ништо не кажува ништо...на 25 години да немаш волја и енергија за ништо а имап се изгледа од досада е -_-
Сигурна сум дека имаш некој проблем што те мачи, може го туркаш потсвесно но тој за жал ти преовладува и ти плива на површината, се гледа .. Проработи на себе си, види дали врскава ви е навика која несвесно се створила со текот на годините или пак е само "кризен момент и монотонија" , подразмисли за ова и пробај да се оддалечиш малку од секојдневието што те опкружува и гуши, со чиста глава размисли што добиваш и што губиш, стави на кантар се што имаш во животот и види што повеќе натежнува. Не се форсирај, дај си време да видиш што со себе си понатаму!!!
Здрaвo,пa еве и мене ми дoјде се преку глaвa и мислaм декa ке ми биде пoдoбрo aкo гo спoделaм oткoлку дa гo чувaм вo себе.Всушнoст дo сегa гo чувaв,aмa немoжaм пoвеке.Oвoј прoблем гo имaм oд првo oдделение.Секoгaш кaжувaв некoјa глупoст зa сите дa се смеaт и јaс дa бидaм вo центaрoт нa внимaниетo(кaкo и секoе дете си мисли декa сo глупoстa е нaјпaметнo).Нo,мaместo тoa сите ме смеетa зa глупa и смoтaнa.Oд тoa и ми извaдијa прекaр.Едвaј чекaв дa зaвршaм oснoвнo зa дa зaпoчнaм нoв живoт.Амa и вo средo ми се случи истoтo.Сегa сите ме сметaaт зa глупaвa.Дури и дoмaшните знaaт дa ми речaт глупaвa.Веќе 11 гoд гo слушaм oвa и немoжaм пoвеќе.Сaкaм дa се прoменaм.Сaкaм дa гo сменaм тoa мислење нa лугетo.Нo кaкo ??? Прoбувaм и дa oслaбaм,мислaм декa тoa би влиaелo врз мoјaтa сaмoдoвербa.Еднoстaвнo имaв пoтребa дa гo нaпишaм oвa.Ви блaгoдaрaм штo oдвoивте време зa дa гo прoчитaте мoјoт прoблем.❤
После прилично долгата врска и верувам созреаноста на твоите 25 години, стоењето на цврсти нозе, финансиската подлога итн сметам дека ако седнеш да размислиш и да проработиш подобро на себе си ќе го најдеш одговорот кој што го бараш. Не знам кој ви е проблемот на врската, вашата фунционалност на истата и карактерот па затоа и не можам да ти одговорам баш на твоето прашање. Ако сметаш дека нешто меѓу вас замрело и не оди напред, реагирајте и работете на проблемот, обновете си ја врската заминете на пат, поминете низ нешто ново и невообичаено, потрудете се да се прнајдете како пар за да фсушност укапирате каде лежи вашиот проблем. Ако, сметаш дека врскава ви е до толку критична и ти самата не се пронаоѓаш повеќе со тој човек, пробај да се оддалеличиш од него и да сватиш всушност дали го сакаш и ти недостига.. тоа е тоа што треба да се потрудиш да го спасиш или да му фрлеш пепел.. што повеќе ја заташкуваш и одолговлекуваш оваа работа т.е што повеќе не работип на самата твоја психа и чуства тоа повеќе ќе патиш и ќе губиш по патот што го одиш низ животот.
1 месец девојки, најубав месец во мојот живот. Не бев свесна каква среќа сум имала, додека не ја испуштив од рацете. Не сум сигурна дека таа среќа стигнала во други раце, но сеедно- не е повеќе кај мене.
