Poslednite nekolku meseci samo sonovi analiziram,i uporno mislam deka ke se mazam ova leto,bidejki taka mi se povrzuvat sonovite.
што ако ова се е само заблуда ? незнам што да мислам ни правам...животот си тече а јас останав со прашањава у глава...како да средам се?
замислете денеска што направив хахахахха леле божеее... носевме со шефицава од смена да фрлиме нешто во контејнерот и таа фатила кутијата накај нејзе и јас да и помогнам демек и и се истури кутијата на глава со парчиња зелка краставици скапани кајсии АХАХАХХАХАХАХ БОЖЕЕЕ КЕ ПУКНАААМ (до негде и си го заслужи ) цел ден кога ке го помислам тоа се смеам...ако ништо друго ми се разубави денот со смеење хахах
Здраво,ќе ве молам за совет имам проблем со тинејџер кој има одреден психолошки проблем,но проблем е што не сака да оди на психолог, го упатија во Скопје меѓутоа е премногу агресивен и не сака да помисли да оди,дали имате број од психолог со кој може да се разговара преку телефон или слично,кој би можел да помогне ?
Јaс мислaм декa психијaтрите пoвеќе се стручни. Јaви се нa билo кoј и рaзкaжи им штo се случувa тие ќе те упaтaт нaјдoбрo кaкo дa пoстaпиш зa дa гo убедиш дa oтиде.
Прво,не сакам во ЛП,оки? Грасијас. Значи откаде да почнам? Пааах,не знам ни самата.Долго време осеќам дека нешто не е во ред со мене.Како да ми се збркани мислите како да не можам да се средам,како то шо сакам да го кажам не знам да го кажам вербално,туку само во глата.Осеќам како нервите ми играат(ми игра образо,ногата некојпат како да мава,нервот на раката,веѓата,ете два дене со ред(а не работев нешо посебно да речи чоек)го истегнав мускуло на десната рака и нерво мнооооогу ме болеше,итн),осеќам болка во главата-вчера за прв пат на предниот дел(тоа е мигрена колку што си разбирам од струката моја),а претходно кога ќе добиев главоболка обично е страничните делови(стрес) или на тилот(хипертензија,грижа)....некојпат ми се тресат рацете,гледам се почесто сум како изгубена,како нетука,слушам звуци,ме депримира тмурно време,ме нервира дожд,некојпат и осеќам дека треба да плачам,осеќам дека некои работи требаше поинаку да ги направам во било која област,било кој аспект и криво ми паѓа за некои мои постапки,осеќам дека не си се допаѓам,дека ми требаат промени,осеќам како нигде да не припаѓам,осеќам како да му сметам на некој,осеќам како да сум досадна,осеќам како да сум изолиран партал,како некој ендемски вид сеуште неоткриен,сеуште не заштитен...денес ми снема воздух. Ова да им го кажам на мојте дома,нормално ќе се секираат,ќе пуштат солза од грижа и ќе паничат. И така ми снема воздух и застанав в соба да земам воздух,се потпрев на работната масичка и пробав да се сконцентрирам. Некојпат матно ќе ми се гледа,некојпат осеќам дека ќе паднам,како да ќе се онесвестам,осеќам навечер дека некој ќе ме киднапира и заклучвам вратата(балконската) кај мене в соба и кај шо спијат мојте и таму заклучвам.Осеќам дека никој не ме сака(а знам дека грешам,ама така осеќам),осеќам дека сум малер во тоа да најдам некој исто така шутарка како мене,па ќе останам пусто гојдо шо ќе кука оти нема милениче чувано поќе од еден дома,секој втор чоек ме нервира,осеќам дека сите се гледаат во мене и тоа го осеќам како напад,во природа одма поубо се чувствувам,ама па сама да шетам во природа ми се смачи...