Форумџика на годината

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Пред 3 години на моето работно место се запознав со една колешка, полека полека се спријателивме. Скоро секој ден одевме на кафе или лутавме по бутици, иако се гледавме на работа. Во најтешките моменти од мојот живот таа беше со мене, и таа исто имаше криза јас бев тука. Се си кажувавме.
    Накратко, бевме блиски.
    Но таа доби ново работно место и се се смени. Иако постојат реални шанси да одиме на кафе, да се слушаме на телефон, работните термини повторно ни се исти, таа секогаш наоѓа изговори...

    Пред извесен период и спомнав, “ме заборави, нели договорот беше 3-4 пати недело на кафе, а ние 3 пати во месец ако излезиме е премија“ и нормално, имаше лигави изговори....

    Да се разбериме, не сум опсесивна, но едноставно си помислувам колку брзо луѓето се менувале и колку брзо забораваат пријателства и убави моменти.
    Можеби па биле за мене убави, незнам :(
     
    На Petar80, crazylady и Janina им се допаѓа ова.
  2. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.347
    Премногу станав плашлива. Опкружeна сум со 1000 примери каде луѓево се изневеруваат, било во брак или во врска и очекувам во секој момент дека и тоа мене ќе ми се случи. Тажно е бидејќи имам долгогодишна врска во која имаме доста вложено со дечко ми кој е прекрасен и ни во еден момент не ми дал повод да се сомневам во него. А јас низ муабет често ќе му спомнам као демек пази да не разберам нешто за тебе, изигравам некоја љубоморна тинејџерка не знам што ми е стварно... И дечко ми се нервира нормално.

    Е сега прашањето ми е како да се приберам? Да се воздржувам? Немам повод да го обвинувам него, а од многу примери околу мене ме тера нешто од внатре да помислам дека и тој може да ми го направи тоа.
     
  3. Трендафилка :)

    Трендафилка :) Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    23
    Не можам повеќе да издржам. Ако продолжи ова вака не на психијатар туку во лудница ќе завршам.
    Последнава случка е капак на се. Вчера кога си легнував да спијам дојде брат ми кај мене во соба, почна да ми се смее во лице и да ме исмејува. Почна да зборува дека сум дебела, грда и глупава, дека јас немам дечко баш поради тоа.Дури и ме плукна во лице. А сега дојде кај мене во соба да ме гушнел дека многу ме сакал демек. Му кажав да излезе не сакаше. И почнав да се дерам. Нормално татко ми ме слуша и се разбуди. Дојде и ми рече дека моево понашање веќе не може да го трпи. Ете пак јас крива како и секогаш. Епа не можам веќе.
    Веќе некое време размислувам и донесов одлука штом завршам средно и ќе си одам од дома. Ќе работам било што, и чистачка ако треба, ќе преживеам, ама вака веќе не можам, ако продолжи вака, лудница не ми бега.
     
  4. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    Понекогаш немам сили,немам сила ни да станам да јадам,некогаш се осеќам ко да сум му терет на сите!
    Сакам то чувство да го снема да исчезни !!!
    Сакам да имам поголема самодоверба !!!
     
    На sikica7 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.755
    Допаѓања:
    14.480
    Пол:
    Женски
    Факултетов ме направи најнесреќната личност. Толку се чувствувам неисполнето, бесполезно и депресивно. Од една среќна, исполнета, амбициозна девојка, станав најлошата верзија на себе. Го влечам факултетот со години и не знам зошто и како не направив ништо до сега околу него. Се обвинувам што на време не се префрлив, што не бев силна да направам некој храбар чекор и да сменам нешто. Тотално пропаѓам... Чувствувам огромна вина и должност спрема моите. Навистина, финансиски не сум им воопшто терет, но убива грижата на совест. Имам толкава грижа на совест што не можат да се пофалат или израдуваат на мој успех, што не можам да ги направам горди родители. А уште повеќе поради тоа што ми е СЕ овозможено и дадено во животот. Овој товар тотално ме промени... Почнав толку да се идентификувам со мојот неуспех на факултет, што само на тоа сум сконцентрирана.
    Од друга страна е целата саботажа што сама си ја приредувам. Едноставно не можам да учам. Седам со денови и недели сама со книгите во соба. Штом почнувам да читам ме фаќа таква анксиозност што мислам дека полудувам... Ова посебно е ми се случува кога почнувам да го учам некој предмет кон кој имам одбивност или долго време не можам да го положам.
    Се срамам и се мразам себе си затоа што само тапкам во место...
    Поради се ова, одредени мои здравствени проблеми (или подобро да кажам состојби) кои ми беа до одреден степен надминати, се влошија доста, па сега одам на терапии кои што одамна ги поминав и на кои не требаше да се враќам.
    Не знам дали некој ќе го прочита километарскиов пост, а не знам ни дали има нешто да се искоментира. Едноставно, имав огромна потреба да се искажам...
     
