1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Жал ми е да ја гледам мајка ми како се мачи...стварно ми е жал.
    Не заслужува вакво однесување од негова страна.
    Татко ми е, го сакам да ама некогаш е голем ИДИОТ и ми оди на нерви.Прееска за влакно фалеше да станам од маса и да си отидам.
     
    На Milobebence, Dust, Dadusicka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Не ми се живее повеќе. мног пати размислував да исчезнам или да си го одземам животот.

    Луже, јас немам никого покрај мене, не мислам само на партнер, туку и на другарки, родител, никој не ме сфаќа сериозно, кога ќе и спомнам на мајка ми за некој проблем ми се потсмева.Наместо да ми олесни таа ми ги отежнува работите.
    Во себе чувам многу работи и прашање на време е кога ќе пукнам.
     
    На Saraahh, Milobebence, Teodora12345 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Денес решив да се опуштам, да одморам од се.
    Се јадев одвнатре со денови, си ветував ќе се откажам од се и сите, ќе се откажам од сите социјални мрежи и така негативно ми влијаат, но се откажав.
    Решив да си дадам нова шанса во оваа нова година да запознаам фини луѓе, да научам повеќе за себе си.
    Нова година, нови приказни за доживување.
     
    На Dadusicka, cresa-jagoda, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Поради работа во странство до пред неколку години татко ми го гледавме многу ретко, секогаш сме го сакале како родител но немавме блискост. И кога доаѓаше дома не го поминуваше времето со нас туку со пријатели по кафани. Мајка ми ни го надомести сето тоа внимание кое ни фалеше од него. Среќна бев, мир во куќа, немавме многу финансиски, ама имавме многу љубов и му благодарам на Бога што ме одгледа една таква прекрасна жена.
    Сега живееме сите заедно, имаме и повеке од доволно финансии. Толку се радував дека конечно ќе бидеме вистинско семејство, за да се разочарам до бескрај кога тоа конечно се случи. Се чувствувам како никогаш да не сум го познавала вистински татко ми. Јас знаев, свесна бев дека мајка ми има страв од него уште порано, гледав дека ја понижува и се однесува лошо со неа. Не знам дали поради тоа што не беше дома често не сфатив колку голем проблем е тоа. Откако живееме заедно ми се смени животот од корен. На почетокот беше хаос. Понижувања, навреди, цркања, урлања. Ајде си велам не е навикнат, цел живот одделени бевме ќе се смени, зборувавме многу пати на таа тема, се подобри малку од малку. Сепак навредите продолжуваат, понижувања, не напаѓа и ни вика за секакви ситници. Мајка ми му е за се крива, што и да направи се е грешка, се не е добро, критики за се и свашта. Пцости гадости секакви се секојдневие. Мајка ми како пердув се тресе пред него, се плаши да му се спротистави.
    Јас од кога живеам овде се борам со анксиозност, паничен синдром, фобии, воопшто не се препознавам сама себе. Од самоуверена девојка што само успеси гледаше пред себе станав плашливка, самодоверба на нула, панични напади скоро секој ден, прескокнувања на срцето и константен стрес кои резултираа со синусна аритмија. Се плашам од дома да излезам, да си кажам мислење, се повлеков во себе, не сум воопшто комуникативна повеќе.
    Татко ми знае понекогаш да ми биде и подршка, не велам не, но многу почесто ме повредува. Пред некој период имаше сериозна операција и тогаш како да се освести и му беше жал за се. Тогаш стана свесен дека семејството треба да е на прво место, дека треба да се сакаме а не со месеци да не разговараме еден со друг. Ми плачеше дека мајка ми многу правела за него, дека не знаел како да и се оддолжи. Стварно се понадевав дека тоа ќе го смени, дека сфати што значи семејството. Но за кратко. Беше добар додека оздрави. Сега пак се врати на старите принципи, дури и полошо. Се му смета, никако не прифаќа вина, секогаш ја префрла на нас.
    Се осеќам толку беспомошно, сакам само да заминам одовде. Не мислам на ништо друго само чекам да помине оваа година да си одам од дома. А душа ме боли за мајка ми. Колку и да ја убедувам, има страв од него не може да му се спротивстави, само му ведне глава. Единствено таа ќе ми фали од дома.
     
