1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.920
    Пол:
    Женски
    Da znam i se soglasuvam vo potpolnost so kazanoto poshto i ja baram celosen pakjet.
    Vo sekoj slucaj fala za sovetite, pozz :*
     
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Иако беше погрешно разбрана те сфаќам и јас си имам некои такви критеритуми и физички и карактерно да е убав и точка. Не сум од тие луѓе што се задоволуваат со малку и знам дека може да се најде баш тоа што го барам. Специфична сум со барањата, не викам не. Сепак пред се со него ќе сум во јавност, треба да ми е најубав, да не ме привлекуваат други него ете он да ми е ептен најубав. И бев у слична ситуација ко твојава исто пред некој месец се допишував со еден, фин беше, ама низок и црн доста (а јас сакам високи момци, смеѓи, ете си имам свои замисли) и не беше на моите критериуми физички, а и он бараше врска за сериозно и слично. Не барав ништо за заебанција ама ете. Бев у негова населба, баш нешо работа имав и се симна на 5мин се видовме. И стварно беше фин ама изгледот не ми дозволи да имам ништо со него и толку...Му кажав после дека го глеам само ко другар и сам си исчезна :D Така да чим и на слика не ти е убав, ни во живо нема да ти е. Од старт кажи му, да не се разочара многу после :) Ем и си го губиш и своето и неговото време :)
    Сега си најдов тип фул у пакет ко шо барам и верувај многу подобро ми е. Најубав ми е, најдобар ми е, јес да физички ме привлече ама и карактерно ме задржа, све си е таман. Така да тоа е решението, не му го троши времето, греота е и за него и за тебе, коа очигледна е ситуацијата :)
     
    На ivimis и sj *O* им се допаѓа ова.
  3. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.920
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што ме сфаќаш искрено, пошто секој си го доживеа проблемот по свое.
    Инч поручеква прекинав контакт со него. да бидам искрена ми олесна па сеа ќе си продолжам да барам фул пакет пошто знам дека можам да го најдам ;)
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.641
    Пол:
    Женски
    Вака сега...не мора во лп за мене.
    Општо ќе се истресам шо ми е во последно,колку да ми олесни.
    Добивам совети демек најубо ми е дека сум сингл,ама па колку шо е убо толку и неубо ми е.
    Во секое друштво во кое ќе се најдам сите се по дечковци или тажат по некој.
    Само јас black sheep everywhere сум синглосана.Коа ќе видам како на инста стори,фејсбук и слично клават слики со нивните boyfriends,коќе се лигават срце мое,бел џигер мој,стојно моја,мече мое едноставно внатрешно сум како вулкан.Попокатепетл,Етна,Везув...Коа ќе видам парој фатени за раце на улица ме фаќа нервата,било каде да видам пар се нервирам.
    А јас?
    Или ќе се нат некој женкари,или некој најсериозно копуци да речам со интелигенција како кај Вучиќ у емисија(IQ колку број ципела),или некој шо ќе е казма сурат,или некој шо ќе е заинтересиран па оладва за многу брзо време и прекинува контакт глупердата...или не знам веќе не ми текнува на какви се налетвам...
    Сите се во сериозни врски сегде си шетаат,излегваат,како газ и гашти се некој парој дури,и мене ми паѓа непријатно дури коќе сум излезена коќе сме некој со дечко некој онака сами му текнало,на прсти ми се бројат другарките да речам кои се сингл,ама и тие кајдае ќе фатат некој,а јас пак исто...
    И се мислам да се повлечам полека да избегавам да излегвам бидејќи прво супер ќе ми е коќе сме само јас и другарките,ама коќе се вратам дома си велам,не знам зошто вака,им посакувам се нај,не им љубоморам,туку иам некакво чудно чувство и си велам:толку сум грда?
    Ама не знам дали ќе иам храброст толку да се повлечам...не знам...но морав да се истушам....
    Веројатно би требало да ми помини,ама засега сега засега сум статус кво.
    Извинете шо гњавев.
    (heidy)
     
