Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Mia.MGK

    Mia.MGK Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Да секако дека се оттргнав прекинав да му враќам на фб иако му враќав од лична култура затоа што ми е комшија но ми е жал за неговата жена ,таа не е свесна со каков човек го дели креветот ке ја изневери во прва прилика ..
     
  2. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.518
    Пол:
    Женски
    не да не му вракаш , избриши го целосно од на фб !
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.742
    Допаѓања:
    80.129
    Пол:
    Женски
    Денес ми се смачи животов. Се смеев надевајќи се и верувајќи дека се ќе биде добро ама не можам веќе. Ја снема насмевката. Ништо не е добро. Живеам само со таа надеж а секој ден е само ново разочарување. А најужасен е фактот дека самата си ја уништив шансата која ја имав за исполнување на мојата најголема желба. Самата на себе станав непријател. И како да продолжам понатаму? Почнав да ја губам и надежта и волјата за живот. Факултетов дополнително ме толчи. Не, нема да се бесам или да сечам вени. Не ми требаат ни психијатри ни психолози. Ми требаат само неколку слободни денови и самотија. Да се оддалечам од сите и од се. Можеби ќе успеам да пронајдам мир. Но ниту ги имам тие денови ниту пак ја имам таа самотија. Растргната меѓу луѓето кои имаат потреба од мене. Се грижам за нив, за мојот углед, да не ги разочарам моите блиски, а каде сум јас, каде се моите чувства во сето тоа? Навистина овој живот нема смисла. Не сум среќна и можеби никогаш нема да бидам. Но полека почнувам да се помирувам со тоа. Подобро е тоа отколку залудно да се надевам.
     
    На bella.s и anakonda88 им се допаѓа ова.
  4. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Едноставно премногу стрес ми дојде годинава.
    Општо стресен живот сум имала од стално, а и јас сум таква личност чувствителна.
    Дури е најтешко и се случува нешто сум најсилна и сите ги бодрам и сум океј, ама кога ќе помине бурата по одредено време ме удира назад претрпениот стрес.
    Паничам, и сум голем хипохондрик и дополнително си се стресувам.
    Не знам како да застанам и да се исконторлирам и да не дозволам толку се околку мене да ме допира!
    Четвртокот завршив на инфузија и инекција за тахикардија.
    Логично, од стрес.
    Ми треба мир. Еден месец ништо да не се случва, да нема кавги, нерви, стресови така да одморам малце да соберам сили.
    Затоа и желудникот партал ми е ме боли се отепав од апчиња...
    Почнав и јога да правам.
    Морам некако да се исконтролирам.
    Се чувствувам многу кревка деновиве ми се чини се може да ме вознемири.
     
    На MilaP, kjukli и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Cheryll

    Cheryll Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    35
    Хмм не сум голем корисник на инстаграм односно не ставам слики,но следам се што се случува. Приметив дека луѓе кои лично ги познавам не ми вратиле на follow, но го прифатиле (тие што имаат заклучени профили) што го сфатив како лична навреда...некако се почувствував невредно, многу влијаеше на мојата самодоверба...Неверувам дека ќе заследнам некого пак...Разбирам познатите да не следат секого ама овие што ? глумат познати ? Кое е вашето мислење ? Има вакви меѓу вас тука ? Ако ве има уште поубаво ако може образложете зошто ви е толку тешко да вратите на follow на луѓе со кои се познавате лично ?
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.994
    Пол:
    Женски
    А ако не ставаш слики, зошто да те следат? Гледаат празен профил - нема ништо интересно што би го следеле. :) Не е навреда. И не треба да ти го прифатат follow-от, не е како пријателство. Можеби се’ уште не отвориле Инстаграм па не виделе дека ги следиш. И кога веќе ја користиш мрежата, стави слики. Глупо е да имаш профил само за да гледаш што постираат другите.
     
