@sheis ќе биде, нормално дека ова нема да трае вечно. Можеш да ми пишеш во порака кога и да имаш потреба од разговор. Знам добро како се чувствуваш.
Ај шо ми раскина девојката ми раскина, тешко ми е и се чувствувам осамено, иако сеуште е тука за мене (сака да сме пријатели), седнувам да разговарам со моиве баба и дедо (пошто моето семејство се разведени, овие се од страна на мајка ми, стабилизирани, имаат куќа, дуќани, кола, стан, ниви... али со оглед на сето ова што го имаат живеат мизерно), седнувам разговарам им викам вака и вака со девојкава, ова веќе не бидува вака... и самиот знам дека сум зацапан во лајна, т.е не сум станбено осигуран ( живеам со мојот татко во куќа т.е спрат каде што не е легализиран, и без двор, бидејќи го изгуби на судски спор). Му велам девојкава и покрај тоа што го вадев максимумот од мене и посветив внимание, љубов, пари, време.... го правев се она што требаше да го правам за една девојка, но ете според нејзините родители што ја убедиле вика дека само од љубов не се живее, туку требало да си најде некој доктор т.е како нејзината струка или со други зборови, да не се фаќа за гранка туку за даб.. И почнаа да ми зборуваат како тоа да не сум се кревал високо, и да сум барал женичка на мојот профил т.е да си барам од по селата, пустец или некое посиромашко така. Исто така ми рече дека првпат запознавал човек што... им купувал ланчиња и обетки полускапоцени, фустани, подароци итн... требало пристапот поинаков да ми биди околу тоа, да не сум бил толку наивен. Во ред му викам, еве кога и ти ги делиш луѓето според она што имаат постигнато и што завршиле (јас имам завршено факултет, рударски факултет и имам сертификат за тренер по бодибилдинг), има ли човек што е повеќе "зацапан" во лајна и посиромашен од мене ако гледаме така? И ми вели јас ти кажав, па сега сакаш ти страдај во живото или слушај ме. Јас не знам уште што треба животов да ми направи, да ме дотурка и да кренам скроз раце. Самодовербава ми е нула, анксиозност или депресија не можам моментално да препознаам што е, не ми се живее. На моменти си размислувам можеби е и подобро, на моменти ми се плаче, од тоа што сум за нигде и се нервирам зошто секогаш морам да бидам јас добриот и повредениот, зошто ми се случува сето ова... со што заслужив. Се што сум научил и искусил во животот, не ми оди како што посакувам, а СКРОМЕН сум. Се осеќам ко да не припаѓам, и можеби стварно ни општествено, па ни на светов.... Го пишувам ова и ми се плачи...
Не си крив ти зa ништo бaш нaпрoтив нa oпштествoтo му се пoтребни луѓе кaкo тебе, знaм декa сегa бoли и немoже ништo дa те утеши нo знaј декa времетo лечи се, сегa нa ред е ти дa се грижиш зa тебе, не се рaзoчaрувaј вo луѓетo зa секoгo имa некoј, не си oсaмен нa мнoгу луѓе им е тешкo зaеднo дa учиме кaкo дa бидеме уште пo дoбри, ти сo твoјaтa скрoмнoст и дoбринa нa крaјoт ќе бидеш пoбедник сегa се oбвинувaш себеси a бaш нaпрoтив ти требa дa прoдoлжиш дa oдиш кoн пaтoт кoј е вистински зa тебе, никoгaш не дoзвoлувaј дa се сoмневaш вo себеси, ниеден чoвек не дoзвoлувaј дa ти ги крши крилјaтa, дигни се брaт oстaви гo минaтoтo. Гледaј нaпред. Тукa сме зa тебе.
Еееј абе не биди будала! (извини на речников) Но ти пишувам од искуство, и јас имав момче со исто сфаќања како неа. И што, се разделивме, си замина да живее БОГАТО како што му доликувало, а јас толку многу патев што сега си мислам колку будала бев Сега сум во брак, си живеам супер, имам куќа, работа, сопруг што премногу ме сака )) Ќе помине, верувај ) и ќе ти биде смешно ) Само храбро продолжи напред и никако назад да гледаш. Никако )) Ќе сфатиш колку поубаво може да биде и без неа ))
@Stark таа девојка не ја заслужува твојата добрина и пред се скромност. Престани каков и да било контакт со неа. Секој со својата среќа во животот. И не се разочарувај толку многу, си паднал и си се повредил, што ако, стани и продолжи понатаму побогат со едно големо искуство, со една животна лекција плус. И за подароците и ич пари да не биле, не ги спомнувај, тие си ги подарил од срце и со љубов, а другата страна како сфатила или прифатила нејзин проблем.