    На Milobebence, sweet-cherry, Sezana и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Женски
    Со денови се осеќам празно.
    Наместо да се радувам што ке имам бебче во раце за брзо време, јас времето го поминувам во нервози и глад. Ми треба долг разговор ама немам соодветна личност за истиот. Паѓам во некоја депресија..
     
  6. Sezana

    Sezana Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Ме напнаа со муабети по сите слави и имендени родниниве како било во минатото.
    Да не се разбирало дека тоа е минато оддамна свршено време.
    И секоја година се дополнуваат муабетите и секоја година дознавам колку било од убаво поубаво порано(facepalm)
     
    На Milobebence и Teodora12345 им се допаѓа ова.
  7. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ме уништија моиве дома скроз. Ме сакаат и ги сакам, и знам дека меѓусебно се сакаат ама до толку да не знаат проблемите да си ги решат меѓу себе.. мора и нас децата да не вмешаат.
    Најсмешно е што кога ќе пробаш да смириш ситуација, одма си дете и не треба да се мешаш а ако им треба некој да ги поддржи, се ни кажуваат.
     
    На Sezana и Herrera им се допаѓа ова.
  8. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Абе оние жени на фејс.што им се отворени профилите,што сакаат да постигнат!?
    Имаат следачи по 3.555 од што се убави или се на изволте!?
    Викаат на покриен г* никој не плука!
    :wasntme:
     
  9. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    До моите „драги луѓе“ во животот
    Како може да сте вакви? Не можам да разберам како вие,мои омилени ликови,се претворивте во ова.Не можам да кажам дека ве мразам,ама ни дека ве сакам.А бев спремна на многу за вас.Кога само ќе помислам колку било поинаку порано,или јас си мислев така? Почнувам да се сомневам дека некогаш сте биле искрени.Всушност барајќи ја задната намера во секоја ситуација,почнувам да сфаќам дека ништо не било како што треба,само бледа глума.Страв ми е да копам понатаму оти се разочарувам се повеќе.И кога конечно ме препуштувте сама на себе,среќни сте? Јас ќе се снајдам,времето ме направи појака од камен.Првите чекори се тешки и разнишани,ама многу подобри отколку вашата потпора.И кога еден ден ќе достигнам се,немој да ме барате.Секогаш ќе ве потсеќам на ова време.Време во кое изгубив се,а вусшност добив многу.Продолжете без мене,јас сама за себе ќе се трудам.
     
    На Teodora12345, Bokchee, SnowWhite8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Sezana

    Sezana Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Разочарувачко е чувството кога секоја година за година се намалува бројот на моите соученици во државава. Тоа што остана тука во најголем број се оној процент кој одвај не одеа на повторување година.
    Како тие одвај да дочекаа вакви околности за да фатат места, клатат врата и земаат плата. Другите што останаа или работат било што или се спремаат за странство како останатите што се веќе заминати;(
     
    На Rama, cresa-jagoda и candy.cane им се допаѓа ова.
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Многу добро знам како ти е :hug: :hug:
    Но, мораш да бидеш храбра и секој пат наместо да му се плашиш спротивстави му се.
    Јас до пред скоро време при секоја кавга се тресев, само јас знам уште од мала колку дијазепами имам испиено, колку солзи имам пролеано. Се плашев за мајка ми, да не и се случи нешто, имам татко алкохоличар... Секогаш во тој страв, ја молев да се повлече од кавгата, ја отргнував...
    Веќе ми дојде преку глава од цел живот што ми е уништен од него, сега збор не дозволувам да и пререче на мајка ми, лом го правам, од сè подоле без око да ми трепне, целата вистина му ја плескам во лице, јас сум таа што се кара сега со него, на мајка ми и велам да си ќути и да не се нервира. За мене немам страв кога урлам по дома на него, немам чувство дека ми е татко, само омраза имам кон него. 2-3 пати има подигнато рака, но ме нема удрено, јас наместо да му се исплашам во тој момент уште побесна и погласна станувам. Јас за мене никогаш не му се плашам, единствен страв ми е во кавга да не и направи нешто на мајка ми, затоа нејзе и велам да не се расправа со него.