    На Deemy, presiosaP, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.405
    Допаѓања:
    126.850
    И мене колешката која ми е како сестра за брзо ќе ми замине од на раб.уште од сега ми недостига и без неа не ми се ни оди на работа каде сум 8 часа.Ветивме дека ќе се гледаме ама ете ова ме плаши..дека секој ќе тргне по свој пат.
     
    На jasmina00 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.368
    Пол:
    Женски

    Го прочитав.
    Мислам дека не е толку голем проблем што не ти е ќеф да го учиш тоа, него што не можеш да се фатиш за една работа и асално до крај да ја истераш.
    Тоа што не ти е интересно , не ти е мерак те разбирам .... Ама веќе штом си останала на факултетот , доврши го.
    Еве, гледам те боли тоа што се идентификуваш со неуспех, па нека ти биде нм мотивација тоа што ќе направиш многу луѓе околу тебе среќни. Ова го зборувам затоа што сметам дека тебе не ти е по мерак, ама за некако да се најде чаре што се вика, најди некоја инспирација. Не е дека си мрзеливо, не си инспирирана.
    Книга е , седни научи отиди положи.

    @Трендафилка :), а татко ти има ли појма за тоа што ти го прави брат ти ?
     
  8. stefani25

    stefani25 Нов член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Te vetruvam i jas sum istata. Imam zavrseno praven fakultet predagoski fakultet i sedam doma. Soprugot rab privatno za 12000 denari od koi sto pobrzo :(
    se custvuvam mn beskorisna bidejki znaete Kicevo e mn mal grad i mn tesko e za naoganje na rabota bilo kakva.
    Znam kakvo e custvoto da cekas nekoj 50 denari da ti dade
     
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.600
    Пол:
    Женски
    Јасмина, нит прва си нит последна со ваков проблем.
    Совршено те разбирам дека на човек тешко му е кога ќе се зближи со некого и наеднаш сето тоа ќе избледи и извештачи.

    Едноставно треба да сватиш дека луѓето не се менуваат, ако некој треба да се смени лично за себе и својата среќа си ти самата.
    Од друга страна не можеш да знаеш како му е на човека одвнатре, што преживува и каков живот живее, едноставно постојат такви карактери кој што не ги интересира многу за другите едноставно се имдиферентни и безчуствителни, гледиштата не им се на иста брановита должина како твоите и тоа е тоа.
    Сите сваќаме дека секој човек си има сопствени проблеми и преокупации во животот, јас жената ја сваќам потполно што не можете да се гледате по 4 пати неделно, тоа е нормално за денешницава бидејки секој си има свои обврски, но делот каде што тврдиш дека пријателката се одалечила и не те бара повеќе тоа и баш не го сваќам.
    Најверојатно или се работи за некаков настанат проблем помеѓу вас две или едноставно жената де оддалечила од тебе дали бидејки не и годи дружбата, дали бидејки нешто замерила или пак едноставно има обврски.

    Тоа што сакам да ти го кажам во случајот е дека, никогаш не се приврзувај длабоко и искрено спрема одредена особа и секогаш земај со резерва било што, гледај си за себе и својот живот тоа и треба да ти биде преокупација пред се па потоа дружбата. Фер не фер во животот нема и не постои, научи се и свати дека едноставно луѓето се такви какви што се а ти нема потреба да се нервираш и да ги мислиш многу многу за што и како.
    Едноставно откажи се од нејзе на начин кој што таа го направила тоа, може и ќе се свести а може и нема бидејки така и одгварало нејзе но важното кое што треба да го имаш на ум е да си гледаш за себе и својот праг.
     
    На jasmina00 и crazylady им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.600
    Пол:
    Женски
    Ти сама ако не си помогнеш да проработип на својата психа нема кој друг.
    Обиди се да го потиснеш и совладаш стравот, најверојатно ти е само еден бош период бидејки немаш попаметни обврски за кои да размислуваш и да се фокусираш.
    Пронајди си работа, занимација, излегувај и скрени мисли ќе ти биде подобро, а пред се разговарај и отвори се пред партнерот.
    Мораш да се совладаш бидејки и самата си свесна дека од ништо ќе направиш нешто за коешто отпосле ќе се каеш.
    Што не му објасниш на татко ти дека брат ти те навредува и психички малтретира. Не се сеќавам на твојот проблем конкретно но, не треба да молчиш никогаш. Кажи си што имаш и објасни се, разговарај и со мајка ти и објасни и како се чуствуваш.
    Едноставно промени однос и научи се да зборуваш.
    Ќе биде подобро ќе видиш.
     
    На Feodora, Трендафилка :) и Ginger^ им се допаѓа ова.
  11. Трендафилка :)

    Трендафилка :) Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    23

    Реалноста не е ниту серија ниту филм.
    Брат ми е татина маза, секогаш го подржува.
    А со татко ми не се ни збори, сум пробала милион пати, џабе, не сака ни да ме сослуша.
    Јас те сфаќам што сакаш да кажеш, ама да му зборувам на куче повеќе ќе ме сослуша и разбере отколку на моиве.
    Како што кажав, освен да си одам од дома друго чаре нема.
     
