Здраво на сите во моментов многу ми е тешко неможам на никого да му ги казам моиве проблеми ве молам кажете ми како да ми олесни што треба да направам?
здраво како прво не прави избрзани работи за да не се каеш послем трпение за секој проблем има решение најди некоја другарка или другар или брат сестра и кажи го проблемот се се решава или на родителите онив би ти помогнале каква и глупост да имаш направено само трпение pozz
Ели, најчесто кога на човека му е тешко, а во моментот не може да разговара со некој близок се препорачува посета на некој психолог. Наредното би било "оттргнување" од самите мисли, правење работи кои те опуштаат: гледање серии, играње фудбал, излегување меѓу луѓе (барем еден мал дел од денот да ја напуштиш стегнатоста), зашто организмот ќе ти реагира на стресот и многу често така се губиме во бесмислата. Може малку покасно го оставам коментарот, ама се надевам дека ќе послужи.
Некогаш би сакала да дознаам зошто така ми правеше, нели ти беше доволно јасно и очигледно дека те сакав и повеќе од себе, но не ти мораше на секое да си потврдуваш дали и колку те сакав, а со сето тоа постепено ми даваше до знаење дека не си за мене. Не не велам повече потсвесно, ќе речам свесна бев дека не си за мене, дека нема да имам иднина со тебе, но се убедував да ти дадам уште една и уште една шанса, а ти со секоја следна само ми потврдуваше дека не си за мене. Те сакав и навикнав на тебе на се што имавме, си мислев така им е на сите два дена песна три плачка, бев убедена дека на сите им е така, но на крај излезе дека имало и поинаку. Понекогаш си викам сум имала среќа, но ако мојата среќа зависела од туѓа несреќа баш и не е да се радувам за сопствената среќа. Но што можам, секој е створен да носи некаков товар, да ја живее својата судбина и приказна. Остани со очи полни копнеж, со очи полни тага зошто не успеавме, ти си заслужен за тоа.
Дојдов да си олеснам себе. Понекогаш, има денови во мојот живот, ден како денешниот кај што си го мразам мојот живот и токсичните луѓе во него. Веќе долг период ништо убаво ми се нема случено, се прашувам дури дали ќе се случи нешто што ќе ме мрдне од мртва точка, нешто што ќе направи да се почувствувам подобро, поживо, а не да бидам жив мртовец, притоа живеејќи во страв. Луѓе ми пишуваат, ме замараат со глупи и бош муабети, јас не сакам да контактирам воопшто. Не сакам да излезам од конфорт зона бидејќи имам страв дека некој повторно ќе се појави и дека повторно ќе ме повреди. Се изморив да лечам скршени срца сама, се изморив од немањето подршка и се изморив од тоа да бидам некому психолог за да се почувствува добро а јас да бидам осамена и за кога ќе побарам помош сите да ме направат будала. Престанав да се радувам и на мали ситници и убави вести, само чекам да падне мрак, да ја ставам главата на перницата и да се покријам, да потонам во сон и да се надевам дека утре ќе биде подобро. Ама не е подобро, така секоја ноќ се надевам дека утре нема да биде така, полошо е. Изгубив респкект кон сите, почнувајки од моите родители па се до случаен минувач на улица, нема ни да го поздравам, само ќе го погледнам и одминам. Мајка ми вели да не се нервирам, да не се замарам.. како бе мајко, секогаш ме оставаш кога си ми најпотребна, секогаш се случува истото и наместо да ми дадеш подршка и сила, ти ми зборуваш за моите грешки и ми ги набиваш на нос. Зар треба буквално со дела да ти покажам дека тонам? треба да скокнам од балкон затоа што повеќе не можам да издржам да живеам вака? Или да се трујам со апчиња, или нешто трето за да се разбудиш ти и да сфатиш дека не е се ко што мислиш ти? Психички сум мртва...
Здраво. Нова сум на форумов .Ве молам за помош. Се чуствувам многу нестабилно како непродуктивно суштество незнам што да направам со себее знам дека ке кажите па земи работај на себее не можам немам мотивација од никого секој ми го сврте грбот, само јас ги бараам дали било за роднини дали за пријатели никој мене не ме барааа живем во скопје на факултет сум мислам квадрирано годинии , незнам што се случува со менеее, еден ден е се доброо мислам дека можам а другиот ден е многу лошоо јадаам и само јадаам и се даваам во моите солзиии , имам дечко ама како да не ме разбираа само секс му е у глава секогаш кога сакам да му кажам нешто што ме мачи тој секогаш да сменува тематаа незнааам....