Старкче, ти си душа од човек ама те читам од претходно дека оваа твојана нон стоп прави скарување и смирување со тебе, си игра играчки и дозволува омаловажување од страна на нејзините родители па и и го кројат животот наместо да биде решителна да остане со тебе. Ти со неа немаш иднина, колку порано се помириш со тоа толку подобро. Извини што сум сурова ама со тоа што не сте заедно ти прави услуга затоа што повеќе ќе тонеш психички со нејзе отколку без нејзе. Остани си таков каков што си ти, не мора никому да докажуваш повеќе, немој да се менуваш само поради тоа да им се допаднеш некому. Успеј во животот само поради себе, ти да бидеш на својата листа на приоритети на врвот а не потребите на некоја си таму која што не знае што сака од животот. Можеби ќе ти звучи клише но немој да се изгубиш себе поради некој друг. Мотивирај се повеќе од ова а не да дозволиш да тониш. Мене не ми е јасно зошто упорно остануваш во контакт со неа кога таа е причината поради тоа твое гадно чувство и тонење, не знам. Најди некоја која ќе те цени поради тоа каков што си а не поради финансиската состојба, верувај дека постојат такви девојки. Она губи, ти не губиш. Она губи во моментот кога решава да те пушти и да исполнува туѓи желби. Нека биде со кого сака, само подалеку од тебе, не се упропастувај дете, не губи драгоцено време.
@Stark Сите сме во гомна. Кој во финансиски, кој во љубовни, кој у бестрага има ментално отидено. Не се давај во овие критични моменти. Покажи заби на животот за инат, зошто си кучка и ти се живее! Спојлер Ќе пишев уште еден уличен жаргон, ама да не претеруваме. Само запамти дека ова сешто си го пишал ќе се реши еден ден милион посто. Способен си и можеш, тоа е едино битно.
Друже пред 10 години бев во поголеми срања од тебе,имав девојка (која потајно ме сакала со години),а јас не ни ја познавав,па во едно диско во Ск,каде што пуштав музика (работев како и Дј порано) се запознавме преку нејзин другар,и почнавме да се гледаме,искрено врска немав која е девојката,едино знаев од каде е,и што студира (на почетокот на врската).Девојката во облаци како ете го има дечкото кој долго време го свиѓала и сакала,истата девојка,секој викенд ме манијачела во истото диско,за кое јас врска немав.Почнавме веќе по сериозно,дознав дека нејзиниот Татко е голем функционер на една тогашна власт,моите родители биле секогаш со средни финансиски примања не сме имале за луксузи никогаш,за разлика од нејзе,секој месец со Мајкаи на шопинг во Дубаи,секој викенд во Грчка со другарките на ручек,секој ден по 2-3 кафиња,шопинзи,ручеци и што све не.Само што положи нов мерцедес 40000 илјади евра,незнае што да прават со парите буквално,беа 4 члено семејство 7 коли имаа,3 стана,и 3 мотори скапи.Искрено само за род сум и давал подароци,она никогаш не се фалеше со нејзините колку пари имаат,секогаш се правеше скромна,со мене била коректна отворена,и финансиски проблеми не сме имале,многу пати јас сум плаќал од време мерак.Дојде време нејзинитед дознаат за нас,е тука почнува цело патешествие,ме запознаа,им кажав кој се,и што се моите Родители,смрдлето нејзиниот Татко се распрашал моите колку примања имаат,и збеснал како можела неговата Ќерка да иде со сиромашен,нема шанси тоа било брука за Фамилијата (иначе цела Фамилија се Доктори,и она исто,медицина студираше),почнаа еден куп проблеми,ја затвараше со денови дома,и го зимаше моб да немаме комуникација,ми праќаше луѓе да ми се закануваат,цело време ми претеше,кога ке искочевме во кафич одма знаеше каде сме,доаѓаше ја зимаше дома,трпев трпев и ми пукна филм и раскинав јас,проба да се самоубие она,јас си ветив со нејзе веќе никогаш нема да бидам пак,доста е од се.Таткои ја однесе во Дубаи,таму живееа 6 месеци,да се стабилизирала неговата Ќеркичка,се вратија тука,и се омажи девојката за другар на нејзиниот брат,дечко милионер пун ко брод со кеш.Тешко ми беше ептен,период ужасен,мојата Мајка беше болна од рак,а јас во исто време раскинав со нејзе,после 3 месеца почина Мајками,па дознав дека плус се земала оваа со абедругар на нејзиниот брат, тотален хаос,мојте дома ми викаа не сте на исто рамниште батали ја,немав подршка никаква.Но реков живот иде понатаму,ке успеам со Господ напред,и еве сум сеа,имам Сопруга,стан,работа,среќен задоволен,не е све во парите бар за мене.Има полошо и од твојата ситуација,но идеме јако,билдерски ,све ке си дојде на свое место.Батали контакт со девојката,сврти нов лист,и само напред. П.с не се секирај,период е ке помине,главата горе,ти си одличен дечко,добар дечко
