Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Не живеам али поголемиот ден од денот сум со него кај него дома сум само да се пресоблечам и да се истушиам.
    Пола работи кај него ги имам однесено.Неговите тотално ме прифатија

    Се имаш затоа биди силна останало сигурно уште малце.Верувај во себе после во друга држава може ќе ја запознаеш љубовта на твојот живот и ќе заборавиш на се
     
    Последна измена од модератор: 20 август 2017
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Моја препорака земи си све што е твое,и оди си кај него,почни нов живот.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Да многу сакам таму да останам да отидам.Али прво имаме работа да средиме планираме да градиме имаме помош од неговите .И сега гледаме да ги убрзаме постапките за градби пишав во една тема ако некој има човек во општина или работи да ни помогне.
    Овие денови кај него ќе бидам ми треба мир зашто ќе завршам во бардовци
     
  4. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    3.149
    Пол:
    Женски
    Па да при крај е целата процедура, ама не знам кога ќе заврши...иначе јас планирам да запознам некој оттука па да одиме заедно...а не да бидам тотално сама како на пуст остров..
    Иначе и јас ти препорачувам да ги земиш работите од дома и право кај дечко ти, не им се јавувај дома не ги барај....барем ти ја имаш таа можност.
     
    На anonimus-mk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Додека почнете да градите и да се средувате,иди кај него,да си се стабилизираш самата,да си направиш мир во главата,а послем тоа со нови сили,со нов живот ке си градите све.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Ќе биде и тоа кога најмалку очекуваш ќе видиш.
    А за кај дм треба прво на неговите да им кажеме и неможам уште денес

    @ЕденЧлен да те разбирам тотално така и планираме додека градиме потрковје да си живеме заедно и пополека се да средиме пошто и он покрај мене се нервира.
    Верувајте ми дека уште вечерва све би собрала али неможам .
    Али ќе биде и тоа и јас ќе најдам мир се надевам дека и здравјето ќе ми биде подобро
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  7. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Ако е некој слободен , со волја да ислуша еден тон глупости кои се причина за веќе мојот пореметен начин на живот нека ми пише инбокс. Потребен ми е некој со кој ќе можам да си поразговарам слободно и притоа да не бидам осудувана и етикетирана како несозреана будалетинка.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.205
    Пол:
    Женски
    Многу ми падна жал кога го прочитав ова. Не ми е јасно како една мајка умее да нанесе тага на своето дете. Претпоставувам дека таквото нејзино однесување и таа нервоза нешто ги поттикнува. Иако тоа не е опрадвдување така да се однесува. Од подолниот пост разбрав дека татко ти сепак се кае за лошото кое ти го сторил и дека колку-толку е подобра личност. Доколку е така, тогаш зошто тој барем не застане на твоја страна и не те поддржи? Иако до некаде ми е јасно дека таа умее да влијае на него и можеби за да нема и самиот тој проблеми мора да ја поддржува и да и оди по ќеф.
    Јас да сум на твое место би заминала. Снајдете се некако со дечкото, најдете нешто привремено. Се надевам дека сте вработени. Ако е така тогаш земете било што под кирија, макар и една соба нека е само да си имате мир.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Ти посакувам многу среќа,ви посакувам многу среќа во заедничкиот живот,и све што ке посакате да ви се исполни :)
     
  10. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Она не беше ваква искрено беше прекрасна али веќе не ја познавам.Мислам дека сестрите и го перат мозокот и она ме третира како куче.Таткоми од тогаш е на моја страна и ме разбира тотално зашто некогаш дома не си доаѓам и еднаш од околу ми кажа ко демек тргни се најди мир.
    Да работиме и веќе изградивме план за заеднички живот само уште малце остана.
    Таков е животот чуден и болен
    едит: заборавив да кажам дека алишта мои ми криеше причина незнам,ќе ми збореше 15 мин како јас нешто да си купам облека,ме гледа како банкомат иако знае дека штедиме за дом и за одмор.

    @ЕденЧлен фала ти многу.
    И јас ти посакувам многу среќа и сите желби во животот што ги имаш да ти се остварат
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  11. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Разговоров секако дека нема да ти донесе решение но убаво е што пиша зошто ќе ти олесни колку-толку. Те разбирам сосема кога пишуваш дека осаменоста и недостатокот на љубов и внимание знаат да болат многу и тоа е вистина за сè си во право. Не знам какви испади имал твојот татко пред тебе и не сакам да „копам“ тука сега со несоодветни прашања но според ова што го пишуваш мислам дека е и подобро од една страна што си осамена и што си „разведена“ од татко ти. Да, точно, тој ти е татко и треба да го почитуваш но треба и тој тебе да те почитува и сака, нели? Така да гледај на осаменоста во моментов како добра работа, дур не го најдеш тоа што ќе те исполнува тебе.

    Ако имаш можност да заминеш во странство уште подобро, ќе ти биде и таму навистина тешко но барем ќе ти биде мирна главата.

    Најважно е само да не се обесхрабруваш и да продолжиш да се бориш и понатаму. Штом ти се пружа првата шанса за излез од оваа криза, веднаш зграпчи ја и не гледај назад.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    3.149
    Пол:
    Женски
    Само сакам да излезам од пеколов...нема да се обесхрабрувам се разбира.
     
