1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. железната лејди

    железната лејди Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Зошто постои крај? Ова прашање секогаш ќе ме мачи.
     
    На carangigia, La diabla, Oscar Lady и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Medicine25

    Medicine25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    1.540
    Пол:
    Женски
    Јас се чуствувам многу подобро.Ке помине кога тогаш,само ме размислувај на тоа. :)
     
    На железната лејди му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    Ne sum negov tip. Fizicki.
     
  4. beautu17

    beautu17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Бев изневерувана, манипулирана и повредена....И со тек на време станав и јас таква, денес сум со тебе и ми е кул ама за утре којзнае. Кој вика дека женскиве неможат да ги ,,користат,, машкиве за да си напрат кејф. Епа можат. И најчудно од се, навистина утредента не ми беше гајле.Ги имам повеќемина и сите ми се на располагање, некој за вечери што ќе се памтат, некој за добри муабети, некој за кино...Луѓево ме засакале, ама сега јас неможам да засакам некој. На секој се нешто му фали, дали понашање дали карактер, дали изглед...Секој нов што ќе се појави, заборавам на стариот и се губам како што се губеа од мене. Љубезна сум и мила, страствена и моќна, така ме доживуваат, давам лажна надеж и се губам. Ама не сум тажна, во миговите кога ми беше најтешко, кога имав такви семејни проблеми, си реков дека нема ништо да посакам за повеќе среќа.Моите ми се најбитни кога се среќни <3
    А во мојов живот можда и ќе влета некој....и ќе ми го преврти умот..којзнае. А дотогаш не знам што ќе правам, не знам што ми е битно повеќе, што не..
     
    На Aquamarine93, hermosa, Srcka $ и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.562
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам толку невидливо, толку транспарентно. Како да не им сум битна на луѓето воопшто. Како да, ако исчезнам нема да бидам забележана. Единствен што би забележал е дечко ми, заради кого и живеам. Тој ми е животот и само тој ме прави среќна. Другарките толку се оддалечија од мене што можам комотно да престанам да ги барам да исчезнам и нема да ме побараат да се распрашаат за мене. Се чувствувам како воопшто да не сум им битна, другите нивни пријатели им се побитни и со нив се поблиски. Ме боли тоа. А тие други пријатели никогаш не би го направиле она што јас го имам направено за нив после сите неправди што ми ги нанесоа. Сфаќам се случија некои тешки работи меѓу нас и бевме скарани неколку месеци, но мислам дека тие ме побараа за да си ја смират совеста после тој реферат што им го напишав како се каам за се. Но немаат заборавено сепак, не се веќе блиски со мене ко порано, меѓу себе си се блиски ама со мене така не. Се чувствувам како глупачка, како додаток само што ги следи колку да не е без пријатели. Бидејќи само тие ми се немам други. Не можам да стекнам нови пријателства бидејќи сум молчалива и срамежлива и чекам другите да ми зборнат први, ако не се тие јас ќе бидам без пријатели. Ме боли и тоа што нивните пријатели исто така ме сметаат ко додаток и ич не се замараат со мене ко да не сум тука. Како да сум дух. Како ако исчезнам нема воопшто тоа да направи разлика, ќе си продолжат комотно со животите. Ме боли да сум таа што е постојно од страна за која никој не се заинтересирува. Тоа доведе да сум толку несигурна во себе да се чувствувам бескорисно во општеството. Се плашам и за иднината, го разочарав семејството со мојот избор на факултет кој и онака не го сакам, се чувствувам како најголемиот губитник. Понекогаш си мислам има толку многу луѓе заковани за кревет со желби, соништа и амбиции што навистина би биле од корист, би направиле промена кога би можеле, а јас здрава права сум закочена, и дека поубаво би било да ни се сменат улогите. Овие мисли на никој не му ги кажувам, ги чувам само во себе оти се премногу црни и ако би ги кажала на некој тоа би било невозможно да е без плачење. Можеби е долго ова и можеби нема никој да го прочита ама барем се искажав.
     
    На Saraa, Srcka $, SnowWhite8 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    65.457
    Пол:
    Женски
    Ако заради физичкиот изглед занемари се' друго (велиш сте се засакале, ви одел муабетот), тогаш не заслужува да тагуваш по него.
     
    На sj *O* и marchi-cool им се допаѓа ова.
  7. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    275
    Плачам секоја вечер. Нервозна сум секој ден, ме нервираат ситници. Немам сила, не знам каде. Се чувствувам безвредна, бескорисна, неспособна, слаба. Толку амбиции имав, толку желби и соништа, но немам сила и волја за ништо. Тој е секогаш тука до мене, не сум сама а се чувствувам толку бескрајно осамено. Секоја вечер ќе се исплачам и ќе речам од утре ќе биде подобро, ќе направам ова она, и пак исто. Се чувствувам немоќна да и помогнам на мајка ми и ме боли, многу ме боли. Се мразам самата себе а понекогаш и сите околу мене. Станав огорчена на се. Толку многу работи сакам да направам, а не можам, немам сила, немам храброст. Сакам да разговарам со некој, да му кажам да ми олесни, ама што да му кажам кога ни самата не знам што се ми е. И се си чувам во себе. Се разочарувам самата себе, не знам како да си ја средам психата. Ми навираат само негативни и лоши мисли. Боже што ми се случува, до кога.
     