    Не секој маж заслужува да има жена и дете!!!
     
    На Nine25, Dust, Eveline и 10 други им се допаѓа ова.
  12. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Сакам само да почувствувам дека на некој му е стварно гајле за мене... Само толку
     
    На firequeenn, Dust, Unique__ и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    До вештачките родини и братучеди. Сите сте едно големо, проклето говно. Вие сте како искршено стакло ако нешто некој побара од вас. Колку пати ве имам барано, онака да се видиме како блиски роднини, први и втори братучеди, каде што израснавме заедно, заедно бевме по одмори, едевте кај нас, ме носеа кај вас, кога бевме мали. До толку вие немате време на вашиот братучед да му се јавите да прашате како е, да се седнете барем 30мин на кафенце? Ох ваше височество, до толку немате време м?
     
    На firequeenn, Eveline, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Пале 345

    Пале 345 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2017
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    5.286
    Пол:
    Женски
    Некако како никој да не ме сфаќа. Како што проблеми имаш „ти“? Не бе, ич немам ништо, се ми е како подмачкано, само вие имате. Ќе ми се јави мајка ми, ќе се жали сестра ми вака и рекла, онака и рекла, по пола саат ќе се јави сестра ми, мајка вака и рекла онака и рекла и спуштила слушалка и што сега јас да правам? Сто пати сум им рекла аман, не мора да ме мешате и мене, тоа си е меѓу вас, пошо реално за глупости се работи, изгледа досадно им е повремено и на двете, а и трите живееме во различни градови. И реално, мене ми е најтешко. Кај под кирија, кај на туѓо, кај немаш слобода, кај сам за себе треба да се грижиш, од таму, па и глупости. Битно нема кој да те праша „како си“, ама она подлабоко „како си“? Не добра ли си, јадеше ли? и толку. Не, не сум добра. Смачено ми е, сакам свој дом, сакам топлина, сакам фамилија околу мене, луѓе ми фалат... И не, не сум добра...
     
    На edna_malecka, Eveline, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Fatum nos iunget

    Fatum nos iunget Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Преоптеретена сум со глупости во последно, имав анксиозност пред неколку години и имам последици од тоа. Понекогаш од време на време добивам панични напади. Станав најнеодговорна, најглупава личност после таа анксиозност што се мразам себеси премногу и ни грам самодоверба немам. Бев претерано храбра, силна личност, со став и карактер и сега изгубив се. Не ни учам повеќе како што треба, со телефонот враце сум и лаптопот цело време. Седнувам да учам и губам концентрација и со тоа се сметам за неспособна личност, за глупава, неодговорна. Премногу се нервирам за секакви ситници. Не размислувам воопшто правилно.
     
    На Eveline, cresa-jagoda, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки
    Во глобала животов ми е нешто потпросечен и мизерен, а не дека сум мизерен човек како карактер. Ќе го опишам со последната расправија што ја имав кај родителите од мајка ми, односно мојот дедо и мојата баба.


    Претходно, пред скоро година дена, имав девојка, сериозно се се, разговараме онака што правиме како правиме со имотот (располага со стан, куќа 120 квадари ама застарена и 250-300 квадрати двор, мало дуќанче, голем дуќан и ниви). И почна да ми врти муабет накај тоа како да сум средел кај татко ми со куќата и таму да реновирам и слично и таму да си планирам иднина. Пошто тој не планирал овде да прави ништо и не бил способен. Окај, си реков ќе барам чарето на друг начин... иако не знам како да бидам искрен, ама ќе се борам до крајот на животот да имам еден достоен живот. :D


