Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Onelonelygirl

    Onelonelygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ја најдов соодветната тема за да ги изнесам сите мои проблемчиња...
    Имам 21 година. Се претпоставува дека треба да уживам во годините и да не се грижам за ништо. Но како да го изведам тоа? Од секогаш сум размислувала многу за се, на долг рок... Знам дека колку е убаво, толку и не е убаво но ете... Понекогаш си викам што не бев без осет, без чувства, без памет па полесно да поминев низ животот како некои мои врснички... Мислам дека се правилно правев досега во животот и не можам да си најдам одговор на прашањето: "Зошто баш мене ми се случува ова?"... Мајка ми и татко ми не прават муабет веќе 4 месеци. Тие и немале некој сјаен живот заедно некогаш, но сега е дефинитивно поинаку бидејќи тој седи на долниот спрат а ние на горниот. Како што имам спомнато, во темата на татковците, тој и не е баш некој сјаен татко. Мајка ми остана без работа, а е физички и психички слаба па за да работи било каква работа. Со тоа се отежнува дополнително опцијата таа да најде работа... Во моментов искрено ниту сама не знам како преживуваме. Татко ми освен сметките што ги плаќа нас не ни дава ништо... Во животот многу пати сум била и богата и сиромашна. До пред само една година, јас си купував алишта секоја недела и не се грижевме толку за ништо... Но сега, сега е се поинаку. Јас и мајка ми сме како бледи крпи низ дома, ништо не ни се работи, не ни се разговара... Секоја е во различна соба и си тера свој живот, а бевме неразделни. Знам дека парите не се најбитното нешто во животот и никогаш не сум била лакома, но ова е нешто друго... Се плашам за блиската иднина. Знам дека за 2 години кога ќе завршам факултет ќе биде поинаку, бидејќи ќе работам било што само да не седам дома. Но сега не можам никако да помогнам. Да биде работава уште посложена имаме и кредит за плаќање како и секоја фамилија во Македонија... Навистина сум очајна, ништо не ми се прави, немам желба за ништо. Дали некој од вас минува низ ваква ситуација и како се соочува со истата? :worried:
     
  2. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто толку верувам во сите и сакам на сите да им помогнам и кога нив ке ги спасам од проблемот ја потонувам во истиот подлобоко и подлабоко,а потоа без нивна помош сама излегувам.. какви се овие другарки,какви се овие машки што „ги сакаат“ девојчињата,какви се и овие девојки ? зошто лугето се вакви зошто сите се за корист .. а какви се и овие родители и брат ? зошто животот знае толку многу да биде строг кон некој личности ? знам дека на никој не му е лесно а ниту мене..
    Зар секој пат ке одбијам некое машко па ке се затрескам у него ? .. малку ке оладам и ке се врати и повторно уште повеќе ке бидам затрескана и па ке го снема,зар ке неможам никој да засакам убаво зар да само мани ќе наогам или и без да најдам за сите ке викам НЕ ? не ми треба може никој,ама сакам само да знам дека некој ме сака и е покрај мене,а вака јас немам никој ..
     
  3. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Има многу малку луѓе на овој свет на кој што им верувам и можам да им кажам како се чувствувам или да разговарам. Самата како личност сум многу затворена и имам проблеми со изразувањето на чувствата или да зборувам за чувствата. Едноставно немам зборови да се изразам и плеткам јазик. Затоа и не покажувам чувства и сум многу, многу затворена личност. Вака да напишам како се чувствувам, пак можам, ама да кажам усно, не можам никако. Не е до мене.
     
