Дека бев слепа се додека видов дека од платата не ми останува ни денар и дека одам со скинати гаки! Од кога прогледав почнаа сите проблеми Физичко али најмногу психичко малтретеријање за кое неможев да верувам. Веќе неколку години секој ден едно исто едно исто размислував на сите лоши работи знам дека не требаше да помислам али самата психа кога ќе те донесе до свршен чин.... Секој ден се повеќе и повеќе полудував и ден денес полудувам и се чудам како може еден таков човек да го дели едното дете од другото али тоа е.... Секој ден размислувам за начини што подалеку ама не ми иде... Секој ден со ненормално главоболки ,качен притисок ,крв од носот Сите овие години нервоза,стресови и плачење си го покажа своето врз мене... Го колнев денот кога сум била дадена од господ,кога сум се родила се прашував зашто јас па да знаев дека вака ќе биде подобро да не се ни родев ...животот ме уби ,мислам дека веќе ни психички не сум ок ,неможам тоа во себе да си го признаам ,би побарала помош али не сакам апчиња сакам некој да ме сослуша!
. Во меѓувреме во целост ми се поплави изнајмениот стан и штетата беше речиси непроценлива. Маж ми во обид да ме докрајчи се разведуваше од мене преку тужба наместо спогодбено , каде јавно беше изложен многу прљав веш во седумчасовно судење без паузи во провинција каде беше кондсатирано дека сум лезбејка на секоја негова иронија. Во пар со личност од законот која пропрати последици од мојата контролирана љубов кон рекреативни наркотици. И сестра ми е во јавна врска со оженет човек два пати постар од неа. . it goes on and on..
Зошто не можат никако да ме разберат? Давам гласни и јасни знаци и крици дека нешто не е во ред со мене,ама никој да ме разбере...освен напад и етикети дека сум била нервозна,друго ништо не добивам... А најтешко е кога постојано самата себе се обвинувам и етикетирам со најпогрдни зборови...
Имам проблем со мајка ми.. Скоро цел живот. Ова ќе биде малку подолго, но сакам поубаво да раскажам. Кога бев помала, некаде 6то-7мо одделение знаев да направам глупост во стилот да земам пари од дома без прашање, да излезам од дома без прашање, да добијам лоша оценка во школо и да си преќутам за тоа.. Сите овие случувања направија да ја изгуби довербата во мене. Сега имам 23 скоро 24г и она сеуште нема доверба во мене. Постојатно се расправа со мене за глупости, ама буквално глупости. Зашто сум морала да излегувам секој ден, а во град излегувам петок-сабота, преку недела само во маало на кафе или на воздух да ме фати, да прошетам. Секое излегување во град ме испраќа со недоверба, и цела ноќ ме чека, до 2,3 додека не си дојдам, а потоа ми префрла дека не спиела цела ноќ поради мене. А стварно не знам зашто се мачи и зашто не спие, зашто ме чека. Што и да кажам, што и да направам за нејзе е погрешно. Не смеам да преспијам никогаш кај другарка/ дечко. Имав врска година ипол, она знаеше за него, ама преспивање никако. На одмор сеуште не сум била со друштво, затоа што знам дека ќе ми го извади на нос и ќе ми го упропасти.. Пред 2-3г. се случило да си дојдам дома малку пијана, тоа плус влијаеше на целата ситуација, но јас стварно мислам дека 90% од младинава сме го поминале тоа и дека има многу пострашни работи и дека не е фер цел живот вака да се однесува со мене. Веќе сум возрасна и созреана. Не се трпи ова повеќе, стварно сакам да ме остави малку да дишам. Да имав средства ќе си заминев од дома, сама да живеам некаде па и под кирија само да бидам раат, но не можам.. Кога и да пробам да разговарам, она постојано ми повторува дека нема доверба во мене и дека цел живот ќе нема, и со тоа ми ја убива секоја желба во мене за живот. Цело време плачам и не знам што да направам веќе...
Уште колку можеш да поднесеш жено?! Уште колку напади, уште колку разочарувања, колку удари на тоа кревко тело? На таа душа на која ужасно и треба спокој? Уште што треба да дочекаш за да дигнеш раце? Зарем не е доволно? Не живееш, преживуваш. Биди искрена со себе. Не припаѓаш во овој свет.
Глупо ми е све . На факултет треба да се запишам но тоа ќе значи да го оставам таткоми сам. Не ми се живее и се чувствувам неспособно. Паднав на градска.. Откако почина мајками се грижам за се во куќата но никогаш не е доволно.. Братми го фаќа лош пубертет и многу е агресивен кога ќе се налути .. и уште куп глупости не сакам повеќе вака.. Сакам да ме снема.. Секој викенд бев пијана претходно и никогаш спас не најдов. Секоја вечер умирам, и наутро пак се будам и се одново и одново...
@Darlingzz кога еден ден и ти ќе бидеш мајка ке разбереш зошто те мисли толку многу..и мојата мајка беше презаштитнички настроена кон мене и кон сестра ми, не ни даваше улица да поминеме сами, сега е почината и се би дала уште еднаш да осетам така да ме мисли некој, така да се грижи за мене некој..сите родители знаат да бидат напорни, секогаш има несогласувања, повеќе или помалку, ама верувај ми еден ден ке ти недостасува тоа што сега ти смета..пробај да разговараш со неа, можеби ќе најдете заеднички јазик..
Нека се продај веќе еднаш. Не ми е арно. Само кавги. Ќе имам ли мир некогаш? Ќе сфатат коќе е прекасно?
Sekoj den cuvstvuvam strav I taga vo dusava,a pricinata nitu jas ne ja znam,zosto sum zagrizena I tazna neznam.
Понекогаш се прашувам што уште треба да ме снајде за да отерам у курац се,нормално според заслуженото
Повеќе од една година,избришав многу луѓе од мојот живот,и од мојот свет,верувајте ми е 1000 пати по убаво сега него ли некогаш,кога бев пун со кеш како брод,кога сите тие гнаси беа со мене ради пари,само корист корист и корист.Ке имам пак дури и повеќе пари,ама тие никогаш нема да бидат покрај мене.
И тогаш кога ти велам дека не те сакам знај дека те сакам повеќе од се на светот. Ми фали љубов, ми фали да ми кажеш се ќе биде добро, се ќе се среди, покрај тебе сум, заедно ќе минеме низ сѐ и важни сме само ние тројца, никој друг. Но, тоа никогаш не го добив...
Како да најдам начин за да не бидам толку озбилна и реалист..незнам ниедна шала да прифатам од моите, татко ми највеќе ме разбира ниту тој не е добар за комуникација дома ..како да ми е незгодно кога ќе се собереме дома ако не ме прашаат нешто нема уста да отворам..едноставно како да не ми се блиски, незнам.. Ако некој поминал низ вакво нешто ве молам кажете ми што да правам за да се сменам