Јас сум ИЗБУВЛИВА личност. (со големи букви оти е важно да е потенцирано) Значи избувлива личност значи дека бурно реагирам на ситуации и плескам в лице работи, некогаш и стварно знам да претерам во смисла да кажам нешта што не ги мислам и не би ги кажала нормално. Плус сум и многу директна и искрена. Често тоа знае да биде нападно. И сум свесна за тоа, и искрено многу се имам променето и потрудено кога ќе ја кажувам вистината да пазам со каков тон и какви реченици ја кажувам.Јас сум за давање конструктивен совет на другарките не за тапкање по рамо онака само колку да се речи. И ме нервира, шо овие мои неколку карактеристики луѓето често ги толкуваат поинаку. Јас сум била злобна, јас сум била клета, нервозна, негативна.. Алооооооооо.... Избувлива. Се дерам- да. Кажвам то шо мислам- да. И по 5 минути врви. Мислам злобна и клета се други одлики. На друго ниво. Никогаш не би му посакала лошо на некој или за инает не би го нервирала или кога му е тешко не би му дотурала сол на рана. Баш напротив ако се грижам за некој, ако ми е битен некој- ќе ја добие најсуровата вистина! И ќе се нервирам ако прави глупости и ќе му кажам еј свести се. А ако не постапувам вака кон некој значи тотално не ми е гајле за неговото присуство. Ај ем сик оф ју џаџи пипл. Фак оф.
Имам еден брат. Се на родителите наши ќе е негово. Татко ми смета дека до 25 години морам да се омажам. А неговиот збор е закон, тој се знае, тој е секогаш во право. А пак брат ми толку е злобен и себичен што за 10 денари ќе се истепа. Да не се родителите живи брат ми ќе ме избркаше од дома. Дечко немам, а ниту едно машко не сака да е со мене. Може се ова е смешно ама, притисоците од страната на татко ми за мажење, злобата на брат ми и тоа што сум сама толку тешко ми паѓа. И плус брат ми ми се смее во лице, станов и куќата се мои, тато ќе ми купи кола, јас ништо нема да работам, а ти да видам до кај ќе стигнеш. Се ми се насобра.
Ф'стаци ке јаде он, нема да работи ништо.Ако му ги прокоцка татко ти парите, џабе му е.Ти колку години си? Абе ајде не му се замарај како не те сака никој.Ќе си најдеш некој, што ќе те засака.Аман бе што толку му пречиш на брат ти недозреаниот
Ајде да си кажам доста молчев. Вакви работи не можам да заборавам дури и да сакам. Ден денес ме гризе совест што ја нападнав Винтер лејди пред некој месец, онака банално, без никаква причина. Не ја знам лично, ни тогаш не ја знаев ама потоа тука видов дека е девојка на место и ми паѓа уште повеќе криво. Додуша и да не беше таа во тој момент ќе го истурев пиперот на некој друг, ваљда периодот ми бил таков, не знам. Ама и тоа не е оправдување. Јавно и се извинувам, се надевам ќе ми прости.
Во која тема ? Не паметам јас како ме нападна .Не сум се контрала скоро со никој, добро ретко па не знам.Дужна на некој ретко останувам, да му вратам и јас со контра напад, ама изгледа сум имала поважна работа во моментот, или ме мрзело да пишувам.Да не има друга Винтерка, освен мене ??? Уживај драга, само насочи ме за што станува збор.Не му се замарај многу, поточно штом не паметам, ми немаш згрешено.Иако јас и од една навреда знам да го замразам човек.Ама ете не било никаква грешка, биди без гајле.Извинено, простено нека е и од мене и од Бог. Поздрав голем до тебе штом така јавно ми се извини.
Не памтиш оти не беше крива воопшто, баш си беше искулирана, а јас напнав таму за глупости банални работи, има 2-3 месеци. Ама ете ден денес ме јаде совест... Тоа е, морав да се искажам кога тогаш. Ти благодарам
Кога видов ми падна криво малку, ама гледам дека дужна не сум ти останала .Нема потреба да те гризе совест, се случува сите имаме такви денови, јас бев заборавила, мило ми е што ти текна.Исто како ништо да не било.
@Трендафилка :) каде е мајка ти во приказната мила? Колку години си? Зошто вака се испоценуваш себеси? Верувам дека си мала и сеуште несозреана, твојот татко и брат воопшто не ги оправдувам со нивните постапки но мила немој да се затвораш и вака да се испоценуваш себеси, разговарај со некоја личност мајка, тетка, баба (некој повозрасен) и кажи и го сето ова, отвори се некому и кажи ги своите маки и чуства ние овде за жал не можеме ништо да превземеме за да ти помогнеме ама верувам дека постои друга личност од твоето семејство која може. Не ја оставај вака ситуацијата, верувам дека си испоценета и навредена, постои секаков родител и во тоа сум сигурна, но мила ти треба да се бориш за себе и својата иднина, само ти и никој друг. Сите успеале да изградат нешто верувам дека и ти ќе успееш.
