Нема таа што да разговара со свекрва, барем не со оваа. Само и единствено со маж. На многу мажи им се отвориле очите дека имаат токсична мајка, па им текнало дека семејство се сопругата и децата, а родителите се родители и повеќе се почитуваат од подалеку.
Јас од старт кажав дека не сум достојна да го коментирам проблемов, лично мислење делам само. Ставајќи се во нејзина позиција, јас така би постапила. Не ја гледам поентата на среќно живеење ако мажот и се скара со мајка му, пак ќе имаат проблеми, а тоа само низ нос ќе и го вади. Пологично ми е некако они (свекрвата и снаата) да си решат на смирен начин, дај Боже да се најде компромис.
^ Ако свекрвата се меша и на некој начин им ги расипува односите на синот и снаата, некако оправдано е, а ако синот и мајката се скараат, тогаш среќа на туѓа несреќа не се гради
Здраво, некако се осеќам слично ко тебе, но поради други причини. Едноставно, што и да е причината знај дека Господ дава живот и Господ зема. Ние сме тука само гости. Главниот пробелем и мој и твој е немањето храброст бар како што проценив и по твоево пишување. Мој совет прво, запрашај се дали го сакаш сопругот и ако да, кажи му се како се чувствуваш, од кои причини, сама кажи му како би можел он да ти помогне. Ако те сака, ќе разбере и нема да има никаков проблем со тек на време ќе де среди. Како што кажав, ако и тој е разумна личност ако не е .. што ке ти е. И верувај, како што кажа и членката пред мене, подобро е дете со среќно разведени родители отколку во хаотична атмосфера, во кавги, негативни вибрации и сл зашто верувај ми со тек на време ќе се одрази тоа на детето. Друго, колку и да си поправена, ти си едностсвно прекрасна! Здрава си и разумна! Можеш да постигнеш се. Потруди се за почеток, да се исфенираш, да се дотераш и нашминкаш и да уживаш во моментот. А свекрвата остај ја и игнорирај ја, кога ќе види дека си исполнета и независна, со тек на време ќе се откаже..
Доколку можете сами да се справите со домаќинството и бебето а верувам дека можете, заблагодарете културно на свекрвата на досегашната помош и кажете и дека немате потреба од сега па натаму од помош, нормално добредојдена е на по едно кафе и тоа е се. Така нема да имаш проблем да ти се меша во домаќинството и да ти кажува што е најдобро за бебето. Ќе ја тргнеш едноставно подалеку на културен начин, останатото со сопругот ќе разговараш за неговото однесување ќе инсистираш на точната причина. А што се однесува до килограмите сите што сме тазе породени сме во иста ситуација па тоа не е причина за фрустрации ќе си земеш помош од нутриционист со програма за исхрана и слабеење и ќе почнеш така а понатаму нормално кога ќе закрепнеш и ќе пркне бебето и ќе си вежбаш. Тоа е накратко како мал совет од мене се надевам ќе се соземеш и ќе решите се пополека и без нервоза. Ти посакувам успех и секое добро @Fallen.Angel
Единствено нешто поглупо од мешање на свекрвата е совет ко овој твојов - не им расипувај однос меѓу синче и мамичка. Таа вели од проблеми до суицидни мисли стигнала ти и кажуваш да седне да разговара со свекрва и. Свекрва и да била нормална жена со која може да се разговара немало да стигне до ова. Коментаров го имаше почнато со "Не сум компетентна да ти дадам совет" и тука требаше да застанеш. Пошо стварно не си компетентна.
Devojko, imash malo dete, ne smeesh da si dozvolish takvi misli. Na deteto mu trebaat dvata roditeli, posebno majkata. Bi ti sovetuvala da odish na psiholog (prochitav deka nemash bash uslovi za ova) ama stvarno bi ti pomognalo. Ili ako ne na psiholog, idi na psihijatar, vo sekoja bolnica ima (ova ne znachi nenormalna si i sl,naglasivam vaka oti ovde lugjevo se so zaostanati sfakjanja i ako idesh na psihijatar mora da si nenormalen). Za sekoj problem postoi reshenie. Kazhi my na soprugot deka ne mozhesh da izdrzhish tamu vekje i deka ke si zaminesh i normalno ako saka da dojdi so tebe.