ни волја за точако да го возам немам,ни храброст ролерите да ги клам да се научам ко чоек да возам,некојпат ми фали дедо и плачам и сакам да му одам на гроб и ништо да не велам,само во тишина да си поседам,осеќам дека сакам да одам в црква(ама коќе нема служба,оти не знам зошто ми пречат гласови,Господ нека ми прости иако се трудам да го надминам тоа)во тишина,осеќам дека ми треба мир,осеќам дека за нишо не ме бива,осеќам дека сум смотана,осеќам дека треба да прекинам да цртам оти грдо цртам,дека никојпат нема да можам да цртам онака како шо се вели-види го нацртаново,мислиш ќе ти зборни,се осеќам ко изгубена во просторо,осеќам страв,осеќам дека никој неќе да ме разбере,коќе испланирам нешо одма прам то планираното да го напрам во резил состојба и се да ој упм,осеќам дека неам храброст за многу работи,осеќам како да сум закржлавена,како да немам брзина коќе го прам нештото,осеќам дека никој неќе да се гушка со мене поќе од 15 минути иако ова звучи лудо...а и шо е најчудно и шо сум најпоќе против,осеќам дека треба да ом на психијатар(не психолог,психијатар) и да ми препиши апче,а најмногу сум против апчиња,за да се смирам и да се средам,а психотерапевт и да најдам знам дека ние што се занимаваме со психологија на сесија најефтино 600-800 земаме,а тоа да им го кажам на мојте како шо претходно горе споменав се знај нивната реакција шо е најнормално,осеќам дека ми треба помош,а никој не сака да ми помогне...а не сакам сожалување,не сакам да ме мислат несамоуверена иако и таква сум и осеќам дека начинот на функционирање во ова општество шо го применвам(сарказам,па и на моја сметка ако треба,само да се смејам,смејме сите бидејќи сериозен да си е досадно),е тотално нефункционално,а зошто?Оти пак осеќам.Осеќам дека треба да се озбилам,а не можам...Осеќам дека многу на трошок ги ставам моите со факултетот,како јас да сум крива шо мораат да штедат на секое заради мене,шо осеќам друго? Кажав дека сум глупа?Не знам,можеби споменав. Многу плачам на емотивни филмој и книги,до степен очите да ме болат. Иако готвам по малце(се трудам да научам),осеќам дека ни во то нема да ме бидва. Абе партал. Битно осеќам. Ете се истушив хахахаха,се извинувам за ферманов. Бидете ми поздравени од мене и од верка,
Lugeto se shit. Nemam cuvstva za nisto. Mislam deka ke stanam aseksualen. So meseci ne me privlekuva ni edna. Ne mi se ni pravi muabet. Osven hrana i kafe nisto ne me interesira. Poyy
Јас не можа да издржам повеќе......не можам тој да е далеку од мене 2000км, а ми е потребен овде,неговата близина,топлина,јачина...не,тој запнал да оди,и каде,во некое село источна Германија со 30 000 жители,и да да дели соба со некој непознат,и да зема 9 евра на саат. Во селцето нема млади,сето е стари луѓе,освен во хостелот што се млади. ТОЈ ја жртвувашее љубовта и замина,да замина...на се погодено...женска,обезбедено стамбено прашање, работа секако ќе најдевме и за него.. Не,тој реши да замини,да ме остави,да седам сама и психички да ме турне.... И јас сум само една душа што едвај најде некој како за неа..зошто мора вака???
