Не идеш више кај психолог? Ти треба стварно асална поддршка и помош, мислам не те насочуваат правилно, затоа и вака ти е.
Интересно како додека бев на одмор, се опуштив тотално, си ја пронајдов целта, почнав да излагам и да се дружам, бев во сегашниот момент, тегнав на работа и оооп како друг човек да станав, но во негативна смисла. Работата ме исполнува, но сакам да сум на друга позиција... размислував како ништо не е случајно, колку е животот убав и се е со причина, дека секое искуство треба да го доживееме со полно срце, како и секој човек околу нас. Заклучив дека треба да служиме, да имаме јасна цел која ќе не води... Да не живееме во иднината ичи во минаторо, туку да сме присутни баш во моментот. Верник сум, одам во црква и живеам според некои одредени правила, но сфатив дека сум повеќе на зборови, отколку на дела и дека нема Бог да ме казни ако не сум совршен и грешен, туку дека животот е пар преку кој учиме, а во тпј пат и процес треба да уживаме бидејќи нема да се врати времето. И така, во тие 10 дена, си го пронајдов идентитетот и смислата, благодарен за се што имам и немам, но само што тргнав на работа како нешто да ме гуши и сето тоа ми паѓа во вода... А и имам некој конфликт Вера, Религија,Бог.... и такаа.... Ме нервира што е сето ова толку променливо кај мене. Не можам да лоцирам што ме ослободи во тое 10 дена, а што ме угуши потоа...
Ова што го опишуваш е психичко насилство и никој не заслужува таков третман. Мислам дека би било добро да поразговараш со психолог, особено штом ситуацијата толку психички те исцрпува. Имаш ли некој близок со кого можеш отворено да разговараш, некој што ќе те разбере и ќе биде тука за тебе? Важно е да имаш поддршка и да не поминуваш низ сето ова сама.
Пред да заминам на одмор никој да ми рече ај убав престој, а се прибрав сите каде беше? На Марс ебате некултурните.
Абе какво кажување, ти се оди некаде - одиш за своја душа. Мани ги, не давај да ти расипат расположение!
Не ми расипаа, напротив си се изнауживав. Него ги заинтригира кај сум била дека блескав нормално како секој по убав одмор. Небитни персони што сами си придаваат значење што го немаат, такви ни ме нервираар ништо, но ете сакав да си олеснам душа и споделам какви идиоти во работна средина имам.
Здраво. Имам едно прашање до вас, дали некој до сега се соочил со тоа премногу да се поврзува со некои луѓе, да мисли дека ќе му се случи нешто лошо, ако тој човек не е со него, животот да му зависи од таа личност и неговото присуство и планови. Ова ми се случува веќе со години и свесна сум за тоа дека е така, ама некако не можам да се борам против тоа. Со предходните двајца партнери бев во врска, иако знаев дека не гледам иднина со нив, само поради тоа што мислев дека ќе ми се случи нешто, ако не се со мене. Сега повторно ми се случува истото, се чувстувавам како да сум опседната, ако не ми врати на порака одма или не ми се јави, одма ме фаќа паника, мислам дека ќе умрам, исто не сакам да излегувам со други луѓе, само со него, сакам цело време да е со мене и така се чувствувам безбедна, иако вака свесно кога ќе си размислувам не би сакала да сум со некој 24/7 нормално. Не знам како да го надминам ова се трудам цело време, некогаш ќе успеам да се смирам, некогаш не, ова ми претставува голем проблем во животов, се чувствувам како да не можам да мрднам напред од местово каде што сум заглавена со години.
Со партнерот секако дека треба да се чувствуваш безбедно, но е малку проблематично да ти е синоним за целосна безбедност, веќе до граница каде ги заменува другите. Како социјално битие секако дека ти се потребни и други релации со луѓе (без разлика дали тоа се другарки, роднини, колешки, итн.). Треба да се навикнеш на тоа дека нема секогаш да добиваш порака, веднаш, во овој момент. Од било кого. Не е здраво за тебе да ти зависи менталното здравје од една порака. Освен континуирана работа со психолог, друго не гледам како советите би ти помогнале.. @Catz