Не, не работам како психијатар. Но тоа не значи дека не треба да си помогнеме едни на други кога ни е најтешко. Веќе имам пишувано за ова но секој од нас се наоѓал во својот живот во тешка фаза и некогаш на луѓето им е потребно некој да ги сослуша и да им даде совет. Му посакувам на твојот пријател секое добро.
И да ми пречи и се трудам, се трудам јас да се сменам...но тешко излегува зборот ве сакам.... затоа што тие не знаат да го восприемат. И знам дека јас патам најмногу и ќе патам Но се трудам ФАЛА
Нема проблем, тука сме да помогнеме, колку можеме. Пробај ти велам смени си го пристапот и ќе дојдеш до посакуваните резултати. Ако твоите родители се такви спрема тебе не смееш да дозволиш и ти да станеш како нив. Ти посакувам секое добро.
Животов ми е срушен. Сите сакат да ме уништат. Ме мразат, мислат дека јас сум причина за све лошо што се случува. Но, јас не сум виновна за постапките на другите. Денес дознав кој ми ги прави сите проблеми овие 7 месеци, овие 7 месеци во кои бел ден немам видено, се изолирав од светов. Изгубив све. Се уништувам секој ден по малце, некогаш дури се прашувам зошто живеам, и незнам да си дадам одговор. Некогаш, дури и не сум спремна за предизвици. А, секој ден нов предизвик. Се борам, се борам а истовремено и се уморувам. Знаете ме прашуват нешто јас им одговарам и ми викат дека лажам, зошто тогаш воопшто ме прашуваат? Осамена сум, при семејство што имам, еднино со татко ми ако направиме нешто муабет и некогаш дури неможам да поднесам да ми зборува, неможам да поднесам да бидам со некого, знам анксиозноста работи. Осаменоста ме исполнува, се чуствувам подобро. Но, никој не го разбира тоа. А, јас дури и кога нема да одговорам на нешто и кога се преправам дека спијам, потоа мака ми е зошто не сум му одговорила се каам одма сакам во тој момент да да прегрнам и да му се извинам но ете не можам. Замисли некој 7 месеци да ти прави само лошо, да прави сплетки со други за да те уништи. И ме уништија, тројцата заедно. Ме ставија во една неподвижна ситуација. Нема ни лево, ни десно, ни напред, ни назад. Има само Господ. Единствено нешто во што верувам и се молам. Ја мразам неа, таа што е иницијатор на ова моја состојба на овие 7 месеци што ми направи да патам, да ги осетам болката и тагата. Што ги повреди моите. Тоа и е најголемата грешка. Од една страна сакам да и вратам со камата сакам да ја натерам да ја почуствува болката што јас 7 месеци ја чувам во мене, што го контролирам бесот заради моите, сакам да ја уништам до крај, да и вратам за сето лошо што ми го направи. А, од друга страна сакам да заборавам на све и да почнам од почеток, да ги усреќам моите, да бидат сите среќни, а јас и среќна и слободна. Се грижам, како никогаш до сега.
Некои личности се родени за проблеми и сплетки во еден момент се твоите најдобри пријатели а веќе во другиот момент зборуваат позади твојот грб но едно научив на таквите психи не им се даваме само игнорирање и позитивни мисли можат да победат нивната злоба и љубомора да допре до нас. Убав ден драги мои.
Kako majка ми да н=ја убедам да држи диета, упорно се поправа. Луже не знам што ќе праиме со нејзе...
Синоќа доживеав психичка и физичка траума, не знам од кај да почнам. Требаше да биде само груб секс со дечкото со кој се имав гледано, ама беше многу пијан и не знам дали можам да го наречам губење контрола затоа што тој уживаше во тоа. Немаше секс. Беше далеку од секс. Ако беше секс ќе беше силување. Прамени коса ми имаше откорнато од глава. Сеуште ме боли.Ми го стави неговиот каиш на врати и ме давеше, ме влечеше низ соба. Воопшто не му беше гајле шо не можев да дишам. Се гушев, а тој се дереше по мене. Не беше човекот шо го познавав. Не можам да ви го опишам лицето негово. Се тресев од страв. Милион мисли шо да направам, како да запре. Знаев дека ако давам отпор ќе биде полошо. Кога конечно го пушти каишот, легна врз мене и збореше за тоа како сака сега да ме ебе. Се дереше прашувајќи ме шо сакам јас од него. Зошто плачам. Зошто сум исплашена. Ги повторуваше тие прашања. Како демон да имаше у него. Му ја фатив нежно раката и му ја ставив на моето лице, му реков "Еве провери суво е, не плачам." Немав солзи у тој момент, бев преплашена за својот живот. Му реков дека љубов сакам од него. Ми рече "Како може да очекуваш љубов од човек како мене?!". Ме бакна. Му вратив на бакнежот за да се смири. Го молев да ми дозволи да станам да запалм цигара за да се смирам. Најпосле стана од мене. Без да ме примети пишав порака на другар ми да дојде одма кај мене, но тој не ме сватил озбилно и не дојде. Бев сама со него. Сама со монструмот. Толку злобен поглед имаше. Почна да збори како јас и тој сме биле исти. Му беше чудно шо се плашев од него, му беше чудно шо сум помислила дека тој може да ме повреди. Рече дека никогаш не би ме повредил. Ко за него сето тоа да беше игра.
