Се чувствувам ужасно.Веќе два месеци има таков притисок од сите страни што мислам дека ќе пукнам.Се што во животов ми беше подредено под конец,сега се распаѓа како кула од карти.Емоционално сум уништена,повредена од сите оние кои ми значеле.Едноставно на сите им сметам,секој гледа да ме искористи максимално и потоа да ме заборави скрос.Во градите чувствувам таков притисок,што мислам дека инфаркт ќе ме мавни.Наредниот месец ме очекува голема промена и не знам како ќе ја прифатам.Едноставно стрес на максимално ниво,притисок 24/7,панични напади,нервози...Од стрес не можам да спијам,ама на сметка на тоа јадам како цел живот храна да не сум видела.Нервите ми се истрошени веќе.Млада сум премногу и не знам како ќе имам јас нерви за понатаму низ животот.Најтешко ми е што немам на кого да му се искажам,сите како намерно да сакаат да те видат слаб и немоќен.Морам да имам насмевка на лицето,а од внатре тонам,осамена сум премногу.Среќа што тука е анонимно,па можам да си ја отворам душата без некој да ме осудува.Имам 3 главни причини поради кои се борам против ова,тоа ми дава надеж и сила.До кога ќе биде вака јас незнам...Си го барам назад спокојт и мирот што го имав.Наредна работа што ќе ја направам е да најдам добар психолог.Менталното здравје е важна компонента,бидејќи влијае и на физичкото здравје.Се надевам на подобра иднина.
На крајот наплатено ми е. Правдата е задоволена. Душа ме боли ама... заслуга. Барам виновници, но виновникот сум јас. Каде беа моите раце целото ова време, врзани ли беа? Епа ете, залудно е што сега ги подавам, затоа и остануваат празни. Има правда, навистина има. Еве ја на дело. Ме боли, ме сече, но тоа е истото она јас што го направив, го посеав па сега го обрав. Голем си ти Господе, вистина е дека што е пишано во Словото, тоа е закон и не се менува. Законот вели дека кој што прави, тоа ќе си го најде. Тоа се случи. Нека ми е за памет.
Се мислев деновиве дали да се испразнам или не,но сепак решив,едноставно не се трпи ова повеќе.Среќен уплатен одмор,се чека само да дојде денот и да се тргне на море,еуфорија се пакувам,си правам планови во главата,ке биде вака,ке биде така,ке одам на плажа ке уживам,ке си го испразнам мозокот од негативности,и ке си ја испразнам душата од сите неубави работи.Денот пред да тргнеме само 10 часа пред да тргнеме,се случува тотален хаос дома,хаос како што никогаш не сум можел да замислам во главата,а не па да верувам дека ке се случи,растргнати на сите страни,дерење,хистерии,полудување,вриштење.малтретирање до полиција,никогаш во мојот живот дома не ни дошло полиција НИКОГАШ,пријава од моја крв,крв со која сме делеле леб,заедно сме спиеле,крв од иста мајка и ист татко,5 часа се случуваше све,неможев да се смирам,никако неможев да се смирам,добив психичко пореметување,добив страв од луѓе,страв од себе,страв од животот.Неможам да си поверувам дека све ова се случи само на 10 часа пред одмор,неможам да поверувам дека избегав од дома,и дека повеќе никогаш во животот нема да ги видам тие исти ликови,а душата,плаче,боли,се дере од внатре,имам грутка во грлото,ахххх Господе те молам помогни ми,дај ми сила да ги поминам овие тешки денови,мигови,часови,само ти Господи ми даваш вистинска сила и верба,врати ми ја вербата во луѓето,дај ми СИЛА ДА ГИ ПОМИНАМ ОВИЕ МАЧНИ ДЕНОВИ.
Навистина ми е жал за тоа што ти се случува во моментов, но најважно е да не направиш некаква глупост и сл. Мораш да останеш присебен и смирен иако тоа не е лесно во вакви мигови и моменти. Во твојот коментар споменуваш дека си избегал од дома, јас би ти предложил да пробаш да седнеш на маса со твоите и да се обидеш да ги расчистиш сите недоразбирања но искрено ако е преголема болката и навредата тогаш е и добро од една страна што си заминал, на секој човек во такви ситуации му е потребна понекогаш самотијата за да го излечи а искрено добро е понекогаш да се покаже дека границата не смее да се премине. Сега можеби ќе седиш под ќирија (тоа ти си знаеш најубаво), можеби ќе ти биде малку потешко да излезеш на крај но подобро и тоа отколку некој да ти го уништува внатрешниот мир. Ти посакувам многу сила и среќа.
