Ти благодарам Спомна дека планинариш, па ти посакувам многу искачени планински и животни врвови! Поздрав
Авери ако навистина си дошла до степен да се чуствуваш анкциозно и депресивно поради животот и студиите кои што ги водиш пробај да разговараш со родителите на овој начин како што и опиша овде, јас по опишаното верувам дека ќе те разберат. Како за почеток би можела да се обидеш да ставиш мала пауза од студиите и да се одмориш од тој живот, едноставно да смениш средина, опкружување, материјал и соживот со факултетот. Собери сили и пробај да се фокусираш на своја радост на работи кои што те исполнуваат. Па ако веќе си и при сам крај на доточните студии повторно наврати се кога ќе се почуствуваш подобро да довршиш. Човек со тек на време како расте и созрева најнормално дека се менува сам по себе, за вкусовите, за желбите, за гледиштата, за ставовите и за активностите и струките, тоа е сосема нормално. Но не си нити прва нити единствена со ваков став и ваква огорченост, може си згрешила од самиот почеток и си била притисната на некој начин во години каде што не си била доволно созреана за да знаеш всушност што сакаш и во што уживаш, си згрешила и денес си се распознала себе си и своите желби и гледишта, тоа е сосема нормално и во ред и не треба да се обвинуваш себе си, секој жив човек греши а со грешките се учи и созрева, грешките се животни лекции за оформување на една личност со цврсти ставови. Стави си пауза, стопирај се и олабави се, разговарај со твоите и обиди се да пронајдеш некој компромис и решение за ситуацијава во која што се наоѓаш, верувај дека колку и да ти изгледа сето ова нерешливо за се има решение и излез. Отпосле би можела со чиста глава да се вратиш и да се потрудиш, да пробаш да ја пронајдеш и да погледнеш ситуацијава и факултетот од подоброто светло за твојата иднина, не го барај само лошото пробај и доброто да го пронајдеш понекогаш во ваквите ситуации и со малку труд и пот верувам дека ќе успееш. Крај краева и после се и кога ќе заврши целиот овој проблем и период животот не згаснува а и не знаеш каде ќе те однесе никогаш, би можела да се потрудиш да си ја пронајдеш среќата и исполнетоста некаде и на друго место и во друг сектор, труди се, обиди се и бори се. Никогаш не е доцна за ниту една работа.
Ти благодарам за советот. Точно е дека изборот на факултет ми беше наметнат во време кога не знаев што сакам. Но, кога воочив дека ме е прав избор за мене мислев дека ќе смогнам сили и ќе го истерам до крај. Разговарав со моите, и тие самите се свесни и гледаат што се случува со мене. Се надевам дека ќе најдам што побрзо излез од овој магепсан круг кој само ме полни со фрустрации. Најголем "виновник" за ова чуство на вина и депресија е што мислам дека сите во мене гледаат неуспех. Имам чувство на помала вредност. ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ШТО МИ ПИШАВТЕ ТУКА И ВО ПРИВАТНА ПОРАКА. НАВИСТИНА НЕ ОЧЕКУВАВ ТОЛКАВА ПОДДРШКА, МНОГУ МИ ПОМОГНАВТЕ ДА СЕ ОХРАБРАМ БАРЕМ МАЛКУ
Здраво Сакам да споделам со вас тежина што ми тежи на душава. Значи вака јас сум студентка и седам во стан со цимерки,со едната сум преблиска (барем јас ја сметам за блиска) бидејќи и лани седевме заедно. Како и лани и оваа година бевме договорени сите заедно да готвиме и да јадиме,е арно ама тоа важе само кога јас готвам а кога они си готват и прават само за нив а јас од вечерта сум ги прашувала што ќе јадиме(да не биде дека они врска немале) тоа се деси 3-4 пати првите неколку пати премолчив да не го нарушувам мирот за глупости,но последниот пат ја прели чашата и јас избувнав може не требаше така.Значи они си прават занив мене никаде ме нема што мене никогаш не ми се десило да правам за две а другата нека да не гледа. Не бев тип што за тоа може да се расправа реално ми се глупости ама се осеќам како да сум искористена некако.Плус имам и дополнителни проблеми со факсот што сум нервозна.Сакам само ваше мислење дали јас грешка сум постапила и треба да ја исправам, ми треба мислење од некој што не ме познава. Ви благодарам
Во случајов ти си крива, бидејки си им готвила на сите за да дојдат и да се најадат како човеци, тоа е всушност и човечноста, во иднина гледај да бидеш малку по нечовечна кон другарките за да не бидеш крива за доброто кое што им го правиш.
