Размислувај за среќна иднина со бебчето. Размислувај на убави работи со мажот ти. Не си ставај се при срце. Ќе има други работи во животот што ќе треба да се грижиш од површни кавги.
Разговарај со самата себе. Што сакаш од животот твој. За коронава нема што да се потресуваш. Составен дел од нашите животи стана. Маска и дезинфекција за раце ќе си носиш со тебе редовно и гајле ќе си немаш.
Се обидувам, искрено се надевам дека помине некако, ама не знам што ми се случува вака никогаш не ми било
Последниот дел од твојата порака не ми се допадна воопшто. Не вреди ни да се замараш за твоите а воопшто не вреди да си го одземаш животот за нив. Тие ако не се способни да ти го направат животот убав. Собери храброст и направи си го сама животот убав. За почеток мораш да ги тргнеш сите негативни мисли. Да не се замараш за нив. Кога и да викаат да се караат тргни се и оди во соба. Направи си филм во главата дека тоа не се твоите родители и дека не зборуваат за тебе. Дека се некои непознати луѓе. Почни полека полека најди си работа. Било што најди. Колку да имаш за себе. Колку да не чекаш од друг. Што и да ти се допадне у маркет да не чекаш од твоите да ти го купат. Туку веднаш самата да си го купиш.
Не можеш наеднаш. Долг процес е. Но не се откажувај. Мисли позитивно. Разговарај смирено со мажот ти. Што и да треба тука сме ние од Фемина
Ти благодарам многу Во последно време сум многу чувствителна и кога ќе се освестам дека е така после ми е криво, но не можам да опишам какво е чувството, има денови кога не ми се прави апсолутно ништо дури ни не можам да заспијам и се осекам празно и патетично.. Како некој страв што и како ќе биде понатаму Сепак ми олесна малку, барем се искажав тука..
Многу гледаш и размислуваш другите што ќе кажат.Немој ,оти секогаш ке бидеш чекор назад,самодовербата ќе ти паѓа уште повеќе.Остани таков каков што си ,Ти си Тој значи ,прво прифати се ти како таков и продолжи да правиш што е добро за себе ,не за другите! Не се споредувај со други и не гледај кој што ќе мисли! Среќно .
@Sweetlove_0312 вака, генерално за првото прашање - не, не вреди. Освен, ако друштвото ти е токсично и тоа си го сфатила со помош на партнер па си оставила. Довербата е тешка за добивање. Ако сакаш на некој да се исповедаш, а не е нешто top secret можиш и на помалку близок чоек. @Sinisa123 не можиш на секој да му се допаѓаш и нека не ти биди тоа цел. Само ако си таков каков шо си ќе се опкружиш со луѓе кои целосно ти одговараат, али то зема време. @Motivationlady08 колку и да сакам да ти речам дека е нормално ( а е, навистина) прво ради корона, второ бременост, трето стрес ради свекрвата, не е на одмет разговор со психолог. Во најмала рака ќе ти олесни и полесно ќе се справиш со овој период од животот.
Луѓе да ви кажам дека донесов до заклучок i dont give a fuck што ќе викаат, и како ќе викаат луѓето. Како што прочитав еднаш на интернет just smile, and walked away. Според мене некој ако те сака и те цени вистински ќе те цени каков што си, а не да те споредуваат со други што и како е. Оти некој ако решил да биде 24/7 намуртен и да не биде насмеан и да не шире позитива тоа си е негов проблем. Колку помалку се замараш за ситни работи толку повеќе ќе си среќен, а и секако дека луѓето ќе зборат тоа што го сакаат и како сакаат. Може да се успее само ако се верува во себе, ама да не се изгуби достоинството и да се преценуваш и други да се понижуваш. И не е овој пост така разочарувачки како што беше претходно, туку позитивен е, и колку можете ширете љубов, бидете позитивни и работете ги работите што вас ве прават среќни а не други. Ве сакам сите
Што би помислиле за личност што ,,живее'' во светот на фантазијата? Не мислам на нешто екстремно како загуба на перцепција за реалноста туку користење на фантазијата како заштитен механизам за привремено ,,бегство'' од лошото секојдневие. Лично јас сакам да фантазирам и не гледам во тоа нешто страшно, но имам блиска пријателка што сметам дека малку претерува. Сакам да и' укажам на тоа, но не знам како да го почнам тој разговор, не сакам да ме сфати погрешно. Ми значи нејзиното пријателство, не сакам да се чувствува навредена. Секој совет е добредојден
Пробај да ти се отвори некако да ти каже што ја мачи? Може си има некоја мака, па што и е тешко да ја сподели и да си каже што ја мачи и што и лежи на душата. Може таа фантазијата е некако да си се скрие од тоа што ја мачи. А додека се отвори човек да биде искрен верувај не е лесно. Нешто ја мачи. Седни со нејзе прашај ја што ја мачи, дади и до знаење дека може да ти се довери во се и дека може да смета на тебе 24/7 ама тоа што ќе ти го каже во доверба, немој никогаш да го споделуваш со други тоа е за тебе и за нејзе, тоа што ќе ти каже тоа треба да го забораваш и да не го споделуваш со никој. Полека, полека седни и нека ти каже што ја мачи.
Хммм зависи. Не знам за какво фантазирање станува збор. Може ли некаков пример? Пошто сите мислам дека си фантазираме понекогаш, да избегаме малку од секојдневниот стрес.
