Толку ти се можностите,и пак правиш све,нема тука ништо лошо другар.Пак ке ти кажам,прави го она што го чуствуваш.
@Stark јас имам работа со токсичен родител(мајка ми) нејзи не можеш да и докажеш дека ја сакаш зашто е факт дека сама себе не се сака. Убаво ти кажаа, прави како што чувствуваш дека е најдобро, да сум на твое место би седнала со нејзе и би и кажала отворено дека греши во тоа што го збори и дека тоа ме повредува. Доколку не се разбере тогаш треба да сфатиш дека е до нејзе. Јас ради мојот однос со мајка ми завршив со психотерапија каде што сега додека сум со нејзе ја сфаќам фразата" Ако може да успееме заедно Ок, а ако не можеме да успееме заедно и тогаш е Ок". Јас не додавам сол на рана, кога е напиздена ја оставам отровот што го плука сама да си го вкусува. Така и ти, биди ти чист со твојот однос дека си дал се од себе да си го подобриш односот со нејзе а понатаму е нејзина одлука.
Ми се смачи веќе. И онака пред кризава со вирусов јас бев тој што се трудеше да ги исконтактира пријателите, и сега е пак истото. Пошто непишано правило во човечка психологија ти е дека луѓето сакаат да зборуваат за себе, така и јас ѕвонев, прашував, слушав и давав совети. И сега пак очекуваат да биде истото. Ќе се свестат ли луѓето дека смислата на животот не е во постирањето кул слики на социјални мрежи? Мотивационите видеа почнав да ги презирам, обратен ефект ми ствараат. Одмор не сум земал од ланското лето. Морам да одам на работа бидејќи не спаѓам во оние групи кои можат да седат дома или работат од дома. Кај имам полни раце работа, морам и да си го чувам и здравјето, поради мене, семејството, колегите. Се претворив во робот, на моменти чувствувам како да не можам да склопам реченица. Немам кого да слушнам, немам кого да гушнам. Сите планови за годинава ми пропаднаа. Ама нема да молам, никого. Среќа што сум релативно отрпнат на стресни ситуации поради сите срања што ми се случиле во животов. Само да ги укинат ова карантиниве, бар да можам на раат да прошетам во природа и да се надишам чист воздух. Ќе биде добро.
Ќе помине и ова чудо пријателе,само трпение. Обиди се да извлечеш и некоја поука од овој карантин. Ова е одлична можност да се зближиш повеќе со твоите дома,а за таквите кои ги наведе погоре кои не ти креваат телефон да прашаат како си,тоа не е вистината. Во вакви моменти можеш да увидиш кој ти е вистински пријател.
Дали некој/а, поради некакви проблеми кои ги имал/а, се обидел/а да се задлабочи во психологијата и да ја изучува самата област со надеж дека ќе си помогне себеси? И какво ви е искуството со тоа? Мислам дека многу голем дел од луѓето немаат претстава како всушност функционира човекот како сложен систем. Физичкото, и она невидливото во нас, се многу поврзани. Кога би сфатиле како некои работи функционираат и што може да ни се случи, и дека самите себеси си го правиме тоа, дали би биле така лоши наспрема себе?
@NiceBoy Јас сум една од тие што почнале да истражуваат психологија за да си помогнам себе си. За жал никогаш не запишав психологија но еве повеќе од 15години како уште ја изучувам, со тоа не само психологија туку и психотерапија (семејна психотерапија и гешталт), одам на гешталт сеанси и сум презадоволна, заедно со тоа почнав да се интересирам и за хипнотерапија каде што би сакала и да земам тренизи со што би се занимавала и професионално со тоа, но има време. У секој случај, вреди да се изучува човечката психа, учам да бидам подобар човек и подобро да го разберам светот и емоциите во него. Не реагирам веќе импулсивно, гледам најчесто да изанализирам што довело до тоа однесување. Психологија за мене е една беспрекорна наука која би ни била доста од помош за решавање на проблеми и разбирање на внатрешниот и надворешниот свет.
