Фала ви на искрените совети. Ќе се потрудам да целам кон подобро, само незнам што ќе правам со овој преголем страв и тежина во душата кои што ги имам секоја вечер и заради тоа неможам да спијам...Се плашам од се..се плашам да не ми се скарат и тие две другарки на факултет со кои единствено се дружам и се плашам да не бидам пак сама на факултет и да немам со кој да правам семинарски, со кој да одам на факс и со кој да се дружам дури сум на факултет...од тоа најмногу се плашам незнам зошто ама ете имам некоја фобија..мислам дека зависам од нив, сепак тие се две...
Немој да имаш помисли од типот - се плашам! Со самото тоа си проектираш стравовите да те стигнат и да ти се остварат! Помисли - овие другарки ме сакаат ценат им значам..ќе имам нови ќе се дружам ќе шетам ќе уживам Насочи ги мислите кон она што го сакаш и те радува не кон стравови. Она што го мислиме тоа и ќе не стигне
Некогаш не можам да си се препознам самата себеси...каде е она девојче што беше порано срекна, со насмевка на лице, што не дозволуваше никој и ништо да ја скрши, и повреди, што не се замараше за ништо во животот, немав ниту една црна мисла во главата, не се замарав за ниту еден дечко во мојот живот, солза не сум пуштила, не си ставав ама баш ништо на душа, јас не бев ваква. А сега што? Сега сум плашлива, се плашам од тоа да не изгубам уште некој близок, почнав све да си ставам на душа, се чуствувам несрекно, се осекам уморно, немам сила, ни воља ама за ништо, не можам да издржам више. Не знам што да правам стварно, више памет немам...
@Crna Dama животот не искушува постојано, но мораме да излеземе посилни после секој пораз, појаки за новата битка. Сите носиме некоја болка,тсга, страв .. немс универзален лек Ние сме самите машинеријата која произведува заштитен олкоп и бегање или најјако оружје и контранапад Еден е и неповторлив секој еден ден. Мора да го цениме
Ти си најпрекрасната мајка, и пријателка, што ја знам. Посебна си мила. Ти благодарам за све уште еднаш. Те гушкам силно
Фала ти за советите, ама како да немам такви помисли на страв, а и како да мислам дека ме ценат и ме сакаат кога чувствувам дека не е така , јас стварно незнам што грешка им сторив ама на факултет не ми маваат рецка ми се чини само јас им се пикам..негативно ми влијае тоа..не можам ни на учењето да се сконцентрирам..не би се дружела со такви луѓе што негативно ми влијаат ама немам друг излез во овој случај ...морам да си трпам за жал..морам да го трпам нивното однесување кон мене...
Сум ја изгубила довербата во луѓето. Како пак да верувам дека никој нема да ме излаже, дека никој нема да ме повреди? Почнав да се плашам од таа болка.
Никако,нема формула според која би ги селектирала луѓето од старт. За жал, се' е ризик. Дури и долгогодишни пријатели, во одреден момент може да ти покажат дека биле сосема поонакви од она што си го мислела за нив. Не џабе велат - најголеми непријатели се баш најдобрите пријатели Ама те утешив но сдк, ако очекувањата ти се големи, секогаш шансите за да се разочараш се поголеми. И мора да прифатиме дека нема ама баш никаква гаранција дека нема да не повредат, и пријатели и љубовници и роднини и родители...сркогаш кога даваме некому дел од срцето и душата го правиме тоа со ризик да останеме со оштетен дел од истото. Но, искуствата само не' прават посилни. Биди онаква личност каква пред се' посакуваш да ја имаш за себе. И давај им на другите онолку колку што ти сметаш дека можеш и треба, лошите искуства остави ги зад себе и секогаш имај надеж дека можеби каде најмалку си очекувала се крие најубавото другарство/љубов за тебе. Биди само своја, претпазлива но не оградена, внимателна но не исплсшена, доверлива но не наивна... Не е лесно воопшто, но само една мала лична промена ти го менува цел свет
Малку да се испукам.... Ќе ти пише некој во инбокс порака, бара совет....ќе се трудиш од петни жили да помогнеш и на крај сваќаш дека тој од другата страна си игра со тебе или едноставно му се троши време на нет, не ни сака да разбере совет нити прима совет, си има своја идеологија. И на крај кога сфакаш дека е време за крај на муабет бидејчи не ти делуваат советите и добиваш коментар а да се видиме јас и ти оу мај гад
Па јас сум можела без некои луге да живеам.....тек денеска си го сватив ова...дефинитивно поубав ми е животот без некои луге, за прв пат не ми е мака, не ми е тешко, ви благодарам што ме направивте посилна од кога и да било, и што ми докажавте самите дека без секого се можело во животот....лажни луге не ми се потребни во мојот живот, а благодарам што тука на форумот запознав една прекрасна личност што ми стана најдобра сестра, а не другарка, срекна сум што те имам во мојот живот сестро моја, нема да дозволам никој да не раздели.. запамти засекогаш заедно, ке си се пронајде....те сакам највеке единствена моја
Сфатив после толку години и стресови, зошто сум јас ваква каква што сум...секогаш под стрес под напон со негативни мисли....па тоа мојата мајка така несвесно ме воспитала. Гледајќи ја нејзе како паничи на секој мал шум, како буквално фрла јадење од уста само да крене телефон, да отвори врата - да не звонеле 3 пати....се прави во секунда, се прави .... Затоа и јас сум таква, секое мало тропање, секој мал шум ми прави стрес - дека нешто се случува.... Зошто сум јас сама, осамена...зошто тешко стекнувам доверба? Случајно во муабет на татко ми, на својот сопствен татко му реков ....ако не те сакаат другите, па јас те сакам.... одговорот беше “како да не “ Мојот татко никогаш не доживеал родителска љубов, неговите родители никогаш не го сакале како син, секогаш ќерката била во прв план. Мојот татко никогаш не доживеал од мајка си и татко си гушкање, никогаш не доживеал да му биде речено браво...... не доживувам ни јас. Сите гушкања за родендени или некој настан се затоа толку ладни....затоа што не знае како. Мојот татко никогаш не ми рекол те сакам Затоа можеби и јас не знам да сакам
Razni misli me macat...mi se spie a nemozam da zaspijam ..utre sum rano na fakultet a sreda polagam nemam nisto nauceno zaradi moite crni misli vo glavata...neznam sto da pravam ..barem da mozev da spijam ...a mn se custvuvam izmorena a pak nemozi son da me fati...mnogu se plasam, nemozam da go izdrzam ovoj strav i ovie razmisluvanja koi ne me ostavaat da zaspijam..neznam sto povekje da pravam..kako da si pomognam
Денот кога беше во болница ми рече да не доагам, затоа што не си сакал да те видам како лежиш. Деденце мој јас тоа што не дојдов да те видам за последен пат, овој мој грев ке си го носам целиот мој живот, се додека сум жива. Прости ми те молам. Ми фалиш премногу дедичко
Најмногу боли кога немаш никој да поразговараш, да се ослониш, да му застанеш во прегратка и да се изнаплачеш... И така тоа што ме мачи се зголемува,и расте и расте додека еден ден не ме прерасне и ме тресне в земја