    На eloves, theowndemon и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  7. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Мислам дека не треба на тоа толку драматично да гледаш.
    Јас имам инстаграм и го користам. Во последно време повеќе од порано. И имам луѓе кои јас ги заследив, а тие мене не и обратно. Или не им текнало, или мислат ќе гледат слики од моите деца (ова за машки се однесува), или ете немаме исти интереси при споделувањето.

    Некои што мене ме следат јас не ги следам нив.
    Како кажав веќе едноставно немам ист интерес со некои од нив, иако се познаваме лично, не ме интересираат нивни навики, интереси, споделувања. Џабе ќе ми зафаќаат место на почетна страна.

    А има и некои што ги направив unfollow бидејќи ставаат слики на секои 2 минути и кога отворам само нивни слики гледам.|(
    Колку и да се интересни ми здосадуваат.
     
    На MilaP и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  8. yana147

    yana147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    уф од кога дознав дека има проблем со тироидната злезда и дека ке треба дозивотно да бидам под терапија теско ми е на душата преку ден сум добро со керкичката се располозувам али навечер кога ке останам сама со себе е тогаш ми е тешко тогаш се прашувам зосто баш мене зошто на 23 години па облива страв па да не се заболам од нешто друго па да не умрам ане успеам да ја изразнам керками да не ја оставм сама немозам да се осободам од тој страв. И само барам некој на кој да си ја олеснам душта на кој да си казам маката мозеби драматизирам премнуго и паницар сум ама многу ми е тешко.
     
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Јас на твое место не би кажала ништо, ниту пак би се мешала. Ако човекот е таков тоест сака да шара наоколу, сигурно ти не си ни првата, а нема да бидеш ни последната на која ќе и се додворува и ќе ја кани на кафе. Некои луѓе се едноставно такви и тешко дека ќе се сменат некогаш. Кажи му кратко и јасно дека не си заинтересирана за никаква средби со него и преќини секаков контакт со него. И да кажеш не верувам дека нешто ќе се смени, само ќе направиш дополнителен проблем, можеш дури и ти да излезеш виновната, секакви луѓе постојат.
    Има еден куп жени/девојки кои знаат дека своите дечковци или мажи ги изневеруваат па не преземаат ништо, си тапкаат во место. Незнаеш каков им е бракот, ниту ситуацијата дома затоа молчи си.
     
    На ninja35 и anakonda88 им се допаѓа ова.
  10. TijanaJ

    TijanaJ Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Кога немам храброст да си ја кажам маката на некој мој пријател решив овде да си ја кажам...
    Едно нешто не разбирам...Зошто луѓето несакат да другаруват со мене?Дали што имам акни по моето лице?Дали се срамат што имаат другарка како мене ?Тоа многу ме боли,кога ги гледам како се забавуваат и се смеат а јас не сум со нив.. Би сакала да сум како нив, но ете неможам од мојот пусти срам.Ме боли кога ми велат дека не зборувам многу..
    Би сакала да вида како би било ден без срам. Се мразам себеси што сум таква.
    Пријателите кои ги имав почнуваат да ме напуштат, но не ја знам причината, дали е поради акните или поради мојот срам?
    Ме боли исто така и невозвратената љубов...
    Секогаш сум нерозна, се нервирам за глупости, за глупостите на луѓето кои што јас ги сметам како пријатели а тие мене не...
    :x:x
     
