа на лојална база автоматски ставам пошто сме чет другарчиња.
Поима немам искрено. Јас мислам дека се има откажано од борбата едноставно. Он најпоследен од сите жртви почина. Имам слушано муабети и за болнички бактерии што има смисла после толкав престој во болница, ама не знам.
Ми недостасуваш. Не се помирив дека те нема. Ми остана недовршена приказна со толку прашања. Како ќе беше ако ти денес беше сеуште дел од овој свет? Дали ќе се смеевме заедно? Дали ќе ја прифатеше верзијата во која се претворив? Дали ќе се расправавме и смирувавме брзо, бидејќи двајцата не умееме да држиме лутина? Дали ќе ми раскажуваше приказни и гушкаше најмило, татковски, како што само ти знаеше? Како да |те| заборавам, кажи ми, како? Те барам во секое катче, сон, меморија, секој ден. Бледееш, не си веќе таму, истиот, и тоа проклето ме плаши. Речиси и твојот глас го заборавив. Некои наши разговори ми тонат во сепија. Само кафето кое ти го оставав на работ од печката секое утро совршено го паметам. Премногу години зад нас, а желбата да си тука остана. Моево не е ни болка, туку празнина, празна, проклета. Мора да мислам дека твоето заминување се случи со причина, бидејќи ако не е така ништо не би имало смисла, нели? Залуден би бил овој пат проткајан под тенок превез на душмански очи, во кои се претворив и јас самата и против себе. Фалиш бре. А види, не е ни зора...
Државата вели дека треба да плаќаш осигурување а истовремено немаш работа, или можеби во моментов немаш доволно примања кои би ја покриле таа давачка бидејќи не се гледа моментален приход туку лански. Законот е wtf, така да контактот со реалноста не ми го упатувај мене.
Не е баш така. Постои праг на приходи. Невработен кој има малку приходи секако не плаќа за здравствено осигурување, невработен кој нема доволни приходи не плаќа полна сума за здравственото осигурување. Контактот со реалноста ти е потребен затоа што во животот освен права, имаме и обрски. Ти ќе работиш како фриленсер, ќе користиш бесплатно здравство, а кој ќе ги плаќа ефективните трошоци? Како ќе функционира тој фонд ако сите само црпат од него? За кратко време нема ни да постои, после ќе се чешаме. И не е лански приход бидејќи осигурувањето не е така ретроактивно, информирај се точно за процедурата пошто гледам дека не е баш јасно.
Па еве пошто гледам ти се правиш многу паметна и ме срамни на ниво на 5 годишно дете, објасни ми како оди целиот процес од а до ш, пошто јас само си кажав тоа што ми беше кажано.
Не се правам паметна, тоа прво. Второ, доволно си возрасна и паметна да разликуваш задолжително здравствено и доброволно здравствено осигурување, не е нешто што е за чудење или новост или катаклизмична неправда. Служи меѓу другото, да им помогне на оние кои се навистина без приходи, тоа не е воопшто за да се биде паметен или не, елементарна логика е, како ќе се полни поинаку буџетот, како ќе има за лекови, за прегледи, ако не се полни буџетот исто ќе се буниш дури и кога ќе бидеш вработена пошто нема да има па наместо партиципација од 20% ќе се плаќа полна цена, како и да свртиш нема да чини. Штом сметаш дека е работата за адвокат и си обесправена, нека ти објасни тој од А до Ш, во време на милијарда начини како да се информираш, ти сериозно захтеваш некој друг да ти соџвака тоа што тебе ти треба како информација? Еве трчам да ти објаснам. Ем шуто, ем боде.
Не ми го објаснуваш тоа што ми треба туку ми го објаснуваш тоа што веќе го знам и да, се правиш паметна. We're not the same. Толку од мене.
Ако ти е полесно да мислиш така, нема проблем. Некој ќе ме извреѓа и после ќе бара од мене објаснувања, епа ain't gonna happen.
Што ако на пример расположението ќе ти се промени преку ноќ? Немаш желба да го правиш сето тоа што досега те правило среќна и исполнета и се само поради некои случки и личности од минатото кои не се дел од твојата сегашност и иднина? Нешто што знаеш дека не можеш да го промениш ама не ти дава мир? Чувствувам дека нешто ме притиска во гради, тие работи од минатото не ми даваат мир, тешко ми е а не треба да ми е. Имам се што ми е потребно, партнер што ме сака и прави среќна, достојна работа, прекрасна фамилија и друштво ама чувствувам дека во секој миг ќе се распаднам. Минато со причина е, минато е затоа што така требаше да биде и затоа што беше потребно да одлучам така, за свое добро, ама преку ноќ минатото ме стигна пак и колку и да не му давам значење, пак и пак е тука, во мисли. Кога сето ова пред некој ден се промени, не можев да издржам и заплакав пред другарка, ми зборуваше со часови, ми беше подобро, денес повторно ми е тешко, тешко дишам, тешко функциунирам, место не ме држи. Се беше добро и една вечер сето тоа што го градев, сиот убав мајндсет, сето смеење и радување се растури како кула од карти. Правам се што можам да ги одвлечам мислите, ама навечер ми стигнуваат. Вака се повредувам себе, ако продолжам се плашам дека ќе повредам други личности. И кога тој ќе се појави, подобро ми е, се смеам, му се радувам и го обожавам, ама празнината што ми ја остави минатото, ја чувствувам.