Ти благодарам за подршката,секако дека не правам никаква глупост,сепак не сум дете од 15-16 години него сум веќе човек кој иде во сериозни години,оваа препрека нема да ми го прекине сонот на мојот живот,секако дека ке се борам до крајот на мојот живот.Правено е премногу пати муабет,премногу пати е пробувано све и свашта да се направи,за да се смири негативноста и хаосот дома,но џабе било све,само сум си трошел здравје и време.Јас не избегав од дома,него културно си ги собрав сите мој работи,и си заминав,едноставно ми треба само душевен мир,мир кој ке ми го стабилизира телото од стресови и хаос.Јас со мојата фамилија рачистив,све што имав кажав,све што имаа кажаа,и тоа е тоа,секој на своја страна,секој со својата среќа.
Sto e problemot? Mozebi kje mozeme da pomogneme nekako? P.S. Do moderatorite: se izvinuvam za latinicata, pisuvam od mobilen.
Mene ova mi izgleda povekje kako da sakas da kazes nesto no se dvoumis dali da kazes ili ne. Mozes slobodno da mi se obratis po licna poraka ako sakas. Kje ti odgovora m denes ili utre momentalno nemam Internet kaj mene e reality show kameno doba edicija. Izborot e tvoj vo sekoj slucaj ti posakuvam sekoe dobro.
Пред само неколку дена и јас бев како тебе, здробена, депримирана, издишана, разочарана...но овде на форумов има прекрасни луѓе, кои имаат чудна моќ, со неколку пишани зборови да се почувствуваш подобра, да си ставиш прст на чело и да тргнеш во борба за бољи живот. Сите паѓаме во такви фази, но штом сме тука, заедно сите ќе се бодриме еден со друг Пиши слободно, олесни си ја душата
Повеќе причини се, но ете ќе кажам. Ме охрабривте. Ќе речам само немојте да ме сметате за негативна или сл. Е сега....некои овде знаат, некои не, низ каков пекол поминав...да почниме од проблемите кои ги имав со татко ми. Во некои теми пишав за односот родител-дете и каков би требало да биди...ми се крши срцето кога гледам како некои се сложуваат со двајцата родители подеднакво. Јас се разведов од татко ми. Имаше испади од негова страна кои ме погодија и ескалираа со мој напад на паника Сега го гледам само како станар во куќата....едвај разговарам со него...тоа што немам врска со него ми отежнува во врска со мажите...нели таткото е првата машка фигура во животот на една жена....кај мене не беше тоа така,,,само тие со ваков проблем ќе разберат. Се осеќам осамено....ми фалат љубов и внимание....немам на кој да се доверам....едвај чекам да си одам оттука и во странство да почнам нов живот....без да бидам малтретирана, осудувана или одвоена од сите..и сл. Се трудам да не го барам недостатокот на внимание на погрешен начин и ми успева...не сакам да направам нешто за кое би се покајала... Ве молам за сите кои ќе наидете на мислењево, не ме пресудувајте како негативна или депресивна само заради ова или икс други вакви. Гледајте на целата слика.
Секако дека нема да те осудиме таман работа,секој во животот си има мака,секој човек си е со својата мака.За жал и јас го поминувам истово како тебе,истото ми се случи и мене,само за разлика од тебе јас повеќе не живеам со него,си собрав све што ми припаѓаше и си отидов,тешко ми е и тоа многу ми е тешко,ради тоа што немаме никаков контакт,а заедно поминавме премногу работи,во тој дом ми беше целото детство,целиот мој живот,сите добри и лоши моменти.Но повеќе не се трпеше искрено и се свестив дека моето здравје е најбитно,и дека мојот живот треба да биде на прво место. Немој да се нервираш безпотребно,не се секирај,затоа што све ке помине,и све поминува,еден ден ке си изградиш своја фамилија,и ке сватиш дека безпотребно си губела здравје и живци.Коцките сами по себе се местат,џабе колку и да ги форсираме работите,тие сами по себе си се местат.
