Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    3.332
    Пол:
    Женски
    во 1 минута...от среќна во тажна преминав. вчера барајќи еден тип најдов друг. ист ко него дури и милион пати поубаф :)$:inlove:). от моменто ко го видов копнеам по него!!!! буквално мислам на него без престан. почнав по социјални мрежи да го барам. се надевам блиску сум да го најдам....Амин.
    ама...првпат во мојо живот го видов вчера и ретко го глеам вака низ град. претпоставувам ќе го видам уште еднаш ама се плашам дека ни то нема да се деси...и шо после? тој ќе си тера со живото а ја ќе си тапкам :)worried:;(). ќе ме заборај најверојатно, оти за него сум само една непозната која по случајност застана до него, а тој за мене е СЕ!! дупло полошо ќе биди ако има женска (море поќе от дупло). можев и сакав да му пријдам да го прашам како се вика, но ионака ненамерно се препознав во него со друг, па ненамерно се избрукав и тие шо беа околу се насмеја, уште па да му пријдев жива ќе се изедев от срам. иако мн сакав.
    сеа си мислам дали го напрајв правилното. или си дадов автогол на себеси....во двата случаеви тешко ми е.
    ете ме, се мислам, незнам ни шо да пишам. плачев. можда уште еднаш ќе заплачам дур да си легнам. оти знм дека ќе си го прославам родендено....без да го видам него.. ;(
     
    На КикиМаус и Згодно Момче им се допаѓа ова.
  2. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.592
    Допаѓања:
    5.940
    Значи ако не е форумов ќе пукнам, немам ,,другарки,,и оние што ги имам се од корист и иимаат дечковци па не излегуваат без нив,јас ретко излегувам , и маките немам кому да ги кажам ако не овде по форумов,еден вид психолог ми е. Кој што сака нека мисли,кој што сака нека коментира било лошо добро секако е добредојдено и како совет, и едно е да слушниш мислења од поеќе особи па ќе подразмислиш дека можеби некаде грешиш.
    Оваа година ми беше катастрофа во целост. Се надевам дека 2017 ќе ми биди поарна за нијанса макар. Толку многу лоши работи ми се случија што не би ги посакала никому. Дали е до ѕвезда што би рекнле,хороскоп, среќа , нешто нагазнато но едвај пребродам едно и веднаш друго. Немам сили повеќе. Ама тоа е, ќе живееме понатаму. </3 :)
     
    На Angie24, КикиМаус, shz и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Аliсe

    Аliсe Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    6.979
    Како да ги убедам моите родители да ме поддржат во посетување на психолог/психијатар? Веќе цел месец има и се чувствувам ментално нестабилно, ужасно, самоубиствено и депресивно. Сум имала и порано лоши денови, но ова дефинитвно не е тоа. Цел викенд го поминав затворена во четири ѕида, спиејќи и јадејќи. Мислам дека ми треба разговор со професионално лице, и им го спомнав тоа на мајка ми и татко ми, но тие сметаат дека не ми е ништо и дека нема потреба да се чувствувам лошо. Ми рекоа да престанам да бидам толку негативна и само да се жалам. Би отишла и сама, но немам доволно финансии ниту пак начин сама да ги заработам, па затоа зависам од нив за ова.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    Дали имаш здравствено осигурување?
    Можеш и сама да одиш, прво кај матичен на моабет а он ке ти препрати каде што треба.
     
    На Аliсe му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Ако си полнолетна можеш кај матичен да појдеш, ќе ти даде упат за кај психолог и МИСЛАМ не се плаќа ништо.
     
    На Аliсe му/ѝ се допаѓа ова.
  6. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    627
    Пол:
    Машки
    Еј, еј, еј...Не можам да се изнагледам во твојата убавина. Блескаш... Совршена девојка ако постои тоа си ти. Но, зошто барем една година да одевме на факултет заедно, иако си неполна година поголема од мене. Се пропадна. Единствено се надевам дека случајно ќе те видам кога ќе го посетам твојот град. Се надевам барем 5% чувствуваш нешто кон мене од тоа јас што го чувствувам за тебе. Без тебе секој ден ми е темница, секоја ноќ непроспиена, секој мал миг на радост чвствувам тага што те немам покрај себе... Ќе дојде ли крајот на овие маки???
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    3.332
    Пол:
    Женски
    веќе незнам до кога...незнам ни како издржвам....се осеќам преосамено. ко неприфатена от друштвото. како да ме озборват на секој чекор. како да се против мене. и онака, от голем дел от луѓето, не само со познаниците. почнав да се дружам со еден тип и неговото друштво. супер се, мн се мили супер ми е со нив...ама се плашам дека неговото друштво ме меќи позади грб. можда ме прифатија сите, ама ја се осеќам ко да не е така. само најдобрата другарка ко да ме има скрос прифатено, таква ко шо сум, со сите мани и доблести. другите...најтажно шо сето ова го осеќам пред роденден..наместо да бидам најсреќна на свет, ја се думам за вакви работи....ах Господе те молам само да ме има прифатено неговото друштво (секако и тој)....:worried:;(
     
