Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Marti96th

    Marti96th Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Биди среќна и благодарна со сето она што го имаш. Имаш мајка која е заинтересирана за тебе. Тоа што те прашува за овој кај бил оној е само начин да помине повеќе време со тебе. Може и фали на жената внимание , може бара од тебе не само ќерка туку и пријател. И мајка ми знае да ме замара со глупи прашања кои ми го креваат притисокот ама никогаш не и се лутам. Дај боже цел мој живот да ме замара со глупи прашања.
    Посвети и внимание на мајка ти. Пробај да ги видиш работите од поинаква точка. Посвети и време, раскажувај и, таа сака да ти биде и пријател не само мајка. Имаш мајка, биди среќна и благодарна за секој миг поминат со неа . ‍
     
    На Danielamo, molikaMk, ku4ence и 7 други им се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Вака не сум нешто светица но загазувам од алчни и себични луѓе,проблем е што оваа личност ми е рода па ја сакам а со тоа ја толерирам.Барам чаре оти само се караме,нон стоп бара да пишеме се сака да е по нејзино но тоа не е се ме прави себична лоша користољубива и секаква а она е таква кон мене .Вчера ми го пукна филмот прекинав да играм една игра како проект нешто со неа оти само ме манипулира.Заради се што правам не е доволно ако кажам почекај ме да јадам или да зборувам со другарки одма вика не си фер јас имам дете повеќе обврски од тебе.Се сака времето мое да е подредено за да искористи се за свој интерес,работите што ги прави ги препишува на мене и јас излегувам виновна .Што да направам повеќе за да имам добар однос со неа ,или да ја откачам на цело?Ја барав вината кај мене но сфатив дека она си тера по свое без никаков осет .
     
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Со манипулатори и себични личности не може да градиш сериозен и зрел однос. Тие ќе те повлечат додека да се освестиш што се случува.
    Треба да одлучиш, дали ќе дозволиш да бидеш нејзина марионета паѓајќи во заблуда дека ќе развиеш добра комуникација и при тоа не/свесно да почнеш да се менуваш во интерес на некаква соработка или ќе останеш доследна на себе и ќе ја откачиш без многу објаснување.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. H.ava

    H.ava Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Задушница, што да кажам да не препукне душава.
    Не го сакам овој ден, донирам што имам вишок, ете така ми доаѓа ама пак е пусто и празно внатре.
    Срцево ми доаѓа да си го откорнам и да зборувам ретко кој разбира и да молчам сама не се разбирам.
    Угоре високо, удолу длабоко.
    Тежи, толку...џабе муабети ништо не го заменува неговото отсуство и со години така.
    Ме јадат мисливе.
    Ќе поминат и мислите и денот ама тагата за него не поминува така лесно.
     
    На dayla, joy1, VIKOJNA и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    ... ;(:hug::hug:
     
    На H.ava му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Се чуствувам празно периодот. Како да не правам ништо у животот освен да идам на работа, доаѓам дома, јадам, спијам. Секој ден исто. Се чуствувам осамено и немам на кого да му го кажам сето ова. Немам добри односи со моите, живееме одделно и имаме минимална комуникација. Немам партнер зошто ми е тешко да се отворам и да споделам емоции, да се зближам со некој. На тој начин сите ги одалечуваам од себе. Сакам да го сменам тоа, ама не ми оди лесно најверојатно зошто имам израснато у дисфункционално семејство и потиснувањето на чувства ми е научено однесување.
    Знам да земам да изгледам филм, да прочитам некоја книга и сл со цел да не се оптеретувам себеси со ваквите негативни мисли. Ама сепак кога ќе легнам да спијам повторно се навраќам на тоа. Страв ми е од осаменост и бесцелно живеење. Не знам што да одговорам кога ќе ме прашаат зошто немам партнер. Ме боли кога имам слободни денови а немам со кој да излезам да прошетам, со кој да отидам на одмор и сл.
     
    На Dust, BlackNight, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Сличен проблем имам и јас
     
    На smile:) и BlackNight им се допаѓа ова.
  8. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.079
    Допаѓања:
    7.360
    Ne,nikogas.
     
  9. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Во денешно време тешко е да се најде човек на кого ќе му ја отвориш душичката,да си најдеш партнер со кого ќе се почувствуваш како жена,сигурно, заштитено,сакана.
    Верувај ми,не го имаш само ти тој проблем.Многу често во таква состојба на очајување се прават погрешни чекори,за кои подоцна жалиме.
    Мој совет драга моја е да продолжиш да бидеш така внимателна,слушај си го срцето што ти зборува.А за проблемот што немаш со кого да излезеш на кафе муабет па и има решение,како на пример запиши се на фитнес,пилатес,некој курс.... ќе го исфрлаш вишокот на енергија од себе, верувам таму има многу позитивни луѓе кои се расположени за разговор во секое време.
    Работи на себе,изградувај се духовно и физички.
    Нема потреба од очајување.
    Има голема разлика помеѓу самотија и празнотија.
    Верувај ми има многумина кои се опкружени секојдневно со многу луѓе а внатре се чувствуваат празно,неисполнето.
     
