Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Папи,со тоа само го потврдуваат тоа што си го кажала за „пријателството“ во твоето оделение.
    Не треба да се чувствуваш како црна овца,треба да се чувствуваш како бела овца во црно стадо ;)
    (Не го сфаќај како навреда „белата овца“,ме сфати што сакав да кажам нели? :tmi: )
    Сигурна сум дека си „филозофот“ во оделението бидејќи си многу попаметна од другите,а тие тоа го кажуваат од љубомора и гнев.

    А и да си младо филозофче не е лошо,филозофите се одбележани во историјата,сигурно си учела за некој старо/средно вековен филозоф,па можеби и генерациите во 30 век ке учат за тебе. ( :lol: )
     
    На LittlePinky, love-it, Papillon.Papi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Треба да бидеш горда на себе.На секој може да му пречи некоја особина на другиот,па да го именува со некој епитет.Во недостаток на свое мислење се обидуваат да те провоцираат и да слушнат нешто што може да им биде во полза.Таквото однесување е и тест за твојот карактер.Игнорирај ги и не подлегнувај на нивните провокации и озборувања.Знаењето си има своја вредност.Иако на денешницава ретко кој го цени.Тоа е последното нешто што некој може да ти го одземе.Поздравче ;)
     
    На LittlePinky, Papillon.Papi и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  3. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Мене Симонче ме викаат...ајде професорке станете го Симончето...Симонче..добро нема врска ова сега...
    Сакав да кажам дека имам чуден проблем...Јас фаза на пубертет,добро.Е сегаааа мили мои,јас почнав книга да пишам по не знам кој пат,сакам да го читам Достоевски,Толстој,Чехов-а претходно досадни чоеци ми беа...Ме опушта класичната музика,а претходно не ја поднесував..Но дојде ден Симона да се затреска...Оп Купидон ме нашол! :!:
    И така тој си знае дека го сакам,поминаа околу 2 месеци кај шо знај,ама сега не знам што ми е искрено кажано...Го мислам како претседателот на државата да сум,24/7 присутен ми е и во мисли и во соновите...Со мене учи,значи ист клас...Сега кога ќе е близу мене,до мене,зад мене,пред мене,околу мене....кога зборува,кога ќе погледни накај мојата страна,кога ќе му го спомнат името...се нервирам.Е тука не се сфаќам ни јас!А силно го сакам де!Прва љубов дечки :$
    Ај тоа,еми што така книги да пишувам?Што така класика?
    Се гледам во огледало:Симона,ти порасна...уште можи си забегана во позитива,ама сега не си детуле,не си дете,ти си едно со средна висина пораснато детиште! :D ;)
     
  4. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Зошто толку пробувам да им се правдам на луѓето?
    Боли,многу боли тоа што те сметаат за никој и ништо.Пробувам да се држам на нозе,ама психата,мојата негативност кон таквите ситуации ме убива...
     
    На LittlePinky и love-it им се допаѓа ова.
  5. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Разговарајте за да ви олесни душава

    зошто да им се правдаш? живееш еднаш, затоа живеј за себе.Колку и да ти викаат ова лошо правиш, она лошо правиш едноставно помини преку тоа и не грижи се за никој. Не си никој и ништо, ти си Maria.Vampire. посебна си, единствена. баш како што се и тие. Ослободи се од стравот, пробај нешто ново и заборави на туѓите осудувања и мислења. БИДИ ТОА ШТО СИ. и не гледај толку негативно кон животот.Поздрав :)
     
    На Papillon.Papi и Maria.Vampire им се допаѓа ова.
  6. Survive

    Survive Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    40
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Иххх се заљубив и јас... Ама во скроз погрешна личност :?: Школски ми е, немам мака со тоа, но неговото однесување, е тоа ме загрижува. Јас сум повлечена личност, не урлам, не правам глупости и не им се исмејавам на другите, а тој, тој е се што не сум јас. Тој е хулиган, типот што ги прави смеите во друштвото.. Е сега седиме заедно, ама тој ме гледа на некој начин како јас да сум нешто помалку од него и од неговите другарки т.е. дрољици. Јас секогаш сум се однесувала пристојно и фино, како што му доликува на едно 15 годишно девојче, но почнав да излегувам навечер и да пивуцкам по малку, веќе не учам како што учев порано, почнав да мислам само на себе, а згора на се и да ги исмејувам другите. Буквално се претворив во она што мислев дека никогш нема да бидам. И се за тој веќе да не ме гледа така напарочки, а и се смени, веќе не ме гледа како некоја забегана и глупава. Сега е поопуштен со мене, а пред некој ден и ми намигна :!: . Но и покрај тоа, и покрај се што направив, тој не сака да има ништо со неме (веројатно). Де помогнете ми, кажете ми што да правам...
     
