@Papillon.Papi Не е баш така simple. Она што го сакаме и она што го заслужуваме не секогаш е исто. Некогаш заслужуваме нешто повеќе од тоа што го сакаме, некогаш заслужуваме нешто помалку па затоа и не го добиваме тоа што го сакаме, најверојатно.
Сaмaтa пoстaпкa ќе oдлучи штo зaслужувaш. Акo нештo нaвистинa сaкaш, без рaзликa кoлку е мaлo или гoлемo, требa дa прoдoлжиш дa гo сaкaш зaштo тoa гo зaслужувaш. Пример сaкaм еден ден дa стaнaм aнимaтoр, нo сеуште не јa зaслужувaм тaa титулa зaштo не се пoсветувaм тoлку нa неa. Вo oснoвнo ми беше желбa, сегa јa пoсaкувaм тaa кaриерa и пoнaтaму ќе ми биде стрaст сaмo aкo прoдoлжaм дa јa пoсaкувaм, тaкa дa aвтoмaтски ќе јa зaслужaм. И aкo некoј oд стрaнa ти викa "ти зaслужувaш пoвеќе" тoј не знaе. Пример сaкaм ветеринaр дa стaнaм, a среднo ветеринa е шит шкoлo, нo ти сaкaш и тoa гo зaслужувaш.
А кој е тој што одредува колку заслужуваме, ако се земе во предвид фактт дека секој од нас смета за себе дека заслужува многу повеќе? Како да знаеме т.е да измериме која е вредноста а она што го добиваме и он што го заслужуваме?
Здраво, нова сум на форумот и се зачленив токму поради проблемите со кои се справувам. Сакам да си се искажам тука да си ги кажам маките. Периодот ми е многу тежок, немам никој на кој би му кажала кој би ми помогнал. Студирам факултет во друг град, се скарав со другарките на факултет што се дружам, со факултетот полека полека се запоставувам, почнав и на некои колоквиуми да не одам. Се вознемерив од тоа што се скаравме со нив , на факултет ќе сум тотално сама , ќе немам воопшто со кој да се дружам , зато и почнав да го запоставувам факултетот, затоа што со останатите студенти одвај на здраво сум. Дечко имам одиме околу 3 месеци ама незнам дали воопшто го сакам. Изгубена сум во животот тотално, Незнам ни кај терам ни што сакам. И со моите родитетли дома се е хаос, само се караат , воопшто не ме разбираат, не ме ни прашале како сум. Многу размислувам, неможам ни да спијам навечер поради тоа. Се чуствувам многу тажно и депресивно..
ми треба помош Ја знаат некои ситуацијата моја-на годишнина се вери со друга мојот бивши Е сега проблемот е во тоа што немам излегувано со друг, 6 години, не знам ни муабет да направам,ни како да флертувам,ниту како што да зборам,нит како да се приближам некому.. Ми требаат совети,филмови,страници,искуства,ваши ,,фрази,, Се што мислите дека ќе ми помогне..Асега имам симпатија,2 месец после прекинот на врската од 6 години,кога очекуваш да ти честитаат 6годишнина ти гледаш фотографии со тоа тој и нова,со прстени,се вериле.. Од него не знам ни муабет да започнам,се навикнав на бившиот..6 години
@SunnyGirl2 Љубовта и комуникацијата не се учат од книги и филмови, најголемата грешка ја правите што очекувате животот а посебно љубовта да ви биде како во книга. Како мислиш дека некој може да те научи како да флертуваш, ваљда е тоа нешто вротено кое или го имаш или не. Мој совет, ако одиш на состанок со однапред спремени фрази и увежбани потези подобро седи си дома. Ако на првата ти поминат и оставиш добар впечаток, на втората средба сигурно ќе го разочараш затоа што кога тогаш се што не е природно и не излегува од тебе ќе исплови на површина и ќе се види дека глуматаш. Велам глуматаш затоа што за да глумиш треба да имаш талент. Јас би ти препорачала да бидеш природна и да правите спонтан разговор, пушти ги ти филмоцвите и средбите таму, биди спонтана и она што си, се останато е губење време и твое и негово. Ајде сега јас некому да му глумам дека Жак Преверн или Шекспир го имам во малиот прст и да му глумам начитана особа а кога ќе дојде ред ќе сфати дека ни правописот не го познавам како што треба. Кога вака ќе бидеш самокритична и кога ќе бидеш ти, ќе успееш во било што, зата што тој или ќе те прифати таква каква што си или не, а нема да се заљуби барем во друга која всушност не си ти туку само научена улога.
