Здраво женски,ми треба еден совет од вас навистина...Епа вака имам 16 години пред 4 години кога бев 6 одделение направив една глупост имав една наставничка и имаше еден богат маж,и јас не да кажам се заљубив туку бев љубоморна....И направив еден лажем фб со нејзино име,и на една нејзина другарка и пишам дека демек дека јас сум му била девојка на нејзиниот маж и дека сум била бремена од него,имав намера да ги разделам.Ама денес кога ќе се присетам на ова навистина се срамам и се каам за глупоста која ја направив и си мислам што ако Господ ме казни за ова.
@Sofceto Луѓето прават далеку поголеми гревови па уште се здрави и живеат, прости си сама на себе за да живееш мирно, дете си била најважно е дека си свесна за грешката
Ти сериозно мислиш дека ова е вистина? А и да е, не е вината во нејзе, до родителите е, преголем пристап до пц и интернет си го прави своето, родителите не се свесни што прават нивните деца на интернет.
Вистина е....Можеби си во право многу филмови гледање на се на арно...Ама бев само дете,сега кога ја сфатив грешката се каам за тоа.
Ретко лош ден... се надевам утрешниот ќе биде подобар... и дека некако ќе успеам да заспијам вечерва...
Абе ајде не се замарај со глупости.Јас па да ти ги кажам глупостите што ги кажувам понекогаш...охо Знам и јас понекогаш да кажам некоја глупост,нешто друго си мислам во тој момент и се збунувам Еднаш дојде на гости една моја братучеда и на заминување ми вика Чао, ми го кажува името.И јас и викам Чао, си го кажувам моето име наместо нејзиното да го кажам.Оооф. Имам кажано уште многу глупости,ама не можам да се сетам сега во моментот.Порано се замарав да не кажам нешто погрешно,сега гајле ми е.
Секој ден јас глумам дека се е во ред, ги засмевам сите, а јас сум иста налик ко скапана овошка одвнатре. Секој ден, умирам по малку. А немам сила во себе. На сите им делам совети, како до подобро утре, а јас не ги практикувам истите совети. Изморена сум да губам луѓе што ги сакам, не можам и да ја изгубам личноста која ми беше потпора, подршка и љубов кога ми беше најтешко сите овие месеци. Измешани ми се чувствата моментално, а на кој и да кажам, не ме разбира сериозно. Понекогаш, им завидувам на оние кои се среќни, а животот на тоа ме научи. Не можам да бидам лицемер, ја давам сета љубов што ја имам во себе, некогаш ја добивам за возврат, некогаш не. За родителите...немам лош збор за нив моментално. Ама се е залудно повеќе.
Oд кaде знaеш декa тие луѓе не се кaкo тебе? Секoј имa пoсебнa трaгедијa зaд себе, нечијa пoгoлемa, нечијa пoмaлa, нo кaквa и дa билa ќе гo прaви чoвекoт тaжен. Мoментoт е кoгa чoвекoт ќе се зaлaгa зa пoдoбрoтo утре, не зa лoшoтo минaтo. И тие луѓе нaјчестo делувaaт среќни, a бaш тие луѓе ќе бидaт среќни aкo престaнaт дa рaзмислувaaт негaтивнo.
Ги знам цел живот, секојдневно ги гледам, и плус, во мал град живеам па и да има некоја трагедија се дознава, секогаш. А и да им се случило нешто, секогаш сум покрај нив, а кога ми треба мене, никого немам. Тоа е таа разлика, што не знам како да кажам не кога некому му е потребно било што. Ќе кажам еден мал пример - Кога најмногу мене ми требаше помош, наместо другарка да ме ислуша, да ми даде совет секогаш немале време и слично, а помошта ја барав од форуми и непознати лица. Јас не бев ваква, тоа е проблемот. Во општеството ме паметат насмеана и позитивна девојка а јас всушност затворена, и срамежлива. Се прашав, која сум јас и во што се претворив? Не се препознавам во одредени ситуации од некои мои постапки и размислувања. Само пред една личност можам да се отворам, без срам и да и кажам се без да ме осуди, можеби ќе ме искритикува, за мое добро. Сум се потрудила да размислувам позитивно, односно бев одреден период позитивна се додека животот не почна да ми задава силни удари од кои сама се потрудив да излезам, без ничија подршка. Спасот го барав затварајки се дома, пред монитор, и штом ќе излезев, кога ќе ме опсипаа со убави вести не велам дека не се радував, но се прашував постепено понекогаш како им успева да се толку среќни во се? да не им фали ништо? А јас која со труд и мака, не добивам ништо. Сепак, фала ти.
