Само знам дека не е тоа причината бидејќи нема што да дознае. Да е така јас прв би се тргнал и би бил свесен зошто е. Кратко се знаеме. Пак ќе кажам немам ништо против таа личност и си стојам до моето мислење за нејзе, само глупо ми дојде што се тргна. Се надевам дека можеби ќе добијам некое објаснување, ако не да сме здрави и живи.
Не бранам никој. Точно е дека има жени кучкетини. Ама, не можам ни него да го тапшам по рамо кога не го познавам. А и тие кои ги познавам не ги тапшам по рамо секогаш. Не постои човек без маани. Не ѝ пишувај веќе. Ако нема ништо, гледај за понатаму. И не е страшно ни да си сам некое време. Таман ќе можеш да го искористиш тоа за подобрување на себеси.
Не тапшам, не сум пикми као шо некои особи ме мислат Кажувам врз основа на тоа што го има произнесено. Да гоустнеш некој треба да си огромна ПИЧКА у душа, и ПЕДЕР у карактер. Толку.
Ретко некој ќе каже зошто, луѓето претежно не знаат да комуницираат, само се оддалечуваат без збор и толку. Сфати го како незаинтересираност и не се замарај повеќе со личноста.
Ако си ја загушил од самиот старт со некои работи или пак дознала некои темни работи од твоето минато за кое погоре зборуваш а немаш докажано за што се работи, логично дека ќе се повлечи за да не биде соочена со непријатности. Бидејќи ти самиот кажуваш дека сепак имало некоја причина. Сепак требало да кажи дека знае за тебе нешто, но од друга страна пак може не ни сака да разглаба и продлабочува, таа си знае. А ако се повлекла туку така без да има конкретна причина, тогаш не е во ред нејзиното воопшто и не треба да придаваш важност, многу е нечовечно. Без да ја знаеме целосната приказна, не можиме да донесиме заклучок пред време
Премногу двојни аршини на темава. Дали кога за вас лично се работи, ист совет би си дале? Збори ми за објективност Недостасува емпатија, премногу емпатија.
@WolfaLone Можеш ли да ја објасниш динамиката на вашето пишување и односот? Колку често бевте во контакт? Кои ви беа теми на разговор, како воопшто започнавте, излеговте на дејт или станува збор за само пишување од 1-2 недели?
Гоустнување не е кога некој со кој два дена си пишите ќе исчезни btw. Не знам во каков однос бил членот, но чисто онака кажувам. Скоро секој "гоустнал" некого со кого не му оди муабетот. Понекогаш треба да се прифати и дека немањето одговор е одговор. Ако подолго време сте пишеле, сте излегле на дејт(ови), сте изградиле некаков однос (ова важи и за пријателски врски) па другата личност ја снемува наеднаш, тогаш е гоустинг. Не е гоустинг ако типот што ми пишал сношти не ми е интересен и решавам да не му враќам повеќе. Ако толку брзо се залетуваш по некој и те погодува, не ќе да е проблемот во тој некој.
Абе нормално е вака да се осеќаш ако мислиш дека имаш конекција со некој и наеднаш те гоустнува. Само, дали искачавте или чисто допишување беше? Јас би рекла ако сте се знаеле кратко и не сте ни излегле, гоустнувањето е некако поразбирливо зашто може да е awkward да почнеш да се објаснуваш. Е сега, ако се знаете од живо, сте оделе на дејтови и сте комуницирале малку повеќе од секојдневен разговор, тогаш е глупо и требало да ти каже нешто, па макар и да те излаже, чисто за да не си се измачуваш вака.
Све е гоустинг, колку и да не се познаваш, и малце да пишуваш, чим те снемува наеднаш без објаснение, дно од чоек си. Боље да се каже отворено, НеСакамНишоСоТебе ради тоа тоа и тоа, не ми се свиѓаш, вака скроз курвински е. Дали се залетуваме или не брзо, сите сме свои и посебни. Ако не сте знаеле, има луѓе емотивци, кои се врзуваат, кои мечтаат и се надеваат
Види, ако ти пише некој рандом на инстаграм и се допишуваш sp kako si некој ден ама ич е е исто да се знаеш со некој со месеци и си се гледал почесто, пример. Значи има случај до случај, не можеш да се приврзеш со некого што го знаеш два дена - онлајн. Или еве искочиш со некој што си го запознала онлајн и сфаќаш дека во живо не ти се свиѓа, што ќе му речеш, извини грд си? Си има различни ситуации и причини. Некои валидни, некои не толку.
@Angie1432 не викам за тие едвај 2 дена шо пишуваат, со таков не ни може да развиеш нешто и да се приврзеш. А доколку пројдат недели, тогаш е друго више, па почнува да ти фали ако те откачи туку така. И да не ти се свиѓа, не мислам буквално да му кажеш грд дека е, или нешто му фали, но секој заслужува да се удостои со некоја реченица.
