Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Ете, ти реков Џон!
    Сака светот да го смени....

    Море дете.. успешен си и вака.
    Шо сакаш да бидеш?
    Не што фантазираш, него што реално можеш да постигнеш?
    И не! Не е само интелигенцијата фактор, туку и емоциите и општата состојба, и внатре во тебе, и околу тебе.

    Одбери си битка и бори се за нејзе..
    Не знам... студирај пример за нешто што ти е битно во животов.

    Ако бидеш после политичар, арно... ако не, пак арно..
     
    На Milobebence и Purplelilac им се допаѓа ова.
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Огромна одговорност и реализирање идеи? Па види у воведниот пост како се побиваш самиот себе. Ама типичен политичар си да,тоа утре останува за утре па пак рипит типично за политичар.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Веројатно си имаш поставено некоја психолошка бариера за која не си ни свесен, а те кочи да го дадеш максимумот од себе.
    За легнувањето - станувањето, замоли некој да ти ѕвони упорно додека не станеш наутро во времето во кое треба за да започнеш со обврските. Кога ќе си воспоставиш темпо со станување рано, потоа и навечер порано ќе ти се спие.
    За килограмите, почни со здрава и полесна исхрана, баш периодов е поволен за тоа. Имаш милијарда зеленчуци, овошја и супер одговара за да започнеш некој балансиран режим на исхрана.
    За девојката најубаво би било да и раскинеш ако станува збор само за навика. Нема смисла да одржуваш таква врска.

    И добро би било да ни појасниш зошто мислиш дека си во некоја ваква криза, па да знаеме и уште нешто да те досоветуваме.
     
    На Milobebence и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Не.. некои влегуваат наивно во политика.
    Не дека сите од старт тргнале со план да крадат... Некои стварно сакале и светот да го сменат.
    Ама машинеријата е поголема од поединецот..
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  5. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Јасно,само што дечково треба да поработи на реализација. Што ќе му се планови кога не сака да мрдне со гзот да ги реализира
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marco's vibe

    Marco's vibe Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Машки
    -Имам чуство дека можам многу повеќе неголи ова во моментов, нешто слично како да возиш ферари со 10 на саат. А од кај ми потекнува ова размислување? Многу пати ми се потврдило дека сум морално и интелектуално надмоќен над просечните луѓе.
     
  7. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Епа ако имаш такво чувство треба и да стапиш во акција за да реализираш. Е сега океј е еден ден да не ти се прави ништо, океј е и една недела, ама ако ова трае подолг период може да станува збор и за нешто друго.
    Не сакам да се правам експерт или да паметувам тука нешто посебно, но ако се работи за подолго време неволност тогаш може да станува збор и за депресивна епизода.

    Дали инаку нормално си излегуваш, се дружиш, шеташ, комуницираш или пак гледаш повеќе да се изолираш од светот?
     
    На Milobebence и WildMk им се допаѓа ова.
  8. Marco's vibe

    Marco's vibe Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Машки
    Да, шетам се дружам цело време. Но и тоа ми е во последно време ми е досадно. 95% од другари/другарки се неполизни за самите себе, а не па за мене(дури и да станува збор за кафе-муабет). Не пронаоѓам заеднички интересен, бидејќи 90% од нив се класични парољубци и сакаат се набрзина. Им ги читам мислите и горе-доле скоро сите се "натпреваруваат" со мене.

    Можда машинеријата е поголема ама сепак e само машинерија, додека сите револуционерни моменти во човештвото потекнуваат од индивиудиа. Зошто не постоела машинеријата за Тесла, Ајнштајн, Кемал Ататурк, Илон Макс или Гоце Делчев?
     
    Последна измена од модератор: 31 јули 2019
  9. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    @Marco's vibe Значи од тебе зависи и друштвото со кое комуницираш. Идеални луѓе или исти ко тебе не барај, затоа што нема да најдеш. Но, не останувај ни во друштво на некои со кои немаш никакви заеднички теми.
    Пријатели на сите ни требаат, но не по секоја цена и какви било.

    Можеш да почнеш во теретана, ете бидејќи сакаш и да ослабеш а и таму сигурно би запознал луѓе со кои ќе имате заеднички теми. Па понатаму ќе си градиш и пријателство.
    Не си дозволувај да одржуваш нефункционални врски, било пријателски било љубовни, само за да не бидеш сам. Тоа дефинитивно не води кон исполнет живот, туку е само истоштување и разочарување.

    И оди чекор по чекор со промениве, а мотиватор треба да си бидеш самиот на себеси.
    Ако веруваш дека можеш многу да направиш тогаш мотивирај се и да започнеш да реализираш.
     
    На WildMk и Marco's vibe им се допаѓа ова.
  10. Marco's vibe

    Marco's vibe Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Машки
    @Purplelilac Можеби ми требаше малце муабет со рандом луѓе. Фала ти на советот.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Quarter life crisis, се дешава на многу млади дечки. Ќе надминеш, се се врти околу тоа дека си способен за многу нешта а немаш услови и слично.
     
    На WildMk и Marco's vibe им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Ама не смее да се препуштиш на тие мисли.
    Фрустрациите можат да бидат многу опасни.

    Си наоѓаш пат, и го тераш, колку можеш и како можеш, во условите кои ти се дадени.
     
