Не си сама и јас така се чувствувам во последно време, да те утешам. Исто и за дечко ми цело време мислам дека не ме сака и дека сум му здосадила, а тој всушност душата ја дава за мене
Ве исчитав сите една по една и за жал гледам дека сте различни генерации, но дека насекаде го има тоа. Основното училиште ми беше прекрасно, буквално до ден денеска цела генерација каде и да ме види завршуваме со гушкање, радување за меѓусебните успеси, мирни деца што сите скоро бевме за пример, немаше собир, роденден или повод за славење каде што некој беше отфрлен, ко семејство бевме и сеуште се почитуваме. Јас учев во средно стручно училиште во центар, бидејќи избрав смер заради што навистина го сакав. Од прв ден буквално ми почна хоророт. Се запознав со децата и не знам зашто добив цинични погледи, пробав да се здружам и почнаа нивните муабети и оговарања за мене, потоа буквално почнаа да ме избегнуваат, да ми сугерираат да се самоубијам, да се префрлам во друго училиште, често пати бев тепана и од машките и малтретирана брутално, ме исмеваа во лице, а не смеев да вратам бидејќи класната ми имаше кажано дека една грешка ако направам и летам од школото.Немав избор, ми беше криво навистина.Ми правеа групи на фб за мене, ставаа мои слики, ме оговараа, на секаде ширеа дека треба да умрам, дека сум глупа, дека сум проста, ретардирана, од глупо семејство, и навистина ми беше тешко, иако имам навистина многу другарки и другари сепак беа во други училишта и немаа начин да ми помогнат освен што ме советуваа дека не треба да се замарам, неколку само од нив ми кажаа дека е до школото и дека навистина е зезнато, дури и на форумов истото го пишуваше. Почнаа да ми вадат муабети дека сум немала никој во животот,дека сум била сама во 4 зида,дури неколку од нив ми рекоа ако се самоубијам дека многу ќе си олеснам. Добивав и прашања дали имам идеа како да се убијам или треба да ми дадат, па така се случуваше да даваат идеи како да скокнам од зграда, како цревата ќе ми летале низ скопје,уште што не, и бидејќи немав поддршка од класната си дозволуваа што сакаат да прават.Ако пробав да прашам нешто или да пробам да бидам фина ми викаа не замарај, те викна ли некој,дури извадија муабети дека се лепам по нив.Ми викаа ти си роб треба да правиш што ќе ти кажеме, и иако завршив баш би се одмаздила, ми се смеат дека не сум на факс во македонија, дека ми е убаво, но они не го знаат тоа.Мислам дека моево е најтешко од се, некако искрено да сме биле деца до 7-8 одд ајде да прогледаме, ама дали на 19-20 (имавме еден покасно на 20заврши) ви е во ред така да зборат?
Dobro, nikoj ne znaese za tvojata situacija roditeli, klasen, psiholog. Zosto devojce ne go smeni skoloto?
Класната знаеше но не беше ни секунда на моја страна. Не можев да го сменам заради што беше стручно и ми требаше знаењето. Не знаеш колку сакам да вратам ама нема како
Si trebala da ja snimis, pa da odis kaj roditeli i direktor no, vo sekoj slucaj si trebala da gi informiras tvoite.
Мислев дека нема да дојдам до точката да ми се спојат жичките,ама еве ме.Колку ме нервира кога знам дека сум во право,а сум беспомошна.Мразам кога морам да се расправам со луѓе кои немаат доволно култура во себе.Едноставно,не можеш да се разбереш.Многу ми е тешко понекогаш што средината во државата ни е таква.Дефинитвно не можам повеќе да издржам
Колку е тешко кога некој ќе ти ја уништи самодовербата... Знаете ли како е некој постојано да те следи да ти кажува ова не се прави вака, ова не се остава овде, не е точно тоа што го кажуваш... Е така се уништува човек... Бев многу повредена и буквално на дното. Станав се исправив, постигнав многу, премногу во животот, изградив кариера, одлично заработувам, растам три ангелчиња, одржувам дом, семејство... Знам колку можам, знам што можам, знам што сакам. Немам со кого да разговарам, така се извртеа работите да немам никој до мене, освен тој што ми ја дроби психата. Сега сум само сенка, барем така се чувствувам, работам и заработувам, одржувам домаќинство, растам три деца, тоа се толку многу обврски, сепак душата ми е празна...скапана...мизерно се чувствувам... Заробена во туѓ правилник за живеење, во толку гужва, а сепак толку осамена...
Готово преку глава ми е..молчам јас молчи тој. И после се што се случи си мислам ќе се разболам у глава поради него. Господ да ми е напомош. Од глава не го вадам, не можам, коа ќе го видам очите сами ми се насолзуваат и тој тоа го гледа а мене ми е срам, а не можам да се воздржам. Не можам скоро секој ден да е до мене а да немам храброст да му зборнам како некогаш. Не знам што се случува со мене повеќе.
Некои од луѓево се да ги гледаш и да им се чудиш на умот. Ќе им пристапиш со добрина, ќе им ја дадеш сета слобода и тие ко слободно пиле ќе се залетаат и во лет ќе ти се по*ерат над глава. Ако им пристапиш со бестрашно студенило ќе ти се умилкуваат ко пилето на гранка, цврц-цврц ќе ти цврцорат од мило по мило и додека ги држиш на дистанца само спонтано да пружиш прсте ќе се залетаат од гранка директно на него зошто по сите перипетии си учат кај им е местото. Само време и трпение на крај секој ќе си падне на својата позиција.
Тешко е кога човек е сам... Немаш брат, немаш сестра... родителите не ти се блиски... На кого да се ослониш? На тие што мислиш дека можеш во состојба се да ти ја покажат вратата само за да не ги замараш... уште тапани што не викнале кога ќе се симнеш по скали да си одиш.. Другите не те ни слушаат... гајле им е.. Е така е кога си сам на ебаниов свет.. сите ќе те ебаваат во здрав разум а никој нема да те праша како си.. Само едно како си е доволно... да кажам како сум и да ме сослушаш бре човече! Прашај еднаш...еднаш..
Ми се гади од личности кои си придаваат лажна вредност, како тоа се они најпрофесионални, најсочувствителни се нај, нај, а со сите тие извртени фалбаџиски муабети ама и со дела се косат со основниот морално-етички кодекс на своето работно место. Или го подзаборавиле или никогаш не го ни прочителе, а секој ден им е пред очи
Ми се гади и од личности кои си мислат дека не сте си ги расчистиле сметките. Колку од нив ми минале низ раце па после ми јаделе од раце. Што да им правиш на таквите, нит кодекс ги оправа нит збор, нит сакат да прочитаат нит да послушаат.
Некад колку и да си добар не вреди, залудно е. Зошто љубовта не заслепува? Зошто секогаш се заљубуваме во погрешни? Зошто кога таман ќе помислиш дека животот си го средил малку тој уште посилна шлаканица ти удира? Мислев помина се, мислев дека никогаш нема да ме боли нешто повеќе од празен стомак и празен џеб, но скршено срце е капак на се. Одсекогаш сакав сите да се среќни околу мене, секад себеси се ставав во втор план и на крај пак не си добар за сите. Сега сакам само крила и да одлетам далеку од се.