И до вчера кажуваше дека ги знаела задачите, а денес кога конечно ми пиша ( после 10 саати ) ми рече: еј абе сега гледам и јас не сум знаела... Ма, немој
А кој тебе ти е должен задачи да ти решава? Па уште и се лутиш. Срамота. Сама одговорно си тргнала на факултет, треба и самата одговорно да си учиш за себе и својата иднина. Ако чекаш се некој да ти решава и помага па одозгора и да мислиш дека ти е должен да ти прави услуги а ти да прчиш нозе на кауч е тука си се зафркнала.
Никој не е должен да ми решава задачи и фала богу не одам на готово... едноставно некогаш имаш потреба некој да ти објасни нешто нејасно (еве како што јас сега тебе ти објаснувам)... очигледно не сме се разбрале... постојат факултети каде многу е потребна соработката со колеги... А зошто ти објаснувам воопшто?
Како и да е, никој не е должен да ти се објаснува и помага, тоа да ти е јасно. Секој има свои обврски и преоритети во животот, свои цели за кои што се бори и работи. Знаеш како велат "снајди се па живеј". Никој не е должен да ти послужи на тацна, нити да ти помага, ако веќе си решила да учиш, учи и сама снаоѓај се. Нема потреба да се лутиш некому ради твои каприци.
Јас не се лутам дали некој нешто ми решил или не, помогнал или не, се лутам затоа што јас сум таа што тоа што го знам го споделувам со поблиските колешки и нормално некогаш ќе имам нејасна задача или тип на задачи, еве конкретно математика...и очекувам дека таа X особа на која многу сум и' помогнала, да ми помогне (кога веќе ми ветила). Не гледам ништо лошо во тоа да се помогне некогаш некому за нешто, а далеку од тоа дека оправдувам чекање на готово. Само никако не можам да го сфатам овој грубиов пристап твој кон мене, но нека ти седи Верувам има и такви кои ме разбираат и секојдневно си помагаат со колегите
Многу добро те разбирам. Ама се додека очекуваш нешто од другите ќе се разочаруваш и ништо не правиш. Ако сакаш некому да помогнеш не го прави тоа со очекување на тој ист начин да ти вратат. Секој си гледа за себе. Луѓето се такви. Што побрзо тоа го сфатиш подобро за тебе.
Најчесто не очекувам ништо за возврат, но станува збор за девојче кое ми се правеше другарка до вчера инаку, свесна сум за ова што ми го пиша, за жал
Јас немам со кого да разговарам колку ми е тешко и што се` ми тежи на душата. Мајка ми е глупа и не гледа подалеку од носот, вистински пријатели немам. Дури и да најдам некој за разговор, не можам да се отворам. И подобро е да молчам, луѓето или ќе те осудат, или ќе те сожалуваат, или ќе ти гледаат сеир, не знаеш кое од кое полошо. Ама ми треба чувството дека некој знае дека ми е тешко. Барем хартијата се` трпи, тешко ми е, тешко, тешко. Секој ден монтирам насмевка и нормално однесување, како се` да е во ред, а ништо не е во ред. Нека оди во бестрага.
Е да си ми жива и здрава за ова,за жал денеска има и такви луге,што секогаш си гледаат само за себе,а не па за другите.А за осудуванје,и сожалуванје па ич воопшто да не правиме муабет на таа тема такви ги има колку ти сака душа денеска е тешко да најдеш вистински пријател на кого ке можеш да се искажеш,да те сослуша ,и да ти помогне,на кого ке можеш и да се потрпеш.Т.е Има но многу се ретки таквите .
И уште нешто ако ти треба вистинска пријателка без разлика каков проблем и да имаш и да сакаш да се искажеш, повели слободно јас сум тука во секое време со задоволство би те ислушала поздрав4е
Едно е да и' ги реши задачите, друго е да и' ги објасни. Јас барем совршено ја разбирам членката. Јас во 4 години факултет сите испити ги положив преку колоквиум, освен математика. На крај положив благодарение на другарка која не беше на факултет, ама и' работеше кликерот за математика и ми ги објасни така да не само јас што положив, туку и други колешки положија откако јас им ги објаснив на нив. Од друга страна пак, зошто сам да се нудам за помош ако не сакам да ја дадам. Ќути си и прај си. И мене од такт ме вадат такви. А можно е и да не ги знаела. Еден колега ми се понуди да ми покаже статистика, ама на крајот излезе јас да му ги покажувам на него и положив со поголема оцена од него. И за крај, најчесто се сложувам со твоите мислења, ама со ова НЕ .
Не сум во право бидејки сум сакала да доловам со мојот пост дека во животот нема правдина? Дека во луѓето нема правдина? Зошто упорно веруваме и очекуваме кога на крај се разочаруваме? Не секој размислува на начин како што размислуваме ние нели? Кој што посеал тоа и нека си жнее е мојот став, а за луѓето кој што не разочарале можеме само да извлечеме поука од нашата подадена човечност и да бидеме свесни како понатаму со нашиот однос спрема нив.