Здраво дечки, имам 24год и проблем кој долго ме мачи а немам со кого да го споделам па би ве замолила за совет. Пред 2 години бев опседната со српски кошаркар, по цели денови гледав негови слики, следев каде оди што прави со кого е, будна сонував како се запознаваме како се заљубуваме, и се беше толку реално, обожавам се во врска со него дури и лошите работи, тој за мене е идеалниот партнер. Потоа дознав дека има девојка, јас не можев да јадам цела недела, моите дома мислеа дека сум болна, за прв пат паднав во депресија. После ова некако успеав да се вратам во живот, заминав во странство на 3 месеци, и се трудев да го заборавам, во што и успеав. Таму го запознав дечко ми. Тој е србин, на почетокот не размислував долгорочно, бев желна за авантура, дури си мислев кај јас со овој не е за мене вистинскиот некако на физички изглед не ми се свиѓаше толку. Но, се вративме дома и ја продолживме врската на далечина. После одреден период дома, јас пак почнав да фантазирам за кошаркарот, тој пак беше сингл, се опседнав. Но, во исто време подобро го запознавав дечко ми. Сакав да престанам да мислам за кошаркарот, да го избришам но никој не беше подобар од него и со цел да си докажам дека има и подобри од него на фејсбук почнав да гледам слики, да следам дечки кои што ги знам и кои за мене се вауу, имаше периоди кога дечко ми ми врти на тел јас му спуштам за да дофантазирам за нешто па да му се јавам. Одвратно. Се до една вечер. Пресвртница во мојот живот. Отидов на техно журка и земав екстаза. Беше ужасно, само сакав да престане. Дечко ми претходно имаше пробано и ми рече да не пробувам но јас бев многу љубопитна и самата одбрав да пробам. После тоа се гадев сама од себе, и ден и ноќ мислев на тоа, мислев дека сум во врска со наркоман и дека и јас ќе станам таква. Многу долго разговаравме со дечко ми на темава, зашто го правел тоа зашто јас го направив и се си кажавме и таа фаза на глупост ја затворивме и до денес по 1 год од тогаш тоа е затворено и се чудиме како сме биле толку глупави. Од тогаш веќе не ни го гледав кошаркарот на социјални мрежи, почнав да живеам за себе, со дечко ми бевме на одмор, го засакав, се вработив, но, тие мисли за него како да се некаде длабоко сеуште присутни. Цел ден бев нерасположена, со дечко ми излеговме низ Белград да прошетаме и одеднаш станав весела, седнавме малку зборев нешто јадев и одеднаш се сепнав како да сфатив што ме расположи помислата дека ќе го сретнам кошаркарот негде низ белград, одеднаш изгубив апетит и добив нагон на повраќање, дојде мислата дека јас никогаш нема да можам да го имам и тоа морам да го прифатам и продолжам понатаму но тоа толку ме болиии ми создава депресивни мисли кога ќе бидам вистински среќна. 2 год мислам на него, ајде една година се опседнував, мислев кпга ќе престанам да го гледам се ќе прекине со тек на време но веќе 1 год немам ништо отворено прочотано а сепак потсвесно ми е во глава. Дечко ми го засакав во меѓувреме премногу ме сака, целиот се предаде на мене и сега чувствувам грижа на совест, ме јаде од внатре овој проблем. Имам цел сакам да си седнам со дечко ми да си седиме само и ниту еднаш да не помислам на кошаркарот, да чувствувам потполен мир и спокој, љубов а не болка. Од друга страна па да не сум во врска со правата личност, но го засакав а сепак и сама и со него мислите за кошаркарот мора да прекинат. Какооо, пробувам да бидам постојано зафатена но сепак помош дечки и фала ви многу.
Seli20,а тој кошаркар дали го познаваш лично?И јас сум страдала за љубов најболно е.Мислам да пробаш да не мислиш на него,а ако паѓаш во депресии и се по ред,раскини со дечкото отколку лажна надеж,мора да биде обострано не е во ред што мислиш на друг.