Значи не дека цело време само јас нешто има некогаш и они кога готват ама е ретко, и последниот пат направив само замене јадење и они ме прашаа му кажав и као демек еј само затебе ,занас не и му реков епа еднаш и ви изненадите ме мене со јадење еднаш и јас да јадам одвас ,и добив за возврат па и ти не немаш нас изненадено, само а погледнав и и реков јас ве немам изненадено ,кажи и реков кога последен пат јадење ти си направила и се налути ајде разбравме најадена си и толку, сеа лути се нели јас крива. Само ме интересираше дали јас погрешив што така направив ,фала ти на одговорот
Ja znaes taa starata "Cisti racun, duga ljubav". Zaradi zaemno pocituvanje najdobro e sekoj sam da si gotvi i da si jade sto mu se jade. Taka bi nemalo nikakvi kavgi.. Sto pomalku delenje toa odnosite se pocisti. Sekoj ne jade isto. Nekoj saka da zastedi ili ima drugi ukusi. Nekoj saka sekoj den spageti da vari, nekoj stekovi da jade. I ne e toa do nemanje pari, stedenje ili kako sakas kazi go, toa e do razni ukusi. Zatoa ne vi treba takvo zaednistvo. Gotvete si sekoj sami, nema da imate nedorazbiranja bare na taa tema. I ne samo za gotvenjeto isto so cistenjeto i ostanatite obvrski, zamena na alista, koristenje tugi sminki... Toa neznaci deka ne ste vo dobri odnosi, toa samo znaci deka si ja pocituvate privatnosta koja ima osobena vaznost koga se deli zaednicki pokriv.
Ни сме договорени ете сите заедно готвиме и се договараме , пошо сите се јадиме.Прашањето ми беше дали јас правилно постапив со тоа што го направив или не?
Добрите постапки на човек никогаш не се грешни..Јас во тебе не гледам кривица,освен тоа што си премолчувала повеќе пати.Кога гледаш како тие постапуваат со тебе,и ти така однесувајсе со нив..Зошто да се малтретираш да им правиш добро на сите кога тие не ти возвраќаат..Гледај да си ги средиш проблемите со факсот за себе прави си јадење..Знаеш како викат: Рани куче,да те лае..
Морам да го кажам ова на некој зошто имам голема грутка во душава и мислам дека ќе експлодирам. Причина за горенапишаново е тоа што не сум личност која се отвара често. Ќе ти кажам се што мислам во фаца, ќе ти дадам совет, ќе бидам искрена но штом дојде момент да зборам за себе, оп ме нема. Си ги собирам емоциите во себе и нема да зборам за нив ако нема некаква корист од тоа. Никогаш не ми било тешко да кажам „Те сакам“ на некој, не збориме за тоа. Не знам ни сама како да го објаснам ова. Ако има некој што ќе се пронајде во ситуацијава моја алал да му е. Во друштво ми е веќе скоро една година и ми се свиѓа. Ми се свиѓаше уште и пред да се запознаеме. Кога почнавме да искачаме како друштво се убедував сама себе дека штом ми стане другар оние другине емоции ќе ги снема и се ќе биде во ред. Најголема лага што сум си ја кажала на себеси. Никој не знае дека ми се свиѓа, дури ни најдобрите другарки, а и нема ни да дознаат додека не се случи нешто. А верувам дека ако чуството било заедничко, до сега ќе се случеше нешто. Цело време се надевам дека ќе се случи нешто, го пазам како се понаша, какви знаци дава и таман ќе се осетам посебна во еден момент, ќе си помислам дека со сите така се понаша и си ги гасам емоциите. Можеби стварно е така, а можеби тоа е само мојата потсвест која ми ја гаси надежта за да не завршам разочарана на крај. Затоа вчера одлучив да пробам да не давам толкаво значење на сево ова зошто баш тогаш кога најмалку очекувам, нешто убаво се случува.
@Idealista се додека не решиш дека треба да реагираш во животот и да се потрудиш за она кое што го сакаш и ти значи секогаш ќе се чуствуваш како што опиша во твојот пост. Не знам зошто се затвораш во себе, себе си и своите чуства, биди искрена, отворена и самоуверена, онаму каде што има некој и нешто што ти значи и срцето ти лупа реагирај за евентуалната твоја среќа и исполнестост. Се дур се откажуваш вака од работите и луѓето кој што ти значат никогаш нема да се почуствувам среќно, труди се и бори се, храбрите секогаш на некој начин успеваат во своите цели.