Тебе ти треба малку забава и опуштање. Потрудисе да најдеш нови пријатели, на факс барем е лесно почни да комуницираш повеќе со колегите. Прашувај ги за некои книги, за материјали па договори се за на кафе, мораш сама да се потрудиш за тоа. Оди почесто на факултетот, и гледај врати се во форма со учењето, одма поубаво ќе ти биде на душата ако положиш нешто. Гледај позитивно оти твоето не се нарекува проблем, туку моментална ситуација од која секако ќе излезеш ако почнеш да се дружиш со позитивни луѓе и ако почнеш да излегуваш и да се журкаш, оти дефинитивно ти треба малку да се издуваш. А другарки сите сме смениле во животот, оние што те сакаат не те напуштаат а по оние другите ич не жали.
Другарка моја (бивша) со која сме во ладни односи, едно здраво само, имам негде пишувано за неа. Се разделивме пред 2 години затоа што ја советував да се тргни настрана од љубовникот, да си го чува бракот и детето. Но кога си при очи слеп таа почна да и верува на трета особа која ја охрабруваше за аферата..... како и да е ... (едвај се спаси бракот) После две години чисто случајно седнуваме да пиеме кафе неколку пријателки, и на крај останавме ние две. Разговараме општо за на крај да ми рече „ ти беше во право, искрена беше со мене од сам старт - но јас мислев дека другите се искрени со мене, дека ти си љубоморна ...“ Колку што во моментот ми напрај кејф нејзиното признание, дека конечно сфатиле кој е искрениот и кој и мислел добро. Толку ме погоди признанието, дека веќе никогаш нема да сме блиски како што бевме
Не ја сфаќам смислата на животот кога не си премногу убава, не ја сфаќам целта кога имаш многу мани во врска со надворешниот изглед, кога не се сакаш себеси кога не го прифаќаш фактот за тоа како изгледаш. Е токму тоа сум јас,неможам да се прифатам со тоа што сум висока 179 а можеми 180 см, со тоа што имам и други мани, тоа што немам поубаво лице и поубаво тело и тоа што сум осудена цел живот да неможам да носам штикли кои што премногу ги сакам и сето тоа поради мојата абнормална висина. Сакам да сум премногу убава а го немам тоа, барем јас така се чуствувам. Тоа ми влијае многу на целиот останат живот...
Најверојатно си уште во тинејџерските години и ти е чудно што си толку висока, верувај понатаму нема да размислуваш вака. Со текот на годините ќе стекнеш повеќе самодоверба, ама мораш да научиш да се прифатиш како таква и да работиш на себе. Ретко кој се раѓа природно убав без маана, сите имаме по нешто што не сме задоволни и работиме на тоа. Би ти предложила да спортуваш нешто или да одиш на фитнес за убаво да ти се оформи телото. Со многу труд и воља можиш целосно да си го преобразуваш телото, па после ќе бидеш ем згодна ем висока. Плус ако си помала имаш време да се оформиш како жена и да се разубавиш.
Не, не сум во тинејџерските години, имам 21 година, но ете висината многу ми смета. Барем да бев неколку сантиметри пониска ама тоа е. Не сум некоја дебела, нормална тежина имам, не ми е до толку лошо телото но не ми е ни перфектно. Исто така ни лицето не ми е перфектно..ама тоа е, бог му дава на некој преубав изглед а на некој лош, тоа е премногу нефер.
Бог не дава никому изглед, гените даваат. И што е поентата во перфекцијата? Божем сите ќе те сакаат? Ќе ти лајкуваат слики на хипстаграм и фб? Јас искрено се надевам дека ќе пораснам колку тебе, или пак приближно твоја висина (15 години сум и терам кон 170). Не знам, може би зашто дома од секогаш се радувале кога ќе бидам и цм повисока и сакаат да стигнам 180, но според мене нема ништо поелегантно од висока жена.
Не сакам да сум толку висока и поради тоа што повеќето се пониски и јас секогаш стрчам како бандера ко ќе сум во друштво, а и неможам ни штикла да ставам а тоа е баш женствено, а не јас како машко сум осудена на тоа да не носам штикли цел живот. Не реков дека сите ќе те сакаат од срце ако си многу убава, ама затоа на секој ќе му се допаѓаш и секој ке сака да биди во твое друштво, и нема да добиваш никогаш корпи, кои што знаат да бидат навистина трауматични.