Јас не го познавам, веројатноста да го запознаам и тој да ми возврати на чувствата се скоро непостоечки, тоа е изгубена битка и морам да се соочам со тоа. Јас сум заљубена во дечко ми
Сакам да се олеснам сакам да ми помогниите, незнам што да правам се чуствувам како непродуктивно суштетсто ништо не правам по цел ден само лежам спијам и јадаам, се молаам да дојдее ноќ па да си легнааам . немам никаква мотивацијаа... ми иде да се убиаам , сакам да сменам нешто кај менее, неможаам сакам да си го сменам животот од корен неможам немам кој да ме водии напред имам другарки ама како да ги немам секогаш јас сум тука за нив и да им напишам да ги слушам за нивни проблемии но никој не е тука за менее исто и за роднини имам сестра таа секогаш е зафатенаа,, нема времее за менее секогаш се понаша лошо со менее незнаам :/
Сама треба да се водиш напред, а не некој друг да те води. Колку години имаш? Не си напишала дали одиш во школо или студираш. Како и да е, сега и така е период кога нема учење. Најди работа, некое хоби, спортувај, вежбај, практикувај физичка активност. Волјата ти се изгубила скроз, мораш да мрднеш од таа точка, што и не е нешто тешко, само да се активираш па ќе се навикнеш. Ќе бидеш како нова.
И мене ми е исто кога ќе ми текне дека 3 месеци ќе нема што да правам,ми се умира Кога сум без обврски се осеќам ептенн депресивно и криво ми е што ги немам. Сакам да искачам но интровертна личност сум и не можам секој божји ден.Од друштво знаат да ме викнат само кога немаат со кој,фала им али не сум закачалка.. По цел ден сум дома, сама си наоѓам обврски и кога ќе ги завршам пак се чувствувам бескорисно Многуу ми е страв да не станам асоцијална личност затворена во себе,бидејќи пред 3 години имав социјална анксиозност а со текот на времето научив да ја контролирам (не ја пребродив целосно)
Колку ми фали времето кога бев средно и ќе дојдеше распустот, со другарка ми секоја вечер бевме некаде. Сега нон стоп учам, немам одмор, немам распуст. Сега имам испитна сесија, во август пак. Цело лето пак ќе учам. Нема зошто да си депресивна ако немаш обврски, најди начин да се опуштиш, излези кога ќе те викаат. Зошто мислиш дека си закачалка и те викаат само кога немаат со кого? Битно ти излези и помини си убави па и така да е. Така можеби ќе запознаеш и други луѓе па ќе почнеш да излегуваш и со нив и ќе ти се прошири кругот на пријателства. Од дома седење нема ништо. Јас ја научив таа лекција на полошиот начин. Оваа година имав смртен случај, ми почина блиска особа, а тогаш останав и без најдобрата другарка, што ми беше како сестра ми сврте грб ( не знам зошто дали затоа што морав да почнам да пијам антидепресиви и лекови за да го преживеам тој ужасен период). Како и да е останав скорз сама, се посветив на факултетот, не ми се излегуваше некој период после се терав со зор да излегувам да се дружам и сега сум малку подобро. Така и ти почни по често да излегуваш и потоа ќе бидеш по опуштена.
Многу сум нервозна и депресивна.Имам испитна и се осеќам за нигде.Концентрација 0 , немам волја ни мотивација.Ќе ја паднам годината , а се трудам ама не бе , нема жива сила што ќе го натера мојов мозок да запамти 1 збор барем.Не бива никако, секако пробав.Станав нервозна и ми се плачи само, не можам да издржам.
Јас сум 17 години и ништо во мојот живот не е како тиниџер.Никој несака да се дружи со мене уште од мала незнам зошто се дружат само кога им треба нешто па поради тоа јас несакав да се дружам со никого.Поради тоа јас станав затворена со никога не комуницирам во последно време дури ни со моето семејсто кое исто имам проблеми.Незнам како е да се има другар,а сега навистина имам потреба од некој другар да можам да му кажам се што ми чеже на срцето бидејќи навистина дојде многу тешко време за мене.Почнав да си зборувам сама со себе тоа е уште пред 4 години си замислувам како да има некој со мене и кажувам се,се шетам низ собата како некоја ретаедирана и правам што прават др со другарите,но што е најлошо замислам некој познат да ме гледа и јас со другарите и сакам да се откажам од тоа,но незнам како.Ве молам помогнете ми и јас сакам да живеам како другите тоа замислување да биде реалност.Ве молам без глупи коментари бидејќи неќам да се зафракаваат со мене доста се зафракаваа скиснало ми е од тоа.Само сакам совети како да се ослободам од тоа да не мислам повеќе на такви работи и да не си зборувам сама повеќе.Благодарам за еазбирањето
Мислам дека еве сега преку летово можеш да работиш некаде па така да си створиш круг на пријатели кој подоцна ќе го прошириш со нови познанства...Се надевам дека ќе успееш во тоа.За зборувањето ќе се среди се кога ќе најдеш вистински пријатели.Позз