Да да да. Искрено со учење на психологија толку ми се разјаснија некои ситуации и постапки и мислам дека многу ми има помогнато да реагирам со ладна глава, па дури и во мои проблеми, да ја видам перцепцијата на друг. За жал не го студирам моментално, но сакам мастер да продолжам на психологија, а периодов се убив од секакви информации и онлајн предавања. Малку ми е addicting, но едноставно ми прави толку смисла, а и толку е разгранета науката
Здраво, сакам да набројам неколку работи. Некој доколку е стручен, или пак има знаење за што станува збор би сакал да одоговори. Ќе пробам да направам едно сценарио, кое патем е врз база на реални случувања. Нема да објаснувам детали. Ќе биде повеќе поглед од 10 000 метри на работите. Во текот на основно училиште, до 5 или 6то одделение детето е често карано и тепано. Не многу често тепано, но е викано по него. Солиден ученик. Но во семејството може да се каже дека еднаш месечно има кавга меѓу родителите. Во средно, првите две години е слаб ученик, со неколку единици на полугодие. Кавгите се намалуваат, но се уште има на одредено време. При почетокот на третата година се случува нешто повеќе од кавга, пред очите на детето. Доаѓаат денови, недели, некако се уште му стои тој настан во мозочето. Почнува да се затвора во себе, и се посветува на себе. Во третата и четвртата година станува одличен ученик. Исто, продолжува и на прилично тежок факултет. Му оди прилично добро, но не е свесен по која цена сепак. Тој настан што се случил пред неколку години го донел тука каде што е, успешен во текот на своите студии, но, нема ниту еден пријател, на кој што може да му се јави во било кое време. Завршува со своите студии. Во врска е половина година, со добра девојка. Веќе нема такви кавги и семејството е среќно. Или можеби навидум среќно. Нормално е нели, во секое семејство да се случи некоја караница во текот на неколку месеци. Но тоа што не е нормално, и никој не го приметува, е тоа дете, кое уште му стои настанот од пред многу години. Многу мала караница, предизвикува чудни работи кои му се тешки сам да ги објасни. На пример, војник, кој доаѓа од војна, со претрпени трауми, и после многу години, некоја ситна случка или настан да му предизвика некаква паника или слично. И потоа почнува детето да се запрашува, што се случува, на каде води работата? Приметува, дека некогаш почнува да заборава основни некои работи (на пример, половина минута не може да се сети на името на некоја другарка на девојка му, или слични работи, во однос на струката). Има чувство дека, меморијата му станува се послаба. Не знае зошто, но осеќа како тоа да е од стрес. Чувствува дека можеби во иднина може да дојде до нешто полошо и потешко за него, и не сака да повреди никого, особено не девојката што ја сака. Не знае ниту тој што може да се случи, и колку сериозна може да биде работата некогаш, и да ја стави во незгодна состојба таа што ја сака. Сака да и го каже сето ова, не знае како, и како ќе го сфати таа. "Детето", се запрашува, во каква состојба се наоѓа, и што е тоа што се случува сега? На каде води работата? Како да почне да се забавува? И како сега да создаде пријатели? Сега има личност што го сака и воедно пријателка, но како да создаде пријатели кога не излегува (интроверт е), до сега не го направил тоа, и малку изгледа чудно од страната на оние што не доживеале вакво нешто како него, и како ќе го сфатат и разберат дека сака да создаде пријатели и покрај тоа што чудно се однесува? И така натаму..има премногу прашања..но, еве некој дали може да даде совети за нешто, да сподели свое искуство, и слично..?