Психички се уништив.Од ден на ден се повеќе тонам.Зошто ли го дозволив тоа? Јас не сум како порано....Неможам да издржам ни најмала ситница. Човекот што го сакам не ми е никаква подршка во животот. Се ми се случи заради него,кога неговата мајка се умеша и кога почнав да слушам разно разни навреди на мене.....Ни крива ни дужна,за се бев јас крива...Бев една од најнасмеаните личности а сега? Сега патам во себе...Една најмала караница неможам да издржам почнувам да се тресам цела,да врескам и да се мавам себе си по глава Никој не е вреден за тоа,но неможам да се сопрам..Се гледам себе си во се полоша состојба,ова е БОЛЕСТ и морам да се ИЗЛЕЧАМ
Помалку оптоварувај се со тоа што мислат другите за тебе и ќе ти биде полесно. На секого може да му се случи да каже нешто несоодветно некогаш. Тие што ти викаат дека си глупава, обично го прават тоа од несигурност, нели нападот е најдобрата одбрана и од слична желба да се истакнат, но за разлика од тебе не се сигурни да го направат тоа на своја сметка. Другите што се несигурни ќе се придружат, бидејќи секогаш е подобро некој друг да е глупиот отколку тие. Едноставно не се оптоварувај и внимателно бирај си ги пријателите.
Те сакав и уште е така,ти верував,бев спремна се за тебе,а ти, ти ме остави кога најмногу ми требаше! -Зошто,заради гордоста? Епа дечко ако си горделив,не влевај надеж дека сакаш,или дека си заљубен (горделивите не се заљубуваат лесно). Немој да изгориш уште една девојка,уште една невина жртва на љубовта....едноставно немој...
Ми здосади веќе сама,па сама.Всушност,и сама и осамена.Сите кои ги сакам ме напуштаат.Навечер не сум излегла веќе 2 месеци.Додека сите мои врсници се дружат,јас седам дома.Не знам што ги орави толку одбивни спрема мене.Денес требаше да одам на карневал и во последен момент ми се јавуваат и ми велат промена на планот сите со посебно друштво ќе си одиме.Чувствувам таква тежина во градиве.Очиве ми се полни со солзи,ама стегам не смеам сега да заплачам.И вечер ќе биде исто,целиот град вечер на забава под маски.Јас морам дома да седам затоашто немам со кого да излезам.Не знам што лошо сум направила за да ми биде вака.Подобро би било да не се родев,немаше ваква болка да трпам сега.Денес најверојатно цел ден ќе бидам дома и нема ни карневал да видам,ни ништо.
Kakvi vi se tie prijateli jas neznam, zboruvam opsto za pomladite generacii.....a zosto ne se priklucis so nekoj vo nivnoto drustvo? Kazi mu jas nemam drugo drustvo a planirav so tebe/so vas da odam ili prikluci se kon nekoi drugi, ke im kazes vo posleden moment mi otkazaa moze li so vas da dojdam. Ako ti se odi neka ne ti bide nezgodno da se "nametnes" na nekoj, neka ne ti e sram.
Да бев и јас некоја комуникативна личност на која не и е проблем да се спријатели со секого, ќе ти речев да се приклучиш кон едно од тие "посебните" друштва за да не бидеш сама.Но знам колку ни е тешко на нас кои не знаеме како да се наметнеме кај другите, и на крај секогаш си остануваме така. Ете во мојот случај иако не сум некоја премногу комуникативна личност имам неколку многу блиски другарки кои ги сакам премногу и скоро секогаш сме заедно. Конкретно во твојот случај би те посоветувала да почнеш да се дружиш со некои сосем др личности од клас, маало, братучеди и сл.Не си губи време во овие таканаречени другарки, бидејки да ти беа вистински немаше да те остават на цедило доколку знаеле дека немаш со кој да излезиш.Пробај спријатели се со некои девојчиња од клас,ете и едно нека биде нема врска..Викни ја/ги да излезете, на одмори, на јадење заедно и приближувај и/им се полека.Подобро така, отколку да чекаш на некои личности кои би те извисиле, и на крај ти би останала разочарана и сама.