    Последна измена: 18 декември 2017
    На zuto, Цвет88 и muchacha_a им се допаѓа ова.
  8. железната лејди

    железната лејди Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Секоја вечер пред да си легнам и ги затворам очиве помислувам на него. Ме боли тоа што бевме, цело време се прашувам како ќе најдам друго момче кое толку исто ќе го сакам и нема да ме искористи. На оној кој му посветував најмногу љубов и внимание баш ме зема здраво за готово. Не дека би се вратила со него, но имам таква носталгија само да го почувствувам тоа да ме гушне силно и повторно да ме размазува. Клучното е дека ми фали љубов, ама мислам дека не сум во состојба да ја дадам, ем сум потрошена, ем имам страв да не ме злоупотребат.
     
    На ceca-1, sj *O*, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    Sega ostanavme prijateli i ne taguvam kako porano. Ama oddaleceni sme.
     
  10. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Ооо како сакам да зборсм со некој сега. Сама сум со бебево. А баш сакам некој да има тука(што ќе ме сослуша) да ја подржи малава...
    Јбг така испадна ситуација, некого да почитуваш, да одиш по гз, пак ти да нечиниш.
    Толку работи се прават за нив, ние живот немаме што се вика, пак ние криви....
    Незз вероватно сакаат и коа идам у вц да им образложам све.
    Многу сум повредена...од друга страна маж ми, он има поголема мака...не можам да се помирам што се случи. Не знам што да правам. Криво ми е за мм, ама што со мене. Не можев повеќе.
    Како да си помогнам, да заборавам, што и како било, како да функционираме нормално(не сме скарани) со мм?
    Леле што испадна од ништо...од тоа што некој не си ја држи устата затворена.
     
    На La diabla и Smiley11 им се допаѓа ова.
  11. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    Понекогаш ми доага некој страв, некои мисли дека ќе останам сама засекогаш и од тоа се плашам.
    Се плашам дека ќе немам никој до мене, тогаш кога ќе ми биде најпотребно да е некој до мене.
    Во ноќите се плашам најмногу, ме обзема таков страв што што помислувам како ќе биде за две три години, дали ќе бидам со некој или сама ке останам.
    Знам дека не треба да се замарам со неважни работи, но јас се преокупирам со безборој проблеми и понекогаш немам сили да продолжам, немам сили да можам да го гурам животот.
    На моменти се чувствувам, осамено, на моменти се чувствувам среќно, на моменти сакам животот да го зграбам и да не го пуштам.
     
    На Algorithm, niaholly, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Има две работи во животов кои не сакам да ги правам. Ова "не сакам" не е дека едноставно немам желба за тоа, туку дека чувствувам длабока одбивност, несигурност и страв. Уште не почната, а веќе одвај чекам да заврши...

    Што е уште потрагично, ставена сум во искушение тие две работи да ми се на приоритетната листа на секојдневието. Се прашувам дали е ова некој метод за да ги поминам овие психички кочници кои ми се активни во глава? Размислувам и дали нешто ги раководи овие работи и ги реди коцките по некој си ред? Зошто бев ставена во ситуација да се откжам од тоа што со задоволство го правам и ме исполнува и да го прифатам она кое го избегнувам цел живот?

    Мое мислење е дека на сите луѓе за да ги научат овие секојдневни и најнормални активности им е потребен само учител, а мене ми е потребен психолог. Не знам што лежи во позадина на оваа одбивност. Само едно знам, дека колку повеќе ги практикувам, толку поголема одбивност чувствувам кон нив.
     
    На ceca-1, Rama, baba Rada и 2 други им се допаѓа ова.
  13. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Морав да си ја олеснам душата, ако не овде, каде? знам дека ќе наидам на разбирање од членовите овде.

    Веќе долг период мене ме демнат и следат несреќите, како да плаќам за некои грешки од минатото на моите родители, како некој да ми фрлил клетва и да рекол - никогаш да не биде среќна.

    На другарки повеќе не можам да сметам, одамна, само на една, на која што не можам секогаш да се потпрам бидејќи не може секогаш да ме сфати што сакам да кажам, си гледа повеќе за себе и знае да ме нападне ако и кажам така сум постапила, вака онака... ама си викам - ајде да се искажам, ќе ми биде ваљда полесно.