Јас како мало дете бев кревко ептен да речам... и можеби зависен? Така се осетив затоа што на мали години, често имаше расправии дома, околу сиромаштија итн (иако после тоа земаа за тоа време по 20 и кусуро плата ама пак се немаше дома од несоодветно трошење, друга тема тоа, можеби некогаш). Имав трауми од расправиите и као демек заради мене биле заедно да ме одгледале итн. Потоа мајка ми замина да работи во странство па мене ми зборува, ах мајка ти ја пратија во странство, татко ти вака така.... мозоко шашма од сите. Како и да е, додека беа дома јас можеби 4то оделение ми требаше помош околу некоја домашна задача. Побарав помош. И знаеш што добив за возврат? Викање како не сум можел да запамтам на школо, требало да сум памтел, не ме бидувало за ништо итн. Лека полека почнав да се затворам во себе си и само едуцирам. Од прво до трето оделение бев со 5ки, а 4то одделение почнав да имам и тројки. Петто и шесто одделение бев со 4ка, а потоа во 7мо и 8мо имав по 7 кецови на полугодие. Сите расправии по дома колку и да не ги разбирав за тоа време и слабата поддршка од моите родители на некој начин (малку ги сфаќам поради тоа што имав помал брат, аутистичен), но и на тоа ме обвинуваа како демек не ме бидувало за ништо, требало да сум учел за лекар да го излекувам брат ми? Или пак да сум работел работа и да сум носел дома уште од средно... Завршив основно со 3ка последните 2 години, седнав размислував што ќе правам во животот и каде да се запишам. Ме примораа да се запишам средно училиште каде што тие сакаа, бидејќи претходно најпрвин не ме примија каде што сакав јас... се запишав и им реков, или ќе ме оставите да се отпишам од овде и запишам каде сакам затоа што ова не го можам повеќе! Се запишав економско и завршив со 5ка, прв бев во класот. Еве ме завршив и факултет на факултет што тие ми ги лимитираа условите и поставија границите, т.е да завршам факултет за кои тие ми го избраа! Еве после толку години се држам некако, одвреме навреме се појачува депресијата или анксиозност не знам да прецизирам што е, али не сум разочаран толку многу од животот. Пуштен ми е на отежнато ниво од самиот старт. (Ова го начкрапав вака, а имам надолго и нашироко да пишувам и кажувам и опишувам што сум доживеал додека стигнав полнолетен, затоа што мајка ми на некој начин седеше додека да наполнам 18години, го остави татко ми се премажи, и ме остави мене во најтешкиот период од мојот факултет да учам, да го чувам мојот аутистичен брат, и воопшто да не излегувам надвор да се дружам. Скоро цела година. Инаку таа година од скоро 60 студенти, се запишавме во следна година само 15) @NiceBoy еве ти нешто од мене онака со блиц потсетувања.
Здраво на сите. Ова што сакам да го кажам незнам дали е за во оваа тема или пак во некоја друга, но сепак решив тука да го пишам. Во последните неколку месеци, можеби 2 3 дома имам многу караници со моите родители а најмногу со татко ми. Се караме цело време за исти теми, буквално секојдневно зборот идиот не му излегува од уста, кога и да му преречам нешто за кое што тој не се согласува ме навредува со тој збор и не само мене туку секој од куќата за него е идиот со исклучок на баба ми пошто му е мајка. Ми кажува работи како немаш памет ти во главата, нема ништо да биде од тебе, земи се на себе и контролирај се што правиш, паметот ти е само во излегување, во кој што ми пишал, кој што постирал , во машки и слично. Исто така кога и да му преречам за нешто тој и да сум во право никогаш нема да се согласе со тоа и ќе ми рече да пазам како се понашам со него оти ќе ме сокршел, потоа ми вели дека се до 21 година него ќе сме го слушале и јас и брат ми и потоа доколку не е во право тогаш кога ќе бидиме дораснати за тоа ќе му го кажиме дека не бил во право доколку така мислиме. Точно дека не сум сеуште полнолетна но сепак јас ја сакам слободата која што ја имаат сите на 16 17 години, а јас сепак ја немам доволно односно за било која работа јас имам ограничувања. Тој ми вели дека таа слобода што ја сакам неможе да ја имам уште. Сите овие караници и зборови од негова страна мене ми влијаат на психата негативно и често имам напади на бес и нервоза и ми треба многу подолго време за да се соземам но таа контрола трае се додека не се случе иста караница. Не ми е јасно зошто татко ми така се понаша со мене и долго време се обидувам да најдам решение во психологијата но неможам. Некој совет ве молам.
