Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарајте за да ви олесни душата

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 5 февруари 2013.

  1. Milaa111

    Milaa111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Ајде девојки вака со ваша помош ке ми олеснии многу. Сакам да прашам можеби малку звучи смешно, чудно прашањето но јас сепак да си прашам за сигурно. Одлучив да постам утре (петок), дали е дозволено да се бакнеш со партнерот на тој ден? |( Се плашам да не згрешам нешто
     
  2. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Зависи за каков пост се работи.

    Пример, кај нас дома петок не јадеме месо, пред повеќе години татко ми имаше незгода и во тоа име го држиме постов.

    Немам многу големо познавање од таа област, но според напишаното мислам дека се работи за блага форма на анксиозност која сама си ја предизвикуваш.

    Пробај да смениш нешто околу одлуките. Меѓу редови велиш дека ти смета тоа што си во странство, а сама си ја донела таа одлука. Мој совет ти е да не избрзуваш со изборите и убаво да согледаш што ти се свиѓа, а што не. Првенствено почни од самата себе, грижи се за своето физичко и ментално здравје, посветувај си внимание и не се притискај за било што.

    На крајот на денот најважно е ние самите да бидеме среќни и задоволни. Поздрав и се надевам дека ќе бидеш подобра :hug:
     
    Последна измена од модератор: 14 октомври 2020
    На Ambrosia, eliesaab и Rada15 им се допаѓа ова.
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    И јас ќе се согласам со членката пред мене, дека ова ми личи на анксиозност, која за жал и за мене не е нешто непознато.
    Најважниот совет од мене ти е да не дозволиш да потонеш во твоите мисли и да се обидеш да се насочиш кон нешто друго, не мора да е работа, може и да е некое хоби што ти претставува задоволство и те смирува. Колку повеќе си поставуваш прашања и се грижиш за се' околу тебе, толку полошо станува, а загриженоста е само залудно губење на време, бидејќи многу од нештата не зависат од нас, колку и да се обидуваме да ги контролираме.
    Разговарај со некој близок, барем обиди се. Ако не можеш со некој близок, побарај психолог.
     
    На Ambrosia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    55.876
    Пол:
    Женски
    Сѐ ќе разберам и прифатам... сѐ освен игнорирање.
    Имаш некој проблем и не можиш да се фокусираш на друго? Зафатен си? Не сакаш повеќе да разговараме? Досадна сум? Кажи си едноставно, ќе сфатам. Потребни се 20 секунди да пишиш една проста реченица и да ја пратиш.
    Луѓево како да заборавија што е комуникација.
    Наместо тоа, оставен си да се прашуваш што е проблемот и ти е некако страв повторно да ги бараш бидејќи мислиш дека ќе премини во досадување и замарање. А сите сме вредни барем да ни се даде едно кратко објаснување.
    Вакви ситуации уште повеќе ми влошуваат анксиозност и overthinking, толку се трудев да го надминам тоа, на крај како сѐ во вода да паѓа.
     
    На Bezimenka90, Blackandwhite123, SnowWhite8 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски

    Been there.
    Само што јас на почеток многу анализирав и на крајот се што ми е токсично и ме нервира баталив.
    Ако некој не сака да биде дел од мојот живот слободно нека замине, на сила убавина не оди.
    Ако некој не сака да биде дел од твојот живот пушти гo.
    Не се обидувај да ги сопреш и да ги молиш за 5 минути од своето време зошто да бидеме реално секој ги има. Никој не е повеќе од тебе па да те третира на тој начин и да те игнорира.
    Молев, трпев, толерирав и на крај отерав у курац поради сите нивни разно разни изговори дека биле зафатени.
    Не сме деца мали и да бегаме од разговор, туку баш напротив ако си зрел проблемот ќе го решиш со тоа, ако не сака, чао и секој по свој пат, не го троши времето залудно на такви лица.

    Колку побрзо го направиш тоа, толку подобро ќе биде за тебе.
    На почеток ќе боли но со текот на времето ќе почувствуваш олеснување, trust me.
     
    На Larea, Bezimenka90, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    55.876
    Пол:
    Женски
    Свесна сум и јас дека многу се замарам и многу му ја мислам како другите би се осеќале, а треба да ми е најбитен сопствениот мир. На крај само јас си ја тупам главата, додека другата личност не ни мисли на тоа.
    Реалноста е дека ако некој сака да ти е во животот ќе биди без ти толку да се трудиш.
    Само ми треба време да ја прифатам ситуацијата.
     