@bicycle Според мене, Звучи како да имаш неразрешени чувства или непроцесирана тага. И сосема нормално е и кога животот ќе ти биде среден, во еден миг да се почувствуваш вака, бидејќи healing процесот не е линеарен. Тоа не значи дека не си благодарна или не го цениш тоа што ги имаш сега. Најдобро е да седнеш сама со себе и да си бидеш сосема искрена, што конкретно те прави да се чувствуваш вака? Не мора да значи дека чувствата ти се поврзани со луѓето од минатото, туку ти се поврзани со таа претходна верзија од тебе. Каква си била, потрошеното време сл. (Зависи што е контекстот) Најверојатно ти е потребен простор да процесираш она што навистина се случило. А ако сметаш дека ти прави поголем проблем во секојдневието, најдобро е да разговараш со психолог
Тој период е одамна, пред околу 8 години. Една личност ми остави длабока лузна која тогаш ме натера да се сомневам во себе, и во сите околу мене. И некако, не знам ниту јас успеав да ја надминам и да се издигнам како Феникс и со посета на психолог да свртам нова страница од нова книга. Не сум била никогаш злопамтило, ама гледајќи ги тие личности среќни, ми дава бес и омраза, а не бев таква и јас не бев таква некому да му посакувам да не е среќен ( што дури ми е срам што го кажувам тоа) ама таа болка ме промени, ама ете, овде сме, принудена да напишам овде за да ми биде полесно. Знам дека сето ова дека ќе помине пак, ама немам сила да се борам одново и да поминувам низ исти пекол. Тој период беше пеколен, за разлика од сега па се тешам така требало да биде, можеби и за подобро било, за да го имам ова сега.
@bicycle Најпрво, срамот што го чувствуваш открива дека не си таква личност. Бидејќи вистинско злобните луѓе не размислуваат вака. Твоето едноставно е непроцесирана траума. Бидејќи постои разлика меѓу surviving и healing. Нашиот ум понекогаш ќе преживее и ќе изгради цврст нов живот врз болка која никогаш не била процесирана. И верувај ова е честа реакција кај многу луѓе - да почувствуваат тригернато кога ќе да видат како некој кој те повредил, сега си живее среќно, без грам совест. Но, мислам дека повеќе чувствуваш бес и тага што и по 8 години, ова сè уште има некаква моќ врз тебе. Но, healing процесот значи дека лузната од време на време ќе заболи. Тоа не значи дека ти го контролира животот. Најважно е што и покрај сè, си успеала да изградиш убав живот. И позитивното е што си свесна дека ова е само моментален бран, не враќање назад. Значи you've got this
Се собрале сите, слават, се радуваат, за убаво е, нечиј нов почеток .. Се радуваат ли, слават ли, или само маска имаа ставено? Зашто јас не можам. Не можам да слушам смеа, не можам да ги гледам чашите како наздравуваат, не можам да размислувам за иднината. Те гледам само тебе, а тебе исто како да те нема. Не го познавам ова лице пред мене. Ја нема таа што ја знаев. Таа што ми беше најголема поддршка, што ми беше грб цел живот, што ме тешеше кога ми беше најтешко и се радуваше со мене кога бев најсреќна. Те губам, те губиме, колку и да е тешко да се признае, колку и да се лажеме дека ќе биде добро. Камо да беше добро. Камо ништо да не е вистина. Како да ти помогнам? Како да бидам твојот грб сега? Како да те прашам "како си?", кога знам дека не си добро? Како да те утешам? Постои ли утеха? Се трудиш да се насмееш, никој да не знае дека ти е тешко, а знам дека болката те позема. Знам дека се плашиш. И јас се плашам. Се плашам дека секој ден сѐ повеќе те боли. Се плашам дека ни еден лек не може да те излечи. Се плашам дека ти се изброени деновите... Не сакам да ја знам вистината. Нека ми кажат лага, и тебе нека те излажат, никој да не ја знае вистината. Да мислиме дека сѐ ќе биде добро, да не живееме во оваа тага, неизвесност, страв...