Не сум сигурна ама мислам дека станува збор за тебе, те имам читано во темата љубовни проблеми и секогаш тоа биле проблеми од типот што ако јас не сум девојка со црвена коса и тетоважи што ми е сон на секое машко, што ако ова, што ако она... Искрено и сурово мислам дека не си се променила наеднаж, туку одамна во тебе тлеат вакви работи и супер што си отворена и свесна дека треба да ги промениш. Звучи како клише ама мораш да работиш на себе, значи ако работиш и на желби и на соништа и ти завидуваат ти пак не си задоволна, значи мораш да работиш повеќе.И јас сум се дружела со многу убава девојка во тинејџерските години која беше и покомуникативна и отворена од мене и сега се дружам со убави, згодни девојчиња, мета на многу машки погледи и не се сметам за нешто подолу од нив.Едноставно имам самодоверба и сигурна сум дека и мене машки ме гледаат и забележувуваат затоа што се средувам, внимавам на себе и се сакам себе си. Поправи ме ако грешам, ама мислам дека ти си таа членка што спомнав погоре за љубовни проблеми, значи имам забележано дека тебе ти е многу важно што машките мислат за тебе и како те перцепираат.А не би требало, посебно не некои рандом дечки полупијани што ги сретнуваш по клубови, да анализираш зошто повеќе и се пуштаат на другарка ти.Значи ете таа може има некоја универзална убавина што на повеќе им се допаѓа и генетски е подобро градена од тебе.Едноставно соочи се со тоа дека постојат поубави и позгодни жени од тебе,кои не значи дека се лоши пријателки. Па ако толку сакаш да изгледаш уште по привлечно вежбај редовно, јади или земај протеини ова она, носи облека која ласка на твоето тело и ти ги истакнува облините на културен начин, нема ништо лошо во тоа.Шминкај се, гледај туториали, шминката прави чуда, ни јас не сметам дека имам некоја холивудска убавина, ама ми се допаѓа ефектот што го добивам со шминка.Не дека се срамам како изгледам без шминка, напротив се грижам и со соодветна препаратива за лицето. Кога еднаш ќе стекнеш самодоверба нема да биде исклучително важно дали оваа година си одела 10 месеци на фитнес 5 дена во неделата или дали тебе ти се пуштале повеќе од на другарката,едноставно ќе се сакаш себе си и нема да се замараш со такви работи, ама до тогаш-мора да се работи на себе.
Имам другарка која е иста како што си ти околу искажувањето.Секој карактер е различен и самата кажа дека не искажуваш нешто ако немаш корист од тоа..За тоа ич да не бериш гајле.Ако имаш потреба да си излесниш се шо ти леже на душа побарај ги оние кои се грижат за тебе,а еве го и форумот гледам делува доста.За дечкото што ти се свиѓа,подобро е да не очекуваш баш толку многу,за да не бидиш разочарана.Никој не знае што ќе ни донесе секој нов ден.Кога веќе ти дава некакви знаци тоа делува на позитивно,и доколку продолже да дава сеуште такви знаци значи му се допаѓаш но ќе треба и труд за да се оствари посакуваното,нели? Кулирај си ти,како е пишано така ќе биде. И не мисли секогаш негативно за себе,немора некоја мала работа да ти ги гасе емоциите..Треба и ти да се увериш со чуствата.
Овој период ми е најтежок. Се чувствувам камо никаде да не припаѓам. Последниов период многу се затворив и несакам за се да зборувам со пријателките иако секогаш сослушуваат, ама веќе мислам дека и нема потреба секогаш. На совет на една пријателка почнав да си пишувам за тоа што чувствувам. Незнам како да објаснам, сакам да ја отворам душата, но тивко, без глас и затоа го избрав листот хартија. Имам пишувано во друга тема колку од кога се омажив очекуваат од мене, не се реални,од сопругот немав поддршка. Сега горе доле, многу се подобри ситуацијата, бидејќи применив совети од добронамерни феминки. Само незнам како да си помогнам себеси и ова грдо чувство да го оттргнам. Никаде не се пронаоѓам. Тука кај мм, од кога почнав да имам поголемо достоинство и свој став, се лути седат и само се шушкаат. Кај моите, почината е мајками, а снаами и братми пробуваат да воведат некои нови закони, го потиснуваат таткоми и кога одам напната е атмосферата. Тие двајца само молчат, а јас наместо кога одам да се осеќам слободно, само се нервирам дека снаами за се нешто ако и зборне татко ми, таа се прави попаметна и као со презир го гледа. А тој како слугинка им е. Со мене е супер, се е добра, ама не е фер спрема таткоми, ама такви се дека таткоми нема многу финансии а тие двајцата се материјалисти. Незнам како да си пронајдам мир. Дома, немам, кај моите немам. Си велев дали е до мене, ама реализирајќи ги работите, воопшто немам кривица. Само сакам мир, разбирање, а го нема. Растена сум во хармонија, а сега воопшто ја нема, а сите ми се прават паметни дека кај нив имало секогаш слога, а кај нас карање. Како можат така да зборат, кога не ни знаат како сме живееле. Од сите слушале дека комшиите ни завидуваа колку сложни сме биле, а сега една снаа и некои паметњаковци дали од завост или незнам од што, да ми тврдат дека не е така, а поим нема, јас знам како убаво ми било, како пријателски сме функционирале со моите и за секоја работа поддршка сме имале. Дома, знаевме забава да си направиме, ора да си заиграме, сами правевме убави моменти, а се ни било дозволувано и за ништо не сме оскудувале. Ама татко ми молчи и дозволува да го газат, а и јас таква сум, а мајками да беше, сигурно многу подруго ќе беше. Како да најдам мир и спокој. Каде да барам кога го немам тамо кај што треба. Овде добра им бев додека молчев и цел товар на мене беше, се чекаа на мене. Сега сум малку посменета, иУфмам самопочит поголема, тие намрштени дремат и зборат службеноа нит се искарав нит ништо и само ме делат, се за другите има да се купи, а за мене демек заборавиле, а јас глупа досега се им подмирував од сметки до јадење, е тоа го нема сега малку по малку се повлеков о не им одговара па ќе се мрштиме. Уф, малку ми олеснува кога ќе напишам
Ми требаше да го слушнам ова од некој. Никој до сега ми нема кажано вакво нешто и штотуку сфатив дека сум кукавица и воопшто не се борам за она што го сакам зошто се плашам од одбивање. Фала ти, многу ми значи ова што го напиша. Ќе пробам да се подобрам и да преземам се во мои раце.
