Да знам, проба таа еднаш но онака на шала за да види како ќе изреагира тој, неговите зборови беа, аха дечко, дома нема да и даам да си дојде, незнае да исчисте дечко тука ќе има.. Пробав се но џабе, на него ништо не може да му се објасни да му се каже.. Секогаш тој е во право и кога не е, неговиот збор последен мора да е. Не ме малтретира тој, т.е тоа само тогаш се случи, еднаш.. Имам но не е дошло до тој степен за да споделувам со нив. А и да дојде, не сам таква личност за да споделувам со некои други блиски. Знам дека би ми помогнале они ноо сепак не.
Преку глава ми е од прашања и разговори како: И,кога заминуваш? И колку плата ќе ти дадат? Шо ти е тебе,ајде излегувај јас одев по 12 саати на работа па ништо не ми беше,не се жалај. Нема љубов,нема мажи,поарно со кучето ќе шетам. Јас никогаш нема да ги напуштам другарките поради дечко,нема тој да ми кажува што да правам ( мислам алоо 26 ги имаш,шо размислување е ова? Утре ќе треба со тој истиот фамилија да градиш,наместо да мислиш колку би било убаво да најдам некој што ме сака и да градам иднина со него п.с. слободно давајте критки ) Ајде лесно е продавачка,со друштво си цело време,со луѓе..( не,немам проблем,само ко ќе влезат и ќе ја растурат цела роба,таа волшебно се мести сама,нели? И треба на сите да му кажиш бројка,модел ) Оти така размислуваш?Па,како машко ќе запознаеш?Па шо ако излезам со нив ( пар (маж и жена) и мести дечко на една другаркаИ излезам да и да ми се потсмеваат.. Да и супер е да седиме в парк ,сите кој по 26, 28,29 и да пијаме пиво ,а не работиме..(мене ми смета,да)
Ајде лесно е продавачка,со друштво си цело време,со луѓе..( не,немам проблем,само ко ќе влезат и ќе ја растурат цела роба,таа волшебно се мести сама,нели? И треба на сите да му кажиш бројка,модел А пак ти што му се секираш ќе му дадеш помало моделче ќе го проба и после поголемо и пак ќе го проба и ќе ти го врати секако неможиш да му погодиш на сите умствено па не да го облечиш некој во бутик (бидеќи не знам што продаваш) и башка тоа ќе научиш кој каква бројка носи. Јас држев продавница за долен веш и кога ќе влезеа тоа жеништата одма се растураат па додека да и погодиш прслук па гаќи па боја немало па оти горе е со чипка па не сакала со чипка ја грепчело па да не била од страна со ластик па не се чуствувала комотно меѓу нозе па оти имала дома само црни гаќички сакала малце да ја освежи колекцијата. Па после прслук да бил со цветови, да бил везан, да бил спортски, па со селиконско препрамче па овде ја стегало па жица оти имало па некоја гледала после 00:00 часот некој филм па таков прслук чекај да ти го опишам... Вака или онака не можиш да им погодиш а за растурање колку сакаш. А за тоа дали тебе ти е време за мажење тоа тебе ти е време немој мн да му обрнуваш внимание не заслужуваат. А тоа со кучето ти е добра идеа ќе запознаеш друг со куче и така двајцата ќе си шетате со кучињата.
Искрено девојче треба да си најдеш нов дечко некој кој ќе те почитува и ќе те сака а не само да се гледа со тебе за секс (Твојот дечко ми делува сомнително ти си му изгледа онака за разонода). А за тоа дека си паднала година ништо страшно животот продолжува, ќе го загрееш столчето овој семестар и ќе ги положиш сите колоквиуми. И нема потреба да се нервираш затоа што немаш "големи проблеми" гледај да си жива и здрави затоа што здравјето чим ќе се изгуби неможе никој да го поврати назад. Мој совет кога ќе бидес нерасположена прошетај на кеј или негде искочи попешачи размисли за некои работи што и како понатаму.
Веќе 2 месеци те нема јас сеуште не можам да прекинам да мислам за тебе. Зошто ме запушти?? Зошто отиде на другиот свет?? Кога најмногу ми требаше....кога се осеќам како сите да се оддалечуваат од мене, кога се осеќам целосно сама иако имам луѓе околу мене.Ми фали тој поглед, таа прегратка, кога без никакви зборови кажани од твоја страна чувствував љубов, Сакам да ја прифатам смртта како најнормално нешто но ете не можам.Искачам, се дружам, пробувам да ги избришам од глава зборовите кога дознав дека веќе не си тука со нас. Зборувам кога ми е тешко со најдобрата другарка но кога ќе ја видам вака среќна не сакам да и пренесувам негативна енергија, не сакам да се грижи за мене. Се надевам ќе биде најдобро, како што најде мир ти ќе најдам и јас...го чекам тој ден со цело срце, да се смешкам кога ќе погледнам нагоре и да си кажам дека успеав, стварно успеав да те преболам. Те сакам и ќе те сакам, овие мемории со тебе секогаш ќе имаат посебно место во моето срце.