  12. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.368
    Пол:
    Женски
    ^
    Сизифовски обид е да се спротивставиш на поразличното, ама ако тоа те прави мирна и посреќна тогаш нема што да се разговара за таа полемика.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Трендафилка :)

    Трендафилка :) Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    23
    Не те сфатив што сакаш да кажеш?!
     
  14. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.368
    Пол:
    Женски
    Ако сметаш дека е правилно и можеш да се одделиш од твоите, тогаш направи го тоа
    . Без притоа да се колебаш. Одлуката е голема, но не значи дека не е правилна.
    Се разбравме ли сега ?
     
    На Трендафилка :) му/ѝ се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Јас ова морам некаде да го кажам.
    Се сеќавам како бев мала и безгрижна кога наеднаш во мене нешто светна. Го изгубив слухот и трчањето по клиники и комшии беа моите втор дом на детство. Не дека имав тешко детство, ама тогаш почнаа голготите, гледањата од страна, двоењата, околината итн. И секој ден имав своја десна рака - надежта. Секој ден со нова помисла за подобро утре. После 16 години буткање и слично, денес се навратив на тоа колку ми е тешко и болно уште. На човек слаба точка да му најдеш нема да го повредиш толку. И пак уште во мене е надежта која ме следи, се ќе биде во ред се зборовите кои ми одекнуваат во глава.
    Што се не поминав, што се не се изнаслушав, што се не доживеав тоа никому не му го посакувам, денес прв пат се сетив кога седнав на столчето во глува соба, каде ми ставаа слушалки и ми пуштаа музика. Се сеќавам како си фантазирав во себе кога тука би можела да си донесам кукли и да си играм, што би закачила на тие копчиња како би ја средила, денес по незнам кој пат аудиограм на 26 години таа соба ми е одвратна, не ми е интересно,сфаќам каде сум и сметам не заслужувам да сум тука, околу мене милион ведри доктори со тапшање по рамо, со штипкање во образ, со правење на будала. Не видов еден реален доктор да ме седне да ми ја плесне вистината во лице, да ме удри, да ме ојакне посилно и посилно, за да сфатам тоа е што ми е доживотно.
    Незнаете како е кога гледате во една соба, се чувствувате како да стее заробеник во нешто на кое не припаѓате. 16 години се тешам дека сум можела да завршила полошо, ама денес не се утешив со ништо. Одекна во мене чувство дека е тешко и болно, дека имам огромна желба да го фрлам и слушнам, не памтам колку солзи пролеав или сум посакала нешто поголемо од ова.
    Не сакам никој да ме сожалува и да ме повредува, ја сакам вистината, да прифатам тоа што сум. И тешко е да прифатиш вистината да, но тоа те зацрвстува повеќе од кога било да е.
     
    На rose60, vitamina, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.755
    Допаѓања:
    14.480
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советот. Точно е дека не ги терам до крај работите, и да почнам убаво, при крајот губам мотивација и се повлекувам.
    Денес ми се собра и пмс и еден доста емотивен разговор со мајка ми и разговор со еден професор на факултет и едноставно ми требаше да се испразнам.
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Трендафилка :)

    Трендафилка :) Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    23

    Сега го видов прашањево. Да знае и го подржува, за нив јас сум грда и глупава.
     
  18. Janina

    Janina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Точно е дека во животот треба да се очекува бидејќи незнаеш секој нов ден што ќе ти донесе.Ја разбирам твојата загриженост околу ова,но кога веќе и самата кажа дека нема повод за да се сомневаш во дечкоти,нема потреба од толку грижи..Ако случајно некој + ти ја полни главата со глупости,едноставно некои не ти мислат добро - љубоморни се,игнорирај се додека ти самата не дознаеш или не видеш со свои очи..Опушти се и уживај во годините,и моментите што ги поминуваш со саканиот.Вака ако продолжиш сама ќе го предадеш дечкоти на друга,бидејќи ќе свате дека немаш доверба во него и што фајде..:)
     
  19. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Ne
    Незнам дали ќе бидам од помош, и дали веќе си пробала, ама еве да пишам. Пробај малку да се отргнеш од факултетот и мислите околу него, па подоцна а продолжиш одново со нови сили и гледишта. Некој мал период. Ако можеш отиди на село една недела, почни си некое хоби, нешто што сакаш (јас на пример почнав со планинарење пред 4 год.). И после, кога ќе ги заборавиш досадните книги, објави им војна и за инает заврши.
     
    На Avery и Janina им се допаѓа ова.
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.755
    Допаѓања:
    14.480
    Пол:
    Женски
    Фала ти, супер идеја. Иако сега не сум во можност, штом можам би го применила советот.