    На Sejfullai, Paolita, Skylar и 3 други им се допаѓа ова.
  10. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Погодете што, ми ги кажа сите тајни и на крај од страв да не се заљуби во мене или да не биде повреден почна да ме игнорира. :(
     
  11. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Пола од ова што го напиша го доживувам и јас...Секој ден се исто пак исто.Ништо немам постигнато во животот а никако неможам ни да почнам од некаде за да направам нешто.Моментално немам работа,партнер имам,но се нешто само излегува да не сме раат.Поминав низ истото и сега кога прпчитав ме потсети на мене....Јас успеав знаеш кога кога решив дека нема повеќе да се омаловажувам себеси,дека нема да си се уништувам самата себеси....Едноставно мораш да се прифатиш каква што си во моментот и да пробаш тоа полека да го промениш.Сигурно имаш барем една другарка која ти е блиска.Доколку не немој да ме сватиш погрешно јас посетував психијатар жена пријателка до некаде и таа помогна многу....Потоа друштво излегување,оди во теретана,запиши се на некаков курс на кеај краева ова она...Додека да си ја повратиш самодовербата во тебе.Незнам но се надевам дека ќе ти помогнам зошто знам како е да немаш со кого да збоделиш мака радост тага несреќа и сл.Ти посакувам среќа огромна...Господ да ти помогне да постигнеш се што посакуваш..
     
    На Paolita му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Milaa111

    Milaa111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Не можам повеќе не се издржува 3 колешки се преокупирани со мојот живот, постојано само од околу ме испрашуваат буквално не ме оставаат раат да си го живеам животот. Верувајте паднав во депресија не можам да издржам повеќе ова е претерано мене што ми се случува.Јас си викам ај да не се расправам да не се карам не вреди ама веќе не се издржува и 24/7 едната од нив ми пишува на фб (каде си сега, со кој си, што бараш, зошто не си со дечкото, да не се скаравте итнн...) а јас никогаш не сум ги прашала ништо за нивните животи а и не сакам да се мешам. Ве молам кажете ми што да правам ќе пукнам веќе:sweat:
     
  13. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Машки
    Имам проблем кон можеби е необичен. Имам некој чуден страв од загуба на моите родители. Тоа секојдневно ме прогонува и нон стоп имам црни мисли..... размислувам да посетам психолог за ваквата работа.... помош?
     
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Не сите прашања заслужуваат одговор.
    Игнорирај ги и не се измачувај со дрски и нападни личности. Немаш обврска да споделуваш инфо за твојот живот со никој, па ни со колешки.
     
    На hermosa, SoNata, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    2.135
    Пол:
    Женски
    Биди кратка, јасна и ладна и ќе разберат или па не им одговарај..игнорирај ги.
    Не си должна во животот на никој да му се објаснуваш и да му кажуваш што правиш.
    Свашта од луѓево еј.
     
    На SoNata, cresa-jagoda, SnowWhite8 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.176
    Пол:
    Женски
    Уморна сум, мотивација за ништо, не се препознавам веќе.

    Знам дека има луѓе на кои им значам, затоа и се чувствувам неблагодарна спрема нив.
     
    На VIKOJNA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.223
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Ако смеам би ви дала мал совет: Ок е некогаш да не сме ок.. Нема потреба да се чуствува вина или срам зошто не се чуствуваме баш добро цело време... Со фино кажете им на битните луѓе дека не е до нив, дека ви треба малку време или простор да ви дадат и не си ја мачете душата со дополнителни товари..
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Јас не знам зошто воопшто им даваш извештај :^) Игнорирај, не враќај, ако треба и блокирај ги на социјалните мрежи. Во живо кажи им се во лице, не им ќути.
     
    На Nightwish11, dayla, Milaa111 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. SoNata

    SoNata Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Ах позната ситуација ама да ми беше умов тогаш како сега.
    Културно ќе си кажеш да не ве оптоварувам со непотребни информации од мојот приватен живот ај да се зафатиме со работа ако станува збор за колешки од работа или речи им да се зафатиме со учење ако станува збор за колешки од фах. Мора да научиш да се оградиш и да спречиш трошење на енергија и зборови за џабе.
     
    На tina2018 и Milaa111 им се допаѓа ова.
  20. happygirl11

    happygirl11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2018
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    И кај мене е слично, ми треба совет.а и моите ми зборат... итно ми треба соввет
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.