@Amellie13 можеш некаде на ден - два да одиш. Мене ми се "згусти" ептен од нервирања и се нафатив сама да си организирам. Се надевам убаво ќе си минам..
Значи не можам више оваа мајка ми ме угуши, МЕ УДАВИ Ми дише у врат, ме замара после секое искачање. Не го сфаќа зборот не ме замарај, као да ѝ објаснам другачије?! Да ѝ се дерам треба? Да се закључувам?додуша и тоа почнав ама и така замара.. Аман
Нема доверба у мене и не е од сега ова. Ќе дојдам од искачање, нит сум се соблекла нит нишо.Ќе ми седне у соба и не станува. ,,а кај беше а со кој беше” ,,а Х кај беше искочена” а овој кај беше, а со оној зашо не беше и ме дави ме дави и не искача од соба. Ќе ѝ кажам добро ќе глеам филм/ќе легнувам ај лека ноќ НИ ТОГАШ НЕ СТАНУВА. Вчера пуштам серија, три пати влези-излези праи и само нешто допрашува аман.
Види, не ја оправдувам јас воопшто бидејќи и мојата мајка е таква ама биди среќна што се интересира бидејќи постојат родители што воопшто не се замарат со своето дете а тие плачат за внимание. Јас сум и била благодарна на мајка ми што секогаш се интересирала и секогаш била покрај мене, ќе ми давала совет, ќе ме праша и јас ќе и кажам. Вистина е дека знаат да бидат напорни на моменти, тука се согласувам ама биди пресреќна што барем се интересира. Тоа што нема доверба во тебе е друга работа, не велам дека си виновна за тоа ама пробај да разговараш со нејзе, на смирен начин.
Неќам некој било кој да ме дави така со прашања. Доволно е : кај беше со кој и како си помина? А не, триста иљади прашања овој кај бил оној кај бил ко инспектор некој. Сум и рекла, шо к** те боли за другите шо се замараш?Не, бе онака у муабет да се најдам Мене не ми е гајле толку за моите другарки она се замара
Јас потполно те разбирам, ама родител си е родител, за нив секогаш ќе бидеш дете без разлика на годините. Те разбирам, повторно ќе ти кажам. Дали знаеш која е причината за нејзината недоверба во тебе?
Нареден пат без да те праша седни, за 5 минути раскажи и на кратко и ,,лека ноќ,, Не чекај да те прашува. Не биди нервозна, едно 5-6 излегувања така и ќе видиш дека ке престане Си мислам дека нема доволно доверба, мисли дека криеш нешто па пробува (на погрешен начин) со вкрстени прашања да дознае се што ја интересира. Погрешен и е пристапот. Кажи и дека е погрешен (ама со мирен тон). Наместо едвај да чекате да се видите и да си раскажете случки и настани, вие како две наежани мачки сте. Пробај она горе што ти реков, нема да згрешиш.
Да бе, хахаја не си ме читала да знаеш колку проблеми сум имала дома и уште ме дави. @referentka па ќе дојдам ќе и кажам: бев таму и таму со тие и тие, си поминав супер.Ако има нешо битно и кажувам. И после замара со прашања: пр А Петранка кај беше искочена?А зашо не бевте заедно искочени? А Станко кај беше?Не те вика веќе за искачање а? И такви некои глупости шо стварно НЕ ЈА ЗАНИМААТ
Дојде време да си признаам дека имам проблем со самоконтролата. Океј, не е страшен проблем, но мене ми предизвикува стрес. Стресот ми се зголемува и нема начин ништо да ме смири, може да трае ден два чак и три и после да се чувствувам полесно. Веќе подолг период се борам со тоа, но секој пат добивам психички напад и тогаш е најлошо не се контролирам. Џабе ми зборуваат сите кога од едно ми влага од друго ми излага. Нејсе, не барам совет. Дојдов да си искажам се. Многу трпам, собирам во себе и пукам, а кога пукам е најлошо, брзо ми поминува ама пак удара на психа. Најтешка е првата година сам во странство после е лагано, но... Е тоа но е секогаш со три точки. Да најдам соодветен збор да се опишам себе си, премногу и размислувам, лесно се нервирам. Понекогаш си велам зошто и постојам. Не сум ни светица, ама не сум ни кралица. Само едноставно сакам да имам мирен живот и да се самоконтролирам, тоа ми е кочница во животот што го градам. Морам да научам за себе и за луѓето околу себе, не секој е должен да ми простува и да ме трпи.