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Себе ќе се ставаш на прво место, секогаш.
    Ти мислиш за другите само да не ги повредиш нивните чувства а всушност тие на крај те повредуваат. :)
    Не, тоа е погрешно.
    Screw them, небитни се, битна си ти и твоето физичко и психичко здравје.
    Останатите не се.
    Знам дека можеш, само полека. :)
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.238
    Допаѓања:
    13.147
    Пол:
    Женски
    Иста сум и никогаш не си го објаснив тој дел. Моментот е кога ќе си прашаш дали има некој проблем, па тоа ми ти нема некоја филозофија - или е да или е не. Ваљда да се осеќа самиот битен, пошто е бил небитен претходно кога пишувал/се гледал со некоја. Тие се тешки комплекси.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Не знам како да си помогнам, а сакам. Да одам на психолог не можам. Живеам во мал град и не сакам дома да дознаат, а и со мало бебе сум. Порано одев дури до Скопје скришно. Сега не можам бебето да го оставам толку долго.

    Многу сум напната..Откако е роден син ми животот ми е пекол. Толку многу караници и расправии имав со сопругот поради свекрвата која упорно дрндаше секакви работи за мене и ни направи милион стресови и нервози. Не би да раскажувам на долго и широко, имам веќе пишано во другите теми.. Не ме болат воопшто нејзините зборови и постапки, не ми е битна, никаков фактор не ми е она. Ама ме боли тоа што поради неа целосно се оддалечивме со сопругот. Живееме како цимери. Буквално. Јас спијам со бебето во дневна, а тој во спална. Единствено муабет правиме за работи поврзани со бебето и домот. Кога ќе го бакнам или прегрнам чувствувам дека со сила ми возвраќа..

    Друго за кое се мразам себеси е тоа што се здебелив многу и целата испукав полна сум стрии и сало.. Кога имам време вежбам, внимавам на исхрана ама не ми оди баш најдобро..Се гадам кога се гледам во огледало..

    Во последно време имам суицидни мисли. Не знам како да објаснам. Немам храброст и решителност да направам било што, ама се трудам да ми се случи некако, да си го предизвикам. Не внимавам кога преминувам улици, пушам како турчин, потајно се надевам дека генетски сум наследила од мајка ми да умрам од рак итн.

    Многу многу се мразам самата и сакам да ме снема. Сакам да се спасам од хаосов и мислам дека така е подобро за сите. Сакам да ме нема да ми се тргнат работиве од рамена да ми паднат.. Ама не гледам ништо во иднина. Се чувствувам како да сум осудена на пропаст и дека е најдобро уште сега да ме снема, да се поштедам себеси и другите од ова постоење. Дури и еден пријател одамна ми имаше кажано дека само трошам воздух и ресурси и ништо не постигнувам...
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Се сеќавам дека пред некое време имаше пишувано за проблемот и многу ми е жал што сеуште не сте го решиле. И нема да го решите ако мислиш дека проблемот е во свекрвата. Проблемот е во сопругот и точка! Сфати го тоа што е можно побрзо. Разговарај со него и решете што понатаму. Или он да си го поправи поправи односот кон тебе или ставете крај па синчето нека си ја држи мама за сукња до кога сака. Подобро е детето да расте со разведени а сепак среќни родители, наместо со несреќни а сепак заедно во една куќа, се разбира на чело со свекрвата како ви попува и како те понижува.
    Верувам дека си преубава, како и сите ние, секој си има своја убавина и вишокот кг не треба да те загрижуваат, тоа може да се среди ама психичките последици од ваков лош брак како поминува времето се потешки ќе бидат.
     