Фолен, ти и твоето дете сте најважни. Сопругот е на второ место. Што и да правиш, мисли на сопственото дете. Суицидни мисли? Сети се на детето. Расправии по дома? Сети се на детето. Како дете што има растено делумно во дисфункционално семејство, тврдам дека можеби детето не ги разбира вашите караници и зборовите кои си ги упатувате, но ја чувствува вашата енергија. А тоа остава последици. Јас лично пошо иам растено со таква баба (свекрва на мајка ми), до последниот ден додека беше жива мислам дека имав одредена аверзија према жената. Иако беше многу сменета и смирена. Некои работи не се забораваат, а еве, можно е траумите и до ден денес да си ги носам. Доколку имаш простор, зборувај со сопругот. Едноставно мора да те сфати сериозно, вечно шанси нема да добива. Не знам каква ти е позадината, колку си во можност да си заминеш од таа куќа, а секако тоа ми е и последното што би сакала да ти го дадам како совет. Но, после се’ можеби е време и да почнеш да размислуваш за ‘што понатаму’. Види како ќе се одвиваат работите. Можеби и тој сфатил како бил неговиот ‘удел’ у вашите односи. Фамилијата е најважното нешто на светот да, но покрај се’, мирот го прави домот, дом. Биди храбра, не се откажувај и дај боже единствениот ‘проблем’ за кој ќе пишуваш наредно да бидат тие неколку кг плус кои можеш да ги средиш за месец дена. Нема неубава жена, има само несреќна жена.
Сте чуле вие за постпородилна депресија? Бтв. нема пишано женава од ко и падна детето, веќе неколку дена. Ако има некој контакт нека ја контактира. Ама со осет ве молам, без многу совети делење.
Фален. Немој да си ставаш све при срце. Игнорирај. Игнорирањето е пола здравје. Долг процес е, ама ќе успееш. Разговарај со сопругот. Смирено. Разговарај дека неможеш да издржиш со свекрва ти. Разговарај да се тргнете во друга куќа,стан. Остани јака и храбра. На детето му треба позитивна мајка. Смеј се повеќе. Децата најмногу осеќаат. Каква енергија добиваат таква поголема враќаат. Деца се. Паѓаат стануваат растат. Сети се колку пати ти како дете си паднала. Па еве види каде си денес. Прекрасна женетина. Живеј за себе. Воопшто немој да се грижиш што ќе помислат другите. Коментари секогаш имало и ќе има. Наше е да не се замараме. Гледај си го сопругот и детето. Свекрвата небитна е. Ако искоментира нешто не и возвраќај или кажи само "добро" или "важи" и терај по свое. Живеј си по твое. Веруваме во тебе, секогаш сме тука за тебе
Луѓе јас не знам што толку лошо прокоментирав, па вакви повратни да добивам. Жал ми е за ситуацијата на женава, тука сме да делиме мислења од лична перспектива, па ако може некако да се помогне. Во ни еден случај не застанав во одбрана на свекрва и, јасно е дека таа го прави целиот проблем. Но, до сега било каков проблем да ми се појавил мене, јас сум го избирала најбезболното и најмирното решение- разговор и наоѓање компромис. Затоа и дадов ваков совет на жената, без никакви лоши намери. Поентата ми беше дека и маж и е во лоша позиција, тој всушност треба да избере страна. За да не дојде до тоа, може да се направи муабет и дај Боже да се среди ситуацијата.