    Сега баш за ручек време седнуваме и ми вика што правиме кога ќе се жениме, доста шеташ, време ти е ова она, на кого ќе оставиме ние имотот бла бла. Јас како човек памтам скоро се од минатото, ама не занемерувам ама ова ја премина секоја граница. Се прашувам себе си само кого прават будала, мене или тие самите?!
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. maca.mk

    maca.mk Нов член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Го направив профилот само да ја напишам маката. Цел ден се нервирам а немам со кога да споделам и несакам искрено, па решив овде анонимно да се олеснам.
    Денес од пријатели дознав дека наши роднини имале проблеми во бракот - возрасни луге со возрасни деца, дошло дури до оставање и напуштање на домот. Проблемите се поради алкохолизмот. Жената неможела веќе да ги трпи тие тортури од човекот и пред некој ден дошло до врв на случувањето, само они си знаат што се се случувало, и си заминала од дома.
    Знаевме за овој порок на човекот уште од поодамна, ама откако му пораснаа децата мислевме се опаметил, срам му било од децата па дека престанал да пие. Денес многу се растревожив кога дознав дека овој проблем сеуште траел и дека дошло до овој степен.
    Мајками многу се вознемири и цел ден беше потиштена од сочуство за таа жена, а знаев и зошто....
    И таа го има поминато тој пат и знае како е да се живее со таков човек. За мене таткоми е добар човек, неук, непрошетан, нецивилизиран, ама со мене скоро секогаш бил добар, ми давал поуки, ме школувал, ме издржува. Го почитувам.
    Ама ја знам и другата негова страна..уште од мали нозе израснав со караници дома, со надразнето зборување од негова страна, со водење инат. И тоа секогаш се случување во негови пијанства. Кога бевме мали, ваквите случки биле многу чести. Мајками ми има кажувано што се има преживеано првите години од бракот...Ама денес дознав дека при едно вакво негово пијанство кога била бремена со мене, имале гости пријатели а тој пијан, не му се допаднале некои нејзнини зборови и и удрил три шамари....;(:( Тие пријателите, ја одбраниле им стнало незгодно и си отишле...
    Знаев дека психички многу се нервирала мајками и секогаш се прашував дали и физички ја малтретирал и ете денес се отвори жената. ;(;(
    Јас незнаев како да одгворам...
    Пред нас имало многу бурни караници, немало месец а да не се скарале...и ние секогаш молчевме со сестрами...молчевме и ги слушавме...а си знаеме самите во себе колку сме плачеле..
    Откако заминавме на студии не ги гледавме овие расправии и некако мислев/се надевав дека малку се променил ама мајками ми кажа дека пак е исто...само несакала на нас да ни кажува да не се нервираме..
    Ми вели дека веќе нема сили и радост за животот, само негативни мисли има, разочарана е од тоа каков и бил животот и веќе кренала раце од се. Нема волја за ништо да прави, само на нас се надева дека барем ние ке имаме светла иднина. Дури ми кажа дека се кае што се омажила со него, подобро ке седела кај нејзните да знаела дека ваков ке и биде бракот со него.
    Плачам додека пишувам...
    Од една страна таткоми, кој знам дека ме сака безусловно, цел живот за нас работеше и благодарение на него стигнав до овде во животот, а од друга страна мајка, која везден мисли на нас иако во себе тивко страда...:(:(
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Зошто ама зошто уште се замарам со тебе а?
    Ај што откако раскинавме одма тргна со друга ама не јас уште и уште мислам, анализирам се себеизмачувам.
    Ах бре за стап си плачам или за ново либе:?:
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.312
    Пол:
    Женски
    Ми се разболе најсаканата тетка;( а и јас се повредив, додека една од другите тетки упорно ме нервира,и кажав се во лице дека не сакам да зборувам на нејзиниот начин,да омаловажува ,навредува,потценува и се меша во мојот живот ,кажав на мајка ми ок она рече игнорирај ја не ми е сестра(тие и се први братучедки на мајка,па ја им викам тето).Се води по она веќе познатово оваа тетка,кој колку е убав ,успешен и само моите маани ги гледа а своите никако или за друг некој почнува како за тетка ми која се разболе ,многу ми е тешко и незнам има ли крај на ова страдање со вакви како таа тетка :@
     
  20. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Помина јануари со се сите празници, конечно ама тоа чувство на тежина и празнина не поминува лесно.
    Се повеќе ни се ретчи родот и ме растажува тоа, но па никој не може вечно да живее...
    Ама зошто, зошто секогаш најдобрите и најсаканите во фамилијата први заминуваат таму некаде горе во небесието или каде и да одат кога заминуваат душите?
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.