    На Purplelilac, Elois, bicycle и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Не знам што да кажам. Претходно навистина имаше огромно влијание. Месец ипол замолчев, онемев. Трпев и потиснував во себе се што ми се случуваше. Ниту еднаш не му спомнав на сопругот што ми кажала или направила. Ама пред една недела сама себеси се избања. Јас отидов за Скопје по документи, детето немаше кој да го чува а маж ми се имаше вратено од трета смена и се согласи да го причува. Му се слошило, качил притисок и ја викнал свеки да си дојде да го преземе бебето. Па нешто и споменал дека таа не знае да го чува и лоши навики му прави и свекрвата се навредила. Е тогаш маж ми збеснал и се и изнакажал. Дека јас се живо трпам и не смеам ништо да префрлам или кажам, а она се навредила од еден муабет односно критика кон неа. И тука избила кавга, маж ми се изнервирал и и заклучил врата, ме чекаше да се вратам дома, останал без сон, лошо се чувствувал ама не и дал детето да го чува. После 2-3 дена се скарав и јас со неа и и кажав се реално, она пак жртва глумеше ама не и успеа. И затоа мислам дека до неа е проблемот. Месец ипол трпев и молчев и се уште молчам за некои работи ама сопругот го видел тоа и кога она така го изнервирала ја нападна и се и изнакажа. Правевме муабет и маж ми рече дека се нервирал и тој, ама кога сум му ги кажувала ситуациите не сакал сцени дома да прави бидејќи мајка му ни помагала, да не била она ќе ни било тешко. Тој бил свесен за се, ама само сакал мир да има дома.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Ако е свесен за се тогаш нека не дозволува таа да се изживува врз тебе. Нека пресече машки. Ако ви помага за чување не значи и не смее да дозволувате да ви префрла или наредува цело време.
    А си го прашала ли зошто не сака никаква интимност со тебе? Ова е голем проблем.
    Мислам дека треба да поразговараш со некој стручен, тој би можел подобро да те советува.
    И мисли на детето и чувај си го своето здравје, на тоа бебе му треба здрава и среќна мамичка.:)
     
    На Elois и tina2018 им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.556
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel
    Што е проблемот со свекрвата.Што ти прави?
    Ај напиши пак.
    Да пробаме да ти помогнеме.
    Ова што го пишуваш за сопругот дека разбира и балансира е нормално однесување,не е за осудување.
     
  14. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Душа ми извади. Секакви зборови за мојата фамилија. Бебето од раце ми го влечеше. Лоша мајка сум била, ништо не сум знаела, да не сум го доела имал грчеви,кога ми снема млеко па да не сум давала АД отров било.. Го буцкаше маж ми против мене со секакви муабети вршеше влијание и маж ми секогаш се расправаше со мене.Ја бранеше и ми велеше да не и замерувам, да ценам и почитувам, демек татко ми подобар да не бил, со што помогнал, секакви погрдни зборови за цела моја фамилија, скржави, габи, и сл. Сега мислам дека ја виде мајка му каква е ама не знам дали ќе се смени нешто, мислам дека нема ..имам страв во коски од караници и си молчам за се.
    Со маж ми имав страшни караници, разочаран беше скроз и мислам дека никогаш нема да се поправи тоа, никој и ништо не може да ни го врати најубавото време кое го изгубивме на нервози..
     
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.556
    Пол:
    Женски
    Спроред мене со сопругот ти сега немаш проблем.
    Го увидел конечно однесувањето на мајка му.
    Имаш проблем со свекрвата.
    Во ситуација си во која можете да бидете победници.
    Мој совет е да не се караш воопшто со сопругот ако е вака како сега.
    Бидете поддршка еден на друг.
    Добро е што ти ја кажал вистината како се чувствувал после неговата кавга со мајка му.
    Тоа е знак дека сепак сте поврзани,и тој верува во вас.
    Во спротивно можел да скрие дека се скарал со неа.
    Во однос со него,седни до него,кажи му дека ти е најбитен и дека сакаш да успеете,дека го разбираш дека му е мајка и дека чувствува должност дека треба да балансира,и дека цениш што е сега објективен.
    И нему му е потребна поддршка,бидете поддршка еден кон друг.
    Со свекрвата не се карај.
    Климај со глава и терај по свое.
    Ако ти рече не си добра мајка,речи и,моето дете тоа може само да го каже...итн.
    Смирено и повторувај во глава
    "Оваа жена нема да го уништува моето семејство".
    Секој пат кога ке дрдори.
    Намалена ти е самодовербата,те видов низ темите ,па убавица си.
    Ако ти смета килажата почни со некој програм кој ке тера секој ден да внимаваш,пример со intermittent fasting.
    И дојди пишувај секој ден тука.
    Да го решаваме проблемот во континуитет.
    Ќе ти помогнеме.
    Важи?
     
    На Elois, Ariel, Regina.Phalange и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Фала ти многу.. Сега сум преплаашенаа.. Син ми многу плачеше и трчајќи да му ја измијам цуцлата падна на земја... од гарнитура се лизна.. Срцето ми застана.. Сега свекрвата одма почна не сум била одговорна, не сум смеела да го оставам. На неа и се немало случено...
     