Висината не треба да ти претсваува проблем треба да бидеш горда на тоа.И јас сум висока и секогаш штрчев од друштвото но си сакам што сум висока.За лицето сите имаме маани и работиме на тоа ,но ако си позитивна,насмеана и харизматична сите ке те приметат и ке се изненадиш од резулатот .Секкогаш имај убаво мислење за тебе колку и да е тешко
Имаш друштво? Тоа не ти е доволно? Мене многу луѓе ми давале комплименти за изгледот и телото, некои и ми љубомореа, но еве, освен другарите и другарките во школо и уште 1 другарка од основно немам никој. Со школските многу ретко искачам, исто и со другарката и често шетам сама со моето куче во парк. И се помирв со тоа, нема да паѓам во депресии, сепак животот е пред мене и ќе запознавам куп луѓе, добри и лоши. Девојко, моделите се над 180 и на штикли се качуваат, зошто тебе би ти претставувало проблем ако моделите ги сметаат за перфектни и би им одговарало секое парче облека??? Провери и сама, увери се дека нема некоја што е 160 Нема да добиваш корпи?!?!?!?!?!? Бројот на прекрасни девојчиња кои ги познавам и добиле корпа е преголем! Мислиш изгледот е пресуден за да се допаѓаш некому? Така ќе му се допаѓаш само по изглед, нема да те почитува, ќе му бидеш барбика. Бегам како ѓавол од крст од луѓе кои ќе почнат да се дружат со мене само заради изгледот, чувствувам дека ме користат и непријатно е. НЕМА да добиваш корпи кога ќе си ја качиш самодовербата и нема да ти биде гајле за изгледот. Во школо отидов со блуза на татко ми, дуксер кој сега му е мал на братучед ми, тренерки на сестра ми и ниски износени патики (мајка ми помисли дека не сум отишла во школо и ме барала по цела куќа), без шминка (како и секој ден... немам време од сабајле да се шминкам) и замисли, се вратив дома жива и здрава, а во школо не ми прокоментираа за изгледот, туку нормално се однесуваа со мене.
Многу добро разбирам колку ти е тешко и колку ти трепери душата одвнатре, НО мораш да пребродиш, мораш да се издигнеш врз тоа и мораш да се помириш со ситуацијата во која што се наоѓаш. Не е лесно, но има многу надеж во тебе верувај, животот не престанува тука каде што тој те оставил и заминал, ти не си ничија сопственост ти си ТИ, посебна и силна личност. Ќе патиш некое време а тоа зависи од самата тебе и твојот карактер, што побрзо прифатиш тоа подобро за тебе, како за почеток почни да комуницираш со друштво, со другарки, со познаници, да си ја смениш психата на друга страна, на комуникација, народ, младечки живот и многу дружба и смеа.. Батали сеуште момчиња и дечковци, сеуште е рано да пробуваш нешто кога душата ти е скршена, па затоа и не избзувај со машкиот свет, не се форсирај. Олабави се и некое време пробај да уживаш во работите што те исполнуваат, кога ќе помислиш на него скрени мисла и помисли на некоја сосема различна случка што би те насмејала.. негирај го и не го прифаќај помисленото за него и неговите постапки. Не знам што се случило, но може дечково повеќе не те сакал едноставно но и да не е така да си била изневерена дигни ја главата горе бидејки имаш зошто. Не се форсирај, едноставно живеј го денешниов ден, утрешниов, пробај да се насмееш, слушај весела музика и пеј, надежта никогаш да не ти умре бидејки кога најмалку ќе очекуваш ќе ти застане некој на патот и ќе те освои, сосема спонтано и случајно.. немаш ти потреба од совети за "дечковци" бидејки такви совети не постојат, такви случки се случуваат случајно кога нема ни да се освестиш ќе разбереш дека тоа е тоа. Животот не е бувшиот.. најверојатно тоа и така требало да биде бидејки ти заслужуваш подобро, а подоброто ќе дојде кога тогаш и тогаш ќе се сетиш на сите овие зборови. Живеј денес, живеј за себе.
Среќна сум, да многу среќна Денес направив добро дело, помогнав на еден пријател да оствари нешто што никој не ни помислувал.. Да, случајните случки случајно се случуваат и фала му на бога што од ова излезе нешто премногу позитивно Да среќна сум што помогнав некому