    На Snow-Star, Tanjamm, Anabelle.Amorette и 4 други им се допаѓа ова.
  4. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    Немам никого, толку е празно се околу мене. Одам на училиште, се враќам, учам, излегувам и заспивам. Заспивам со солзи на очите и се будам со истата мисла. Имав љубов, сакав со сето срце, и јас не искажував чувства, ама бар покажував. Го сакав премногу, тој е моја прва љубов, и на крај заврши се. Како? Уште не ми се верува, имам доволни причини да го мразам, а јас ја наоѓам и најситната причина за да го сакам. Како е можно? Како?
    Најверната другарка која секогаш бев зад неа, кога ја бодрев кога и беше најлошо, кога и ја давав сета позитивна енергија, ме напушти за еден дечко.
    Моите родители секогаш оставаат на мене да одлучувам, тие не ни можат да претпостават колку патам.
    Седам на компјутер и тивко плачам, моите се во иста просторија и никој не ме гледа. Само ме прашуваат зошто си толку нервозна, зошто шмркаш, пак си настинала. А тоа ми е од плачењето, а кој да види.
    Сите ме знаат во школо, како личност како се да и е убаво, зашто стално се смеам. Само тогаш за миг заборавам на се. И на крај доаѓам дома и плачам.
    Секогаш кога сум надвор ја ставам мојата најсреќна маска, зашто не сакам да ме сожалуваат, така ми е уште потешко. Дали некогаш пак ќе засакам толку силно, дали ќе го заборавам овој дечко?
    И да се доверам некому, никој нема да ме свати колку ме боли, колку мојот живот се разниша, сите ќе ми кажат ќе помине, или ќе кажат ти не си нормална. Кога ќе помине, како ќе помине, како?
    Ми зедоа се, ми ја зедоа вербата, љубовта, искрената насмевска, се.....
    Зошто се сите толку сурови? Зошто сум толку емотивна, зошто, сакам и јас да бидам ладна, сакам ништо да не може повеќе да ме сруши, сакам и јас да сум сурова, ама не можам, не можам.....
    Велат дека животот е карма, кога сум правела така, за да ми се враќа ова? Никогаш не сум изневерила, никогаш, никогаш не сум ја оставила другарката без да ја ислушам и без да и дадам совет или подршка, треба ли да бидам лоша, па да ми се случуваат добри работи?
    Знам дека ќе кажете дека ова не е проблем, можеби и навистина не е, ама иако сум дете, и јас имам чувства и мене ме боли.
    Секогаш утехата ја наоѓав во моето мало внуче со преубава насмевка, секогаш тоа 3годишно детенце ме расположуваше, неговото мило гласче, неговите зборчиња ми даваа некаква храброст.Го сакам како мое братче, како моја душичка. Сега и него го немам, јас ништо немам, зошто живем јас?
    Зошто луѓето се толку лоши, зоштоо
     
    На awayfromyou и Devil's Mistress им се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Многу ми е глупаво што брат ми ми е цимер и се однесува како јас да сум мајка ми. Тоа што живееме заедно не значи дека само јас треба да бидам таа што пери ги става алиштата да се сушат, некогаш ги пегла кога има време, чисти и мие садови. Исто како и тој и јас имам за учење и фала богу што не мора како него цел ден да висам над книга, т.е. пред лап топ, зошто знам да си го организирам времето и да имам време и да научам и на телефон да позборувам и да видам што колегите постираат во групата... Не можам да го смислам веќе ужасно ме иритира, а најмногу ме изнервира тоа што не мрдна со рака и не фати ништо додека јас бев дома. Како што оставив така и си најдов. Алиштата се уште се сушеа. Најдобро да правам тој како што прави само за мене да си гледам и само моите работи да си ги средувам. (wtf)
     
  6. jessi10

    jessi10 Нов член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво!
    Значи вака, пред неколку месеци ми се случи нешто мн непријатно и гнасно. ;(Врнеше, јас си одев накај дома ама патот е темен и има секакви манијаци. Уште во автобус еден манијак ме гледаше потоа кога се симнав почна да ме следи. Се завртев неколку пати а тој уште ме следеше. Среќа имаше еден камион па подзастанав позади него го пуштив идиотот да оди пред мене. Помислив дека живее во некоја од зградите ама не било така. Да не беше камионот незнам што ќе се случеше. Си продолжи кон друга зграда ама јас за секој случај се свтев да видам дали уште ме следи, го немаше. Многу врнеше па не можев да служнам ао има некој позади мене. Стигнав до влезот, одеднаш некој ме фати за г*з, ѓубрето било тоа, да бог да цркне.:puke: Се преплашив, незнаев каде се наогам, едвај ја најдов врата и избегав... Сакаше да тргне по мене ама се исплаши да не викам.
    По ова цело време дома завесите ги ставам да не се гледа ништо, кога сум надвор се вртам некој да не ме следи, едноставно 3-4 месеци ми се поминати во страв. :worried:Имам кошмари, како ме силуваат и триста глупости.
    Извинете за долгиот пост, морав да се кажам некому.
     
  7. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Ова исто како јас да го сум го напишала. :x
     
    На Love...music и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  8. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    исто и јас
     
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем го имам! Најлоша сум во зборување, се бунам, премногу мисли имам во глава и не знам како да ги изразам со зборување. Затоа, пишувам. Имам отворено дневник, односно тетратка во која што сите мои филозофии се таму запишани, сите мои заклучоци за некои работи. Така, можеш и ти да најдеш начин на кој можеш да фи изразиш твоите чувства, мисли. Не мора да биде пишување, може и да биде сликање (т.е. Цртање) или некој друг начин. Јас без дневникот се чувствувам... Катастрофа! Веќе зависност ми е пишувањето, а таа обична тетратка со еднобојна дебела корица ми е побитна од се' на светов. Веќе неколку дена сум без тетратката и немам што да правам, а премногу мисли имам во глава кои што не се запишани, изразени. И деновиве, верувале или не, премногу тешко ми е... Следен пат, нема да ја заборавам дома тетратката. Хах... И знам дека сум чудна и несфатлива ваљда... Но само со пишување можам да искажам нешто... Затоа ме сметаат за ќутлива и антисоцијална, можда.
     