Секој човек има некоја животна приказна. Случувањата околу нас,средината која не опкружува има големо влијание на нашата изградба како личности. Во конкретниот случај што го опишуваш,сепак позитивно е тоа што таа млада личност го избрала и е на вистинскиот пат,имајќи го во предвид фактот што млади луѓе од вакви фамилии посегнуваат по дрога,криминал,проституција итн. За проблемот што го мачи,осаменоста,односно како да создаде пријатели,мислам дека тоа се сепак потсвесни стравови создадени како последица на неговото болно животно искуство.Само треба да се биде отворен во комуникација со луѓето и пријателите сами ќе си дојдат а доколку не дојдат,тогаш тоа не е вистината,нема што да се оптоварува,како велат:Со сила убавина не бидува. Секое добро.
Затворени сте сите дома, и логично е повеќе да се карате. Однесувањето не му го оправдувам, уште помалку речникот. Не му зборувај, не му противречи, не влегувај во дебати. Практично, игнорирај го и избегнувај го. Ако имаш своја соба, таму седи си колку што можеш повеќе.
Мислам дека ми се руши се. Се осеќам толку депресивно, пост породилна депресија ли е, психоза ли е, до мене ли е не ли е. Од кога се породив како да се преселив во минатото кога бев малтретирана во основното училиште, и изгледа сум единствена вака што пишува,изгледа ко само мене ова да ми се случува. Што ако моето дете трпи полошо,што ако на некој од вас му се случи нешто, многу некоја параноја имам од насилства во последно време, мислам ќе пукнам.
Нормална појава е пост породилна депресија кај личност шо има претрпено врсничко насилство. Посети психолог. Разговоро ќе ти помогне да дојдеш до некои реализации. Не потиснувај, а ако не го решеш проблемо сега ќе се одразе покасно и на детето. Можеш да ми пишеш пп ако сакаш да разговараме. Поздрав!
Vremeto sto sme zatvoreni momentalno mislam deka na site ni vlijae katasttofalno... Jas gi slusam dac i aleksandar i solzi mi idat vo oci od sto mi se realni site nivni frazi!!!!! Denes mu se javiv na tatkomi i mu kazav kolku mnogu go sakammm... Toa ne sum go napravila 100 godini...i mi se nasmea...ne mu se veeuvase sto mu zboryvam...a navistina go sakamm mn mn mn... Mazena so 3 deca (2kerki i 1sin) ...napravil tolku mnogu za mene a bev kako tinejdzerka premnogu losa i neposlusna...ama sepak znam deka me saka...i toa me saka mnogu!!! Sega sakam i moite deca mene da me gledaat kako jas nego mozebi ke uspeam vo zivot se nadevam. Karantinov me polude od januari sum doma,3mes bebe imame i nakako se mi se spoi.