    На Згодно Момче, Crna Dama и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  8. winter flower

    winter flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    12.214
    Пол:
    Женски
    Кога имав 19 години поради настојување на бабами која ме знае подобро од било која друга личност,отидов на психијатар во нејзина придружба, додека разговарав со психијатарот таа ме чекаше надвор од просторијата! бев во ужасна состојба,не јадев,не спиев,не разговарав со никого,го искршив дури и телефонот,не излегував воопшто од соба... Кога седнав пред стручното лице ме праша каков е односот помеѓу моите родители, како се однесуваат кон мене,кој е изворот на моето такво однесување и уште 2-3 банални прашања,по ,,испрашувањето,, не добив ни реакција,ни совет ни разговор,туку рецепта со апчиња на билна база за да сум се потсмирела малку и за 7 дена повторно на ,,муабет,, ... Отидов и втор пат,ме праша само дали се сменило нешто во врска со мојата состојба,ми помогнале ли апчињата,сум зборела ли со некој друг за тоа,повторно ни муабет, ни совет ништо,само рече продолжи со истите апчиња и за 7 дена пак се гледаме... никогаш повторно не отидов ниту пак би отишла некогаш пак,беше повеќе тоа изгубено време и пари отколку нешто корисно! за твоето однесување проблемот лежи само во самата себе,разговарај со себеси,ислушај се,отвори си ја душата,најди го жариштето од кое потекнува твојата болка и обидисе сама да се доведеш во ред,џабе ти се и доктори и луѓе од страна ако самата не се трудиш да ја подобриш својата состојба! само храбро и со многу верба во себеси,како што ти можеш да си ги направиш добри или лоши работите никој не може друг! ти посакувам се најдобро и многу трпение,убави мисли и истрајност! :*
     
    На LUCI 99, saricka 86, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  9. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.378
    Пол:
    Женски
    Доаѓам јас весела задоволна од новогодишното патување, се поздравувам со моите дома и започнуваме нормален муабет...како што ... но татко ми ме дочека на нож, како едвај да чекаше.
    Доста ти е шетање, наместо да се мажиш ти скиташ, оди прибери се, кога ќе раѓаш деца на 50.... и нормално помина и ќеф и расположение.
    Тука му е умот, како тоа неговата ќерка сеуште не е мажена, не е важно што се сум постигнала САМА во животов, не му е важно дека сама заработувам и умирам од работа, и дека сите тие патувања САМА си ги плаќам...него денар не сум му побарала....луѓето ме почитуваат заради работата, заради се...но ете јас за него се уште немам ништо постигнато во животот .

    Ми се плачи, тажна сум сега наместо да покажувам слики како сум поминала....јас седнав на фб као нешто работа ми заостанала морам за утре да ја завршам...само и само да не заплачам од нервоза :(
     
    На Dust, bella.s, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  10. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    627
    Пол:
    Машки
    Некој за во пораче?
     
  11. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.578
    Истиот проблем го имам и јас. И тоа што е најстрашно кај мене дома дечкото морало да се бара од Центар или Карпош (да, да до толку е болен нивниот ум) и да сум ги баталела другарките и другарите оти од нив сум немала никаква корист. Да не додавам како не ми го признаваат мојот факултет што сум го завршила сама, без ничија помош, со изговор демек бил премногу лесен и дека со тоа што сум ја гледала иднината во странство јас сум бегала од реалноста, требало да си седам дома и никаде да не одам.
     
  12. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.378
    Пол:
    Женски
    of...јас мислев само јас имам мака :(
     
    На celineparis му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Quincy

    Quincy Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2015
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    8.009
    Добив отказ! Од нигде никаде пред заминување од работа бев известена дека повеќе нема потреба да одам со образложение нема работа, нема промет, нема пари. Од моите дома имам поддршка и ми даваат утеха, но јас се нервирам во себеси несакам да бидам на ничиј товар! ;(:doh:
     
  14. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.378
    Пол:
    Женски
    Секое зло за добро е...
     