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.556
    Пол:
    Женски
    Кажи и:
    Срцево ми застана од страв.
    Би ми било полесно кога би ме смирила.
    Ќе и ја затнеш устата,ќе ја збркаш.
     
    На Elois, Ariel, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.366
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel многу си се исплашила и мислам дека сопругот ти го наметнал тоа. Дека имате помош и треба да се ќути на постарите. Ама сама отприлика треба да препознаеш што е за преќутување. Постојани кавги нема да имаш, ако сфатиш дека тоа е можеби жена која нема што да прави и начекала мевце за кошкање цел ден. Тоа ниту е добар, ниту е човек на кој треба да му се притресаваш. Всушност на никој не треба да му се плашиш. Ти си мајка и детето е твое. Може да и објасниш некои работи , во неколку ситуации и по нејзината реакција и понатамошниот след на околности...може да заклучиш со каква жена точно си имаш работа и како да постапуваш. Откако ќе пробаш и немаш резултат, ќе си ја свртиш поинаку, дистанца и ќе ја прескокнуваш и избегнуваш колку можеш. Тебе ќе ти биде помирна главата и нема да те нервира, Вака ќутиш, гледаш само да нема закачки а колку повеќе ти е страв, таа почесто ќе те брецка. Па мајка ли му, или за нејзиното височество правиме муабет ?Опушти се:l:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.128
    Случајно сум те запамтила (ако не сум се збунила), уште во фустанот невестински ко ти се мешаше свекрвата. Не е дека од вчера е ваква. Слушај ја @Cosmi , умна и одмерена жена е.
    Екстра совет- не знам колку е мало/големо бебето, гледај да го оставаш на земја да седи. А за паѓање, и мене ми паѓало моето, ете не сум била најмајка. Прв пат кога ми падна, блиска роднина случајно контактирав, ми рече носи во болница. Се јавив на пријател, рече деца паѓаат, ништо не им е. Така што, се е во ред со детето. Пробај да ја изолираш настрана свекрвата, кога веќе и на мажот му е јасно се. Подобро никаква помош отколку таква помош.
    За мажот, ништо не е изгубено. Свекрва понастрана, мажот поблиску.
     
    Последна измена: 11 октомври 2020
  20. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Здраво мила. Не сум баш достојна да ти давам совети во врска со вакви проблеми бидејќи до сега се немам сретнато. Сепак, ќе ми биде мило ако некако ти помогнам.

    Општо познато е дека секоја втора сопруга има проблеми со свекрва си. Не знам зошто, мое мислење е дека тоа е едно проширено семејство каде не треба да има простор за кавги, омраза и негативна енергија, но ете така е. Не знам од каде потекнува проблемот, од кога се започнале кавгите, дали порано пред брак свекрва ти исто се однесувала итн. Но, како и да е, една е вистината- дека имате голем проблем.

    Моментално можеби ти не си ни свесна во колку токсична средина живееш и колку таа нездрава комуникација и напнатост допира до сите вас. Не ги оставај така работите, бидејќи може да се одрази кога-тогаш многу негативно на некој, луѓе сме. Се обидуваш да го решиш проблемот, но правиш голема грешка. Проблемот нема да се реши ако ги уништиш односите меѓу мајка и син. Ретко кој сопруг ќе оди против мајка си за да ја возвиши сопругата. И да оди, верувај дека повеќе таа личност (сопругот) нема да се смее, да води љубов со тебе, да биде посветен на семејството- паралелно со твоите очекувања. Знаеш како велат: среќа на туѓа несреќа не се гради.

    Јасно е дека целиот проблем го ствара свекрва ти, но пробај некако да ги ублажиш односите, ништо нема да изгубиш. Седни со нејзе и правете здрав муабет, кажи и како стојат работите, покажи и дека нема причина за што би имала негативно мислење за тебе. Можеш само да добиеш стабилна комуникација и соживот.

    Во врска со суицидните мисли, еве јас те молам никогаш повеќе да не го гледаш тоа како опција. За секој проблем постои решение, тоа никако не е решението. Имаш млад живот до тебе кој зависи од твои раце, имаш сопруг кој уште е тука, се зависи од твојата перспектива и амбиции да ги поправиш односите. Најлесно е да се откажеме, но човекот е створен да се бори за посакуваното.
    Верувам дека ќе се потрудиш на прав начин да излезеш од ситуацијата. Мисли на своето здравје и здравјето на ближните.