Ми отиде и ти најмила. Толку се каравме, смирувавме, плачевме, пеевме. Колку и да беше лошо ќе те гушнев и болката одеднаш се претопуваше во разбирање,сочувство. никој неможеше да ме сфати како тебе и одеднаш кога ќе ти го чуев милното гласче од мракот бликнуваше километри светлина Ми беше пристаниште после бура, мелем на рана, душичка Ми ги трпеше испадите на лутина,не сфаќав колку те повредвам,прости ми, можеш ли? ах колку не сфаќав боже не ти ги разбрав емоциите, те земав здраво за готово,мислев како мене тврд орах си. Мислев прво дека сме си лути и затоа те нема, до моментот кога не ти зазвонев и слушнав твоите од другата страна како плачат липтат кога мајка ти ми соопштува дека тебе веќе .... те нема. Ме удри шок,неверица,тага, болка што неможе да се опише со еден збор! Уште не ми се верува дека пишувам за вакво нешто, срцето ми е парампарче. Мислев ќе имаме уште толку многу време пред нас, пак ќе се караме,мириме, ама денес сфатив дека тебе веќе трајно те нема и сешто ми остана се бледите спомените на нашите среќни денови не можам да верувам дека последен пат те видов пред 5 дена уште еј! само 5 дена и тој.ден толку убаво си поминавме на сонцето после дождецот, на кој најубаво беше облечена како трнорушка со фустанчето. ДА ЗНАЕВ ДЕКА ТОЈ ДЕН НИ Е ПОСЛЕДЕН САМО Зборуваше со толку елан и кога пред да се разделиме ме гушна тоа беше толку силно,дури се ежам кога ќе ми текни. сакав да те прашам зошто така ме гушкаш ама нешто од внатре не ми даде да изустам колку спомени вративме тој ден знаеш ли? сфатив колку сум најсреќна што имам личност како тебе поред себе Незнам кому да се јавам утре, и што да речам? Утре на твојот погреб да се појавам? што да кажам ако ме прашаат како се знаевме, како животните патила ни се прекрстија? Тебе те сретнав кога изгубив сешто не чинеше, душа ми се пара. Наслон си бевме,нишка, бреме, сеее . . поминаа денови,мислев се лутиш и ти како по обичај, затоа не креваш ама не било така?! Лутата мене ме касна овојпат,прости ми те молам до небото и назад осеќам неизмерна тага толкава што сакам да дојдам по тебе. сакам ова да е ноќна мора и кога ќе се разбудам да ја дочекам твојата утринска порака со насмевка наутро и најтопла емоција. се да е само една шала како тие што си ги правевме што би било кога ќе не нема Ах животе немилосрдно краток , зошто НЕА мораше да ја земеш од сите? немам веќе зборови,незнам што да кажам, не сум свесна сеуште што се случи. ПАТУВАЈ СО АНГЕЛИТЕ ДУШИЧЕ , секогаш ќе те чувам во моето