    На Anabelle.Amorette и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  10. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    А јас воопшто немам концентрација, кога почнувам да учам триста мисли ми се вртат низ глава. А треба испити да спремам... помош некоја?
     
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    @ColoursOfTheRainbow @Papillon.Papi
    женски вие сте многу фини и баш знаете да комуницирате. Со тоа што овде знаете да напишете по некој текст и да се изразите покажувате дека сте супер.
    Проблемот кај вас е недовербата во самите себе, не сте сигурни. Зоштоо...опуштете се ете сигурно имате другарки пријателки братучедки почнете за промена со некоја да разговарате. Лека полека ке се опуштете, море и по некоја глупост ке тресните а не само сериозни муабети.
    Не си дозволувајте да се правите повлечени, не сте!!! Сами треба да се одвлечете во социјалните кругови. Не се ни сомневам во вас :hug: срцки.
    Ајмо овие денови да видиме почнете и двете со по една личност да се опуштите во комуникација, мечка страв мене не...па да видиме како ке тргне работата..:*
     
    На Papillon.Papi и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  12. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Јас имам најнормална комуникација со другарките. Дури ме разбираат и кога пропелтечам. Само на нив им верувам да им кажам се што сакам. Нормално комуницирам и со другите школски другари и слично, затоа што сум добар слушач и понекогаш давам добри совети, па никој што разговарал со мене не може да се пожали. Не ме сфаќајте грешка, со тие што ме знаат јас сум прилично духовите и зборлива личност, знам со секаков тип на личност да имам разговор, од мојот братучед што има 3 години до дедо ми и за секакви теми, од сериозно до комични, најопуштена и се, ама само со тој мал круг на луѓе. Останатите ме знаат како молчалива и повлечена. Затоа што ги мразам социјалните кругови, ги мразам. Најхраброто нешто што го имам направено е тоа што отидов во теретана и понекогаш успевам здраво да им кажам на останатите, уште нормално да почнам да зборувам со тренерот без да пелтечам, ама ќе биде кај и да е :D
    Покрај тоа што со другарките и со познаниците јас супер комуницирам и тоа не ми е никаков проблем, освен што некогаш пелтечам, јас со никој, ама баш никој не можам да зборувам за чувства. Било среќни или тажни. И ми е непријатно да искажувам чувства. Можеби понекогаш на другарките. Моите дома се чудат што сум толку затворена. И да ми е најтешко и да се наоѓам во најдепресивната состојба јас со никој не можам да седнам и да му кажам за тоа. И да сум лута на некој, не кажувам и оставам да ме јаде одвнатре. Затоа и јас пишувам дневник.
    Како и да е, фала на поддршката :*
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Епа вака,јас исто така кога сум во друштво на другарките а тоа се 4-5 другарки сум најопуштена од сите нив и постојано кажувам шеги повеќе на своја сметка и правам секакви разговори од најбанални па се до озбилни теми иако имам само 17год.Иначе јас исто како да немам 17 него 30 год. од секогаш сум била така по напред и не сум некој тип да сакам да одам по дискотеки и да се журкам до 7-8 сабајле и не сум социјална личност тоа некогаш и ме плаши но потоа пак станувам јас и не ми е гајле. Со други личности многу тешко остварувам комуникација и многу,многу тешко верувам на некого како да имам некој штит или сид околу мене и не дозволувам на никој да влезе. Дури ни со членовите од моето семејство не сум блиска оти сум многу ,,ладна" личност и пробувам да бидам по блиска ама не можам.Ама после одредено време кога веќе ќе бидам сигурна дека можам да се опуштам покрај некого не веруваат дека тоа сум јас. Но сепак личност на која и кажувам буквално се од мојот живот е мојот дедо и со него можам најдобро да се искажам затоа што е секогаш тука и знае да ме ислуша без осуда и најдобро ме познава од било кој на светов.Не знам дали е поради фактот што сме исти по карактер-осамени и,,тешки" и ''ладни"личности но ние совршено се надополнуваме.
    Планирам да почнам со пишување на дневник кога веќе не можам со луѓе да се однесувам нормално :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    @Elissa не е до несигурноста... недовербата.. во последно време се плашам да бидам повредена, излажана, зошто една личност што премногу ја ценев и и' верував ме излажа и повреди... како траума да имам... хах... и затоа не кажувам се' на секој со кој се познавам лично. На форумов, анонимна сум и послободна сум, но сепак и тука сум помалку резервирана. Единствено нешто на кое што верувам е таа црвена тетратка. А, во некои ситуации навистина ми помага. Ако треба да докажам нешто на некоја блиска личност, и' давам да читне некој дел, но не се'. И во дневникот се обраќам на читателот... знам дека некој ќе се дрзне некогаш да прочита, затоа на првата страна пишува "Во случај да го читаш ова, или си многу посебна личност за мене или си премногу љубопитен/а и го пикаш носот каде што не треба". :D Кога зборувам со другите, сакам да направам да се насмеат или расположат. Ако сум малце поблиска со некои личности, слободна сум за степен повеќе. Но никогаш не се покажувам и доажувам, зошто сум премногу добра, а нема да ми биде прв пат да ја злоуоотребат мојата добрина и да ме уништат.
     