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    И јас секогаш сум била позрела од другите, воопшто не размислував како тинејџер. Колку и да сум била различна од врсниците, никогаш не сум се чувствувала како црна овца, напротив се чувствував супериорно. Точно е дека поголемиот број преовладува, но тоа не значи дека ти си таа што помалку вреди, не заборавај дека од љубомора свашта се прават, поготово од страна на нас девојчињата. Но можно е и момчињата да се водени од нив, а можно е и да те закачаат за да ти привлечат внимание. Не сфаќај се лошо и не се замарај, мисли позитивно и никој не може да те сруши. Ти си она што си и цени се како таква. Така ќе те ценат и другите, верувај. :)
     
    На ku4ence и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  8. Lepor.Lepos

    Lepor.Lepos Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    Разговарајте за да ви олесни душава

    До девојчето што го закачаат врсниците...

    Прво да се расчисти нешто, тоа што си филозоф е добра карактеристика, а другите што исмеуваат тоа не е. Тоа се деца кои имаат комплекси и преку исмевањето сакаат да постигнат супериорна позиција.
    Тоа не е здраво однесување за нив, како и за луѓето кои се исмевани.

    Прочитав мислења од типот дека не треба да се замараш, треба да ги игнорираш но јас не се согласувам баш, поточно сакам да додадам нешто. Има девојки на форумот кои пишуваат за слични искуства и велат дека се уште ги чуствуваат последиците на исмевањето. Затоа јас мислам дека ова не е баш проблем за игнорирање, туку повеќе за соочување.

    Сигурно си бистро девојче, па мудроста искористија како извор на моќ и самодоверба. Кога некој ќе ти пререче нешто наместо да наведнеш глава соочи се со него, кажи нешто како -Не сум јас крива што имам амбиција и желба во животот за нешто поголемо од исмеување на луѓе, Јас за разлика од вас сакам да ги користам мозочните клетки и да размислувам за поголеми работи.

    Можеби нема да има голема промена во нивното однесување, но во твоето сигурно. Кога ќе се соочиш и кога ќе се одбраниш ќе ти се зголеми самодовербата и сигурноста во себе, а верувај поубаво чувство од тоа нема. Тек тогаш злобните коментари нема да имаат никаков ефект врз тебе.
    Само храбро и дрско хах :D
     
    На LittlePinky и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  9. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Папицо мор....
    Еден ден ќе му се здосади и ќе прекинат-од искуство ти кажувам ;)
     
  10. love-it

    love-it Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    78
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Истото мене ми се случува.Еве вчера ми забоде другарка ми нож в грб зашто таа другата другарка кажала нешто против мене и таа и поверувала.Многу ми е тешко долго време се дружевме и таа сега на училиште на ми каже дека не сака повеќе со мене да оди на прошетка и сл. многу ме изненади и затоа што таа другарката нејзина од маало и рекла дека јас сум направила нешто што нема врска таа прво да ме сослушаше ама не таа не ми верува повеке, незнам ама не се дружи со мене како порано...
    Многу ми е тешко и ми ја мачи душата...
    Ве молам помогнете како да искочи вистината на виделина. :(
     
  11. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    остави времето ке и покаже дека згрешила, кога несака да те сослуша неможеш да и докажеш, ке свати таа самата.
     
    На love-it му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Би разговарала.И би се исплачила,ако е потребно.
    Но,имам чувство дека ќе биде злоупотребено кажаното.
    Така да,најчесто во себе чувам,скоро се.
    Кога ќе препукам(доколку препукам),истурам се од себе.
    То је то.
    :?:
     
    На eliesaab, crazylady, BelieberYeahh и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Пак мои проблеми.... |(
    Не се поврзани како „околината влијае врз мене“, туку е нешто обратно. Па, не баш обратно.... вака е:
    Јас цело време се мислам зошто постоиме, како помагаме на земјата со оваа култура...? Некогаш мислам дека животов ми е безвезен, не е потребен за планетава. Сакам да ја напуштам сета оваа преостаната природа, несакам да ја уништам уште повеќе... најскапоцен ми е животот, ама не мојот... скапоцен е животот на растенијата и животните. Тие не се противречат на природата како нас. Тие не оставаат да ги уништуваме, но сепак се размножуваат, се борат нивните нови животи.
    Јас мислам дека човештвото ја уништува земјата. Не сум рацист, баш напротив, секое живо суштевство го сакам, но најмногу ги сакам битијата кои не се против природата, туку тие ја создаваат природата, ја надоградуваат.
    Нормално ли е ова што го мислам? :worried:
     