Јас мислам дека допрва ми почнува животот. Ќе искусам што значи да работиш по 8 или 12 сати да дојдеш уморен и гладен, да ти се спие. Ќе осетам како е да бидеш мајка и да имаш 3000 непроспиени ноќи, ќе осетам како е да те грицка за цицето оти нели цица, ќе осетам како е да си мајка. Ќе ме фати депресија дека се е ново, ново искуство уште кога ќе стапиш во брак, па проблеми па чуда. На крајот од денот знаеш дека ќе легнеш дал'преморена, дал'нечиста ама знаеш дека денот ти бил полна куќа радост. Маж и дете до тебе право вистинско богатсство. А уште додека ти е во стомакот, па расте, те клоца, убавинии, и тогаш можеме да кажеме дека имаме вистински живот. И не, не ме мачи ниту ме плаши тоа, туку предизвик ми е да го искусам и тој дел од животот.
Јас по природа сум затворена личност.Тешко ми е некому да се доверам па макар и на најдобрата другарка.Со маж ми споделувам повеќе работи но повеќето ги држам во себе. И последниве месеци се чувствувам многу лошо паднав во депресија бев и на лекар ми препиша таблети а исто така почнав да имам страшни главоболки во левата страна на главата.Си мислам дека тоа ми се случува бидејќи не можам да се отворам пред други се си држам во себе. Таква сум јас. Вие што мислите дали може да се падне во депресија поради тоа? Ви благодарам
Според мене коренот на проблемот лежи во нешто што ти се случило лошо во минатото. Човек не може туку-така да се затвори во себе. Имаш страв од нешто.
Можам да кажам дека до пред две години имав повеќе другарки со кои бев неразделна со нив делевме се.Со текот на времето они се омажија и се одалечија.Така изгубив контакт со повеќето другарки од кои сега ми остана само една најдобра.Тоа многу ме погоди другарка со која сум била 11 години целосно се смени тргна по друг пат и не одбегнуваше останатите. И јас кога се омажив пред две години со маж ми се преселивме во странство мораше поради неговата работа.Уште не можам да се навикнам на овдешниот живот скроз сама без пријатели.И за секој најмал проблем јас се нервирам.Можеби затоа сега се чувствувам така депресивно.
Ова е веќе друго и ова може да е причината за твојата депресија. Не секој може да се адаптира на животот во странство. А не проба да стекнеш пријателства во странство? Иако знам дека луѓето на Запад се позатворени и поладни, треба да пробаш сепак...
Да овде народот е многу студен не сакаат многу дружење.Сеуште немам стекнато пријатели.Сега треба да почнам на курс за јазик да одам па се надевам ќе биде подруго и се ќе помине. Ти благодарам на советите
Се фатив себеси неколку пати како гледам филмови и плачам, но не на романтични сцени туку на сцени родител -дете. Посебно кога родителот покажува нежности, љубов кон детето - нешто што јас не сум го доживеала. Имам родители, да не бидам погрешно сфатена, но се толку конзервативни, толку ....не знам..... никогаш не ме гушнале со страст, како вистинки родител, туку како другарка, онака бакнеж и гушкање ладно и тоа за роденден или нова година. Спонтан бакнеж, спонтано гушкање - што беше тоа? Плачам и размислувам, дали затоа јас не знам да сакам, дали затоа сум јас сама, дали затоа јас не знам да откривам чувства, кријам се во себе..... Се сакаме, се почитуваме, се бориме еден за друг.... но ние дома не знаеме тоа да го искажиме...и боли тоа, да знаете колку боли и сфаќам дека тоа длабоко ми навлегло во секоја пора и дека и јас станувам бесчувствителна и ладна
Јас навистина жалам што го читам ова и боли кога особено од најблиските не се покажува љубовта, но не смееш да дозволиш да станеш како нив. Мораш тој пристап ти да го смениш ако сакаш да видиш светло на крајот од тунелот. Зошто прво тоа ќе ти пречи на тебе да најдеш некој кој ќе треба да го помине животот со тебе и да створи фамилија, па дури и да најдеш некој со овој пристап кој си го наследила од твоите утре ќе имаш дете кое ќе страда од тоа, а едно невино дете најмалку заслужува такво нешто. Знам дека е тешко и дека боли, пред сè зошто си порасната во круг со такво однесување и таков ред во куќа, ама ти си имаш сопствен живот и твојот сопствен живот не смееш да дозволиш да биде диригиран од тоа што ти се случило тебе. Мораш да пробаш да се промениш.
Толку имам да кажам но не верувам дека и од кажувањето душата ке ми олеснии... Јас сум ладна , а душата изгорена , уништена , не знам што воопшто ја држи во живот...
Мене ми изгледа работава како ти да се двоумиш дали да пишеш или не. Чим си пишала тука значи дека навистина сакаш да пишеш, но нешто те спречува. Пиши, што е проблемот?
Психијатар да не работиш?пошто гледам мн се залагаш за тешкотииве на луѓето,не за друго,за другар прашувам