    На La.loca и baba Rada им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.590
    Пол:
    Женски
    Додека овие горе си ги олеснуваат душите, нашите отежнаа...Се шалам дечки, само напред, собирајте храброст за да направите пресврт во вашиот живот, ние само ќе ви посакаме среќа:):hug:
     
    На ceca-1, La.loca, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. LittleGirl626

    LittleGirl626 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Додека сите мои врсници а и помалите од мене излегуваат постојано на кафе во град на забави на вечери на прошетки на одмори, јас седам дома пред компјутер, ги гледам сликите што ги постираат на социјалните мрежи и им завидувам, љубоморам бидејќи на нив им е толку убаво, бидејќи се среќни.. А јас досега во моите 17 години го немам искусено тоа..
    Зошто?? Бидејќи имам татко со застарено мислење и поглед кон светот.. Незнам и никогаш до сега не сум сфатила зошто нее ми дозволува да направам чекор од дома, дури и кога треба да отидам до продавница одма следат прашања, каде и зошто, што ќе купуваш.. Некогаш не ми дозволува дури и до кај најдобрата другарка да отидам која живее одма до мене..
    За да сакам да отидам некаде треба од него дозвола да барам, да го молам да ме пушти . А него секогаш одговорот му е неможе а добра причина затоа не ми дава.. Му велам зошто тато, а тој неможе доста..!!
    Постојано ме критиукува како незнам кафе да сварам да исчистам по дома, а секогаш еве летово мајка ми кога е прва смена на работа, станам го зимам лебот си доаѓам дома и се исчистам, направам јадење, а некои на моја возраст незнаат ништо да работат од тоа што јас знам, и после пак јас незнам ништо..
    Ногу боли кога постојано тоа го вели, а не е така. И покрај се тоа што му варам кафе му наместам да јаде па раздигнам, го слушам, работам низ дома, од негова страна добро не сум видела..Зарем не заслужувам и јас да се забавувам како другите..
    Еднаш уште пред една недела му кажав дека ќе одам на вечера, му кажав дека со другарките а всушност требаше со дечко ми да испаднеме бидејќи правивме една година и со него бевме закажале маса и се.. И кога требаше да испаднам ја дотерана уштр такси да викнеше, тој рече нема никаде да одиш..едноставно ми забрани да испаднам.. А причината подоцна и ја кажал на мајка ми и била бидејќи дента ми преврело кафето.. Многу пати ме извисува така..
    Има девојки коишто дечковците ги донесуваат дома, а јас неможам да кажам дека имам дечко, бидејќи не дозволува да имам дечко.. Срамота било..
    Еднаш исто така во последен момент не ме пушти да испаднам, но јас се изнервирав и испаднав и вечерта кога се вратив, тој ми удри 2-3 шамара, и ме удри по главата..
    Се затворив во собата и цел саат плакав, не затоа што ме болеше од што ме удри, плачев поради тоа се што ми се слчувало, и затоа што имам ваков татко..
    Секогаш ми се заканува ако испаднеш ќе спиеш надвор..
    Зошто не сфаќа дека имам 17 години не сум 10годишно девојче..
    Кога ќе ја живееам јас мојата младост ако не сега?
    Цело лето дома си го поминав, како? гледајчи серии, и изврашувајќи ги домашните работи.. Смешно е знам..
    Тој никогаш не е седнал како татко со мене да прае муабет да му се отворам, никогаш не ме прашал како си..
    кога мене ми е лошо и кога неможам да заврашам нешто дома, одма следуваат критики, се тебе ти е лошо измислуваш и сл..
    Ми се иде да земам да му изнакажам се, како ми е и како се чуствувам поради сето тоа, но неможам а сум пробала, одма ми се насолзуваат очите и ми трепери гласот, незнам како да се искажам..
    Сега додека го пишував ова се расплакав..
    Незнам дали кога ќе наполнам 18 пак ќе ми забранува без причина..
    Многу ми е тешко а освен овде неможам на некој да му се отворам, и да заплачам пред него.....
    ...
     
  15. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    А каде е мајка ти во приказнава?
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    3.149
    Пол:
    Женски
    Немој никогаш да дозволуваш некој да дигне рака на тебе, дури ни родител!!!
     
    На La.loca и Minnie 1 им се допаѓа ова.
  17. LittleGirl626

    LittleGirl626 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Со мајка ми сум отворена знае се за мене, кога излегувам со дечко ми секогаш ме крие од татко ми, се кара со него за јас да можам да се чуствувам поубаво..На моја страна е..
    Но тој се расправа и со неа, се дешавало со неа да не збори по цела недела бидејќи мајка ми се скарала со него заради мене.. И кога мајка ми застане на моја страна тој и се заканува дека и таа ќе спие со мене надвор..
     
  18. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Убаво што барем е таа на твоја страна,бо не треба да те крие,туку напротив да му каже отворено каде и со кого си.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LittleGirl626

    LittleGirl626 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Освен татко ми никој друг не е кренал рака на мене. Но како да не дозволам? Додека тој ме удираше, јас се бранев, кога му ја отргнував раката за да не ме удира тој тогаш се посилно удираше..
     
  20. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    3.149
    Пол:
    Женски
    Ако си сеуште малолетна т.е. ако немаш наполнето 18 пријави го за семејно насилство. И каде се другите тука? Вујко стрина баба ништо немаш?