    На Quincy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    487
    Има едно нешто кое навистина почнува да ме мачи, јас сум им ќерка единец на моите, тие постојано гледаат како да ме задржат во нивна близина..Кога сум јас со нив тие се други, како да ви објаснам како јас да сум им се..А јас сакам да напредувам, ете летото сакам да одам во странство, во градот кај што студирам започнав нов живот, другарки, дечко, но постојано тие ме враќаат назад за било што. Тоа е така зашто поминавме заедно низ многу тешки моменти, кои не можат да се опишат, додека татко ми беше во странство, јас и бев подршката на мајка ми. Се соочи со лоши работи, болест, кој јас и бев се. И навистина тие немат никој, јас им го посветувам целото мое внимание, посебно на мајка ми. Се слушам по 5пати на ден кога сум во градот кај студирам, разговарам со се, кога си идам, излегуваме заедно, и премногу сум блиска со нив. Искрено не ми пречи ова, обожавам кога ги гледам среќни, и 10 пати нема да ми пречи ако ги слушам на ден. Неможам да кажам ни едно лошо за нив, секогаш ми обрнуваат внимание, родители како секој би посакал. Но сега работите се подобруваат, јас имам и свој живот. А се чуствувам врзано, тие прават да се чуствувам вака..Јас и да отидам на крај свет, јас секогаш ќе бидам тука за нив, но тие буквално ме врзуваат. На пример, понекогаш кажуваат како да најдам дечко кој ќе биде поблиску кај нас, ова-она а тоа ужасно ми пречи. Јас да сум родител ако моите деца се среќни нека отидат и на крај свет. Нема да ја користам нивната љубов за јас да бидам океј.
    Тоа веќе ми влезе во потсвест и кога правам чекори кои се оддалечувам од нив, мислам дека ги повредувам, а не го сакам тоа..
     
    На saricka 86, КикиМаус, macka91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.331
    Nisto cudno, a posebno za vo prodavnica vo ovoj period od godinata.
    Bez sekiracii, ke najdes rabota.
    Koga edna vrata se zatvara, druga se otvara pa duri i podobra.
    So sreka i bez grizi.
     
    На saricka 86, evangelina.ina, Quincy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    17.733
    Добро што е со мене?
    Често ми се случува нешто кога навистна ќе посакам, колку и да е невозможно, истото да го добијам.
    Во ред, навидум одлично, но не.
    Како така ќе најдам начин да го добијам тоа што го сакам и во истиот момент повеќе не сум заинтересирана :|
    Еве на пример ќе пишувам за работата.
    Веќе 6 години како работам, работните места кое од кое по мизерија. Добро, имав 2 навистина одлични работни места но таму па не бев добро платена. Неколку години чекав односно давав се од себе да се вработам во една фирма. Не можам да опишам колку ја посакував таа работа. Еве сега, конечно после 5 години успеав да се вработам во истата....
    И сега што? :|
    Сеуште нема поминато ни еден месец откако започнав а мене не ми е повеќе предизвик работава. И не само што не ми е предизвик туку почнувам веќе да се гушам таму. Немам никаков проблем, работата едноставна, колегите ведри и пријатни луѓе, платата повеќе од одлична, но ете... Нешто не ми штима, не ми се работи повеќе таму.
    Не ми се случува ова само со работни места туку се живо и диво што ќе посакам и добијам :|
    Не можам повеќе да се трпам сама себе ваква. Сакам да можам да застанам но не иде. Не можам да останам заинтересирана за ништо...
     
    Последна измена: 11 јануари 2017
    На Crna Dama, Dust, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    45.963
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е оти дефинитивно ќе оди, не ми е толку тешко што ќе сум сама и што ќе помине време повторно да сме заедно, туку ме боли што тој ќе е сам, му се лутам оти многу набрзина се договорил, а уствари не се лутам туку се плашам од што ќе оди, сам во туѓа земја, по сите лошотии што се случуваат во светов...како ќе го мислам секој ден, како да не можам да го гушнам секој ден...вчера се убив од плачење, веројатно ќе се убивам и наредниот месец...
     
    На Dust, sj *O*, macka91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.489
    Потребен ми е мир, малку да се дистанцирам од сите.
    Ми треба добра книга, чаша црвено вино и една куќа на планина, а надвор се бело покриено со снег, ах.
     
    На saricka 86 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    Како период ме фатил значи, на индиферентност према се и сешто. Луѓе, работа, шетање буквално ништо не ми е интересно, ниту привлечно ниту ме интересира.
    Мене овака многу многу ретко ми иде во животот, ама еве последниот месец сум спротивно во се тоа што сум јас цел живот. Ама ај ќе помине...