@taznata :( да ти кажам искрено, не е лесно да се живее со родители кои се караат нон стоп, сум пораснал во таква ситуација и стресно е знам. Проблемот не е до тебе, до нив е они треба да го решат тој проблем меѓу нив. Моите кога се расправаат бев 16, 17,18 години и малку бев повлечен не излегував од дома, на школо ретко одев. Од што бев повлечен не можев да си направам муабет со никој, ми беше страв да не ме осудат со тоа што ќе го кажам, ама се преселив од дома скоро 2 години живеев сам и се преродив, се опуштив малку. Сега имам 30 години и кога ќе се сетам каков бев на 16,17,18 години ми иде да се вратам у минатото и да си залепам два шамари и да си кажам свести се бе будало една. Ама помина тој период и едноставно сега кога ќе ми текне само се смејам каков сум бил тогаш, ако требаше да кажам нешто устата ми се исушаше не можев да проговорам ни збор да кажам. Пред една недела бев малку разочаран, слушнав муабет зашто не сум бил сериозен и поради мојата несериозност не сум можел да задржам работа. И баш кога го пишував постот си мислев во самиот себе си, зашто да бидам тој што сакаат да бидат другите? Јас сум тој што сум како што јас сакам да бидам and i feel fabulous, до некни ми беше срам да облечам сина кошула, бели патики и црни куси панталони. Конечно ја направив таа комбинација ја облеков и за мене ми беше ок, може на друг смешен ми бев ама јас лично се допаднав у таа комбинација. Иако си 17 години, кажи им на твоите да те запишат на некоја пракса што ќе имаш придобивки у животот, разговарај со твојата блиска другарка кажи и што те мачи и како се чуствуваш, веруј дека ќе ти помогне да се чуствуваш подобро, радувај се на мали ствари у животот, ако си нерасположена пушти си Хфактор уса фаил адуции и смеј се, или гледај некое смешно видео кое ќе ти го подобро расположението и ќе видиш дека ќе се чуствуваш подобро, ама никако не се откажувај биди јака и силна и ќе видиш дека ќе дојдат подобро денови и дека за 3 или 4 години ќе се смееш за оваа ти гарантирам дека ќе се смееш. Убиството не е решението да ти кажам искрено, и јас сум помислил на таа возраст да направам такво нешто и сега кога сум постар и поотворен можам комотно да разговарам отворено на оваа тема без разлика дали некој ќе ме осудува или не, ама имало нешто секако дека ми давало нешто мотивација дали песна, или серија, филм да одам напред. Гледав серии, филмови нон стоп и некако го пребродрив тој период. Да ти кажам искрено дека на 17,18 години ми беше срам да кажам дека слушам англиска музика бијонсе, шакира, спајс гирлс, бекстриит бојс, енрике иглесијас, пусикет долс ако кажев ќе се закопав во земја, се возам во такси и на радиото ја имаше новата песна на пускет долс реакт што иако имаше луѓе во таксито почнав да ја пејам и да си играм на седиштето, мини бесплатен концерт им направив иако пеењето не ми е јака страна ама на кој му е гајле, гледав јас да имам добар момент. Ти кажувам како постар брат не се предавај пушти си музика, филм, серија, шпанска теленовела ем јазик ќе научиш, излези прошетај некаде у природа сама да ти помине чувството на разочареност, скопје е голем град има кај да се шета. Заради мене биди јака и не се предавај оти си најубава и вредиш повеќе од се, излези победник во оваа ситуација не е се така лошо во животот гледај позитивно. Излези на улица ако се разминеш со некој насмевни му се и кажи му добар ден, добро утро и ќе видиш дека ќе се чуствуваш подобро. Треба да се радуваш на малите ствари у животот кажи и на пријателката дека ја сакаш, направи нешто ќе ти се чуствуваш добро. И чекам да кажеш како се чуствуваш. Те сакам како пријател да знаеш иако не се знаеме биди јака
Често прави планови за иднината и уште пред да се оствариле си ги сфаќа како реалност. Потоа е разочарана, ако нешто не тргне како што треба. Исто така, многу е носталгична, па кога е тажна или разочарана живее во спомените. Не сакам да ја притискам, лесно се лути и е доста чувствителна.
Сите правиме планови и се разочаруваме кога нема да успеат. Битно да бидат реални плановите. Делува малку депресивно, чим живее во минатото уште и се разочарува до толку кога нема да успее некој план. Секако ова штетно ќе и влијае на долг рок, ама за да и помогнеш, прво таа ќе мора да сака да си помогне. Можеш само да и укажеш да се држи до реални планови. Да изанализира претходно што може да тргне наопаку и да најде на време алтернатива. Чим лесно се лути, тешко дека ќе може друго да допре до неа.
Фала за советите, ама јас имам 26 години а не 17 и затоа е уште потешко да се извлечам од ситуацијата..
A zasto ne se preselis stom imas 26 god? Na 26 godini lugeto cuda pravat,a najmalku se sekiraat za raspravanjeto na roditelite. Pogresno e sto gi slusas nivnite kavgi, tuka zgresile 100%, no toa ne znaci deka treba da se osekas vinovno. Vozrasna si, ti treba da imas svoe semejstvo a ne da se grizis za nivniot odnos. Na kraj kraeva toa se dvajca vozrasni luge sto ne naogaat zaednicki jazik. Brakot e megu niv i nivniot odnos ne treba da go dozivuvaat decata.