Татко ми не е лош човек, и не дека не ме сака, сепак негово дете сум, ама ете има такви сфаќања. Мајка ми, има здраствени проблеми, а и премногу е растргната со обврски па не сакам да и створам дополнителни грижи. А брат ми е многу злобен, не знам на кој се метнал. И многу е разгален, нели машко е. Да, се уште сум мала и несозреана, се надевам дека ќе се поправам. Ама го допрев дното. Се карам со секој, психички многу попуштив, школово го запустив, сите врски што ги имав ги расипав. И со другарките раскрстив и со дечкото. Сега при крај со средново сум ама изгубив воља за се, па макар и да знам. Секоја вечер легнувам со плачење и страв кај ќе завршам. Ја изгубив сета верба и во себе и во животов и во се. Се обидов да разговарам со баба ми, демек најблиска ми беше и не сакаше ни да ме сослуша, демек јас немам ни маж ни деца што проблеми имам. И кај неа не одам веќе иако порано секој викенд одев.....
А зошто сметаш дека си сама оставена на улица? Ете и самата си кажа дека татко ти те сака, мајка ти имала обврски велиш? Но не си свесна дека приоритетната обврска на мајка ти си ти, да така не глуми нешто што не си пред нив и не се докрајчувај, седни ги и разговарај, кажи му и на татко ти на убав начин и смирен како се чуствуваш и на мајка ти јас сум сигурна дека ќе те ислушаат и помогнат. И ти самата треба да проработиш на себе, најверојатно и ти поседуваш некои манири кои што и не се баш пријатни за околината штом немаш никој и си раскрстила со секој, не знам може имаш маана и проблем и треба да се поправиш.
Ova isto kako jas da sum go pisuvala.tocno se od zbor do zbor.E takva sum i jas IZBUVLIVA za se boga mi,nepravdini,vistini,realnost...
Во ПМС да не си? Сите така нешто слично си размислуваме кога сме во пмс, ама после сепак ќе се смириш Ќе најдеш и работа, и дечко и се ќе се среди. Мисли позитивно и превземи што е во твоја моќ, за да промениш нешто. Не знам колкава си, ако си полнолетна (без разлика дали студираш или не) пробај да најдеш работа по кафичи, бутици, или фризерски салони...види низ трговски може да начекаш огласи, или ако си во можност запиши се на фитнес/јога/пилатес/аеробик за да ја трошиш енергијата, инаку ништо не правиш ако седиш, палчеш и си се самосожалуваш. Или кај краева (ако си студент) фокусирај се на учење, и труди се да бидеш поблиска со повеќе колеги.
Еве и јас Тоа што мене ме нервира е фактот што забележав дека сум станала малку љубоморна, поточно кажано не сакам кога некоја од моите блиски другарки е подобра од мене во нешто. Јас обично не љубоморам (колку и да звучи сега контрадикторно), ама кога станува збор за работи што и мене ме интересираат или ми значат, тогаш сфаќам дека не ми е сеедно, но сепак не правам ништо за да го покажам тоа, напротив гледам на убавата страна и покажувам дека мило ми е за пријателките. Конкретно се нервирам за работи во кои моите другарки се подобри од мене, а тие работи за привлечни кај мажите. Овој проблем го сфатив баш пред некој ден кога си замислував како јас, дечко ми, другарка и нејзин дечко одиме заедно на одмор и како таа има боље тело од моето. Е тогаш се напнав и почнав да правам планови како да ослабнам до тогаш, кога и каде да се запишам на аеробик... И оддеднаш се сецнав и онака си викам што ми е?! Едноставно не ми се допаѓа фактот што на некој начин некоја од моите другарки може да се покаже во боље светло пред дечко отколку што јас можам. И всушност не се работи само за дечко ми (иако тоа најмногу). Заклучив дека сум малце сум станала seeking attention (ама не whore хаха, и не она патетично со слики и лајкови на фб и инста) и луѓе ме нервира тоа!! Не знам како се променив вака, знам дека не е некој сериозен проблем, но сепак е проблем што малку произлегува и од мојата не толку голема самодоверба (повеќе тоа отколку мојот карактер) и е секако проблем кој лесно може да се реши сега кога веќе станав свесна за тоа. Дополнително на ова еве, порано се дружев со едно девојче што беше многу убаво. Бевме супер другарки и после тоа се испокаравме за глупости, и јас не се потрудив нешто ептен да се смирам со неа, делумно заради глупостите, и мал дел заради тоа што ми сметаше како секогаш кога ќе запознаевме некои типци се гледаше дека ептен ја имаат намерачено неа (јас се осеќав како девојката на која ќе и се пуштат доколку не успеат кај нејзината другарка), и ми сметаше тоа што другарите на мојот тогашен дечко секогаш коментираа колку е убава и секогаш го замислував моментот кај што дечко ми ја смета за поубава од мене и тоа ме растажуваше. Сега не ми е криво што не се дружам со неа зашто ќе кажам пак, се десија глупости и главно заради тоа не се дружиме, ама не сакам истиот проблем со љубомората да ми е проблем и со овие другарки сега зашто стварно ми значат. Напишав реферат леле, кој го прочита фала му многу
Нема зошто, ни беше задоволство да прочитаме а и да ти дадеме совет кој што ке го ублажи ефектот од твојата повремена љубомора. Еве јас како машко ке ти кажам дека ти всушност треба да направиш нешто за да ја направиш твојата фигура по атрактивна од таа на другите жени. Напраи да се заљуби он у тебе. И тогаш ти аутоматски си најзгодната во неговите очи и ке нема очи он што зјапаат по "страни тела".