    Изгубив личност која ме остави на многу подол начин, од која што не го очекував тоа. Која се уште ја сакам, ама ја пуштив да си оди.
    Од тогаш не сум сосема истата личност, да бидам поконкретна се смеам колку да се рече, зборувам со другите колку да не бидам немтур, си легнувам порано, се само за да избегнам нервирање...
    И почнав на непознати личности да се искажувам со надеж дека ќе ме разберат.
    Некои да, некои не.. Некој ќе ми даде надеж, друг ми ја краде надежта. И така секој ден во круг.

    Мајка ми - прича о себи.. де ме обвинува, де ме напаѓа абе жената како да не ме сака.
    И така, кулата од карти која ја имав одамна направена се сруши само за еден момент.

    Овој пост не е само заради него, туку и потребата да најдам мир, да се најдам самата себе си, да сфатам што со животот кога ме напуштија тие што ги сакам, не само тој туку и пријателите.
    На еден начин, имав тогаш потпора, имав се, желба да го освојам светот, а сега вака сама, немам желба за ништо, сеедно ми е дури и да дојде крајот на светот.
    Немам желба за ништо, ни да помагам на другите, се сменив.
    И сега, кога ќе дознаам дека некоја стапила во брак, се усреќила, си фатила дечко, заминала на пат, во мене се појавува мало чувство на љубомора и се прашувам а кај е бе мојата среќа, зошто не ја заслужив иако цел живот гледав да се жртвувам за другите.
    И што добив од тоа? Едно апсолутно ништо.
    Се изморив да бидам повредена а во исто време да давам се, се изморив од се.
     
    На "Zoki", carangigia, esperansa777 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Слично вака и јас се осеќам. Единствана права среќа во животов ми е детево. Ама, и за тоа морав да иам мака. Никогаш ништо не сум добила со лесно. Или пак воопшто не сум добила. За едно убаво 100 неубави нешта ми се дешаваат.
    Потполно те разбирам. И точно знам како се осеќаш.
     
    На "Zoki", esperansa777, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.277
    Пол:
    Женски
    mislam oti sum istraumatizirana veke ;(i mi nema pomos izmesani mi se site emocii
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    The silence - my best friend and positive vibes.
     
    На senjorita-v, hermosa и Vitaly им се допаѓа ова.
  17. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    Офф морам овде да го пишам ова оти ќе пукнам.....
    Веќе го напишав проблемот во Љубовни проблеми и совети но ств како психички да се јадам одвнатре. Типот е ств прекрасен човек и секоја девојка ќе се осеќа како принцеза со него, со таа разлика што девојките кои се како мене сакаат згоден маж покрај себе. Па се ќе им пропадне во вода. Планираме да се запознаеме во живо но мн се грижам. Ќе ми биде тешко да му речам не. Ств е одличен, ама....не ми ги исполнува целосно критериумите за изгледот а то е проблем за мене бидејќи сакам згоден маж како шо реков. Некој кој вежба и се гриже за телото (настрана карактерот за изглед зборам). Некој дотеран. Некој кој ств ќе направи да се запалам и да не загледувам во други. Некој кој ќе го сметам за најубав маж во светот. Не да е совршен, но...да го исполнува горенаведеното. Изгледот не задржува знам, но е пресуден барем за мене. И затоа сега ми паѓа мн тешко оти се осеќам како да му вртам грб на типот без некоја посебна причина. А тој е полн со разбирање. ;(:u:
    Незнам како да се справам со емоциите кои ме јадат одвнатре...ако може неккој да ми каже ќе бидам благодарна.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Ќе направиш најголема грешка. Мм ми беше другар 5 години, па не ми беше ни згоден. Другачие си го замислував мојот маж. Ама, секогаш има ама, ниеден од згогдните не е ни пола од мм џабе згодноќа, тоа не го прави добар во кревет. Секогаш гледај карактер па изглед, што ако утре те тепа??? Вара??? Убаво е само за слика. А и башка ако те сака стварно, веруј ќе го направиш ти згоден.
    Не би го мењала мм за 10 манекени. Зошто ниеденнод нив не може да ме сака и цени како мм.
     
    На hermosa, Lilit, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    Аха ќе го направам....зато незнај дали да вежба. Кога сакаш некој го сакаш целосно, не го менуваш. Како шо човек се раѓа целосно а не до пола. Така е и со љубовта. Нема половично сакање. Или го сакаш целосно без да го менуваш или не. Поарно да најдам некој кој ќе ме пали....ств нз. И нз како да постапам со моите емоции одвнатре оти се изедов цела, најтешко ми е тоа.
     
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Ако ти е за секс само ок...ако ти е за љубов вака никогаш нема да ја најдеш. Разграничи прво што бараш во животот.
    Тебе ти е по се битен само изгледот. И тоа е твое право. Те разбирам. И не можеш да оцениш по слика дали те пали. Уббината не пали, палат допирите, бакнежите.
    Е сеа друго е ако само сакаш да те гледаат со убавец покрај тебе..
    Затоа викам зависи што бараш, секс или љубов
     
    На hermosa и sj *O* им се допаѓа ова.