    На Dream-Girl, Scott Weiland, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    42.284
    Пол:
    Женски
    Би сакала совет. Ќе дипломирам за некоја недела (Економија). Почнува да ме фаќа паника што немам никаков понатамошен план, што да правам, како да правам.. секако би сакала да почнам да работам некоја пристојна работа, но не знам од каде да почнам, кој да ми биде првиот чекор после дипломирање? Многу се осеќам како изгубена некако, паничам:worried:
    Не најдов посоодветна тема, ако сум ја утнала се извинувам.
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.641
    Пол:
    Женски
    И јас вака паничам иако имам уште 2 години до завршување на факсот.
    Значи да беше психолог како мене ќе ти кажев кај да бараш,ама бидејќи си економист ќе ти предложам поинаку и имај преголема самодоверба кога ќе бараш работа силно верувај во себе и не гледај премногу оптимистично на работите за да не се разочаруваш туку гледај реалистично и со добри очекувања.Зошто велам добри?Рано ти е за високи.Високи очекувања ќе стекнеш со тек на време кога ќе добиеш некакво искуство во насоката во која си се определила-во случај економијата.
    Значи ќе почнеш првично низ огласи по весници или види на факултети.мк таму обично објавуваат огласи за работа.
    Потоа пробај лично распрашај се(оти подруго е кога ќе одиш лично или кога ќе пишиш некаде или се јавиш),ќе спремиш CV и да ојш во некое финансиско друштво(на пример ако си од Битола такво ти е SN),потоа во некоја банка,менувачница или пак штедилница.Економист бараат и во училиштата(основно,средно,па и високо/вишо),можеш да бидеш и професор(само не знам дали треба магистратура или не за да си професор ама распрашај си),можеш да бараш да си сметководител во некоја фирма на пример,некаде во јавната администрација во канцелариска форма(не шалтерска)...и тоа ми текнува засега.
    Ако не те примат веднаш,пробај некаде на пробно или модерно кажано стажант колку да се вметнеш во шемата да знаеш шо како оди,па потоа може ќе ти дадат и работа на неограничено време со осигирување пензиско,здравствено сето тоа.
    Најпрвин после дипломирањето,сега не одма истио ден,ама после то ојш во агенцијата за вработување за да се пријавиш како невработен(таму се ќе ти кажат шо како оди),оти така обично се прави,ама ако имаш среќа веднаш да се вработиш,тогаш уште поубо нема потреба таму да се пријавуваш.
    Во сите професии не само во мојата како психолог или твојата како економист,во сите се бара познавање(основно) за компјутери-посебно за економија,и по некој странски јазик(колку шо е можно повеќе толку е поарно за тебе) со сертификат од некаков центар за компјутери или странски јазици што многу ќе ти користи за во CV-то и кога ќе одиш на интервју за работа.
    Мислам дека на некој начин ти помогнав.:handshake:
     
    На ivimis и Luminary им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.432
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога пишам тука нагласувам дека не барам совет, едноставно со некоја напишана реченица ми иди подобро. Прво мислев стрес од колоквиумска, па ПМС, ама уште ме "дрма" лошото кое најчесто е долг период на немотивација во кој на почеток спијам по 12+ часа и се нервирам зошто многу сум изгубила во безделничење, па после следува период каде спијам по едвај три часа ама се обидувам со плеј листи и пуштена светлина. Па период кога веќе не ни пробвам и само така лежам. Не знам зошто, зошто си дозволвам да мислам многу. Јас себеси си сум најлош непријател, со деструктивен мозок и секој момент кој го врвам немотивирана и не правам ништо продуктивно е момент кој ме остава да паничам за работи за чија веројатност да се случат е речиси непостоечка. И после зошто сум имала ирационални стравови и зошто реално од крај на претходниот месец не памтам кога немав ваков ден. Дури и пола ден со некој да го поминам (пример денес) и тој пола ден да сум одлично, ми требаат само десет "досадни" минути и да почнам со себе- уништувачки процес.
    Знам дека боенките за возрасни имаат ефект да релаксираат, па ќе ѝ дадам уште една шанса иако мислам дека ја уништив. Се нервирав зошто боичките упорно ми се кршеа, и на крај кога решив да разгледам, сфатив дека уствари неколку лисја со ред меѓу себе бледо се ископирале од стегањето. Па сега со гелни стила нежно ќе пробам.
    Стварно олеснува кога зборам за проблем наместо да влегвам во нова деструктивна мисла. :')
     
    На girl.27 и simonna.a им се допаѓа ова.
  8. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Ако има некој за во лп... Нека пише..
     