да ти ебам реалните соништа се препотив уфф..нешто деновиве сум расположена дури се чудам хахах може и за некој ден да има нешто ново едвај чекаам да дознам
пред десет дена ги испив сите апчиња за смирување што ги имав дома а ми ги препиша докторот не беше тоа обид за самоубиство знаев дека ништо нема да се смени ете едноставно незнам зошто го направив тоа од тој ден навака животов ми е пекол.Тој ден со маж ми се испокаравме ми изнакажа се и сешто ме изнавреѓа се чувствувам многу лошо немам сила ништо да направам расправијата беше конфликт помеѓу мене и неговите тој застана на страната на неговите иако јас имам потполно право да го искажам своето мислење и да одберам по свој избор што ке правам што но сепак на крај јас излегов виновна..затоа што не трчам по газот на неговите...Немам концентрација да го напишам она што го сакам сакав да кажам дека ме боли што сум сама во градов дека ме боли тоа што оној кој ми е се знае да ме повреди поради други без да се запраша како ми е а немам ни пријатели ни роднини можеби имам но далеку се и неможат да ме подржат...По цел ден сум затворена во куќава излегувам само со него многу е комплицирано за објаснување ама ете сакам да ми олесни и да му го објаснам ова и нему тоа ми е најголем проблем...Вчера бев на доктор ми закажаа на специјалист дури следниот месец незнам како ќе издржам до тогаш имам кошмари спијам по цели денови и секогаш сум безвоља за ништо а да не зборувам за создавање семејство исл и за ова сум виновна јас...Тој секогаш вели дека е време а јас велам сеуште немам обезбедено свој мир своја слобода и сеуште не сме комплетно самостални некако осекам како да не засенуваат неговите родители и како да сеуште не сме зрели за тоа ама важно е дека јас несакам деца не е важна причината... ми олесна доста пишувам и онака многу е неразбирливо ни сама немозам да се разберам позз
Оти иам чувство како да не сака никој да се дружи со мене? Грешам? Оти мислам дека за нишо не ме бидва? Грешам? Оти сум партал? Грешам? Грешам шо мислам вака или сум само едно досадно суштество кое коќе нема фудбал на тв не знае шо да прај? Да не сум теле? Онакво затуцано? Страв ми е сега и точако да го возам. Прекинав да цртам оти грдо цртам. Само од историјата не се откажав. Шо се дешава со мене бе?
Денеска дата 13-ти. Не сум приметила дека ми е баксус бројка,ама од денеска,ќе знам. Сабајлечки ми тргна денов на баксус. Може до вечер ќе ми се прогледа,ама под услов да најдам некој од Стопанска Банка,што работи во Кол центар. Лелеее како би ми помогнал. Ако има некој нека ми се јави во приватна порака ПЛИЗЗЗ
Zdravo Vo posledno vreme mnogu sum pod stres, samo si gi analiziram lugjeto okolu mene, kakov izraz na liceto napravil vo tekot na razgovorot,sto moze da misli.... si donesuvam nekoi moi zakljucoci i si pravam filmovi vo glavata....
Искрено не би сакала било кој да ми реплицира. И изминатава година би направила се освен да разговарам за тоа како се чувствувам. Се удавив во безвучна депресија и веројатно пиев дланка лекови за смирување дневно. Заглавив во бескрсјни долгови откако маж ми ме напушти откако дознав дека разменувал љубовни пораки со мајка ми , откако татко ми се разведе од неа и стсна хроничен алкохоличар кој не лиши од секакво наследство и ја потроши животната заштеда да потплати да се скријат психијатриските наоди за неговата тешка патологија . И во меѓувреме купи пиштол за да не убиел сите. Имаше обиди да се обеси два пати дневно. Беше во врска со сестра на мајка ми решителен да ги издржува нејзините две деца со човек од друга националност кој издржува доживотна затворска казна за свирепо убиство на тогашниот нејзин свршеник. Во меѓувреме мајка ми се премажи , откако платив за венчаницата не ме ни покани ни извести за церемонијата , бракот ни напредната бременост за која паднав во апсолутен шок едно утро на суд , приведена од полиција , неизвестена дека сум била предложен сведок од мајка ми , за наводен физички напад од неа врз бифшата на сегашниот л која во меѓувреме била во одмазничка врска со татко ми. Ја чекала во заседа со нож. Крајно испадна да сум своевидно принудена да живеам во своевидно заложништво со личност психички пореметена од суицидална на дневно ниво заканувајки се по сопствен живот. Патем маж ми цело време спиел со другарка ми . Сестра ми пешачеше километри босонога нападната од работодавец бифш наш скриен наркоман кум кој ја принудувал на самоубиство од карпа доцна во ноќта. Подоцна го најдоја лешот на неговата бремена невенчана жена на местото. И така јас не добив менструација половина година.
Седам и се чудам како да ја надминам онаа емотивност пред свадба. Ќе слушнам некоја песна што ќе ја свират на мојата свадба и одма се разнежнувам ми се насолзуваат очите. Исто и кога ќе помислам на моментите што ќе се случуваат дента, истото ми се случува. WTF ми се случува...