Спoред мене време е дa рaскиниш сo негo. Тoa не е неaдеквaтнo oднесувaње туку aгресивнo и oпaснo и ќе имa тешки пoследици.
Здраво...на периоди овај страв го имам јас и незнам како да го победам... http://www.imago-self.mk/blog-statija/20232/strav-od-napushtanje Ве молам за совет..
Ми треба муабет... Не смеам да се нервирам, а не можам поинаку, не е малку, не е едноставно. За тука да пишам немам храброст, исто и во живо, но ете можеби тој муабет малку ќе ме охрабри за тоа или ќе ми укаже ако грешам некаде и ќе ме смири. Кој има време нека ми пише, фала ви...
Веќе неколку дена се осеќам многу, многу лошо. Денес беше цреша на шлаг. Се надевам се ќе помини како другите работи претходно, радо би се нервирала за џабе него нешто лошо да испадни.
Се осекам лошо ... немокно ... немам сили да ги издржам шамарите од животот ... немам надеж .. се пропага во вода , буквално све ...толку имам да кажам али останувам без зборови .... толку се навикнав на лоши работи , што не ги препознавам добрите работи ...Животот е болка и само се навикнуваш ...
Што да превземеш?! Остави го!!! Нема ти што да превземуваш во вакви екстремни ситуации. Знаеш што.. имав другарка како тебе, го сакала а тој ист ваков. Ја зави нејзината фамилија во црно бидејки ја уништи во сообракајка баш на ваков начин. Не сакам повеќе да објаснувам за екстремности но сакам само едно да ти кажам. Додека не е прекасно ослободи се од ваков човек и освести се бидејки не ти следи никаков среќен живот, никаков.
Ух...Незнам каде во која тема да пишувам, па се одлучих за овде. Неможам повеќе да издржам. Преку глава ми е од се. И од маж ,и од свекрва,золва,од моите. Никој за ништо не ме разбира. Толку сум нервозна , толку црно гледам на се . Свекрва ми што ми вели толку си негативна
Во последниот месец ништо не ме исполнуваа ...немам емоции. Се ми е ок ништо добро или пак убаво. Ништо не ме воодушевува! Се ми е во ред во животот, така и да биде . Но што знам од ништо не сум задовклно, се нервирам и се ми пречи. Не ми се зборуваа, не ми се правии муабет едноставно само молчам. Добро ми е во тишината едноставно се повлекувам во себе. Ни поклон ме изненадуваа,, ни шопинг ме радуваа. Ете како се чувствувам во последно време.
Има периоди кога денот ми е исполнет и се смеам, но вечерта штом останам сама во собата и легнам во креветот, ме обзема некое чувство на тага. Еве и оваа вечер е така...
Истoтo и мене ми се случувa и ме oбземaaт некoи чувствa штo не би знaелa дa ги oпишaм...стрaв oд нештo...oд тoa декa ќе изгубaм некoгo или стрaв oд тoa декa се ќе престaне
Знам дека не чинам јас, знам дека немам трпение и дека слабо стојам со самоконтрола и многу сум нервозна и агресивна, но заслужувам вистински одговор. Како може некој да не знае што сака ?! Јас знам дека сакам да сме заедно. Нема ден да не помине, а неколку пати, па ако не и цел ден да не фантазирам за следниот пат кога ќе се сретнеме. Што е ова бе ? Кој си ти вака што ми ги возбуди страстите. Каков човек си ти, семоќен некој ? Бури предизвикуваш, а потоа бегаш за да се спасиш. До кога да те чекам јас, ќе ми се смачи од чекање... Да беше некоја друга немаше да те трпи воопшто. Што правам јас не знам, најдов кој да чекам :'(
Се чувствувам како да стојам на санта мраз што се клати на сите страни,а ако направам само еден поголем чекор,ќе бидам на убава полјана. Што можеби од сегашната перспектива ми изгледа убаво и расцутено,ама е исто толку нестабилна како сантата мраз на која сум сега. Барем ќе ми биде топло. Животов ми има една таква карма што за секое топло на душата,знае да ми донесе мразови и вијулици после. Само што сега свесно се согласувам да чекорам низ нив,само за неколку моменти плус под сонцето. Секогаш кога ќе пронајдам нешто блиску и убаво ми е како со стакло прекриено и го гледам ,се лажам по него и само се оддалечува,а јас останувам со раскрвавени раце од обиди да го скршам стаклото и конечно да го дофатам. Сакам само да излезе се ова на најдобар можен начин овој пат,без трошка каење во мене. Да постои некоја натчовечка сила што ќе ме поведе по најдобриот можен пат. Што ќе среди се.
Се прашувам како од толку стабилна и смирена линост станав толку нервозна и песимистички настроена.. Не живеев за другите, не ми беше гајле за никого, знаев како да ги контролирам чуствата...сега не можам да се препознам. Се нервирам за се, постојано плачам, сакам да бидам сама, како да немам сила, како да нема волја во мене. После толку обиди, после толку ветувања, после толку разочарувања, како повторно да соберам храброст и пак да почнам одпочеток...Ми здосади да се трудам кога едвај има успех, се осеќам растргнато и разочарено. Иако денес ми се случија работите кои сакав да ги исполнам јас уште плачам и сум нервозна ..се плашам..Не знам што повеќе ме боли, односите со семејството, тоа што се оддалечив од моето друштво, тоа што не знам каде ќе бидам за 1 месец, или пак тоа што налетувам на дечки кои го вадат најлошото од мене...Ми треба помош, ми треба некој да ми кажи дека ме сфаќа...