Периодов се што правам ми е сеедно ...се чуствувам незадоволно. Сакам да одам некаде и да правам нешто и кога истото ке се случи си викам во себе "и што сега"? Некако без воља ...Бев надвор од Македонија еден месец, си се шетав, да имав желба но кога ке стигнев на некое посакувано место се чуствуав ко претходно да сум била таму..незнамм Сакав само да го споделам ова чуство и да прашам дали некој се чуствувал вака..? Станува збор за период или слично?
Aко сето ова е вистина треба да го пријавиш насилникот во полиција и да ставиш на врската со него. Со каиш да те врзе на врат да не можеш да дишеш... По се што напиша типот е садист и си има сериозни психички проблеми. Држи се настрана од него и задолжително кажи му на некој твој близок за ова.
Девојче животот си го ставила во опасност заради еден психопат што и самиот е свесен дека е чудовиште. Не е во прашање алкохолизираната состојба туку психичката. Ако се било така како што раскажа а верувам така е тогаш под итно мора да се дистанцираш. Од толку фраери со тој насилник уф се грозам.
Садист е. Нема да го пријавам зашто никој не виде, не можам да докажам. Како и да е, помина без посериозни физички последици, а психички ќе се средам. Само сакав да го споделам искуството за девојките во иднина да внимаваат. При првиот знак на агресија и насилство, дури и ако е само за време на секс, ако еднаш изгуби контрола, ќе се повтори. Никогаш повеќе нема да се сретнам со него. Бев глупава шо ги игнорирав знаците. Бев глупава шо знаејќи дека има такви нагони, продолжив да се глеам со него. Бев глупава шо му верував, не очекував дека може да дојде до вакво нешто.
Уште стои каишот во соба фрлен. Не знам шо да му правам. Инаку, никој не може да ми помогне освен јас самата. Ќе бидам добро.
Можеби ќе ви е смешно, но темава е да си ја олесниме душата. Сите мои другарки од младоста се омажија и имаат дечиња. Супер си е се, поканета на 1 роденден, на крштевки, па на 2, на 3, на 4 ---- на Х роденден, па дури и на полуматура... ..кај една кај втора кај петта другарка.... за првото дете...за второто дете... се прашувам така понекогаш, како бре на ниту една другарка не и текнува да ми честитаат мене роденден со некое поклонче од 100 ден. Ете тие имаат деца ама јас немам, па нели заслужувам и јас да ми прават чест, да ми покажат дека им значам, да ми покажат ете ако ти немаш деца...еве ние не те заборавивме??? Добро, еве кажете ми грешам ли што имам такви мисли?
Не знам дали е до мене, но секогаш мислам дека сум чекор поназад.Другаркиве дипломираа, се вработија, јас едвај собрав пари за семестар.Сите имаат целосно семејство, моиве се разделени.Сите на инстаграм слики од одмори, планини, мориња, јас едно селфи немам, не сум била никаде.Имам врска од година дена, се плашам и за нејзе.Дечко ми е добар, но имам чувство дека мајка му нема баш да ме сака.Во лице ми кажа дека бившата и била омилена.Си мислам дека ако не се преселела, сеуште ќе биде заедно. Ми фали позитива, пробувам да ја имам, но таа не е тука.
capricorn1501,пробај со некоја пријателка отидете некаде, или еве со дечко ти некаде за викенд, иначе и ја не сум идела никаде само по кафиња некад, ако сакаш пробај во драмска секција, тоа многу ќе ти помогни, а тоа за позитивата, биди секогаш, те разбирам, пробај секогаш да се смеш, да бидеш насмеана, самата да си дадеш волја, верувај се ќе биди во ред, заврши го факултетот, кога ќе се вработиш ќе ти биди многу полесно.
Не знам од кај да почнам... Но во овој момент само едно знам - Имав СЕ, се што ме правеше среќна, што ме исполнуваше, друштво, пријатели, фамилија, работа, дом, а сега се изгубив и останав сама, ме оставија сите што ги сакав, но најболното е што останав без него, го сакав, го сакам највеќе на свет но не се борев доволно и сега е со друга. Живеам со оваа болка веќе долго време и никако не можам да ја прифатам реалноста, мојот живот не вреди без него, а ме згазија, ме уништија, од највесела личност се претворив во дух. Се што градев се сруши, нема надеж за мене веќе. Ама ако, јас сум си крива за се, ова ми е казна. Би сакала да можев да го гушнам само уште еднаш и да умрам, ама не можам. Само знам дека ќе умрам, НЕ МОЖАМ ПОВЕЌЕ ДА ИЗДРЖАМ!!!