Нема врска како и да е, немав за цел да се развие дискусија или да ја навредам особата за која што зборев. Со сите се согласувам има вистина во сите ваши ставови. Можеби таа личност има некој тежок период, обврска, и сл... Се надевам само дека е се океј со нејзе и дека ќе обновиме комуникација. Малку глупо се осетив бидејќи ја снема нагло, а мене ме остави да размислувам што се случило. Од една страна и се загрижив. Како и да е фала ви
@WolfaLone Контекстот е важен бидејќи открива многу. Ти најдобро си знаеш каква ви била комункацијата и дали навистина девојката ти дала лажна надеж или ти тоа си си го сфатил така. И дали навистина те гоустнала или разговорот природно престанал да ви оди. Бидејќи минатата недела пишуваше како не можеш да најдеш личност, не си исполнет на љубовното поле, за да сега си толку емоционално инвестиран за девојка која не си ја ни запознал. Сакам да кажам дека лесно е кога човек е во таква фаза, од желба да има некој, пребрзо да ги преувеличува работите и да мисли дека секоја со која ќе направи 2 реда муабет, дека е the one. Поенатата ми е, бидејќи ова не ти се случува првпат, да размислиш да си го промениш пристапот и мајндсетот или изборот на луѓе што го правиш
Јас морам да се согласам дека влијае нивото на комуникација. Сте излегувале/дејтале па те гоустнува или во фаза на запознавање се случува ова? Зошто има разлика. Ако излегваш со некој и наеднаш те снема - безвезе е. Ако со некој се допишуваш и губиш интерес, не гледам зошто некогаш намалување на комуникација е лошо. Ако враќам редовно можи да се протолкува како интерес и пак јас да бидам крива. Како жена, дури и јасно и гласно кога кажвам дека не сум заинтересирана се сфаќа како "убеди ме". И чим ја сетам та енергија јас и блокнувам, не само шо се оддалечувам.Така да дефинирајте гоустинг. Ти отвора пораки и не ти враќа дури и да „треба“ базирано на муабетот (особено од кога ќе се видите е исто важен контекст)? Или муабетот удира во ѕид постојано и едноставно нема реплика па природно изумира заедно со интересот? Кажаа и погоре, ќе повторам. И немање одговор е одговор. И многу полесно ќе беше да можиме да кажиме дека не сме заинтересирани, и сум кажвала директно дека не сум заинтересирана. Ама па, имам и остаено да изумри муабетот зошто фактот дека држев пријателски однос од кога сум кажала дека не сум заинтересирана се протолкувало како „убеди ме“ или некаква форма на давање лажна надеж. Можи многу нема да се согласат со ова, ама тешко е да си жена во дејтинг свет и буквално шо и да одбериш да напрајш ќе биди искористено против тебе. Или си кучка зошто си гоустнала, а си гоустнала зошто инаку не си остаена рает и постојано се бара од тебе да дајш шанса. А, ако дајш шанса и не си заинтересирана, пак си кучка зошто си му дала лажна надеж место да се оддалечиш. Така да жени, проценете ситуација. Ако е салам, кажете му. Ако не е салам, гоустнете.
Не е исто нагло да прекинеш комуникација со некој што четувате неколку денови и со некој што сте веќе запознаени имате подолги разговори, сте другари или во врска.. Не хумано и многу лоша постапка е да го направиш ова на некој со кој сте изградиле нешто се знаете подолго... А сосема е нормално на два дена муабет да се повлечеш... Кога отварате тема зошто нештото е како што е, зошто планираш да прекинеш комуникација од една страна треба доволно добро да го познаваш тој со кого прекинуваш за да знаеш како да му го сервираше, па вака подобро е.. Очигледно е на 2 дена муабет зошто заминуваш, муабетот не е како што треба или не ти не му се допаѓаш.. @WolfaLone Кажи во каков однос бевте со девојката? Колку долго се знаете? Како ви се одвиваше комуникацијата? Дали беше разговор или само ти одговараше на пораките? Спомна и дека постојано истото ти се случува.. Не знам како ти одат разговорите, ама еве ти некој совет за почеток на запознавање/чет: - Досадно е разговорот да е прашања и одговори. Спојлер: Пример - Здраво - Здраво - Колку си год? - __ Ти? - __ Од кај си? - Убаво ____ Ти? - ____ ..... Ова е во ред во првите 4 мин за возраста да знаете, после мора да има динамика тој разговор.. Монотони разговори никој не сака.. - Не траба првите разговори да се жалење, да изгледа како да ти е психолог.. - Не треба секој ден разговорот да се врти околу темата "Како ти помина денот", не секој ден се дешава нешто вау и сигурно нема секој детал на некој непознат да го кажува.. Тоа е од прилика како не треба.. Еве нешто како треба: - Треба разговорот да биде забавен, културен, паметен и да е погодена темата.. - Разбивај ја монотонијата во прашањата кога сакаш да прашаш нешто да не добиваш одговор со едно зборче така нема да се врти комуникацијата. - Не скокај од тема на тема ако гледаш дека за некоја уште комуницирате. - Кажи ништо забавно, смешно, па и да е на твоја сметка, прати нешто забавно да се насмее.. И на крај ако со комуникација преку порака во првите два дена не се појави онаа насмевка, заборави на продолжување на разговорот...