Тежок немир имам. Со денови не спијам иако буквално сега имам време да се наспијам.Се се случи за 2 месеци,тотален пресврт на мојот живот каде мислев дека се ќе биде во ред.Но,се појави овој вирус... Пред некое време поднесов документи за развод,се си беше како по книга.Социјално требаше уште еднаш и да се оди на суд.Фала Богу мојата скоро 5 годишна ќерка остана со мене.Се чекаше уште тој еден повик и да се оди на суд.Ама нели вонредна состојба па ќе почекаме за тоа. Тоа не ме скрши толку. Работата е што јас си останав со стамбен кредит од 210 еу месечно и двајцата изјавивме дека станот е мој,јас продолжувам со исплата. И како понатаму да продолжам кога фирмата ни ја затворија... Ајде банките ке дадат одложено плаќање за кредитите,ама од што ќе јадеме,како ќе платиме сметќи? Неможам да си поверувам што се случи.На толку убава плата сега дремам дома сама со дете за гледање и со никакви примања.Аххх што ќе се прави? Од фирма сеуште не сме одјавени и незнаеме кој ке добијат отказ,оти очигледно сите 500 вработени нема да можат да не вратат кога ќе заврши се ова.А јас во кои спаѓам незнам... Неизвесноста ме убива.И да знам да сум останала без работа,кај ќе барам нова,нема градинка сеуште,нема решение никакво. Моите помагаат,носат јадење,одиме кај нив,гладни нема да сме.Ама неможам да издржам,психички попуштам. Се правам јака пред ќерка ми да не примети во каква незгода сме и се молам секоја вечер за подобро утро. Ова не завршува за скоро а јас тонам...
Не ми собира душава толку тага и очите толку солзи ми истекоа за тебе . Сакам само да е некој сон некој кошмар лош кој не треба да се случува.
Се осеќам како некоја.. црна овца. Со мајка ми имам многу заладени односи, не ми се како порано (премн ја сакав како дете) ама со текот на годините и со оглед на тоа што се случи и на некој начин и простив со лаги итн... сеуште се грижам за неа и ја сакам. Таа е болна од рак веќе во последен стадиум, но ова што го прави и што сака да ме направи за нигде не е во ред и веќе не знам како да постапам. На поблиските членови на фамилијата им вика дека не сум се грижел за неа, ниту сум и рекол мамо, сум се однесувал како со другарка и цитирам " само сум се грижел за курвите, а за мајката не".. Исто ме обвинува зошто не сум пошол на операција на денот кога се оперира, а тогаш не примаа никого туку само нејзиниот сопруг мислам, па што барам јас таму, и реков дека ја мислам и да ми се јави штом се освести итн.. Јас и пишувам, ја прашувам како е, се грижам и ми е жал, а таа вака да ми прави. Се осетив како гомно некое, и одма ми текнува всушност колку лоша мајка беше порано (не дека татко ми е нешто поарен, али не ми прави барем вакви работи). Не знам дали е во ред ова моево што се потсеќам на минатото или полудувам?!
Не полудуваш, те боли што ја гледаш болна и те уморуваат секојдневните грижи околу нејзе. Повеќето тешко болни стануваат себични. Мајка ти не е изолиран случај. Биди до крај дете кое ја почитува, најважна е твојата совест, а не што ќе каже мајка ти во моментов. На нејзе влијаат и терапијата која ја прима и стравот од патот каде оди. На крај на денот најважно е да знаеш дека ти имаш направено се што е во твојата моќ.
Мајка ми,почина од рак,ја чував и гледав до последната секунда,без разлика што мислела и зборела,јас моето спрема Мајка го направив,све што можев направив,ја хранев,чував,давав мотивација,седев до нејзе кога спиеше,пазарев,буквално све. Прави го она што ти го чуствуваш,знам дека си добар дечко и дека правилно постапуваш,знам дека болат зборовите,но и нејзе не и лесно,разбери ја и запамети ги само добрите зборови.
Premazhena e za drug covek maksimum so mozam da pravam e da razgovaram ili ako ima poyreba da i kupam i odnesam neshto.. sekogas se nudam...
@Stark многу лоши ситуации ти се случуваат истовремено. Јас имам минато низ слично, само што татко ми беше болен од карцином. Тешко е, немам зборови колку е тешко раскинување и болен родител истовремено. Ама ти најди се колку можеш и повеќе од што можеш, со оглед на видот на таа болест. Биди силен и да знаеш, за оваа другава ситуација што ја пиша пред некое време, кога една врата кога се затвора друга се отвора. Верувај само во себе повеќе и само прифати се' како е и издржи, еден ден ќе биде се подобро, верувај ми. Ќе се растераат црните облациподдршка од мене.