Сега се вклучив и видов дека сте пишувале. Не можам да ве тагнам сите. Ме немаше бидејќи многу бев расеана. Завчера бевме кај баба му на ММ (мајката на свекрвата).. Зажалив што прифатив да одиме... Стигнавме и тие си имаа работа старите со бабата вареа ракија, седнавме да јадеме. Останавме само 2 часа. Мене ми се виде како вечност. Уште кога стигнавме бабава запна со некој обред пари да му даде на малиот, со јајце да го допре и шеќер на цуцла сакаше да стави. Ми бараше цуцла не и дадов. Демек ако не сум дала она со прст ќе му ставела едно зрнце. Ме фати инат и и кажав со овие зборови: “На баба ми не и дозволив, нема шанси ни сега ти да му дадеш шеќер”.. И женава запна така морало за да бил благ и слични глупости, ама јас не попуштив и и кажав:”Јас кашичките внимавам да бидат без шеќер ти сега ќе му даваш зрна во уста,не може” .. И жената виде дека не попуштам и вика :”Добро ајде нека ни биде лут штом не сакаш шеќер да му дадам едно зрнце”.. и на бебето му вика:”Убав тој на баба, греота мама не дава да те заблажиме, лоша мама.” Се изнервирав ама ништо не прокоментирав. Додека јадевме свекрвата на мајка и кажуваше каков акробат било бебето се извртело и паднало. Стигна и јатрвата и на неа и кажаа. Подоцна дојдоа и вујкото и вујната на ММ и на нив им кажаа.. Провоцираше додека јадевме сто пати кажа дека малиот е сега дома, и ова му било дом. Јас игнорирав, она кога виде дека нема реакција продолжи и кажа уште неколку пати, јас ништо не кажав. И женава решена да ме провоцира и ми вика:”Мирен ли е вака кога одиш и кај татко ти со него?” И луѓе не издржав и ми излета и реков:” Сега не е мирен исплашен е, кога одам кај тато е мирен.” и се сетив дека ММ е до мене и од страв да не потоа се скараме за ова што го кажав изустив:”Ама нормално е не е навикнат, прв пат го носам тука.” И пак продолжи да провоцира и да вели:”И ова му е дома, тука ќе расте тој, ќе го носиме на село да ги гледа кокошките и да биде умен.” Толку многу ми се стегнаа градите од немоќ и нервоза, а не сакав да кажам нешто заради ММ и и пишав порака на стрина ми да ми заѕвони. Жената за секунда ми се јави и излегов надвор за демек да правам муабет на телефон, ама постојано чувствував чекори позади мене и нечие присуство па не и кажав ништо на стрина ми само и реков да ме држи на линија и да тепам време да се смирам. Стоев надвор неколку минути и свекрвата излезе со бебето и исклучив си влегов внатре.. не можев повеќе да јадам. На малиот почна да му се спие. И бабата ми дава ќебе да постелам. И реков дека не треба и дека си носам, и женава пак почна:”Ако мислиш дека имам болви немам, и перено е ќебето чисто е, не би ти го дала ако не е”.. Пак и кажав дека секогаш си носам со себе каде и да одам и она како навредена си го прибра. Потоа стигнаа вујкото и вујната на ММ (на свекрвата брат и снаа)..Јас бев надвор со детето, а тие влегоа. И тие едвај се ракуваа со мене. Го видоа малиот и влегоа. Ми стана ладно и влегов внатре со детето, пред да ја отворам вратата им го слушнав муабетот на маса си зборуваа со јатрвата дека нивната постара внука била мила исто како јатрвата, со сите се гушкала, а помалата била дива, од сите бегала, нешто како мене била. Во тој момент влегов. Си го продолжија муабетот, јатрвата им кажа само дека тоа е ствар на карактер и дека не можат сите исти да бидат. Кога бебето конечно заспа, сите излегоа надвор и јас останав сама со малиот во дневна. Многу лошо се чувствував, некако напнато. И одеднаш добив анксиозен напад. Ме стегнаа градите, воздухот ми беше претежок, се скаменив некако и не можев да се контролирам, солзи сакаа да ми потечат. Се тоа од целата напната ситуација, од страв пак да не се скарам со ММ заради сите тие сцени. И од страв бидејќи кога бев надвор бев на работ на напад, многу се трудев да се контролирам. И тој примети дека нешто не е во ред, но не знае дека порано сум се соочувала со вакви работи и од тоа плус страв ме фати да не се разочара и да не се влоши нашиот однос уште повеќе. Кога седев во дневната и го добив нападот уште полошо беше бидејќи се обвинував.. Долго време немав добиено напад, бев научила да ги контролирам, и некако се справував. Ама завчера не успеав да се контролирам, премногу ми дојде бидејќи работите се потиснувани многу долго. Месец ипол потиснувам и чувства и мисли, и се контролирам и гледам да не ме примети никој. Ама завчера не успеав. Ми дојде премногу за еден ден. Сум имала и полоши денови, кога се расправав со ММ последно бев на работ на напад ама се исконтролирав, се фокусирав на објект во собата и се исклучив некако од се. Така ме советуваше психологот пред 2 години. Завчера кога го добив нападот многу се исплашив и разочарав. Откако помина си пуштив солзи. Во тој момент влезе јатрвата и ме праша што е работата, јас само ја замолив да поседи со малиот да излезам надвор. Запалив цигара и после неколку дима одма ја изгасив бидејќи срцето ми се забрза, не сакав некој да ме види со цигара и пак коментари да чујам и пак со ММ да се расправам. ММ знае дека пушам, ама ако некој нешто искоментира за тоа тој ќе се изнервира и ќе се расправаме. Останав малку надвор и влегов внатре. Јатрвата провери и се осигура дека сме сами и ме праша ако сакам да и кажам што е проблемот. И реков само дека не сакам да зборувам, не сакам да ризикувам некој да слушне, само и кажав дека добив напад и ако може да пробаме да разговараме нешто, било што само не за тоа. И така за кратко после тоа си отидовме. Дома беше полесно. Го дочекав ММ да замине на работа,беше трета смена и седев до доцна си плачев.. Јас пишувам, поезија,епиграми такви работи..Но не успеав да напишам ништо. Толку многу имав што да напишам, ама не се дрзнав од страв да не стигнат тие зборови до оние кои ми ги предизвикуваат овие работи. Бидејќи во најголема мера страв ми влева ММ и не сум сигурна дали тој би можел да го разбере тоа што јас го преживувам. Секој. Изминат. Ден.