Пред извесен период со една братучетка навлегов во дискусија за нејзината врска која таа ја прекина. Зошто, ќе ви објаснам и барам мислење, дали сметате дека е во право или не ? искрено и јас се замислив, затоа и барам мислење Беше во врска 3-4 месеци и одлично им одеше, а братучетката има 40 години типот негде 45 мислам, не е важно. Но разбрала од роднини дека неговиот татко има шизофренија. Таа се исплашила бидејќи читала дека шизофренијата е наследна и не значи дека типот ќе има но се плаши за децата од тој брак. И решила да прекине Долго се мислев што јас би направила? Дали е во право? Дали вие би постапиле исто?
Зошто мислиш дека само ти си во право со ставот што го имаш кон другите? Мислиш дека сите се лоши а ти си најдобрата па затоа те отфрлаат? Зошто наместо да се самосожалуваш не пробаш да размислиш дека ти можеби грешип некаде па наместо да кукаш да пробаш да се смениш? Не може никој да не ти чини а само ти да си најдобрата, разбираш?! Јас верувам да се скараш со еден, двајца па и 5 луѓе, ама со сите?! Детска во работа ова, тинејџерка. Не биди себична како за почеток и дружи се, сигурно нема од дома да дојде да те извади некој за да ти бидеш прошетана, дружена итн, се што сакаш за себе си самата ти направи го не чекај од другите да те молат. @christinnn Морав да прокоментирам за деловк каде што зборуваш за "вас не наметливите". Што ти мислиш? Дека некој од дома ќе дојде да те моли за да те извади со него во друштво бидејки ти не си наметлива личност?! Грешиш многу. Наместо да се задоволуваме со нашите недостатоци и погрешни манири, треба да се потрудиме да ги искорениме и да реагираме во врска со секој наш проблем ако сакаме да го решиме. "Наметливоста" како што кажа ти е всушност комуникативност и социјализација, истата е поим за дружба и комуникација со луѓето, ако ја немате време е да си го решите проблемот околу истата ако сакате да бидете слатопречив човек и човек сеоогаш расположен за муабет и комуникација. Не знам, видете вие каде грешете.
@vitamina, побогу! Од каде таква осуда, таков коментар, таква острина и напад кон девојката? Аман Полека. Нит ја знаеш нит ја познаваш...
Не е осуда, далеку од тоа. Не знам зошто така си ме сватила, ама јас не пишував во таков контекст. Прокоментирав само ради дружбата, не е логично да си најдобар а сите да те избегаваат нели?!
@vitamina, со сета должна почит што знаеш дека ја имам кон тебе како личност тука и на директноста во твоите совети... мислам дека сум те забележала уште еднаш на млада членка со сличен проблем во врска со повлеченост како ѝ се обраќаш во сличен стил, и сега кога ми излезе темава и твојот коментар, не ме држеше срце да не напоменам колку не се согласувам... Ненаметливоста т.е. интровертноста е дел од карактер на некои луѓе, и тоа што го опишала @christinnn јас воопшто не го гледам како себичност, ниту ароганција, девојчињава нигде не рекоа дека се најдобри и дека бираат со кого ќе се дружат. Тинејџерите и тинејџерскиот свет понекогаш е суров... Многу лесно е од страна да се рече излези, наметни се, штом нејќат да те дружат - барај грешка во себе, но не е сѐ за секој тип на личност толку едноставно и црно - бело. Многумина сме поминале таков период во овие години и возраста не е фактор за омаловажување на нечиј проблем. Се надевам дека нема да ме разбереш погрешно, но многу неубаво ми се виде прочитаново @SeaMermaid, јас потполно се согласувам со Кристин, гледај полека да се здружиш со нови луѓе слични на тебе. Јас како што ја сфаќам ситуацијата со откачувањето, да, тебе не те заслужува такво „друштво“, уште помалку се вредни да ти предизвикуваат такви чувства како во последната реченица. Патем, колку години имаш? Ако си при крај на основно/средно, никогаш не губи надеж дека со наредниот степен на образование ќе дојдат и нови познанства и пријателства со личности што ти oдговараат
ова сакав сега да го напишам........ми замрзна крвта кога го прчитав,како во мислите да ми имаш влезено. и јас патам од истото,одвратно чувство.