Разговарајте за да ви олесни душава И мене ми доаѓа да се истушам и на некој да си се кажам шо ми текна шо сум ко Вендзеј во суратот,ама кој има нерви мене да ме слуша? За многу работи се нервирам,а не треба...сакам да ми прекинат нервите и насмевка сакам!Насмевка! Шо ми текна вака шо си пишувам? Рано е знам,ама јас сакам да студирам на Педагошкиот во Битола за историја.Немало!Да даде Господ кога ќе завршам гимназија да ја вратат историјата назад оти да работам во Комуналец не ми бега-не сакам ништо друго...друга нерва..втора точка од нервниот,ова дневниот ред.Лејкерси ги губат шансите да си ја вратат титулата од 2010,а Коби нема да игра до крајот на сезоната.Трета нерва--->има еден шо психички знае да ми ја тргни насмевката од лицето,шо обожава да ме малтретира и јас само трпам очекувајќи спасение!Четврта нерва...зошто не можам да му залепам на некого шлаканица по фацата?А?Зошто на тие шо ја заслужуваат таа чест да му залепам ко таксена марка да ги сторам? Се шегуваат ако си ставам штикли,чудно му било! Се шегуваат и чудат ако ми текни во кафич да излезам,а повеќе преферирам добра книга и топол дом отколку лудо лудујем во кафич...Таква сум шо да правам... Денес си зборував со другарка ми за ова,таа пак се нервира за овие глупи нерви шо ги имам А после и другите другарки ме забележаа дека бев нерасположена и само пробуваа да ми ја вратат насмевката на лицето,ме прашуваат што ми е... На крај крајева шо викаат Србите...тежак је овај живот ал се живи мора The show must go on :geek:
Ја пребарав цела Психологија за да најдам ваква тема. Моето е долго, многу долго и би сакала кој што сака да ми помогне да ми пише порака, ми треба некој за да се искажам, тешко ми е премногу.
Јас ти предлагам колку и да е долго овде да се искажеш и да напишеш се што имаш ,ќе имаат можност повеќе членови да прочитат,да те советуваат и да ти помогнат
Хипохондријата ме кине. Буквално. Имам за учење, имам многу причини за среќен живот и за успешна иднина, но јас цело време си измислувам болки. На своја рака дијагностицирам тешки болести, а уште кога напишам симптоми на гугл - тоа и се потврдува. Знам дека гугл секогаш дијагностицира рак, но јас упорно целодневно си ги барам симптомите... Страв ми е да отидам на лекар зашто мислам дека таму саму ќе ми го потврдат моето сомневање... Вака си мислам да си чекам... А истовремено и ми е тешко, кога си помислам дека можеби е нешто што се лечи - ЗОШТО да пропуштам ваков убав период од животот затворајќи се по дома...
5 месеци веќе,кога ќе изчезне оваа депресија...Се чуствувам заробена,ме гуши,неможам.Бев добра цел месец,ама гадното чуство еве го пак.Што и да правам,на крај се враќа... Мислам дека ги замарам сите,дури и на форумов замарам веќе.Оп троп јас пак во темава психологија дремам.Уморна сум веќе стварно неможам Постојано мислам дека ќе останам сама,и дека нема да ми помине
Ако не можеш сама да се избориш посети психолог, пиј Б витамини и магнезиум, чај од кантарион, чај од маточина, читај нешто позитивно, вежбај, посебно јога многу помага, знам си велиш лесно е да се каже ама на почеток мора и со сила некогаш некои работи да ги правиме за да повторно сме старите ние.
Па ни јас веќе не знам што има да се каже. Ете, едноставно, го имам тоа чувство и тоа е тоа. Немам никакви проблеми, се е во ред, и оп, се враќа! Тоа чувство што те гуши, те тера да се расплачеш а не знаеш што ти е. Дури нема ни некаква причина за да плачеш, ама ете, тоа не те прашува дали има или нема. Имам и чувство дека предолго собирам, собирам и на крај морам да го исфрлам. Морам да се исплачам, ама како за инат не тогаш ја кога сакам туку тоа кога сака! Додека не се исплачам не е се во ред, чувствувам некоја напнатост, некоја тензија.. И се обидувам да го исфрлам, постојано се обидувам ама како да не сака да си оди. Ете тоа е тоа чувство! Зошто некој да не измисли име за тоа чувство? Барем да си знаеш шо ти е. А ќе почувствуваш дека ќе пукнеш, дека ќе се расплачеш, а истовремено се чувствуваш и како да не си дел од ниедна група, како да немаш според што да се ориентираш - одма си знаеш: тоа и тоа ти е! А не вака, од кај се мачиш да го исфрлиш тоа чувство, ќе се мачиш и да го опишуваш! Абее, па ја кога станав ваков поет?
