Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Ketnis

    Ketnis Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Не, обично не разговарам за моите проблеми и се си чувам во себе затоа понекогаш ми е многу тешко и всушност сите мислат дека на мене се ми е совршено во животот и дека нема ниеден проблем а има но ајде. Да понекогаш се отварам пред другарките но ретко за разлика од нив, тие постојано се раскажуваат :^) :D
     
  2. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Интровертен тип сум,што значи не разгорам за моите проблеми ..добро ептен ретко, со дечко ми бидејќи ми е и најдобар другар..затоа што има многу сеирџии.Што би рекле не знаат нивните проблеми да си ги решат ама секогаш знаат што би направиле на твое место.
    Далеку е подобро да ги споделиш проблемите,се што ти лежи на душата ама ретки се тие на кои можеш да им се довериш без да ти се исмејат потоа..луѓето се злобни,тие твои несреќи се како храна за нивната душа и длабоко во нив мило им е ,а некои би ја злоупотребиле и твојата среќа или несреќа тоа јасно го увидов и никој не може да ми докаже дека не е така.
    Што помалце се знае тоа подобро, не само за проблемите и за убавите работи,има луѓе кои би ти ја растулиле среќата по секоја цена а не па друго.
    Мојот најдобар начин на олеснување е лист хартија за тоа како се осеќам и веднаш ми е подобро,еве и на форумов имам поголема слобода бидејќи никој не ме знае и секогаш добивам корисни совети :)
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Мојот проблем е што сум човек од доверба,односно се што некој мене ќе ми каже останува тајна, па затоа сите мене ми се јавуваат кога им е тешко, па јас ги сослушувам со саати и им давам совети. На крај, тие си се испразниле, а мене ме напукале со негативна енергија. И тоа така трае цел живот, јас за сите имам време и нерви во секое време...
    Искуството ме научило дека (за жал) луѓето се многу љубоморни и злобни, ретко кој се радува на туѓа среќа и успеси, а сите (со мали исклучоци) се среќни ако некој е несреќен,ако има проблеми... Со оглед на тоа што (скоро) сите се ситат на туѓата несреќа и проблеми, јас сум многу затворена личност и за мојот живот деталите ги споделувам само со 2-3 најдобри другарки во кои имам доверба.
     
  4. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Мајка ми е личност број еден на која се обраќам кога имам потреба да се олеснам и искажам. Знам дека ќе ме ислуша без да ми се уфрлува цело време (патем ова премногу ме нервира кога пробувам да зборувам со некој друг), без да бара нешто за возврат, без да ми го префрла после тоа што ќе го кажам и злоупотребува..
    Знам дека ќе ми даде совет кој нема да биде поткрепен и воден од завист, љубомора, злоба, желба за да успее повеќе од мене, знам дека нема да се сити, знам дека ќе се радува/плаче со мене, знам дека мојот проблем ќе го сфати сериозно, ма и од каква природа да е и колку за неа да изгледа дека е мало нешто, ќе го третира со иста важност како и јас.. Ги превзема моите чувства. Ме разбира. Поддржува. Издигнува од дното.. И умее да ме смири, секогаш.

    Втората личност е дечко ми, кој секако ја има и функцијата на најдобар пријател, па затоа и имам слобода и нему да му се „разголам“ сосема, да му дозволам да ми нурне во минатото и да ми ги види претходните страдања, успеси, подеми, падови, разочарувања.. немам скриено никогаш ништо од него. Затоа и сметам дека врската не би ни траела толку да не бевме научени да разговараме, со часови. И двајцата да немаме срам еден пред друг, да немаме тајни.

    Со сите исто така можам да разговарам, но површно. Ретко се отварам некому после неколкуте разочарувања претходно.
    И мислам дека така е подобро. :)
     
  5. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Епа вака...незнаев каде да пишам па ај овде...имам сестра која е две години поголема од мене и ми ги знае скоро сите тајни затоа што постојано сме заедно и виновна сум си самата што и ги кажувам сите тајни. Проблемжот е во тоа што морам се да и ,,слугувам,, или некој од моите тајни ке ги каже на татко ми и мајка ми и постојано се нервираме и неможам тоа да го поднесам а подршка немам од никого освен од
    мајка ми ама таа неможе ништо да направи а па татко ми не го интересира тоа дали јас се нервирам или не а дури сум помислила и апчиња да земам за да мисли малку дека има керка која помислува на самоубиство и дека е стигната до тој степен...се надевам дека некој ке ме разбере и помогне...ви благодарам...:'(
     
  6. Iv.girl55

    Iv.girl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Ова повеќе ми личи на уцена доколку не и одиш по кејф така ? Па Боже мили да не е принцеза, извини вака ? Имај си свое јас, и ти сигурно знаеш нејзини тајни, еднаш уцени ја и ти на ист начин, два-три пати.. па пробај да разговараш и со твоите околу тоа, сигурно родителите не би мислеле лошо за своите деца па би дозволиле да те гледаат како полека сe уништуваш со апчиња заради нешто што и не е повредно од сопствен живот. Сепак со разговор се решава се', нели ? :)
     
  7. Nightimegames

    Nightimegames Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Јас не ја отворам душата на никого и на никого не му кажавум тајни бидејќи не му верувам на никој. Сепак наместо се да чувам затворено во себе, си водам дневник и во него се искажувам. Така ми е многу поле-сно.
     
