Ако ти е толку блиска, зошто не отидеш дома да ја побараш и да видиш што се случува? Вака во неизвесност и грижа е лошо за тебе, стресно, а не мора да значи дека си направила нешто или дека веќе си ја изгубила.
Мислам дека периодов ми е толку тешко што ми доаѓа да излезам од себе. Се чувствувам како телото да е против мене. Секогаш кога ќе направам некаков прогрес знае да ми покаже пак дека е против мене. Долго се мачев со уринарни проблеми и кога конечно ги надминав ми се случи друг проблем со аритмии, онесвестувања и ред други симптоми. Кога конечно се почувстував добро (вчера) после долго време испешачив долго, бев во шопинг итн, навистина бев среќна и само што стигнав дома и отидов во тоалет уринарните проблеми пак почнаа и еве од денес сум пак на антибиотик. Почнува сето ова да ми влијае и во бракот, навистина ме паѓа колку и да сум психички силна камен да е ќе попушти. Не знам зошто заслужив да сум во ова нешто што е како маѓепсан круг. Развив и панични напади од сите овие ситуации. Живеам во странство и навистина во овие ситуации ми недостигаат блиските личности и тоа што сум сама се осеќам дека некогаш ја прави ситуацијата уште потешка. Смачено ми е цела година по доктори без конкретни одговори. Единствено господ само нека ми помогне ако имам заслужено да се смилува на моите страдања. Криво ми е што навистина сум човек што води здрав живот не сум ни по алкохол ни по цигари не претервам ни со храна не мислам никому лошо и имам љубов преголема за да дадам. Долго време се замислував да се остварам наскоро и како мајка, но со сето ова што се случува веќе не знам… ја губам психата веќе..
Колку и да не сакам, се оддалечувам емотивно од некои луѓе кои треба да ми се блиски и ги знам скоро цел живот. Не добивам никаква поддршка кога ми треба најмногу, а не е дека не знаат што правам. А ми значат, но не можам веќе да ги осеќам блиски толку и ме погодува.. Ниту сме се скарале некогаш ниту сме се замериле за нешто, кога ќе се видиме секогаш било како да продолжуваме од каде што сме застанале. Додека други кои ги знам многу пократко, знаат повеќе за мене и што ми се дешава моментално. И знам дека тука ќе се помисли различни патишта yada yada, но сепак некако иронично ми е. Не барам на глава да стојат за мене или да одат out of their way, барам едноставна бесплатна поддршка. Нека звучам petty, но така се осеќам.
Тој намќориштето наскоро ќе оди во др. департмент... Доволно стекнав искуство и стаж да си работам самостојно на одредени проекти. Главните сепак ќе ги делам со шефицата и заедно реферираме на главниот.
Колку се тргнеш настрана од МКД фирми, толку поубаво. И да е странска фирма, ако менаџментот е наш.... Run!
Топ си е фирмата и раб.по струка и платежно и локациски ми е се погодено. Еден беше само проблематичен