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Мислам дека си премногу мала тоест најверојатно си тинејџерка па затоа размислуваш вака.
    Тогаш се тие периоди кога децата те избегнуваат заради вакви, сосема небитни работи.
    Тоа што имаш акни по лицето не е ништо страшно, ниту пак срамно. Треба да научиш да се прифаќаш и сакаш самата себе таква каква што си, за да може и другите да те сакаат и прифатат како другарка.
    Можеби ова ти е само период, може и си пречуствителна, може и по малку преувеличуваш ете не знам јас никогаш никого не би одбегнувала само затоа што има акни или нешто друго поврзано со физичкиот изглед. Сите ние си имаме маани, некој повеќе, некој помалку.
    Може и проблемот е во тебе, биди поотворена, подруштвена, не се срами, не ти треба којзнае колку другарки, само 2-3 за излегување и да ти минува времето, имај во предвид дека вистинско другарство не постои, само разочарувања. Денес е барем лесно има фб, телефони, трриста врагови пиши и на некоја школска, договорете се за викенд, се се може ако се сака, нема срам тука.
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.919
    Допаѓања:
    171.813
    Пол:
    Женски
    Колку години имаш злато?
    Веројатно си млада, има некои промени на твоето тело, ти вријат хормоните. Нормално е. Дури и срамот во одредена доза е нормален иначе како би да имале контрола. Знајш како, ако сакаш да го победиш срсмот - оди против себе. Ако срцето, телото, мозокот, ти велат да не изустиш нешто натерај се да кажиш па потоа ќе видош дека не е ништо страшно. Зборувај со себе во огледало и забележувај ги убавите работи на твоето лице секој ден барем дестина минути. И за крај кога разговараш со некој не размислувај премногу. Потпри се на опуштеноста на разговорот. Ако размислуваш што некој би рекол, како би реагирал, што ако тоа што ќе го речиш е грешно - дури да кажиш шо имаш ќе помини темата на разговор и ќе се затвориш повеќе во себе и затоа немој многу да мислиш и обиди се да кажиш и направиш шо има и ќе видиш дека не е ништо страшно.


    Пс извинете за печатни грешки ги искршив прстите на таблетов.
     
    На Summerlover, tina-63 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. TijanaJ

    TijanaJ Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски




    Ти благодарам за зборовите..секој ден се борам против срамот а се надевам дека од денеска ќе бидам посилна и ќе го победам срамот :)
    Инаку имам 17 години :)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.292
    Допаѓања:
    5.592
    Пол:
    Женски
    Акните ќе исчезнат, со трпение, соодветна нега и со време, секако. И тие кои те одбегнуваат се далеку од иделано, сигурна сум. Најпрво заземи став, собери сила и секојдневно повторувај си дека си убава, паметна , достојна за друштво, замисли си убав живот, исполнет со пријатели. Во контекст на ова, можеш да преземеш нешто околу остранување на акните во консултација со козметичар, повеќе вода, промена на храна,. Па промени фризура, облека, стил и верувај дека со тоа ќе започне нов период и ќе видиш така ќе биде. Обиди се спорт и верувај дека се што правиш ќе биде новата ти. И знај дека, ќе најдеш пријатели, со некој ќе се здружиш. Овие и онака подоцна може и ништо нема да ти значат во животот.
    Секое добро и напред!
     
  15. TijanaJ

    TijanaJ Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за зборовите :)
    Имав и намера да го променам стилот на живеење,облека... :)
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 1418

    1418 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Здраво :)
    Потребен ми е совет, ама не можам да пишам тука од причина што е многу јавно, па доколку некој би сакал да одвои малку време да ми пише би била многу благодарна. :)
     
    На milenija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. peperutche21

    peperutche21 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.004
    Пол:
    Женски
    можеш да пишеш барем на што тема е, па да вратат тие што се спремни на таа тема за зборување
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.742
    Допаѓања:
    80.129
    Пол:
    Женски
    Едни викаат: Не се откажувај од она на кое мислиш секој ден. Други викаат: Заборави го тоа што го сакаш и сети се што заслужуваш. Еве сум во една ситуација каде стојам помеѓу овие две опции и не знам како да постапам.
     
    На anakonda88, Wahnsinn, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. 1418

    1418 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Па за другараство се работи. :)
     
  20. pufchence9559

    pufchence9559 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите...ве молам помогнете значи се нервирам за глупости за мала ситница некој нешто од домашните да ми речи одма на душа си ставам и плачам исто и тоа ми се случува со дечкото збеснувам наеднаш и се расправам одма а кога ќе се изнервирам така многу ми влиае на килажата одма слабеам па никако неможам да се здебелам и б комплекс и пивски квасец и јадам како што треба ама за џабе е се ќе ве молам за совет...