Во животот може да ни се случат разни непредвидени и несакани случки....и се поставува прашањето Зошто? Нема одговор заа жал на ова прашање, но има поука, сите сме силни во моменти на најтешкото и истото како така го пребродуваме. Лекот е да не не обземат мрачни темни негативни мисли. Да мислиме позитивно после лошо добро доаѓа...after rain goes the sun. Инаку сакам да те посоветувам да продолжиш да живееш, чекори со силни стапки недозволувај ништо да те покори верувај во себе биди сигурна дека убавото допрва те следи. Читај книги позитивни, гледај филмови кои нудат среќа и хармонија, избегнувај новости со негативна конотација, сетоа тоа делува депресивно за секого. Докажи дека можеш, малку разговор со твоето семејство може ќе ти помогне, или стави крај на таа агонија. Отвори нов лист од твојата бурна книга, не мисли дека секој те гледа тоа затоа што ти така го мислиш, од страв, и несигурност. Уживај во младоста една и не се враќај назад уште еднаш ти велам убавото допрва следи, поздрав!
Bunny 2 Што е тоа што те мачи сподели бар нешто дА те посоветуваме...зошто мислиш дека ќе останеш сама, нема потреба од негативни мисли познавам многу девојки кои го мислат истото, но и истите веќе некои од нив се во брак. Не треба да дозволиме тагата да не обвие, со тоа само се создава внатрешен страв кој влегува во потсвеста и ни ги котролира мислите. Животот и не е толку лош само треба да знаеме како да живееме....
Душава ми е како голем затворен ходник... на затворените прозорците внатре, стојат тајни кои сакаат да бидат откриени...жалени за совет од друг. Има пукнатини на ѕидовите...ме потсеќаат на минатото...грешките. Во животов запознав многу личности... кои ги ценев и сакав... но тие мене не. Беа дволични, мислев дека ми се пријатели.. но воопшто не било така. Те бараат само кога им требаш, ти се смеат, те оговараат кога не си во нивно присувство...Ова навистина боли, и ако понекогаш велам: "Не ми е грижа" ... но сепак боли и тоа многу. Но сепак имам и пријатели кои секогаш сум ги сакала и кје ги сакам...Луѓе кои секогаш знаат да ме насмеат...да се шегуваат.. и да ме прашаат: Што ти е? ... кога навистина не сум добро. Личности кои што не може да ги излаже мојата лажна насмевка. ... Често заплакувам...но еден ден кје им вратам на сите тие и тоа дупло. Темава малку ми ја олесна душава.. Но еден ден кје си ја олеснам душава кога кје има вратам на сите што ме натераа да заплачам!
Кога не некој разочара си велиме ќе им вратам за стореното, но што со тоа? Само вртење во круг и повторно истите работи се случуваат.Можеби не треба работите да ги ставаме на крај срце, само така повторно се разочаруваме, туку напротив си продолжуваме понатаму и добиваме поука за тоа на кого може да се потпреме а на кого не. Во денешно време многу е тешко да се најде на човек на кому можеш целосно да му веруваш. Единствено семејството е тоа што може да би помогне во одредена ситуација, но сепак у тука има исклучоци. Секој сам на себе мора да си помогне и така полесно ќе ги пребродува работите. Дури ако нешто ти е тешко кажи но глас, ако немаш со кого....само пази некој да не те слушне и така ќе си ја олесниш душата колку толку
Глупо е веќе ова. Не можам на училиште рает како секое девојче да си поминам, веднаш сите чудно гледаат во мене како вонземјанин, јас не сум крива за тоа што сум ниска и што сум младолика, не сум единствена таква, но ете се чувствувам како одделена од сите :'( Кога почнавме во септември со училиште едни “фаци“ ме викаа забаваче заради то што сум ниска.. незнаете во каква депресија паднав и ја изгубив самодовербата, кога и да се погледнев во огледало се срамев од самата себеси, дури и сега се чувстувам чудно и не можам да се изнаплачам кога ќе ми текни на ова случка. 2 месеци цели ноќи плачев, се чувствував беспомошно, сакав да се префрлам во друго училиште и плус отценките ми беа катастрофа заради ови идиоти. Многу ми беше тешко Болно е тоа што го доживувам, секогаш кога некој ќе ме праша на училиште ти прва година ли си и останува зачудено. Толку ли не се сеќаваат дека со тоа ме повредуваат многу, и јас сум човечко суштество со чувства. Само мене ли ми се случуваат вакви работи во животот? Ве молам помогнете ми нема на кого да си ја олеснам душата. Тешко ми е многу
Дали некој може да ми каже како можам да отргнам едни глупи мисли како на пример мислам како р коа јас ке умрам не ми се умира такви глупости мислам.