Ептен ми е жал за тоа што прочитав. Ама не можеш да го оставаш маж ти да е нем набљудувач на се. Во брак влегуваат двајца и за него се борат и двајцата. Инаку што ќе ти е врска ако се поминуваш сама? Која е поентата да бидеш со некој, а да се справуваш со се без поддршка? Особено мора да му го кажеш ова: Всушност мислам дека можеш и да му ги покажеш постовите овде. Зошто се плашиш од маж ти? Каков е тој маж што ќути кога те навредуваат и би ти се дерел ако му кажеш како се чувствуваш? Мислам дека има online пихолози, не сум сигурна за тоа. Нека пише некој ако знае. Ама сигурна сум дека овде можеш да пишуваш и дека ќе те сослушаме (прочитаме). Немој да се чувствуваш како товар. Не си товар на никому. Син ти е тука за тебе да ти дава сила да се бориш. Јатрвата ете исто сакала да ти помогне, верувам и твоите ќе сакаат. Мораш да побараш помош и да им кажеш како се чувствуваш.
Знам дека не е нормално. Ама не бираме како ќе чувствуваме... Има онлине психолози да. Ама сум пробала. Не е тоа тоа... Не знам искрено како ми е тргнато немам ништо позитивно на видик. Џабе ќе замарам луѓе. Само нервози ќе створам и на крај пак на ист заклучок ќе дојдам дека подобро е да си ги голтам нервозите и проблемите и со нив анти депресивите..
Не, не, не. Не замараш. Можам да зборам само за себе, ама можеш секогаш да ми пишеш порака ако ти е тешко. Во најмала рака ќе те сослушам, малку да си ја олесниш маката. Според пишаното мислам дека на маж ти му е потребно будење. Свесен е дека има проблеми, ама се обидува да ги стави под тепих да исчезнат. Мисли не се многу големи, а се. Верувај знам точно како е да се чувствуваш празно, безнадежно и да сакаш само да исчезнеш. Ама ете не сум исчезнала сеуште. Има решение за се, ама најпрво мора да сакаш да се избориш за себе. Тоа е на нив да одлучат. Погрешно е што веќе ти си одлучила во нивно име дека ќе ги замараш. Можеби нема точно да сфатат низ што поминуваш, но ќе сакаат да ти помогнат на некаков начин.
Кажи ми, дали имаш луѓе што би те поддржале доколку им кажеш за проблемиве, што би ти помогнале, стрина ти ја спомна?
@Fallen.Angel мораш да го освестиш маж ти да ти помогне да си го зачуваш здравјето за кое очигледно неговата фамилија не ја занима. Биди одлучна и цврста во своите барања од него. Не се плаши, немаш од што да се плашиш! Кажи му дека сакаш да те остават на раат, дека не те интересира нивната помош на која тој упорно инсистира секогаш кога ќе му се пожалиш, дека можеш сама да се грижиш за детето, ти си му мајка и му требаш здрава. Намерно запали цигара пред нив и кога ќе зинат да ти преговараат, нема да им дозволиш, ти не си дете, ти имаш дете и кажи им дека планираш да го живееш животот по свои правила, а не по туѓи. Нема што со вакви луѓе од околу, биди директна. Не се карај, само кажи си што треба. Ако и после твоите обиди да го убедиш мажот ти да застане на твоја страна и да постави граница кој е кој и кој до каде смее да оди не успееш, тогаш ќе си кажеш на татко ти, па тој нека го построи малку. Не си ти ничија играчка, за некои туѓинци таму да си лечат фрустрации на тебе. Не чекај само, не се полни трауми. Никој не е вреден, ќе ти стане јасно еден ден, само уште си многу млада.