Малку отидовме офф топик ама ај . Како прво, јас од твојот пост ЕДИНСТВЕНО што доловив е дека ја обвинуваш членката дека чека "на готово" од друг, иако тој друг сам се понудил да помогне. Второ, постот беше напишан премногу дрско за мој вкус, ама ајде, за вкус не се расправа . Трето, јас лично не би можела да живеам без доверба и очекувања од никој. Како што јас си ги исполнувам ветувањата, така очекувам и од другите (иако сум изгорена безброј пати). Четврто, читам во повеќе твои постови како ти си разочарана од луѓето околу тебе и те болат нивните зборови и постапки. Епа и на членката ја заболело некој да ја прави будала. Петто, сакам да те прашам дали кога би имала ќерка би ја советувала да не верува во никој и да се засрами ако побара помош од друг. Или пак ако некој побара помош од неа, би ја советувала дека не мора да помогне, другиот е крив што верува во неа. За тоа дека треба да извлечеме поука од такви ситуации, се согласувам со тебе. И за крај, еве сама се номинирам за Најтупаџика за 2016 година . Поздрав .
@s&s Навикни се. Има тон вакви. Си имам едно „срце“ на факултет шо ми пиши кога има потреба, а ете веќе еднаш ми затреба помош од неа и фино лепо ме изигнорира. Не дека многу ми требаше нејзината помош, едино ми требаше споредба на мојот и нејзиниот материјал да не ми фали нешто да не не научам ама нормално зошто таа би ми кажала, м? Па сега како тие со мене така јас со нив. Навикни се, ова не е само на факултет, претпоставувам дека ова продолжува и потака (барем према тоа што ги слушам мајка и татко, а и логично е да не завршува ова баш тука). Ете ти, ти какои да е ќе поминиш на факултет, ако не сега, другата испитна. Немој да се грижиш. @Morgan Le Fay Кој е коренот на твоите проблеми? Зошто се чувстваш вака? Зошто не побараш помош? Дали мислиш дека вака полесно ќе ти биди, да монтираш насмевка? Пренесување на чувствата на хартија се исплаќа, помага ама друго е кога зборуваш со човечко битие. Некогаш е многу полесно да разговараш со некој кој не го познаваш. Сакаш да разговараме? Ако не, зошто ете се знаеме на форум и ако сеуште ти е чудно, лошо, и ако знаеш англиски можиш да одиш на 7cupsoftea ,ама мојата понуда за разговор сеуште трае. Сепак знај дека ти не си крива за околностите, безразлика на твојот проблем и ако го сметаш за проблем нема да стоиш со скрстени раце туку ќе се обидиш да го решиш. Ајде, ти го можиш тоа.
Дај боже што поскоро да најдеш пријатели,но ова за мајка ти дека е глупа немој ни да го помислиш, камоли напишеш,изустиш. Тогаш ќе испадне дека проблремот е само кај тебе. Барем со изразите према мајќите припазувајте.
Витамина многу грешиш со ваков став. На факултет има професори што воопшто не ги објаснуваат теориите кои ги предаваат и немаат ни време да ти објаснат. Нема посветени професори ама има и такви кои се посветени на тоа. Но, сакам да ти кажам не се гледа тука каприц ако не ти е јасно и не можеш да научиш секако ќе побараш помош, и секако ако теориите не се разбирливи. Секој е должен да помогне, ама не секој го исполнува тоа.
Многу лошо се осеќам, не знам што да правам. Од август минатата година се ми иде полошо и полошо. Немам со кого да разговарам, да се обратам за помош и совет. Од ден на ден ми е полошо. Имам проблеми со човекот кој можеш секако да го наречеш само не татко. Не успеав годинава да се запишам на факултет и од тогаш постојано ми вика дека не сум бил способен, дека е моја вина, дека сум морон и други навреди и понижувања. Имам напишано на други теми за него каков е и што е. Ми префрлува дека трошам пари, а никаде не искачам баш поради оваа причина. Сите пари ги собираме со мајка ми и купуваме што ни фали. Пари мене не ми остава. Овој месец дознав дека треба одново се да полагам за возачка зашто рокот ми беше истечен на тестовите и полигонот. Со месеци не ми уплаќаше и еве до каде стигнав. Веќе втор пат и реков на мајка ми да си го среди проблемот со него, на крајот на краиштата и нека се разведат. Психички многу пропаднав, а она уште ќути. Немав компјутерот каде да го ставам се додека еден ден чичко ми и стрина ми ми купија биро. Ми префрлува дека ми давал повеќе пари мене, а верувајте воопшто ми нема дадено. Еве и денес баш на ваков празник ми ги префрли тие навреди што ги пишав погоре. Најлошо од се е што мислам дека и патам од депресија.
Лечи комплекси тој човек со тебе. Што постигнал тој прашај го и нареди му се' по ред. Ти ја уништува самодовербата, не дозволувај ! Најди работа, џабе не седи џабе работи е подобро некогаш, ќе се чуствуваш корисен и ќе излезеш од дома, нема фајде од дома седење.И факс ќе запишеш и се' ќе биде. Главата горе, барај работа сам да си купиш, нека не ти помагаат со подароци туку да ти помогнат работа да најдеш тоа е помош. Ако налетам на нешто ќе ти пишам за работа.