  15. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Да ви се придружам и јас.Иако имам пријатели кои ги сметам за блиски,никогаш не би можела целосно да се искажам.Истовремено и сакам и не сакам да кажам,а толку нешта ме мачат,пречувствителна сум,и најмала ситница ме погодува.Можеби за ова е виновен и недостатокот на самодоверба,а и интроверт сум по природа.Толку многу имам да раскажувам и раскажувам,но,отварам уста и не можам ни еден збор да проговорам,кога се работи за искажување за некој проблем или слично.Многу често се пронаоѓам во постовите на членките тука,барем знам дека има некој кој знае како ми е. :hug: до сите.
     
    На Mia-K, Papillon.Papi, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Значи незнм дали јас сум виновна или другите..Но кога ќе размисувам на ова се обвинувам себе си за тоа што во школо од клас со никого баш со никого не се дружам се трудам да се зближам,со секого сум фина,не се карам незнам навистина каде грешам.Сакам и јас како другите да спаѓам во некое друштво ама залудно...Сите можни начини ги употребив,едноставно незнам за што да зборувам со некого,повлечена сум ама не до толку.Незнам како поинаку да пријдам.уффф Незнам зошто не сум посакувана и каде грешам :(
     
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Се дружам со повеќе луѓе , ама сум позатворена за мојот живот некако , и сите ми велат дека ставам некој заштитен зид од кој не можат да ми се доближат подлабоко .... имам некои работи кои лежат длабоко во моето срце а тоа никој не го знае .8) понекогаш е тешко верувајте од толку луѓе до тебе , да се чуствуваш осамено и без доверба , сакам да им помогнам и да ги ислушам сите , а несакам да споделам мои важни работи често , знам дека тоа ми е маана , ама типичен претставник сум на Ракот , одвнатре чуствителна премногу а однадвор секогаш онаа јаката , насмеаната која е како карпа и не ја руши ништо :D јбг карактер , некогаш некои особини ни се украс а некогаш товар :D
     
  18. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.602
    Допаѓања:
    2.446
    Можеби затоа што денес тешко да најдеш човек кому би му верувал, а и стари пријателства се расипуваат за ситници и долгогодишни врски пропаѓаат. Но, мислам дека за некои теми кои што сакаш да ги споделиш со некого, а се прашуваш со кого, најдобро би било тоа да е мајка или сестра(ако постои).
     
    На Tanjamm и Rama им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Така е за тоа , секој првенствено си го гледа кефот и проблемот свој, што не беше случај порано ... сега луѓето се расеани , љубоморни и не сакаат да те ислушаат или пристапат , само сакаат да те оптоваруваат со нивни проблеми , често знам на другарките да им речам дека не сме повеќе оние невини девојчиња од детството кога бевме како сестри , имам мајка и секако дека разговарам со неа за важни теми ,но потребен ти е и разговор со врсничка за жал:)
     
    На Tanjamm и Isabel им се допаѓа ова.
  20. Shayk

    Shayk Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам, и мене ми се случува истото секоја сесија, секогаш нешто е поинтересно од книгата :^)
    Пробај го мојот метод: Излези надвор, издувај се ( еве сеа циклонот е погоден за тоа ) :D , расчисти со мислите, едноставно замисли како би било кога би ги положила сите испити, и колку лесно и задоволно би се чувствувала, и конечно направи го тоа..т.е отвори ја светата книга (скрипта)