Wonderfulx не дозволувај нечии глуп изрази и погледи да те разочаруваат.Ако си ниска не значи дека си глупава и неубава. Не можат сите да бидат високи, сакај си се себеси како таква. А луѓето знаат дека се нервираш и намерно те провоцираат. Дргупат кога би ти префрлиле слично не се разочарувај туку напротив само им се насмевни и си продолжи гордо. Убаво да си младолик има време кога ќе остареме па ќе го немаме оној младешки изглед кој сме го имале. И не дозволувај заради таквите идиоти да имаш ниски цени, не подпаднувај под туѓо влијание,смешкај си и си терај безгрижно поздрав
Незнаев во која тема да го сместам прашањето,но да,сакам да разговарам за да си ја олеснам душата.Пред 2 и пол години си фатив дечко.Моите прво не го одобруваа,но со тек на време сфатија дека тоа е прекрасен човек.Само што проблемот е во тоа што мајка ми многу ми врши притисок понекогаш.Се ке биде супер,и тогаш кога мислам дека нема никаков проблем она знае да ми напише некоја порака или да ми се јави за да ми уништи се.И тоа во моменти кога сум многу многу среќна и таа го знае тоа.Со дечко ми сме разделени,он живее во друга држава и сега последниот пат се немавме видено 5 месеци.Затоа сега кога е тука јас сум со него цело време,најмногу внимание нему му посветувам.И мајка ми се јавува и ми вели:,,Не е само он најважен на светот,има и други околу тебе".Тој го слушна тоа и сега не сака ни да дојде кај мене дома,ни да ја види.Стварно не ми е јасно зошто го прави ова мајка ми,не ја чувствувам како мајка,туку како некој странец во куќата.А стварно нема причина за ова што го прави,затоа и не сфаќам што и е намерата...
А што кога некои луѓе кои имаат голема мака на душата и порди тоа се јадат секој ден, кришум понекогаш пијат лексилиум за да се смират и заспијат, оти едвај да не заплачат за да не ги сетат другите членови на семејството, а и покрај тоа што имаат на кого да кажат, не можат, за да не ги загрижува членовите на семејството, а на тој што можат да кажат не можат, зашто нема да бидат разбрани, туку само обвинети???
Затоа ни е потребен разговор, без разлика дали ќе бидеме погрешно разбрани, подобро да бидеме слушнати, и послено ќе се чувствуваме. Најтешко е на самите себеси да си дадеме совет, и честопати се чувствуваме немоќни. Има една мисла од една книга што ја читав и е следнава, односно секојпат кога нема да бидете расположени погледнете ги работи од друг агол и тоа: "Не се плаши од состојбата што ве тишти" "Сватите дека моменталната состојба е продукт на размислување од минатото, што во сегашноста нема никаква моќ да продолжи" и "Бидете сигурни во моќта кој ја поседува секој од нас во себе"
Таа што ми е најдобра другарка е жива љубомора. Секој втор збор и е како таа не е љубоморна личност и никому не знаела да љубомори. Ма какви ! Изгледа од што е толку прељубоморна, мора да кажува контра за да остани сокриена од вистината. Ама вистината кога тогаш излегува на виделина. Ми љубомори за живи глупости. Лак за нокти кога ќе купам љубомори. Ако купам сладолед. А, за поголеми работи, да не правам муабет. Секогаш кога имам нова фризура, или сум се дотерала малку, сум купила ново, ништо на мене не заприметува, т.е се прави дека ништо не заприметила и само превртува очи, се однесува дрско, ќе ме навреди со некој збор или гест, онака чисто од злоба и јад во себе. Нејзиното оружје е тотална игнорација. Игнорира да те погледне, да ти врати на муабет. Некогаш се осеќам како сама со себе да сум излезена. Ако некој ми даде комплимент или е пофали уз муабет, таа мора да ме омаловажи со нешто. Иначе девојкава има пари, убава е, многу работи и се можат, ама џабе. Кога во душата некој е расипан, џабе. И кога таа си купи нешто, пред нос ми го пика: видиииии. Ама буквално в нос ќе ми втера нешто. И х20 пати ќе повтори за истото. Однесување како дете в градинка. Абе децата се поарни. Иначе јас се трудам да сум многу фина со неа, и да не и развивам љубомора, за ништо да не се фалам, ептен скромно терам. Ама џабе. Љубоморните души си фаќаат нешто за кое ќе се фатат. Во сржта им е тоа навлезено. И напорно е. Со вакви луѓе пренапорно е. Се изморив.
Некако овие зборови „најдобра другарка“ и „љубомора“ заедно во една речиница не ми одат баш. Зошто не го намалиш дружењето со неа? Или пак, повеќе да не и го даваш епитетот - најдобра другарка? Ете, можеби до мене е, но, јас имам поинаква дефиниција за оние кои ги нарекувам така. Се радувам со нив за секоја убава работа која им се случува, и обратно, тие со мене. Па макар и да се работи за нова фризура! Кога прекрасно им стои, како може да не им го кажам тоа? Секако, и искреноста е многу битна и многу ја ценам. Ако нешто не ми се допаѓа, подобро да им го кажам мислењето искрено, отколку да им правам лице. Ти си знаеш, меѓутоа јас да сум на твое место, не би ми било пријатно во едно такво пријателство.
Некако ја трпам во име на старите добри години поминати заедно... Иако, епитетот најдобра го има изгубено многу одамна...