Абе не знам од каде да почнам да му ебам мајката, ме фаќа негативна енергија, ама знам дека до утре ќе ми помини затоа што не е прв пат. Всушност не ни знам зошто го започнав муабетот, али вака беше. Му велам чичко ми вака така од горниот спрат низ тераса си треси крпи фрла ѓубре, пред прозорец ми остава канти итн... едноставно ми падна тешко.. и ми вели ќе си разговараш..... А сеа малце да ви дадам вовед во целава приказна ( баба ми беше болна од рак и последните минути пред смртта го потпиша тестаментот, а татко ми не беше присутен. Веројатно доби повеќе чичко ми, за разлика од татко ми затоа што цела куќа ја изгубивме поради чичко ми што изгуби судски спор и мораше да ја продаде за пари (нели на пола таа куќа на чичко ми и татко ми али... ете ја зеде тој цела). Местото не беше легализирано, си легализира двор, а татко ми всушност нема ништо на него, долниот спрат е на Македонија така некако пишуваше... значи со други зборови татко ми ништо не го интересираше, а тоа го сфаќам на позрели години еве сега. Кога се разведија татко ми и мајка ми, бев растргнат на две страни, од кои еднаш имав муабет со татко ми и не го интересираше ниту да се препиши на некому спратот, ниту пак размислува за мене за да се подобри ситуацијата. Ми рече тоа е тоа од мене, че си живејш мизерно и наведната главата. ) Му велам имам разговарано и бесполезно е, почнува да ми зборува како тоа требало да сум одел на адвокат и да сум барал да се тужам и да си барам свој дел. Ами му велам татко ми е жив како е можно тоа изошто да влегувам во конфронтации со чичко ми и расправии, кога татко ми воопшто не мрднува со прст. Му велам психички е способен да одлучува и решава и сепак негово си е тоа. И пак ми врти муабет че му речиш да прекини да истура крпата, да си ја тргни кантата оттаму, бла бла бла. Му велам му имам речено, и пак ми зборува и ме прави полуретардиран или што е работава? Му велам на постари години сфаќам како е кога ќе си имаш лоши родители. И ми вели ама мајка ти има рак сеа пред умирање. ( и што треба тоа да значи, дека треба да чутам што кај стигна е борч со пари и што општо ми беше лоша мајка, па и татко ми? ) Па уште ми соли памет (пошто е побогат има куќа огромна во самиот центар, стан, кола, ниви, дуќани) демек јас ќе плаќам за суд ова она, ама со ова понашање ти ништо нема да постигниш. Дури почна и да ме прави неспосбен и на некој начин со моето размислување и однесување немало нигде да стигнам. И ми вели шо сакаш бе ти да ти дојди некој да ти дај нешто (а не ни му побарав , макар што цело време ми се жали дека не му давале кирија за дуќанот од страна на тетка ми, за волја на вистината тие си водат квалитетен живот и си ја изградија куќата од тоа, а ги презира сватојте до којзнае каде ).. И пак ми вика че си разговараш, ти си тука роден, че му дајш пари за пола двор да си биди твој бла бла, че си легализираш местото итн... Му велам: ама татко ми не сака ништо и не го интересира... Сето ова ме иритира, од мали нозе ми ја полнат глата јас вака јас така, овие вака оние онака, ебете се сите, јас наместо својте да те поддржуваат и да успееш во нешто, еве и да се израдуваат во да речеме да основам семејство итн... Тие тука се само да те исхејтаат, поттурнат како за ништо не те бидува, па се што ќе кажиш како идеја или било што да не е изводливо или нема да успееш. Сеа си го тргаат газот што се вика или вика јас ќе оставам и ќе се подели на три дела сиот мој имот после смртта, делете се. Објаснете ми или дајте некое мислење каде е овде одговорноста како постари и да знаат да управуваат или да се однесуваат како што треба!? Дали јас не сум во ред што како стареам ги сфаќам грешките што ги прават и ги обвинувам за некои работи моите родители, затоа што не сум заслужил итн или што е работава? Па кој пичке материне овде да пишувам хрониките на Старк, читајќи ме, че биди најголемиот траги-комична автобиографија!
Stark, a da odis pod kirija da si zivres,citajki te najpametno ti e. Pretpostavuvam rabotis,planiras familija... Za seto toa ti treba da si stabilen. Dete(ke imas eDen den,zdravje) li ke ostavis da zivee so site takvi luge okolu tebe? Tregni im se od zivotot,teraj si po svoe,zivej za sebe i nemozis starite da gi smenis. Znam deka ne e lesno,no dr resenie ne gledam za tvoite problemi sto gi pisuvas. Dr rabota najloso e koga na roditelot nemozes da se potpres,stvarno e katastrofa. Zatoa izgradi ti za svoeto semejstvo i uspehot ke bude samo tvoj,taka ke ja ispolnis prazninata od nesigurnosta sto ti ja pravat tvoite.