Не знам дали ќе ја доловам доволно ситуацијата, ама ќе пробам. Јас не се сметам за личност што има сериозни проблеми со самодовербата (колку контрадикторно и да звучи), само имам на моменти такви кризи (како во моментот кога го пишав тоа) и сум задоволна генерално со начинот на кој изгледам. Секако дека тоа може да се подобри, и работам на случајот и сигурна сум дека ќе ми помогне во поглед на ова. Ми се свиѓа овој твој коментар: „тебе ти е многу важно што машките мислат за тебе и како те перцепираат“, што малце го доживеав како шамар, но на позитивен начин од причина што јас секогаш сум им кажувала на другарки да не се замараат со тоа, себеси си го имам кажувано тоа, но твојот коментар ме освести дека уствари јас го правам тоа. Што докажува дека колку и да се сакам себеси во моментов, треба уште да поработам на тоа. Интересна забелешка, тенк ју. Понекогаш сум многу контрадикторна на себе, најверојатно зашто не дозволувам моите несигурности да излезат на површина, а длабоко во себе се таложат (едно правам, друго осеќам, така би му дошло), но вистина е дека дозволувам да се напињам за глупости долг период. Едноставно треба повеќе да се задржам на убавите работи, а помалку да обрнувам внимание на ситници, и свесна сум за тоа. И пак ќе кажам, верувам дека за ова малку придонесе и моето љубовно минато, но не гледам на ова како на причина што треба да ја користам како изговор секој пат. Така да, фала ти многу за твоите совети и забелешки! а и да, во право си моето мислење е тоа од другата тема што го спомна. Поздрав.
Не ми се верува какви луѓе постојат... нема вистински пријателства, се е корист само... Па на факултет, секој си гледа за себе, не постои никаква колегијалност, да им помогнеш може, но да ти помогнат никако. Полагам многу важен испит, сите други активности ги исполнив, освен еден дел. Молам, колам една „другарка“ да ми го објасне тоа, бидејќи го знае и (пази) ВЕТУВА дека ќе ми покаже, јас се надевам на неа, деновите поминуваат, одложува за утре, за задутре, разбирам еднаш болки, обврски... ама секој ден истото ? Доаѓа денот кога конечно се договараме да ми објасне, договараме ден, саат, место и само 1 час пред тоа ми пишува дека има обврски и ќе ми пише да дојдам веднаш штом ќе заврши.Помина еве цел ден, ниту трага, ниту глас, на фб и пишав, на моб. и вртев, но не... Ме избегнува цел ден, ви се верува? Таа си се уклучува на фб, си става слики на инстаграм, но не се јави ниту да ми рече извини, ми излезе нешто. ПРЕКУ ГЛАВА од вакви значи... јас пак ке научам и ќе положам, ама таа си го покажа вистинското лице. Ниту Ч од човечност...
Не чекај на неа, снајди се сама. Ти зборувам од искуство, помагав на сите што можев јас самата на факс првите години и после ми го свртеа грбот. Нема да ти помогне и не ја моли, седни прочитај сама неколку пати може ќе го разбереш материјалот. Такви се за жал сите, брзаат да дипломираат, да напреднат за да седат дома, да покажат колку се јаки. Ретко наоѓав некој паметен и човечен да помогне и сподели. Јас додуша до ден денес споделив со сите материјали, не станав себична и дволична како нив. Затоа не и обрнувај внимание, кога ќе ти побара помош не биди иста како неа дај и, помогни и, за да си лупа глава после самата.