Јас добро те сфаќам.Имам пишувано по темите порано колкав проблем имав со самоконтролата и темпераментот. Не дај Боже да ми прелиеше чашата бидејќи знаев и физички да применам сила што не беше убаво. Е тоа траеше се дур не наполнив 18 години. Си реков, не смееш да кренеш рака сеа некому освен нели ако не е ,,нож до коска” јер си полнолетна и ќе го јадеш. Јас и ден денес кога ќе се изнервирам проблемот го решавам со тоа што ќе мавнам во нешто. Немам друго чаре, до 1000 да избројам џабе, ќе мавнам во маса/ѕид било што што не е човек, ќе се изнавикам малце ќе запалам цигара и ќе се смирам. Уште не можам до толку да се контролирам.Во школо на пример (баш годинава имав ептен ептен стресни ситуации со едни девојчиња) знаев дека не смее да ми текне да удрам негде, па корнев по масите по столиците со раце за да ја извадам нервозата. Еднаш само ескалираше со тоа што и направив дупка на вратата. Мора да се контролираме, те сфаќам. Пробај ако имаш вишок време троши ја енергијата надвор. Трчај, пешачи, запиши се на бокс или иди у теретана негде. Кога ќе се изнервираш искочи.
Спорт некој.. Ја дека ептен мрзлива да вежбам, ударам по предмети. Ептен сеа дека сум полнолетна се контролирам и ми е страв да не исчукам некој. Мора контрола малце бар да се има
Вежбам,иначе кога ќе се изнервирам ми иде да нокаутирам некој Ама нешто во последно време сум по смирена,може дека не идам во школо
Самоконтролата се учи долго време. Од свое искуство сакам да Ви кажам дека ако решиш да бидеш над сите и ти да ја владееш самоконтролата ПРЕКУ НОЌ нема да Ви успее. Пробувајте континуирано, ама морате да си најдете издувен вентил зашто собирањето не ,,себе,, значи и таложење на нервоза и стрес. Мојот темперамент не ми дозволуваше да премолчам или да не повишам глас НО мислам дека со текот на времето и годините самоконтролата доаѓа спонтано и сама се учи. ...да видите колку е величествено чувството место да се нервирате вие, со вашето смирено однесување да направите некој да се извади од такт и да пукне
Порано ми помагаше теретана ама сега... Не можам да се натерам себе си на некои нешта, на пример сакам да седам покрај море, покрај плажа убаво ми е ама ќе дое момент кога ќе ми шфркне нешто во глава. А најлошо е пред добивање, ау не се препознавам. 30 имам самоконтрола немам.
Ќе си приуштиш покрај седењето покрај море плус некое ситено задоволство, на пример лименка пивце, слушалки на увце со добра песна и цигарче....т.е. нешто што ќе те задржи на местото повеќе од 15 минути.
@buba4e89 исто ко јас да имам пишувано. Самоконтролата е моја слаба страна. Посебно во пмс период, плачам, урлам, се карам, се ми смета и сите ми се криви. Колку луѓе наебале, срам ми е да кажам. Ама еден ден седнав и убаво размислив, најдов начин на друг начин да ја истурам нервозата. Посебно ме натера да се сменам е фактот дека изгубив многу луѓе поради мојот начин на однесување. Сите имаме жолта минута, така се тешев секогаш ама да...никој не е должен да не трпи. Јас на пример готвам, пуштам гласна музика, наоѓам нешто за читање.. Полека почнав да го средувам тој проблем, не е како што беше. Послушај ја @referentka, приуштувај си задоволства, колку почесто толку подобро, највеќе заради себе.
Имаш право. Ќе се обидам. Сакам да го искоренам, не може веќе вака ги повредувам и луѓето околу себе а и себе.