Знaм, и јaс имaв вaкoв периoд. Нo, сaкaм дa ти кaжaм декa единственo ти мoжеш дa си пoмoгнеш себе. Другите мoжaт дa те пoддржaт, нo се мoже и без тoa. Имaм нaпишaнo вo претхoдните стрaни кaкo ми е тешкo и нa местo дa се дружaм пoвеќе, се oддaлечувaм oд луѓетo. Дa не беше тoј периoд мoже би ќе oстaнев вo врскa сo личнoстa кoјa 24/7 ме смееше и ме пoддржувaше вo се, кoјa умееше дa ме рaзбере, нo како минуваше времето очекував повеќе од него, за на крај да мислам дека воопшто не ме поддржува и само сака да се оддалечи од мене. После тоа очигледно е што следеше. И јас, после тоа, дремев дома цел ден, иако имам прекрасни другари и другарки, се самосожалував како на сите помагам и како за мене никој немало. Но, после малку филозофии, сфатив дека колку повеќе си негативен, толку повеќе негативност привлекуваш. Среќата не се наоѓа, ниту ти е дадена од некој, туку ти сама ја создаваш, ако вистински сакаш. Ни јас конкретно не знам како станав среќна и темните мисли си отидоа... може би беше ради тоа што најдов некои луѓе кои имаат слични интереси со моите, па можам да разговарам со нив околу тоа. Може би е поради тоа што почнав повеќе време да посветувам на себе и на моето куче, или ради тоа што едноставно видов дека може да биде и полошо, односно дека луѓе доживуваат и полошо. Баш за последново, во еден серијал има лик кому се јавуваа луѓе за помош, а таа единствено што правеше, ги сослушуваше за да направи самата таа да се чувствува подобро. По некое време, луѓето и се јавуваа за да и се заблагодарат на помошта, мислејќи дека таа нешто преземала околу проблемот.
се мислам подолго време да пишам, но денес се решив бидејќи се најдов по милион пат во иста ситуација. А ситуацијата е следна - имам другарка, блиски сме....но ме прави будала в очи. Често се гледаме 3-4 пати неделно обавезно и секогаш и секогаш наоѓаме теми за разговор меѓу кои и оговараме (мислам јасно е, жени). Но таа постојано ми потенцира, како никогаш не би направила ништо со женет човек, а знам дека баш женет човек и звони на телефон, постојано и пишува пораки на вибер (се тоа за време на работно време). И постојано кажува како тој и е само за зафрканција. Не сакам да бидам чудно разбрана....но дали сум јас нешто глупава овде или сака мојата пријателка да ме направи глупава ???? Мислам хелоууу...да се слушаш секој ден со женет човек (знам и кој е, знам и некои од пораките -прочитани во афект) .... и ....незнам....јас ли сум ван модава нешто или не сум во ред ? бај д веј, не ми е криво, нека копа очи, што велеше баба ми покојна, само онака споделувам ситуација и очекувам мислење (дали да ја оставам да си се лади или да и дадам до знаење дека не мора постојано да ми се правда )
Можеш и да си молчиш, а можеш да и кажеш оти ти е јасно дека пишува со тој, ама дека тебе тоа не те засега. И така нека остане, сепак секој што прави за себе си прави, од тебе се очекува да прифатиш дека твојата другарка е таква и ти нема да ја смениш. И мене ми се случувало некои другарки кои ги мислев блиски, да кријат многу работи од мене и да дознаам од трети лица за нешто..На почетокот ми беше криво зошто кријат или лажат, ама после сфатив дека едноставно се такви и со нив муабетот ми беше само за ладење, ништо повеќе.
Девојки мои сакам да споделам нешто со вас. Случајно го најдов насловов и реков да кажам и јас нешто што ми е на душата и ми е тешко. Овие 2-3 дена се осејкам некако како отфрлена од дечкото во смисла не ме бара некако што знам. Не ми се јавува н еми пишува прв незнам зошто. Ако му пишам ми прави муабет и на тел исто али овие 2 дена не ми се има јавено порв онака да праса што правам ова она. Незнам што д аправам. Планирам да видам дали ќе ми с ејави или ќе ми пише до крајот на денот. Ако не го направи тоа не го правам ни јас па утр еќе го прашам што е работата ќе му кажам дека се осејкам некако како игнорирана ќе бидам искрена се што чуствувам ќе му кажам што мислите вие на ова?
Moжеби има проблем за кој не знаеш, можеби не сака да те оптеретува со тоа па се повлекол во себе, дали веќе разговараше со него?
da razgovarav mu kazav deka nejkam da go pritiskam zato ne mu pisam onak nesto d ane ima rabota sto znam i se bese okej mislam se sredikako sto treba sega e top
Мене пак почнува да ме фаќа параноја за се шо се случва околу мене. Зошто ми иди помалку? Дали ми се океј мачињата на таван? Да не имам проблеми со некој заб? И океј да се грижам за тоа, абе се опседнувам, де само одам во тоалет да видам колку имам, де само одам кај мачињата да ги видам како се и непрекинато ги провервам забите. И после читам на нет глупости и сега неможам да се смирам. Навечер неможам да спијам си прам филмчиња. Арно некогаш сум мирна, шо ме фаќа вака.
Ми се додворуваше женет човек на кој жена му е бремена и не само на мене туку и на некој други мои познанички ми зборуваше како сум прекрасна и постојано ме викаше на кафе ми рече зошто не му раскинеш на дечко ти и пробаш нешто со мене ,дали правилно постапив што не кажав на жена му ? или ако и кажев може немаше да ми поверува..