Биди покрај нив, биди им поддршка. Кажувај им убави страни на животот, мали ситни гестови што би ги расположиле, но пред се ти да бидеш во подобра ситуација за да можеш на друг да ја подобриш. Јас до некаде сум во таква ситуација. Почина баба ми(на мајка ми мајка). Многу јасно дека сега мајка ми е многу потешко да ја расположиш и слично затоа што мислите и се на друго место, но сепак таа е многу јак карактер и се прави за да не ни е тешко на нас другите, но јас не се откажувам од тоа да утре и е нејзе подобро, да ја насмеам со некоја ситница и сл. Има тешки, напорни ситуации каде што понекогаш ќе треба да вложиме/ дадеме повеќе труд за одреден временски период додека работите колку-толку не се подобрат.
Никогаш не сум била љубоморна личност, може посесивна, ама во врската секогаш имав еден куп доверба, без испади и ограничивања. Во последно време не можам да се препознаам, секакви филмови си правам во глава, си замислувам работи кои не постојат. Откако отиде маж ми и сме разделени го гушам со испади за работи за кои знам дека нема причина, ќе го оддалечам од себе, знам од искуство дека довербата е најбитна работа во бракови и врски на далечина, па што правам тогаш. Многу сум анксиозна, добивам напад на паника ако не ми се јави или не ми пише добра ноќ...буквално банални работи. И мене ми смета, постојано лоши сонови, не спијам мирно, не можам да се концентрирам на работа, не ми се јаде...буквални немам желба за ништо. Се плашам дека ќе паднам во депресија вака ако не се сопрам, а се обидувам...Очајна сум.
Никогаш не сум имала финансиски проблеми, никогаш не сум се мачела за ништо. Ќе продолжам со наследена професија. Мислам дека не ме бива за ништо бидејќи не сум се мачела. Иако знам дека тоа од една страна е олеснителна околност и дека е добро, од друга страна ме прави да се чувствувам бескорисно, како да ја немам онаа борбеност која што ја имаат оние кои можеби се соочиле со проблеми во животот кои со свои сили се труделе да успеат до степен до кој што јас без мака се наоѓам. Ги ценам тие луѓе, а јас како да сум полоша и понеспособна од нив. Зошто вака се чувствувам, дали ќе помине ова? Дајте ми мислење во врска со ова.
Најверојатно разделбата ти буди такви чувства. Јас само на лошо помислувам во ситуации кога некој касни, или не ми крева на телефон. А реално најчесто нема потреба од такви мисли. Не знам како да ти помогнам, а и себе не знам како да си помогнам. Мене ми е понекогаш полесно кога сум во друштво... па во слободно време биди со пријатели , роднини дружи се со луѓе и нема да имаш време многу да мислиш.
чекај. .. ќе дојде и твоето. Тогаш ќе го бараш ова. Но колку да знаеш. .. човек се навикнува и одвикнува од се. На истото бев кај што си сега. Јас бев таа под Среќна ѕвезда родена. А сега.. секоја втора вечер коски ми се тресат...
некогаш си горе некогаш доле )) како што нема само сонце така нема ни само дожд. некад од сите страни ќе те спотера лошо а некад од сите арно .. во двата наврати се чудиш. не си помалку способна ако вратите ти се отворени. зашто кад тад нема да се. А тогаш ќе те тешиме )
Веројатно сум исплашена, во исто време и песимистична - можам да кажам често во мојот живот. Знам дека тоа што сум сега нема да бидам ако не се трудам да го задржам. А и тоа пак ме плаши. Но, бидејќи не сум се нашла во лоша ситуација не знам како би се снашла. Но, размислувам на тоа. Свесна сум дека не е и никогаш нема да биде се подмачкано. Многу работи го сочинуваат животот и секогаш има и нешто што не' мачи и нешто од што страдаме.
Не мора да имаш проблеми и тешкотии во животот за да вредиш како човек. Иако традиционалното воспитување и посебно религијата го налагаат тоа размислување, никој не заслужува трнлив пат (посебно во детството и младите години) и не треба баш преку таков да расте во квалитетна личност. Многумина тие тешкотии навистина ги прават силни, но сите имаат барем малку горко сеќавање и би сакале да бидат безгрижни како што ти велиш дека си била. Продолжи да ги цениш, но нема никаква смисла да се обвинуваш и омаловажуваш. Крај краева, споредување со други животи во секој аспект е најголем непријател на мирот и самодовербата.
Утре ќе се направи точно една недела откако носам наочари. За некого тоа е секојдневие и ништо чудно,ни пак голема работа,ама за мене е голем успех што конечно се натерав самата себе дека морам да носам наочари.... Уште од најмала возраст почнав да носам,па во тоа време ретко кој носеше,во училиште се броевме на една рака "ние со наочарите" па така не исмејуваа со погрдни прекари и епитети,ми ги кршеа наочарите кога ќе ме удреа,јас за жал подлегнав на тој булинг,се искомплексирав премногу и наочари носев само за по дома и тоа ептен ретко,намерно ги кршев и јас самата за да не ги носам....помина повеќе време и се така во круг,последно пред десетина години носев,ама си ветив дека сега ќе носам,видот почна страшно многу да ми се намалува Анксиозноста сеуште ме дрма и ме дрма,панични напади имам зачестени деновиве....многу работи кои сакам да ги направам,не умеам,едноставно немам сила.....
Секогаш кога ќе помислам на основно училиште.. Бев една од помирните, се дружев со помал круг на пријатели, и сите околу мене беа како мене - фини, љубезни, помалку наивни.. Тие најлошите девојчиња па дури и некои момчиња почнаа да се задеваат со мене. Се вербално. Ми наоѓаа ужасни имиња, низ ходниците кога ќе ме видеа ме понижуваа.. Најбитно од се, не бев физички малтретирана. Не ми е јасно, што им е толку интересно да понижуваш некого и да му се подсмеваш?! И не, никогаш не сфатив зошто баш мене ме малтретираа? Често такви прашања ми се вртеа низ главата. Бев сосема нормално девојче, не бев некоја што се кара со сите па да сакаат да ја зафркаваат. Со тогашниот памет не кажував на никого (се сомневам дека неш ќе се променело и да сум кажала). Од тогаш имам изгубено самодоверба. Можеби ќе ви изгледа дека претерувам, нели што е тоа само задевање, но после основната имав мн комплекси заради тие што се задеваа со мене. После кога се запишав во средно, тие беа во др школа и за мене беше како нов почеток. Се зближив со сите и немаше "такви" како во основна.
Go imav istiot problem,pisi mi lp ako sakas. Lek nekoj za socijalna fobija,ne see trpi vise,nemozam nisto vo zivotot da izvrsuvam kako sto treba.
Што би направиле вие ако треба да си најдете работа,но се плашите од тоа како ќе се однесуваат луѓето таму кон вас и ако мислите дека ќе зезнете нешто,па ќе ве избркаат? Тешко ми е меѓу многу луѓе,па ако можете да ми дадете некаков совет.
Мајка ми си ја барав да ти пишувам по толку години. Сепак не требаше, но нема врска. Тоа што требаше одамна да го кажам го кажав сега бидејќи имав прилика.
Gubam se okolku mene,eve I fakultetot go izgubiv,ednostavo ne sum sposobna da go rabotam toa sto go sakam,I sekogas ke bidam nesposobna,I eve ke gi gledam drugite kako mi se potsmevat na neuspehot,boli boli,tesko e koga sakas a ne mozes,da nemas care,izlez,uste potesko koga go gledas izrazot na nivnite pobednicki lica,da uspeja me zgazija use endas I pobedija I ke pobeduvat.