    На Marco's vibe му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Да де, токму затоа и се иселивме од државава ;)
     
    На WildMk и tina2018 им се допаѓа ова.
  14. dahlia_desire

    dahlia_desire Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2018
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Женски
    сакам да се исплачам бидејќи личност во блиското семејство ужасно ми иде на живци и ми се меша во пријателства. што к** сакам ќе правам. не си ни ти поарна личност, па не сум ти се мешала што и како да правиш со пријатели, ме боли к*р за тебе, ама не ми се мешај мене. запрашај се еднаш зошто сум ваква.
     
  15. Algorithm

    Algorithm Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2017
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    После долго време, јас пак тука, истиот јас но работите се сменети за 360 степени. Мечтите ми станаа реалност, повеќето работи кои ги посакав се остварија во реалност благодарејќи на мојата упорност. Скоро година студирам во странство, иако то беше неостварливо за мене до пред повеќе од 1 година. Бев скршен, љубовта заедно со семејните проблеми, празниот џеб си го направија своето. Бев очаен буквално по се. Успеав да добијам стипендија во друга држава, работев, џебот веќе не беше празен, запознав и девојка. Бев очаен по ова што сум денес. И покрај се јас сум незадоволен, веќе не сум јас, ништо не ме исполнува, не мечтаам по ништо, ништо не ме прави среќен, сеедно ми е за буквално се, некако се чувствувам многу празно, без причина. Може да кажам дека сум буквално на батерии. Несакам да сум ова што сум сега, не посакав ништо неостварливо од никого, се молев на Бога, бев упорен и се трудев, успеав се. Ко гром од ведро небо, како магија дојде овој ''проблем'' во мојот живот. Проблем или го достигнав врвот незнам што е. Незнам што да правам, незнам што да мислам, немам желба за ништо, ниту тагувам ниту се радувам повеќе. Би бил благодарен доколку некој подели слично или исто искуство, поразговара и посоветува, бидејќи сепак потсвесно несакам да сум робот, несакам да сум јас.
     
    На VIKOJNA и tamche995 им се допаѓа ова.
  16. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    700
    Пол:
    Женски
    Луѓе ве молам за помош оти ова бааѓи време трае. |(
    Нон стоп сум под некаков стрес иако немам рационална причина за да бидам. Цело време сум во исчекување на нешто лошо и ова навистина ме попречува нормално да функционирам. Почнав од се и сешто да се плашам без никаква причина. Од луѓе најмногу се плашам. Секој ден главата ме боли од што мислам на лошо цело време;(. Се чувствувам како да се гушам во сопствените мисли. Разговарав со другарки но тие мислат дека забегувам. ;( Се потам многу кога ми идат вакви лоши мисли и потешко ми е да комуницирам нормално во такви моменти. Имам пробано разни методи за да си го одвлечам вниманието ама не, мислите се секогаш над мене како облак. ]:) Секој совет е добредојден, извинете за долгиот пост.
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Не дозволувај ситуацијата да продолжи и понатаму со оглед на тоа дека си свесна за непостоење на рационална причина. Посети психолог.
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Karolina115

    Karolina115 Нов член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Нова сум на форумот и ќе пишувам онака како што мислам дека треба..ако имам грешки извинете...
    Уште од детство моите родители ретко ми дозволуваа да се дружам со децата на улица зашто се плашеа да не ми се случи нешто..ме пуштаа на село кај баба и дедо каде нема жив човек што се вели ‘‘каде што пиле не пее‘‘.. уште од мала сум имала трауматично детство каде моите браќа и сестри биле на прво место а јас не сакам да изговарам ама сум била малтретирана..едвај со едно девојче се дружев криејќи се и тоа многу ретко. У основно бев многу повлечена и исто така малтретирана. У средно бев малку поопуштена али исто така повлечена и трпев секакви навреди зошто сум била таква. Ајде тоа..па мојот живот беше никаков за овие години едвај еднаш на 3 месеци да излезам..имав некои кратки врски али ништо не бидна со тоа..бев цела истрауматизирана и си мислам дали јас сум крива..или моите, или тоа што не знаев што е тоа дружење..не знаев ништо и сеуште не знам многу за местово во кое живеам. Многу ми е тешко да зборувам за ова али како цел живот да сум била изолирана од светот...без волја за живот, немам никакво друштво, не верувам на никого..мислам дека сите луѓе се лоши..јас сум чиста катастрофа
    Сега одам на факултет каде редовно одиме на предавања со колегите, каде се дружиме, смееме..и не знаат за моето минато али прифатена сум у друштвотото САМО додека сум на факултет..Кога се договараат за кафе јас не сум поканета и не можам да сфатам зошто токму кога си помислив дека нешто ќе ми успее у животов ни тоа не бидна..понекогаш си мислам како да знаеле каква бев и дека немам другари, па можеби и и знаат и затоа не сакаат да излегуваат со мене. Еднаш ги викнав и сите ме одбија. Не знам веќе што да направам.
    А девојчето со кое се дружев у детство сеуште сме у контакт али само онака 3-4 пати годишно ако излеземе и тоа е тоа.. И пред неа се затворив, таа има за што да ми раскажува, а јас ништо немам што да и кажам зашто секој ден ми е ист.
    И не знам како да продолжам..животов ми станува пекол, се се обидов да направам и некако не ми оди воопшто. А мислам дека сум во најубавите години за живот и ако не живеам сега, не знам како ќе живеам понатаму. :headbang:
    Ако бил некој во слична ситуација ќе ве замолам пишете, барем да имам некаква надеж.
     
  19. Marco's vibe

    Marco's vibe Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Машки
    Туѓиот успех го доживувам како свој неуспех.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Некој за разговор во лп?