    На icona.pop му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Разговарајте за да ви олесни душава

    од твојата генерација и семејство можеби мислат дека тоа не е во ред. Но, всушност , ти си само загрижена за тоа што ќе остави човечката раса зад себе. И имаш право на тоа. Ние сме оние суштества кои го уништуваат овој свет, т.е. ги цицаме сите убавини што постојат за нам да ни биде убаво. Не се грижиме за останатите живи нешта (било растенија или животни). Ги сечеме шумите кои се дом на различни видови, а подоцна пишуваме книги за ужасите што сме ги сториле. Велиме: ја уништивме природата и воздухот, но всушност ги уништуваме животите на некои невини "животинки". Сето тоа само од љубопитност кон непознатото и од желба за моќ и владеење.
    Ако оние научници од Хардвард и Оксфорд за момент размислат каков би бил светот без луѓе, наука и технологија ќе сфатат дека сѐ би течело по правилата на животот. Не би имало загаден воздух или претерани земјотреси, ниту пск покачување на нивото на водата и сл.
    Не грижи се за своите размислувања, правилни се. Остави ги другите нека спијат на тоа дека еден ден ќе постигнат совршенство или било што. Ти си само едно невино детенце кое размислува како што вистински човек да размислува. Со љубов кон животните и природата. Продолжи така. Ја имаш мојата подршка Папи :*
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    33.729
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Papillon.Papi се пронајдов во ова напишаното.Секако дека е нормално.Секој човек може да му поминат овие прашања во глава.И да,човештвото ја уништува земјата.Таа болна и сурова вистина е тука,но тука не запира животот.И немој да се обвинуваш себеси дека ти ја уништуваш природата,бидејќи ако почнеме сите ние така да мислеме,тогаш зошто постоеме?
    Од друга страна,кога ќе размислам по убаво,некогаш вреди да се живее и да се ужива тоа што твоите родители ти го дадиле.И треба секогаш нив да ги сакаме и да им се заблагодариме што не донеле на овој свет.Сакај го животот и сакај ја и болката и радоста,бидејќи и тие се дел од нас. :)
     
    На Papillon.Papi и natemila им се допаѓа ова.
  16. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Да, но понекогаш да чуваш нешто во себе не е добро..Можеби имаш чувство дека тоа што ќе го кажиш ќе биде злоупотребено..но тоа зависи на кого и што ќе му кажиш :!: Понекогаш е добро и да се препука :lol: Кога некој/нешто ќе ти дојде преку глава и неможиш повеќе да го трпиш тоа се случува ;) Но сепак не вреди да се нервираш за непотребни работи,живеј си го животот како ТИ што сакаш,а не како некој што ти рекол да го живееш :rock: ..Но никогаш немој нервозата и стресот да ги ставаш на прво место! :!: :*
     
    На icona.pop му/ѝ се допаѓа ова.
  17. icona.pop

    icona.pop Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    27
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Трпам секогаш во себе и многу ми се одразува на однесувањето неможам тоа да го скријам затоа ме знаат како намуртена од секогаш.
     
  18. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Да има некој да ме сослуша и да ми даде совет каков треба, би му била многу благодарна, само мислам дека нема некој таков да се најде.
    Дали се сите како мене или само мене ова ми се случува навистина не знам, но ова не се трпи. Се јадам жива и не можам овие неправди да ги издржам на светов. Неверства, лажење, мамење, лицемерие, погрдни зборови, измама и што уште не. Абе не знам душата на таквите кај ќе му оди, само посакувам од една страна да ги гледам и да им се ситам. Секогаш кога ќе помислам дека сум среќна, ќе се случи нешто што ќе ми ја расплаче душава. Посакувам да умрам, зашто не се трпи ова, претерано е. И онака никој нема да жали по мене.
     
    На Papillon.Papi и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Исто и со мене е... ако има лицемерие, измами, неправда, која е вредноста на човештвото? Но, ќе трпиме ние праведните... :D Само времето ќе покаже. :?:
     
  20. KittyCat84

    KittyCat84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Имам понекогаш потреба да се испразнам..да кажам на некого тоа што ме мачи и да добиам некаков совет..иако во последно време премногу главата ми е пренатрупана со секакви проблеми..почнаа и другарките и другарите да се оддалечуваат од мене затоа што ги одбивам нивните покани за излегување само затоа што сакам да поминам малце повеќе време сама со себе...но крај краева никако не можам да ги решам проблемите незнам како да постапам..се плашам да не таа одлука ми наштети..сепак тоа е живот.. :)