Се пронајдов во многу животи од феминки изгледа делиме иста судбина. Порано имав добро детство немав проблеми.Но пред 2ипол год почна мојот ужас.Повеќе не сум дете на мајками ..јас сум и нејзе за се виновна,јас сум идиот за нејзе,за нејзе сум глупача како што ме нарекуваше. Секое сабалје ми влага во соба и ја отвара вратата со лупање си облака мои алишта во моја соба се прска со мои парфеми + можност да се угушам и да умрам.Неможам повеќе секој ден барам некој излез,совет,подршка да ми каже некој дека се ќе биде во ред.Со денови веќе не ни јадам,се откажав од се 2ипол години трпам психичко малтретирање срцето секој ден ме боцка,косата ми падна на одредени делови од главата.Се тоа од нервоза и стресови,од секогаш имав мн низок притисок,а веќе имам и висок. Секој ден одејки накај дома од работа нозете ми се враќат и се прашувам таа што ми беше мајка сега не ја ни познавам.Други и го командат мозокот,за нејзе постои само синот може веќе го знаете проблемот имам пишано во една тема. Дм гледа да ме спаси од тој пекол на секој начин ,али јас му викам не сакам само заради моите проблеми ти да ме земеш. Денес уште рано рано пак по старо лупање врата.... али јас неможам повеќе секој ден се повеќе и повеќе се рушам,психики веќе не сум добра,изгубив надеж да облечам венчаница,изгубив надеж да дојде дм дома да ме бара за жена,изгубив надеж да се борам со тоа што сум слаба. Еден ден ќе си ги спакувам алиштата и никој нема да знае кај сум,некој од тука може ќе ме осуди али јас изгубив тотална надеж за живот.Имав толку многу соништа за животов ама веќе ни тие не ми се мили... Сега сме во потрага по решение за дом со дм и го чекам денот кога ќе легнам да спијам во мир и ќе се рабудам во мир без да имам денови кога некој ќе ми рече зашто си легнала да спиеш или ајде станувај. Имам уште многу да пишувам ,али може ќе пишувам два дена... мн ми е тешко на душава да се борам немам сила...така да се оставам во божји раце Дури срам ми е да признаам некои случки. неколку месеци секој ден бев под дизејпам,незнаев кај се наоѓам,од стрес менструацијата ми се поремети фала му на бога сеа е во ред. Најмногу ми е срам за една вечер додека седев со дм ми зазвони тел.и гледам таткоми кренав а он ми се дереше и ми викаше вракај се одма дома одма ако не јас ке дојдам и ќе видиш,таткоми некад не бил таков си реков сигурно онаа дома го има изнервирано,испрано мозокот и молено да ме викне.Дојдов дома отидов кај братми во соба запалив цигара ,а по мене таткоми црвен во лицето и нервозен почна да ми се дере срцето ми застана ,најмногу најмногу што се срамам добив ќјотек на овие год. од таткоми поради нејзе. И ден денес таткоми се каае за се он никогаш не бил лош се правел за мене али ете се случи.Таа вечер плачев плачев како мало бебе се мислев дали да си ги соберам парталите и да ме снема,а се надевав на подобар ден али тој ден уште не е дојден. Барам секаков начин за нов дом,ако треба светот ќе го превртам само да стигнам до мир не ми успева ..боли длабоко во душата кога на некој си му ништо,боли кога гледаш дека сите се против тебе,боли кога гледаш дека за тебе не ги боли уво.
Имаш среќа што имаш дечко....Можиш со него да заминиш кога сакаш....Се надевам ќе почнам нов живот во друга земја, подалеку од некои личности од фамилијата за жал...и општо подалеку од токсични луѓе.....Жал ми е.
Да мила имам огромна среќа што го имам него секогаш кога плачев он ми беше рамото за плачење он ми беше силата моја.Он беше тој што ми викаше нема да биде подобро земи си работите и одиме кај мене дома. И јас сакав да бегам во друга земја,али го запознав дм.Па после се и тоа денес веќе за брзо време ќе заминам неможам повеќе се тресам цела од нервоза немам сили Само таму го барав спасот далеку од сите сама. Ти ја пуштам цела среќа за нов почеток.Верувај во себе и ќе биде се во ред
Јас се имам само самата себе...едвај чекам да заврши целата процедура и да заминам....па после кај ќе терам таму.