Бев весела личност,незнам зошто сега се чувствувам осамено,тажна,некако ништо не ме исполнува повеќе негативна енергија имам..тешко ми е на душава ...и тоа подолг период
@Freya123 Никој не може да ти помогне за твојата психичка состојба и љубомората освен ти самата да проработиш на тебе. Треба да се потрудиш да гледаш да не се замараш многу многу со другите наоколу тебе кој што правел, какво тело имал, пто работел, што студирал, како живеел општо, наместо да се замараш за туѓите успеси почни да пробаш да се замараш за себе си што ти си направила во животот и што треба да направиш, за твоите желби и сништа. Тука ти лежи проблемот на тебе што го береш туѓото гајле а не сопственото.
Доколку има некоја Феминка што би сакала да ми даде свое мислење- совет, ја замолувам да ми пише во ЛП..
Се наоѓам во тешка измешана ситуација,после долга врска бев слободна 8\9месеца..Запознавав многу личности кои некои ми променија и измешаа чуствата.Запознав девојка повозрасна од мене ,која разменив фб со нејзе,разменивме некакви коментари околу темата за некакви искуства со девојки..Досега сум имала само едно мување со девојка..А таа веќе имала и врски со повеќе..Со личноста сме далеку од околностите..Карактено премногу ми се допаѓа,но и на изглед е преубава (барем за мене)..На почеток незнаев што осеќам спрема нејзе бидејќи ни самата незнаев,прва дешавка така после долга врска..Но сега можам да кажам дека воопшто не сакам да ја изгубам..Таа знае за моите чуства кон нејзе,ми има кажано дека и јас нејзе и сум карактерно потребна,дека ако бевме во близина со околностите ке и бев девојка..Ми рече дека сака девојка која знае искрено да сака како јас..Но поради далечината која не деле..Во можност сме само да комуницираме преку фб скајп и тел..Опсесија ми е,многу ми значе,премногу ја сакам,со мене споделува работи кои има доверба,исто и јас и имам кажано дека во училиште се гибаме со една школска која и таа некако ме заведува,ама тоа е минлива емоција...Незнам како вака наеднаш се промени нешто во мене,но не жалам што го чуствувам ова за нејзе,бидејќи од срце е,не е од корист..Некогаш се гушам од премногу гибања кои ми ги прават други девојки и главата ми е измешана,а јас емоционално сум насочена кон ова...Немам на кого да се искажам околу ова,освен таа што знае..И неможам да се помирам со фактот дека овие работи се неприфатливи,а и кога ќе подразмислам околу годините кои ги имам,на кој и да му кажам ќе помисле дека е лудост во тинејџерски години.А и од една страна ми е убаво кога се задоволува со други девојки но од друга страна ми е тешко,бидејќи моментално излегува со девојка од мојата околина,а и да речеме ми е врсничка..Тешко ми паѓа кога ке помислам дека таа има среќа да ја осете нејзината прегратка а не мојата ...Сега барем ми е по лесно
Само едно ке ти кажам знам дека не е лесно,те разбирам потполно верувај и знам како е но не се откажувај продолжи понатака сонце а пред се имај голема верба во себе и не губи надеж никако, затоа што јас сум сигурна во тоа дека ке успееш и дека ке си најдеш убава работа.Запамти две работи ТИ МОЖЕШ И КЕ УСПЕЕШ.
Фала ти за одговорот Витамина, меѓутоа јас немам проблем со замарање за туѓото, тоа „туѓо“ што јас го спомнав горе се однесува за моите најблиски пријатели, поради што и не е така туѓо хаха. Мислам дека ме имаш малку погрешно сфатено. Јас се грижам и обрнувам доволно внимание за себе и правам доволно работи во животот кога станува збор за моите желби и сништа. Ми се случија многу убави работи во 2015 за кои дури и други би ми завидувале, и јас сум многу благодарна за сите тие убави работи. Мојот проблем се однесуваше повеќе на мојата љубомора и на тоа малку детско однесување дека јас морам да бидам најдобра во се што мене ми значи, а тоа нели не е секогаш возможно зашто секогаш ќе постои некој боље во тоа од нас. Тука имам малку проблем и со љубовните проблеми од минатото, мојот бивши некако успеваше на моменти да направи да се осеќам под некои рандом другарки, помалку вредна од нив и помалку привлечна, што мене тогаш тоа многу ме повреди. Сега некако од страв пак да не се повтори тоа се трудам да не се најдам во таква ситуација пак, па затоа сум и малку повеќе љубоморна од вообичаеното. Во секој случај, фала ти што одвои време за да ми одговориш. Фала ти и на тебе @oblando