  9. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    90
    Пред неколку години се скарав со најдобрите другарки, и останав сама да се снаоѓам како знам и умеам. Татко ми секогаш кога ќе се скараме ми го плеснува тоа во фаца, истото го направи и вечерва. Он ме воспитувал а јас што сум направила све сум упропастила... толку ме заболе тоа, како за ништо да не ме бидува мене.
    Што да правам што среќата бега од мене. Ништо не ми иде од рака, немам ниту работа, ниту асални пријатели за едно кафе...
    А толку горделива личност сум. Се борам со Се и собирам во себе, несакам другите да приметат дека премногу ми е тешко, изгледам среќна и храбра а душа ми се распаѓа , многу ме заболеа зборовите на тато... животов ми нема поента...
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175

    Извини, ама татко ти глупост истропал.
    Те бива за многу работи, само не за тие кои тој што си ги умислил и ти ги наметнува тебе како твој failure.

    Прости ми ако не бараше совет, ама морав да искоментирам за ова.
     
    На La.loca, daylight, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    90
    Барам совет и тоа премногу барам. Фала ти:l:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. душленце

    душленце Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    1.454
    Пред 2недели се случи немил настан пред мои очи во мојот дом,заврши лошо.Ја преживеав ноќта и продолжив да живеам и колку можам да не мислам на тоа.Мислев дека завршив со тоа.Забележав неможам да јадам Ќе почнам и насред јадење како досадно ми е и станувам.Пред некој ден се изнервирав заради некултура на едно лице коа е ми се одрази на личен успех и не можев да се концентрирам скоро цел саат. Не ми се оди на психолог не сум у Мк. Сакам да прашам што др би можело да ми помогне зошто имам потсвесно стрес и страв од се. Шетам секој слободен момент пијам б витамини и спијам доволно.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Зошто не ти се оди на психолог? Затоа што не си во мк?
     
    На theowndemon и daylight им се допаѓа ова.
  14. душленце

    душленце Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    1.454
    Да
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не верувам дека таму се полоши психолозите отколку во Мк, под претпоставка дека си некаде во ЕУ, САД или Австралија..
     
  16. душленце

    душленце Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    1.454
    Не ми е дека не се добри туку дека сакам на мак да зборам.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175

    Оооф... Проблем е тоа. Те разбирам. Но можеби можеш да побараш преведувач?
    Не знам, си фантазирам дека во понапредна земја и таква опција би постоела, можеби се лажам :)
     
    На душленце му/ѝ се допаѓа ова.
  18. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Ми се случи да изгубам секаква контрола врз своите емоции и да почнам да плачам неконтролирано.
    Со мозокот мислам не плачи толку силно ќе те слушне цела населба, а не можам да запрам. 20 минути дишев како забревтан коњ после трка, не можев да земам воздух полека, ми трнеа и рацете, и лицето, а згора на тоа ми се укочи устата и очите цело време ми „играа“ дури и кога веќе не плачев. Телефонот го земав да се јавам и не го осеќав во рацете од што ми трнеа ненормално многу.

    Ми е страв дека ова ќе се повтори, а не знам што да направам за да не биде така. Имам среќа што никој немаше и никој не ме виде пред да се смирам. Плус, се случи од нигде никаде, не ни осеќав паника или тага пред тоа. Едноставно си седев и гледав филм.
    Не смеам да попуштам психички.
     
  19. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Ме мачи еден проблем подолго време. Доживував и доживувам семејно насилство од сестрата и мајката. Што се случува? Сум била физички нападната од сестрата, а мајка ми тоа го има видено и не реагираше. Не е само физички што сум била нападната,туку и психички. Откако почнав со факултет, а и таа кога дојде, доживувам омаловажување и тоа психичко малтретирање. Никој буквално не реагира. Пријавив во полиција, сега се обидуваат преку други роднини да се закануваат и да ме вознемируваат. Пак мајка ми ја брани сестра ми и ми вика да не сум ја замарала. Префрлаат вина кај мене со тоа што јас кажувам тоа што ми смета во нејзиното однесување. Тоа го сметаат како вонемирување од моја страна кон нејзе. Некое однесување не може да се прогледа низ прсти, а сестра ми се третира во смисла таа ако да се однесува така, само јас не чинам. Мислам и да се отселам од станот, но прво да најдам работа. Како би реагирале вие во случај кога сте во право и уште се обидувате да се докажете за тоа?

    Ако мислењето е во погрешна тема, преместете го.
     
  20. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Некој ако може да ми напише лп, итно е.
     
    На melnicanecot му/ѝ се допаѓа ова.