  8. simona.7

    simona.7 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    11
    Разговарајте за да ви олесни душава

    некој слободен за во инбокс ? :(
     
  9. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Ќе издржам,силна сум.

    Неколку реченици споделени со втората јас ми помогнаа многу. Неколку вредни часеви шеткање низ форумов ме освестија. Ќе биде добро,знам. Не е крај на светот. Најбитна сум јас сега. Мојот успех е само мој, никој не може да ми го земе. Што сака нека биде. Јас успеав сама.

    Ќе се врати насмевкава,се надевам љубовта ќе ме охрабри и ќе ме врати во нормала. Нема да ме откачи,знам. Јас секогаш сум ја сакала и сум ја надградувала,сум ја китела и потполнувала. Сега она треба да ме насмее,да ме освежи.

    Сега ми требаат љубовта вербата и надежта.

    Тука се,секогаш биле.
     
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Какво самоубиство ти се молам,какво е тоа размислување :fubar: ....промени го однесувањето,биди попозитвна.И немој душичке така да размислуваш дека татко ти не го интересираш,јас верувам дека и мајкати и таткоти го сакаат најдоброто за вас,верувај ми.А за сестрати ич да не се грижиш таа никогаш нема да си ја издаде сестра си само сака да ти привлече внимание,се ке се среди верувај ми!!!! :*
     
  11. sweetgirl77

    sweetgirl77 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    12
    Разговарајте за да ви олесни душава

    обично полесно ми е кога разговарам со некој, а ако нема некој до мене во тој момент кога ми е тешко обично се пишувам на лист и потоа го кинам.понекогаш ми помага и ова...
     
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Јас сум премногу интровертен тип.Колку и да ми е тешко се во себе си чувам.Понекогаш мислам дека ќе експлодирам од товарот во мене,но не можам да споделам со други.Во тие моменти или ставам слушалки во уши и слушам музика или ми е потребна прошетка.На тој начин се трудам да не мислам на тоа што ме измачува.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Па,најчесто си молчам,но ако сум премногу вознемирена ,можеби ќе поразговарам со мајка ми,но тоа поретко се случува. Ќе се изгризам ако треба,но се трудам да и премолчам на мајка ми,за да не ја растажам и вознемирам и неа.
     
  14. misel23

    misel23 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    10
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Порано ништо не чував во мене за се сакав да разогварам и да го исфрлам но со тек на времето премногу се затворив се чуствувам како да ги замарам со тие што разговарам... единствено со мајка ми но не можам ни на неа се да и кажам бидејќи не сакам да ја натажам и да ја загрижам...
     
  15. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    имам толку многу тежина во себе што мислам дека ке ме уништи еден ден,ама нема кому да се искажам,никоја личност не ја осеќам доволно блиска за тоа,а мајка ми неможе да ме ислуша а не пак да ме разбере,значи мнооогу ми е тешко,многу
     
  16. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Isprazni se tuka, pisi sto te maci i taka e anonimno a plus mozebi necie mislenje ke ti pomogne ili utesti bidejkji nisto ne e tolku crno kako sto izgleda i so tekot na vremeto ke go uvidis toa samo daj mu vreme na vremeto :)
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    фала душо за советот,знам дека тука има многу луѓе кои се трудат да помогнат со убави совети,го ценам тоа,ќе пишам за мојов проблем кога ќе бидам спремна да зборувам за тоа иако се трудам да го игнорирам лошово чуство
     
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Што ако кажам да не ми помогне некој,само ке се ситат на моите проблеми,им даваш повод на душманите да ти се исмејуваат.
     
    На Insatiable13 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Тоа важи за во живо, со некој кој те познава.

    Овде на форумов е многу поинаку. Кој ќе ти се сити кога не те познава никој?
    Напротив, другите што читаат ќе видат дека не се сами, дека и другите имаат вакви-такви проблеми и ќе им олесни.
    Затоа е форумов и со вакви теми, да си олесниме и да си помогниме.

    Јас лично, на убавите нешта кои ги читам си се надевам и за мене, а на лошите, се тешам дека не сум сама...
    Така да, не мислам дека форумов е за ситење..
     
    На sweet-star и BV87 им се допаѓа ова.
  20. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Во денешно време ретки се оние кои имаат емпатија или пак трпение за да те ислушаат. Ретки се оние кои откако ќе те ислушаат ќе ти дадат совет или утеха наместо да верглаат цело време: да, мхм, епа така е, тоа е шо ќе прајш, живот....
    Таков тип на личност сум што поубаво ми е сама да најдам решение за проблемите, или пак да се обидам да не мислам на нешта кои ме разочаруваат отколку да споделам со некого. Знам да сослушам, меѓутоа не сакам да се отварам премногу од проста причина што не сакам некому да му го расипам расположението со мои проблеми..